Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска на далечина

Дискусија во 'Врски' започната од Mireto, 21 ноември 2009.

  1. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Врска од далечина

    Но, со такво размислување дека те изневерува ништо нема да постигнеш, само можеш да ја расипеш врската. Јас мислам дека за 6 годишен период можеш да сватиш дали можеш некому да му веруваш или не. Без доверба не правиш ништо, само филмови во главата, нервози и на крај не дај боже, прекинување на врската. А нема некаков начин да бидете заедно да отидеш таму?
     
  2. claudi00

    claudi00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Но, со такво размислување дека те изневерува ништо нема да постигнеш, само можеш да ја расипеш врската. Јас мислам дека за 6 годишен период можеш да сватиш дали можеш некому да му веруваш или не. Без доверба не правиш ништо, само филмови во главата, нервози и на крај не дај боже, прекинување на врската. А нема некаков начин да бидете заедно да отидеш таму?[/qusv




    svesna sum deka e toa taka i sekogas koga ke pomislam si vikam pa dobro be prekini da mislis na toa a i na toa deka nikoj ne e sovrsen i deka site pravime greski... a za da bidam so nego da pojdam tamui ne mozam sega zatoa sto imam 1 godina na studii uste i osvem toa mislev deka toj ke se vrati no ostana da raboti i go prodolzi studiranjeto i poradi toa nz sto da pravam a se sto mozam pravam za da bidam so nego...
     
    На SvezhaMalina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Со љубомората ти не можеш да го спречиш да те изневери. Ако сака да те изневери тоа ќе се случи. Вака само се измачуваш себеси. Ако си решила да си со него и да го чекаш, таквите мисли избриши ги, ако тој најде друга ти вака или така ќе дознаеш, или ќе осетиш промена во него.
    Совет никој не може да ти даде, ако го сакаш вистински и решиш дека можеш да чекаш - можеш. Има многу примери на врски од далечина кои успеале, уште повеќе се тие кои не успеале. Правило нема - преиспитај се и реши што ти е најважно - тој и љубовта, иднината со него, или можеби ќе си поспокојна ако си слободна и во иднина се појави нова љубов.

    Едит: посвети се на студиите - важни се за твојата иднина, била со него или без него. Ако треба да сте заедно - така ќе е.
     
  4. claudi00

    claudi00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина


    Fala na sovetot LivingGlam ke se potrudam da ne bidam ljubomorna i ke se boram za nego zosto go sakam i mi e potreben a normalno pred se ke prodolzam da se posvetuvam na studiite kako i do sega ... sepak fala na sovetott dobro mi dojde mislenje na drugite :*
     
    На Bik-Woman му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bambi.12

    Bambi.12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Врска од далечина

    Jas imam vrska na dalecina i toj mi e 4ti decko i so nego mi e najubavo, so nego go osoznavam ona vistinskoto. Sportist e i igra vo dr drzava a jas sum tuka. Sekoja vrska koja e na dalecina za da uspee najvazno e da ima doverba, da si veruvate eden na drug, da se pocituvate, da imate trpenie. I toa e vrska koja se bazira na psihicka povrzanost, se sto imate se muabeti i doznavanje na toa kakvi ste ( no koga ke si dojde paaa... :)))) ) Ima nekoi velat deka kao na dalecina e, kojznae sto pravi.. Luge ne znaci deka ako e daleku od mene mora da me izneveruva, toa moze da go pravi i nekoj koj sekojdnevno e so mene, i do dusa nikogas nema da doznaete dali vi e celosno veren ili ne, samo moze da se opteretuvate.. zborot mi e, se dodeka toj vi pokazuva deka ve saka, vi dava dovolno vnimanie iako e kilometri i kilometri odalecen od vas, nema potreba zosto da se izmacuvate so vakvi prasanja i sekoja rabota sto nema da vi se dopadne da ja gledate loso. Postojat vrski koi sekoj den se zaedno, se sakat no gi delat dr raboti i se karat cesto, jas toa go nemam i znam deka ova vrska vredi, i deka vredi da go cekam zosto edinstveno nesto sto ne razdeluva e dalecinata. Ne e ni malku lesno, no znaejki deka toj raboti za idninata i jas sum srekna i ja ima celata moja poddrska i veruvajte vrskata na dalecina vi gi drzi tie peperutki, znaete kako gi brojam denovite od koga ke si zamin do slednoto viduvanje. Ne e za sekoj vakva vrska, no jas so mojot decko sovrseno se soglasuvam i sovrseno funkcioniram. Vrskata mi e stabilna, koga ke si dojde vremeto e celosno ispolneto so se, i se zzabavuvame zaedno, i nema nekoi zabrani od nego da ne izleguvam tuku saka koga ke slusne deka sum si pominala ubavo.. me ima i iznenadeno nekolku pati, mi se javuva i vika doagam da te zemam i vo oblacii :) pa i romanticar e, i jas isto i se sto sakam e nikogas ovaa sreka da ne zavrsi, da si ostaneme zaedno.
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Врска од далечина

    Да да, супер ни успева врскава на далечина, во моментов на пример за лајк на фејсбук се караме жолчно. |(
     
  7. bubuu

    bubuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    4
    Врска од далечина

    Јас имам врска на далечина и Е малце комплицирано зависи како стоите со љубомората ,довербата , разбирањето , љубовта... иаме некои караници но сепак опстануваме :) може ако се сака нормално...
    Инаку скав да прашам конкретно за гермнија , ако идеме кај роднини , значи онака не на работа , можеме да седиме 3 месеци , е сега вистина ли е тоа дека во рок од 6 месеци ти дозволуваат да седиш 90 дена ? и ако да тогаш , тие 6 месеци рок како се бројат , пример ако ја сум седела 2 месеци у германија и сум се вратила и сакам пак да одам , тие 6 месеци рок се бројат од денот коа сум се вратила или од денот коа сум отишла ?
    ај ве молам кој знае , кој се разбира во ваквите работи нека ми објасни
    ви благодарам однапред :)
     
  8. Mracna

    Mracna Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    126
    Врска од далечина

    Леле барем не сме биле сами имало и други кои се карат за лајк.
    Зар вреди да се нервира за еден глупав фејзбук. ц.ц.ц. ама машки не можиш да му докажиш нешто.
    Само по свое си терат по некој нивни замислен филм што си го прават.
     
  9. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Врска од далечина

    Би сакал да споделам статија со вас, која ја напишав токму околу оваа тема. Се надевам дека некој ќе исцрпи барем мала инспирација и мотив од неа, и не заборавајте дека тоа што имате врска на далечина не ве прави „спевифични“ или селски кажано - будали, бидејќи и „блиските“ врски минуваат низ истите проблеми. :)

    ВРСКИ НА ДАЛЕЧИНА
    (совети за полесно „преживување“)


    Конечно ја запознавте личноста од вашите соништа. Но има еден мал проблем... Живеете на оддалеченост од неколку стотици, па и илјади километри, а никој од вас не може, или не сака да се пресели со другиот. Соочени сте со предизвикот наречен „врска на далечина“, животен стил низ кој секојдневно минуваат околу 25 милиони луѓе во светот.

    Се’ поголем е бројот на луѓе кои се одлучуваат за вакви врски, независно од кој крај на светот доаѓаат. Само во САД, 15 милиони луѓе се изјасниле дека одржуваат врска на далечина. Од нив, 3.6 милиони се во брак, но живеат разделени од најразлични причини, додека над 4 милиони се студенти кои се’ уште се во предбрачен статус.

    Зачестената економска миграција, онлајн состанувањето, потребата од патување преку работата се само дел од причината за овој „тренд“ во пораст. Да се живее разделено, а сепак заедно, е се’ понормална појава чија прифатеност зема се’ поголем замав. И покрај негативните ставови за трајноста на ваквите врски, во поново време зачестено е мислењето дека тие можат да се одржат, и успеваат да ги совладаат предизвиците кои доаѓаат со самата далечина. Исто така, не постои поголема веројатност за партнерите кои живеат на далечина да си бидат неверни еден на друг, споредено со „блиските“ парови, но сепак загриженоста од неверство кај таквите партнери е значително поголема.

    И, како најлесно да се одржат ваквите врски? Погледнете ги следниве 10 едноставни совети:

    1. Имајте разбирање за врската.
    Не влегувајте со никакви предрасуди во ваква врска. Кога ќе дојде вистинскиот момент, разговарајте за насоката во која таа ќе се движи, и самото темпо. Покажете разбирање за потребите на саканата личност и бидете оптимисти за иднината на вашата врска на далечина.

    2. Комуницирајте редовно.
    На располагање ви се телефоните, електронската пошта, веб-камерите итн... Споделувајте ги секојдневните и рутински моменти, како и посебните и уникатни.

    3. Користете технологија.
    Видео-комуникацијата преку програмите како „Скајп“ е често вашиот најдобар пријател во вакви ситуации, особено имајќи го предвид фактот дека е бесплатна. Ваквата комуникација е многу поинтимна од телефонските разговори, бидејќи можете да го гледате ликот на саканите, да го читате нивниот телесен говор и да ги „прочитате“ оние посуптилни пораки кои тешко дека би ги „зграпчиле“ преку телефон или електронска пошта. Некои програми дури нудат и можност однапред да снимите кратка видео-порака, за потоа да ја пуштите на посакуваната дестинација. Мало, но слатко изненадување за почеток на новиот ден, нели?

    4. Имајте заеднички работи, и покрај разделеноста.

    Истовремено гледајте филмови или емисии, и паралелно, или по нив коментирајте за впечатоците преку видео-разговорите. Читајте иста книга истовремено. Разменувајте рецепти и гответе истовремено, додека разговарате преку телефон или онлајн.

    5. Привремено праќајте пакети со подароци.

    Наполнете ги со неочекувани изненадувања кои ќе ги потсеќаат на вас, како книги, музика, сложувалки, цвеќиња, свеќи, разгледници, филмови или некоја лична поема. Колку полични се подароците, толку поголем впечаток ќе остават.

    6. Потсеќајте се на предностите на врските на далечина.
    Имате повеќе време за пријателите и семејството, не се расправате за тоа кој прв да го користи купатилото, ниту пак ќе ви се вкрстуваат спротивставените навики. Ќе задржите повисоко ниво на индивидуалност, новчаникот ќе ви биде пополн, и ќе го имате задоволството да се видите со саканиот/саканата по подолго време, неописливо чувство.

    7. Не плашете се од недоразбирањата.

    Конфликтите се нормален дел во секоја врска и можат да имаат здрави последици, доколку не излезат од нормалната граница. Кога ќе сакате за нешто да се соочите со партнерот/партнерката, направете го тоа преку видео-разговор, а не телефон или пораки. Пишуваната комуникација некогаш може да биде погрешно разбрана, и не може да се поправи, а на вербалната комуникација и’ недостасуваат визуелните показатели во емотивните моменти.

    8. Одете на посета, секогаш кога имате финансии и време.
    Но не наметнувајте преголем притисок на физичките средби. Ако некоја посета не мине во посакуваниот тон, не е крај на светот. И „блиските“ врски минуваат низ истите издигнувања и падови.

    9. Бидете реални.
    Љубомората, посесивноста и драматизирањето се отров за секоја врска. Бидете реални; тоа што не живеете заедно не значи дека треба социјално да се изолирате. Сфатете дека на саканата личност и’ е потребен активен социјален живот, како и на вас.

    10. Знајте кога е време да се стави крај.

    Сите ние сме минувале низ кризи во некоја врска, а особено врските на далечина се соочуваат со тој проблем, бидејќи далечината го отежнува откривањето и соочувањето со настанатите проблеми.
    За жал, некогаш кризите се само показател на она, неизбежното...

    Како и „блиските“ врски, така и врските на далечина бараат постојан труд и комуникација. Но модерната технологија наголемо ги олеснува условите за двата партнери, и веќе нема причина да не сакате да уживате во заедничкиот живот... разделени.

    Nightwalker
     
    На Lady-PinkHeart, Adi888, sadangel и 3 други им се допаѓа ова.
  10. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Врска од далечина

    Имав врска на далечина,делумно сеуште се влечкам со истата.
    Веќе две години.
    Далечината си го прави своето,меѓутоа сите проблеми кои ги имавме во врската не беа поради далечината,беа поради нашите хирови,каприци..
    И мислам дека може да успее врска на далечина под услов на неизмерна искреност.
    Никако поинаку.
    А за изневерување - може и тука да ти е,заедно да сте секој ден па пак да те изневери.
    Се е до луѓето,карактерот,љубовта..
     
    На lovely91, jarec6 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  11. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    Врска од далечина

    "Далечината и го прави на љубовта она што и го прави ветрот на искрата... ако е силна ке ја разгори, ако е мала ќе ја згасне..."

    Многу ми се допаѓа оваа мисла, иако да бидам искрена не сум имала врска од далечина, но верувам во ова, бидејќи брат ми и девојката еве веќе 5 години функционираат на далечина и мислам дека добро им оди... Не е лесно, ниту едноставно (јас не би издржала признавам), но секоја врска е приказна сама за себе и секој треба да најде начин да ја "преживее" далечината.
     
    На icy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Врска од далечина

    Жени... Јас сепак,мислам,дека овие врски,кога тогаш,пукаат.

    Сепак,далечината си го прави своето. Колку сака љубов и доверба нека има,тоа не е за џабе речено далеку од очите,далеку од срцето.

    Јас сум немала таква врска,но имав другарка која имаше..Одеше три години,и еве,сега раскинаа. Два пати годишно само се гледаа. Јас не можам да разберам,кога некој го сакате,имате потреба од него,сакате да е тука со вас,си имате потреби,сексуални,емоционални...

    Не е исто како да седи тука,до вас и да го слушате преку скајп,фејсбук...

    Најверојатно многу голема улога играат довербата и тоа колку двајцата се спремни да ризикуваат и дадат во врската за таа врска да успее.

    Блазе си им на оние девојки од тука,чии врски на далечина успеваат. :)
     
  13. principessaE

    principessaE Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    3
    Врска од далечина

    леле кога го читав твојот коментар мислам дека јас сум го пишувала,се е истоооо :D
    само што после 3 и пол години таква врска веке си живееме заедно :D :D
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. jasisamojas

    jasisamojas Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Врска од далечина

    jas sum 2 god vo vrska :inlove: mojot decko e prilicno daleku ne vo druga drzava megutoa ziveeme vo gradovi na sprotivni kraevi. tesko e da se odrzava takva vrska.......no nie mn se sakame, jas dve nedeli sum doma dve kaj nego,pijam kafe so negovata majka,rucam so negovite......funkcionirame kako maz i zena samo so ne sme se zemale.ama na pocetokot koga i dvajcata nebevme svesni kolku se sakame mn se karafme.....ti negoagas poso ne me sakas...... ti imas drug/druga..... i takvi slicni gluposti sega se e vo red :) se nadevam naskoro svadba :) go ljubam najveke
    [mod-kirilica:3ur9ftgt][/mod-kirilica:3ur9ftgt]
     
  15. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    врска од далечина дали може да функционира?хм, :^) па зависи од човекот,ако ме прашувате мене тогаш би ви одговорила потврдно,да може да успее таква врска.пример за тоа сум јас и мојот сопруг,ние бевме од два различни града одалечени 200 км,доаѓаше,се гледавме и по 1 година се зедовме.
     
    На freund му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anonimen1

    anonimen1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    14
    Врска од далечина

    Ама и женските не се поарни :D . бев замолен на фејсбук ради некој натпревар у најубава слика да кликнам лајк на 3 слики,е сеа типкава беше у кратка сукњичка,плавуша,згодна,секси...коа виде женската збесна,3 дена и објаснував дека правев само услуга(тоа пошо морав на англиски да објаснувам).
    иначе и јас сум во врска на далечина,девојка ми е во ангија моментално,а и не е македонка,и супер ни е сега за сега,некогаш сме малку љубоморно,ама не она превише љубоморни.баш како што кажаа повеќемина,битна е довербата за да успее една таква врска.доколку нема доверба и комшија да ти е џабе е.
     
  17. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    74
    Врска од далечина

    а што да кажам јас ?!
    ако ми замине сега нема да се видиме 3 години а јас ке останам тука со ветување - ке се вратам по тебе.
    оооф колку ми е тешко незнам што да правам ;(
     
  18. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Врска од далечина

    Паааа...сум во врска на далечина и тоа веќе подолго време, и секој ден се надевам дека поблиску ке сум до денот кога ке знам тој што го сакам е до мене, дека можам да го гледам, да уживам со него, а не преку телефонска слушалка. Не викам дека не е тешко, али барем пример ние, успеваме да се гледаме преку недела, за викенди..така да не жалам. Како и да е, мислам дека вреди да се проба, а ипак се зависи и до самата врска и личностите во неа. Ако сакате да успее, ке успее било е била на далечина или не. :)
     
  19. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Врска од далечина

    Треба многу фактори да се земат во превид - најпрво колкава е таа далечина? Не е исто дечкото да ти е во Бугарија или Австралија...Друга работа е колку време дечкото и девојката поминале заедно, пред да се раздвојат на далечина (се виделе еднаш два пати или месеци и месеци биле нон стоп заедно...) Познавам еден таков пар, таа е од тука, а тој од Загреб - Хрват е, и како што гледам таа на две недели во просек оди кај него и цело време така...Се прашувам зашто тој барем еднаш не дојде кај неа тука во Македонија, еднаш барем...А, нејзините родители знаат за врската и одобруваат и све...Ако толку ја сака, еднаш барем да дојдеше во толку време. Мислам типот има 30 и нешто години и е самостален и зрел :^) Не сум баш оптимист за ваквите врски...Ако не е дечкото до тебе да си го гледаш кога сакаш, да си излегувате, да се шетате и све, вака по скајп и фб разговори и не е нешто за воодушевување...Ќе завршиш со разговорот и пак сама, а со него во мислите...Исклучок е ако дечкото отишол на привремена работа во друга држава или на гости и сл..Но, вака за стално... :x
     
  20. Astrid

    Astrid Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    23
    Врска од далечина

    Јас секогаш сум била песимист кога се во прашање тие врски, затоа што не е само тоа што сте разделени, милион други работи одат во пакет со таа далечина. Но еве животот - таков каков што е, секогаш ни ги сервира тие работи што не ги сакаме. Јас бев во врска со мојот дечко две години, озбилна врска, без некои големи проблеми и разлики кога се случи јас да решам да заминам да го продолжам образованието во друга држава.. Еве поминаа 5/6 месеци, и ние се уште сме заедно :clap: . Не можам да кажам дека е исто како што беше, секој ден бевме заедно, сега пред еден месец бев дома, секој ден заедно, но не е тоа тоа кога знаеш дека се изброени деновите. А и многу работи се сменети, мојот и неговиот живот се одвиваат во толку различни насоки, нашите секојдневија немаат ниту една допирна точка... Многу е тешко да одржуваш врска на далечина, треба многу доверба и слободно време за скајп :) . Мене ми изгледа невозможно... Колку и да сакаш, колку и да се трудиш, далечината го прави своето. :|

    Пи Ес Ама првото видување после разделбата: чувство кое не се опишува.. адреналин до даска :$ :wasntme: :wasntme:
     
    На martincencee му/ѝ се допаѓа ова.