Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска на далечина

Дискусија во 'Врски' започната од Mireto, 21 ноември 2009.

  1. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Врска од далечина


    И да додадам дека може не завршила заради далечината, туку едноставно не успеала. Па ако земеме статистика, многу малку врски во животот ќе упеат, најчесто една е вистински успешна :)

    Јас сметам дека ако се сака, се може. Ако некого сакаш стварно и ако вреди, ќе чекаш (или ќе те чека). Само е многу битно да има доверба и разбирање. Ама впрочем тоа е битно и во врска на близина. Ако нема доверба и ако едниот е премногу љубоморен, не е потребна далечина за врската да пукне.
    Точно дека е потешко, имаш физичка потреба да е до тебе некогаш, да го гушнеш (и ред други ствари :) ) Ама пак со чекањето сето тоа станува повозбудливо, и не станува монотоно и досадно
     
    На tinkerbelll, beached и decko им се допаѓа ова.
  2. Anet4e

    Anet4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    26
    Врска од далечина

    Потполно се согласувам :) Јас имам врска на далечина скоро година и пол и одлично функционира( пу пу да не се подречам :D).Стварно е тешко да се биде силен и да се издржува да бидеш оддалечен од личноста која ја сакаш и премногу ти значи,но со заеднички сили,разбирање и доверба се постигнува се!Еве за 2 недели одам кај дечко ми во странство и целата сум исповозбудена уште од денот кога е купена картата :D Така да едвај чекам да дојде денот :) Во секој случај поддржувам врска на далечина во која партнерите даваат се од себе за да им успее,во споротивно на врска каде партнерите се заедно секој ден,а односот меѓу нив е безнадежен(па што ќе ми е таква врска) :) Поздрав девојки!
     
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Врска од далечина

    Сестра ми е во седумгодишна врска, дечко и живееше во Виена, таа тука. Имаа турбуленции, но сепак се заедно.
    Јас не знам што ќе правам ако дечко ми отиде така во странство. Можно е, со оглед тоа дека мајка му аплицирала во две држави, а претходно има такво искуство. :(
    Мајка ми од старт рече, ти послушај ме и раскини ако оди да живее таму, не сакам да ти биде тешко како на сестра ти што и беше.
     
  4. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    60
    Врска од далечина

    Ако не си спремна да се жртвуваш, ако не си спремна да страдаш, ако не си доволно силна да го направиш сето тоа за да бидиш со него, тогаш арно ти вели мајка ти.
    Ако веќе дојде до тоа, прекини, пошто после кога ќе се случат некои неочекувани работи, ќе си ја чешаш главата и ќе си велиш ЗОШТО ГУБЕВ ВРЕМЕ ЗА ЏАБЕ. :)
     
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Врска од далечина

    Бев во врска од далечина година ипол и после раскинавме... едноставно дечкото не беше доволно емотивно зрел за таква врска... имав чувство како јас да го носам целиот товар од врската... сепак не можам да кажам дека не беше успешна... мислам дека можете да успеете во ваква врска ама само ако и двајјцата го сакате тоа и ако сте спремни да се жртвувате... и пред се најбитна е довербата...
    Мене искрено ми е мило што ставив крај на мојата врска... сега сум пресреќне со мојот сегашен дечко и имам чувство дека за прв пат знам што значи да сакаш и да бидеш сакан и ценет :)
    Се зависи од вас... колку сте вие спремни да се жртвувате за врската... ви посакувам се најдобро :)
     
  6. Reaper666

    Reaper666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    15
    Врска од далечина

    јас имам врска на далечина .. не многу али 30км се доволни за да не можиме да се гледаме секој ден .. и + со училиштето и факултетот .. многу е зафркнато ..
    но ... кога ќе најдеме слободно време .. и можност да излеземе .. секогаш го правиме тоа ..
    и за овие 4 месеци ни е преубаво ...
    мислам дека далечината нема врска .. битна е љубовта .. и упорноста за таа врска да успее .. :)
     
  7. beautiful1

    beautiful1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    33
    Врска од далечина

    Во претходниот пост кога го пишував сега видов сме биле само 1 ипол месец разделени а еве веќе дупло се помножија сега сме 6 месеци разделени 6 месеци не сме се никако видувале пошто учам во друга држава. Но се е исто ништо нема изменето го сакам како и првиот пат му кажувам за се исто и тој на мене. Тој ми е се и татко и брат и другар тотално се. Ми дава совети и ми кажува како да согледам што е добро а што не. Прочитав некои велат далечината го прави своето но не јас велам дека не е така бидејки ако го сакаш ке се бореш за него. Во моментите кога ке сакаш да биде со тебе едноставно само ке замижеш и тој ке е до тебе во мислите. Сум имала такви моменти првите месеци беа премногу тешки и за мене и за него но секогаш кога ми беше најтешко кога велев неможам повеке вака тој ми велеше смири се ке биде се во ред биди силна јас ке бидам секогаш со тебе. Тој ми е единствен во мојот живот. Не дека немам пријатели другарки имам се и семејство и другарки и се али тој е тој за кој што би го дала и животот. Понекогаш има љубомора малку и по некоја кавга но тоа само ја разгорува врската и праве да светеме колку си значеме еден на друг.Исто така се запишав и во школо каде што сме само девојчиња и не познавам ниедно машко овде а тоа го направив само за да му докажам колку сум спремна на се само за да останеме заедно. Ги бројам деновите кога ќе си дојдам во Македонија да го видам а кога ќе си дојдам и кога ке го видам знам само едно дека по среќна личност од мене на светот ќе нема никогаш :) Ретка е вистинската љубов, но сепак постои за оние кои се спремни вистински да сакат. Мислам дека ова е само еден степен кој животот ни го дава за да виде дали сме спремни да направеме се и ако го поминеме тој степен кој навистина е премногу тежок тогаш животот ни овозможува да бидеме цел живот заедно. Тоа е она за кое што се борам. :*
     
  8. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Врска од далечина

    јас имам врска на далечина и морам да кажам ТЕШКО Е и тоа многу :doh: . да го гледаш а да не можеш да го допреш, пола година да се радуваш на тие 2 3 недели заедно. СТРАШНО. сепак далечината неможе да ја разурне љубовта помеѓу двајцата. напротив, ги прави посилни и по упорни да го постигнат тоа што го сакат. велат, кратко ама слатко. :*
     
  9. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Врска од далечина

    Далеку од очи но не и од срце дефинитивно !!!
     
    На icy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Врска од далечина

    многу јасно :) :) :inlove: :*
     
  11. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Врска од далечина

    многу јасно :) :) :inlove: :*[/quote]

    хаха па секако ... сум била и јас така заљубена ... јас Штип, тој Крушево ....
     
  12. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Врска од далечина

    хаха па секако ... сум била и јас така заљубена ... јас Штип, тој Крушево ....[/quote]
    вие сте биле пак поблиску, ама ние сме разделени тешки 2000 км, љубовта ми дава сила ;) :$
     
  13. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Врска од далечина

    И јас имам дечко тој е скопје јас сум битола..па се разбира дека функционира таква врска..само треба да се има доверба :)
     
  14. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Врска од далечина никогаш неможе да успее и . :lol:
     
  15. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Врска од далечина

    Смешки! Колкава сигурност :^) СИГУРНА сум дека може да успее барем мојата успеа. Затоа девојки не е важна далечината, важна е љубовта која ја чувствувате. И не преоптеретувајте се со други ако на некои не и успело незначи дека и на вас нема да успее. Се што се сака се може ако е искрено и вистинско ;)
     
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Се функционира ако направиш да функционира и ако си избрала човек кој е способен и желен истото да го направи за тебе. Мојата врска од цели 8 години и нешто, колку што траеше, пет години беа поминати по патишта. Релација Софија - Скопје беше во почетокот, брзо се смени во Софија - Скопје - Кичево. Не беше проблем да секој втор викенд заминам во петок и се вратам во понеделник директно за на предавање, ниту пак за него викендот кога јас не одам да дојде. А не малку беа и деновите кога си се само-ослободував од предавања само за да поминам 10 дена со него. Функционираше и подобро одошто врските на луѓето кои ги познавав, кои беа постојано заедно. А, дали ќе успее или не, побогу, засекогаш ништо не трае. И во брак да си не можеш да знаеш дали ќе ти успее, макар имала и деца. Работите се менуваат, луѓето се менуваат, твоите и неговите потреби се менуваат. Нема врска далечината, имаат врска чувствата и тоа да имаш г'з да направиш нешто што инаку не би, да ризикуваш, да се опуштиш и да не мислиш на утре (што инаку е препорачливо и за врските помеѓу двајца што живеат у иста зграда :rofl: ).
     
    На julie77 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  17. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Врска од далечина

    Moже ДА УСПЕЕ ако се доволно цврсти и ди веруваат партнерите.
    Мојата врска беше на далечина (се до моментот кога се преселив кај него да живеам :$ )
     
  18. Mawatta

    Mawatta Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Врска од далечина

    Паа..Не да не верувам,али мое мислење е дека е тешко...Го зборам ова од лично искуство! Имав таква врска,заедно бевме околу пола година,и поради тоа дека се гледавме поретко,почнавме да не си веруваме..И така ставивме крај на се! Али свака им част на оние кој се во таква врска! :)
     
  19. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.221
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    јас сум во ваква врска,се гледаме поретко,ама сепак се е во ред,,ако љубовта е голема,ништо нема да ве спречи да се гледате и сакате,јас вервам во него,а се надевам и тој во мене,..треба само да бидите цврсти,и да си вервате..Нормално ако се сака се се може..нели е така??? :)
     
  20. inlove80

    inlove80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Врска од далечина

    мене ми се сомнителни врските на далечина.ионака сум си љубоморна 100%.што знам што прави таму цел ден пред да се уклучи на мсн со мене на саат два?те сакам-ме сакаш, исклучува компјутер и легнува до некоја...не сум видовита.....