Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска на далечина

Дискусија во 'Врски' започната од Mireto, 21 ноември 2009.

  1. Eli-sweety

    Eli-sweety Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    15
    Врска од далечина

    Значи како што видов има доста многу сигурни како што бев јас сигурна во тоа дека врска на далечина не опстојува и дека нема да имам никогаш. Ама нели велат, никогаш не вели никогаш.
    И така и јас сега сум заглавена во една таква врска која опстојува, но до кога не знам. За неа се потребни премногу доверба и разбирање и љубов се разбира.
    Тој е во друга држава, јас овде. Нашата врска изгледа дека нема иднина но никогаш не се знае. Се започна со една смешка. Се запознавме минатото лето овде (тој е цело лето тука) потоа тој се врати назад. Додека беше овде не сакав да имам ништо со него, иако подсвесно тоа и го посакував. Но само што бев излегла од врска која иако не беше на далечина, сепак тој ме изневери со друга. Така на фејсбук си пишувавме подолго време, се зезавме до степен да договараме како ке ни се викаат децата. И од шала се ставивме и во врска која по само една недела престана да биде шала и стана сериозна. Така по 2-3 месеци тој дојде овде за да биде со мене на Нова година и остана неколку дена што дури и не се врати дома да го прослави Бадник со неговите. Сега го немам видено скоро 5 месеци. А си пишеме и мнооогу ретко се гледаме преку камера. Во моите чувства нема ништо променето кон него, нешто слично се надевам дека е и во неговите, само го нема тоа внимание што го имаше на почетокот. Сепак такви се машките кога нешто им е загарантирано уловено не се трудат повеќе.
    Ми фали и тој мене а и јас нему. Но се трудиме да се разбереме. Но како ке продолжи сето тоа понатаму не знам. Тој таму е на факултет, јас овде треба да започнам со факултет... како ке биде само времето ке покаже.
     
  2. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Врска од далечина

    Сум разговарала многу пати на таа тема со еден пријател кој страшно ми отиде тогаш на нерви и не ми беше јасно како не се обидува да ме сфати.
    Му реков илјада пати кои се причините кои не успеваат а тој ако се сака се се може.Се согласувам до некаде,но што доколку таа врска ти донесе многу проблеми понатаму?Пример проблем со самодовербата,бледеење на чуствата и слично?
    Но не некои тоа не го разбираат.Како е пишано така ке биде.
     
  3. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Врска од далечина

    Бившата негова има врска од далечина.
    Бившата негова му пишува за нивното минато. И му се пушта.

    Мислите ќе успее таа врска од далечина, ако оваа продолжи да се пушта на други дечковци, а тој нејзиниот печали во странство?

    Мене нема да ми направи проблем, ама на нејзе си прави, и тоа голем! |(
     
  4. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Врска од далечина

    Ако има кај мене лајк од особа која е машка, а тоа повлекува и дека не му е по мерак, без оглед кое машко е во прашање, не значи дека ме соблекол физички, туку само со поглед. :wasntme:
    Да сакам јас ке го изневерам пред очи и пак нема да забележи. Кој прави и не сака да го откријат, нема да го откријат, па кој сака - што сака нека мисли.
    Ако живееме далеку еден од друг, не мора да значи дека ке ме држи дома затворена за да не направам некоја глупост. Вратата ако ми е заклучена однадвор, имам и прозори, фала Богу.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Врска од далечина

    Девојки имам еден проблем...дечко ми можеби ќе оди во странство да работи 8 месеци, меѓутоа јас несакам да оди затоа што се плашам за иднината на нашата врска, мислам дека се што сме граделе овие години ќе отиде во вода, дека чувствата ќе ни се оладат и времето што сме го потрошиле заедно ќе биде залудно...ми треба совет како да постапам, дали да му дозволам да оди затоа што тоа сепак зависи од мене...има ли некоја од вас вакво искуство,добредојден ќе ми биде секој совет :(
     
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.220
    Допаѓања:
    56.899
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Дали да му дозволиш да оди?!?!?! Зависи тоа од тебе? :^)
    Девојко ти не го поседуваш. Кој знае за некое време вие дали ќе бидете заедно, дали сакаш да те памети како девојката што му уништи животна шанса?
    Времето од врската не е потрошено време, туку време поминато заедно.
    Ако тој оди можеби сепак ќе ја издржите далечината и повторно ќе се споите, 8 месеци не се многу.
    Ако "не му дозволиш" да оди, верувај дека за кратко време ќе сфати што пропуштил и ќе почне да премерува дали ти вредиш толку.
    А и искрено не верувам дека тој мисли дека тоа зависи од тебе и дека ти можеш да му забраниш. Ако е свој човек.
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Врска од далечина

    Со две многу лоши и горчливи искуства од врска на далечина, од мој аспект тврдам дека - не успева.
    Па посебно овие кои одлетуваат или испловуваат на печалба повеќе од 2-3 месеци - крах.
    Можни се две варијанти - да се трудите од петни жили да ја зачувате врската, која секако ќе изгуби на квалитет и на крајот - или врската ќе зајакне, т.е. ќе се зацврсти или
    ќе раскинете.

    Јас би играла на варијантата - одам со него.
    Доколку не е можно - одам на најлогичното решение според мене - оди, но сметај дека сме во open relationship.
    Не одговарам пред тебе, ниту ти пред мене за тие месеци.
    Ќе се врати, ќе се направи муабет и ќе видите на што стоите.

    Ама да се измачувам, да заспивам чекајќи смс за добра ноќ и да си мафтам на скајп за добро утро... не, благодарам.
    Been there, done that, and did not end well.
     
  8. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Врска од далечина

    И јас размислував за оваа варијанта, но ми е страв да не го повредам, а знам дека после 8 месеци ништо нема да биде како што било порано и многу е тешко после секој ден гледање, наеднаж нема да го видиш цели 8 месеци...затоа ми е многу страв и несакам да оди, сепак морам да поразговарам со него за да видам што тој планира понатаму :(
     
  9. beautiful1

    beautiful1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    33
    Врска од далечина

    Ако се сакате нема што да се плашеш да го пуштеш да оди. Секако ке ви биде многу тешко како што ми е мене сега што имам врска на далечина али ко ке си дојде ке ги поминете нај убавите моменти заедно. Немој да го изневеруваш ако тој ти значи се, оти што ако го изневереш тој со кој што ќе го изневереш да не ти каже фала пфф.
    Ја и Он сме разделени веке 6 месеци па секојдневно сме на фб и скајп и врска на далечина може да издржи доколку и двајцата го сакаат тоа и се почитуваат мегусебно. Никакво изневерување, други машки освен Он не постојат у мојот живот никако, а и у неговио други женски нема освен мене,мајка му и сестра му,знам.
    Ако си сигурна дека го сакаш дека се би дала за него тогаш ке можеш да издржеш. Позз
     
  10. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Според мене штом веќе зависи од тебе, дозволи му. Осум месеци и не е некој којзнае колку голем временски период. Напротив, мислам дека овие месеци додека сте разделени многу ќе ви помогнат за уште еднаш (верувам нема да ви биде прв пат) да си ги ставите вашите взаемни емоции пред испит и да осознаете дали заедничките години кои сте ги оставиле зад себе вредат и дали воопшто вреди вашата љубовна врска да продолжи понатаму.

    Со самата твоја несигурност и сомнежи кои си ги напишала погоре, јас навистина не можам да поверувам како една врска опстанувала и се држела толку време без најголемата основа и потпора - довербата. Како и да е, не сакам да навлегувам во такви детали, но мој совет ти е да седнеш со твојот партнер и да разговарате како зрели луѓе кои ќе дојдат до едно заедничко и логично решение.

    Доколку се сакате вистински и си верувате еден на друг тогаш далечината нема да ви претставува никаков проблем (на крај и краеви не е тоа за цел живот, туку само за одреден и не толку долг временски период). Од друга страна, доколку не верувате во вашата љубов и се сомневате дека барем еден од двајцата ќе го изневери постоењето на истата, најдобро би било уште сега да и ставите крај и да си се збогувате како зрели и возрасни луѓе.
     
  11. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    BurstBerry
    незнам дали како прво си се запрашала зошто воопшто оди и дали си имала сериозен разговор со твојот дечко можеби има потреба од финансии можеби има потреба едноставно да оди некаде далеку од сите да запознае нови луѓе нов свет и се разбира воедно да заработи и пари
    кој ти кажува дека вашата врска ќе олади за тој период кај повеќето ситуации што сум се запознала со ваков ист проблем дошло до зацврстување на врските до сознавање всушност колку се сакаат и почитуваат таа далечина дава до сознание дека не се може да се биде разделен од саканата личност значи ова има и позитивни страни затоа не очајувај
    ти неможеш да спречеш ниту да го запреш процесот на кој ќе се одвиваат работите
    пушти го и така ќе дознаеш колку е јака вашата врска и вашата љубов позз се надевам дека ти помогнав
     
  12. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Врска од далечина

    Од искуство кажувам дека врската од далечина ќе успева само ако се согласувате и нема да си лубоморите еден на друг!
     
    На cigarce му/ѝ се допаѓа ова.
  13. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    темава се состои од различни мислења и ставови, едноставно оние кои ја имале ваквата врска и имале некое искуство со истата најдобро знаат како е, нормално секоја врска самата по себе си е тешка, па макар доколку со некого сте и секој ден заедно кога не иде значи не иде, јас ја имам ваквата врска, ако ви кажам дека се е идеално ќе ве излажам :lol: потребата да бидеш со него а го нема... цел свет ти се урнал а него пак го нема ... и ред други работи кои понекогаш ме натерале да се запрашам дали вреди оваа ствар,одговорот е едноставен, тој е најпрекрасното нешто што ми се случило и преку него научив што всушност претставува љубовната врска, тешко е, но ќе издржиме :inlove:
     
  14. The.Rainbow

    The.Rainbow Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    32
    Врска од далечина

    Јас можам да ви кажам од свое лично искуство.Бидејќи пред две години бев четри месеци да живеам во Италија,таму запознав еден дечко кој првин онака ми беше како пријател.Мислам ми се допаѓаше али не си дозволував да го засакам пошто знаев дека кога тогаш ќе си одам,и после многу ќе ми биде тешко (многу голем емотивец сум).Па така имавеме само пријателски односи.Човекот се ми помагаше да се прилагодам на луѓето,на градот.Некако нон стоп бевме заедно.А он беше прав Италијанец.Очи да те заболат.Па така кога се вратив назад овде некако сфатив дека многу ми фали. Иако немавме врска,сепак исто како да сме имале,пошто бевме нон стоп заедно.И сега еве веќе две години скоро сме заедно.Он во Италија јас овде.Се гледаме на три месеци.Некад ако едвај имаме среќа и побрзо се гледаме.Инаку не е многу тешко.Неам старв дека може да ме изневери или слично.Верувам дека и тој нема.Инаку многу си се сакаме.Си комуницираме секој ден преку нет.Еве сега на 15ти треба да дојде да се видиме.Едвај чекам :) :inlove: :inlove: Убаво е.Ама сепак треба за таквите врски многу разбирање и верување да има. :)
     
  15. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    ehhh da i jas imam takva vrska...go zapoznav vo kafic dodeka bev vo druga drzava i od togas sekoj den bevme zaedno...toa bese ljubov na prv pogled...iako mislev deka vise nema da najdam nekoj bidejki imav dolga vrska i se bese najubavo no deckoto sakal da bide sam...istoto se slucilo i od negova strana i toj imal vrska i sakala taa da bide sama posle tolku godini...toa e mislam deka sudbinata ne spoila...kako da si ja najdov srodnata dusa... <3 samo sto malku me faka strav deka e daleku ama ako ne se nadevam premnogu i da se zaletuvam nema da bidam mnogu povredena...sto e sudeno ke si dojde :)
     
  16. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.466
    Допаѓања:
    4.359
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    ДОсега сум имала две вакви врски првата беше од баш баш подалеку а другата ми беше од друг град од македонијава но сепак далечина си е далечина.Немам баш добро искуство и двете ми завршија на лош начин но проблемот не беше далечината,така да верувам дека може да успее таква врска но треба да се има доста трпение,разбирање и доверба и пред се треба љубовта да биде голема за да се издржи..
     
  17. sirena4

    sirena4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Zdravo na site clenovi vo grupava..
    Jas imam vrska vo davecina koja funkcionira bez problem veke 7 godini, uste od startot se razdelivme, bevme zaedno samo 2 meseci potoa toj zamina vo Italija kade mu e celoto semejstvo.. ne se vidovme 2 godini potoa si dojde no se razbira na kratko i pak se vrati... poveketo vreme sme razdeleni otkolku zaedno do sepak funkcionirame bez problem...
    sekako ima denovi koga se cuvstvuvam mnogu osameno e razocarana no srekna sum sto go imam
    pozdravce :)
     
  18. Teff

    Teff Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    20
    Врска од далечина

    Јас имам врска на далечина :)
    Тој е во Америка, јас сум тука.. постојано сме на скајп,фб.. и многу пати до сега си го имам поставено прашањето Дали ќе опстане оваа врска? Што доколку ме изневери? И сфатив дека никој неможе да каже што и како ќе биде додека не проба, дури и да се работи за искуство, бидејќи секој човек си е различен и посебен.. тоа е индивидуална работа и секој дели различни чувства и различно мислење.
    Искрено за ваква врска не би се нафатила доколку не постоеа одредени околности. Нашите родители всушност се многу блиски, тие се и виновниците за нашето запознавање :lol:
    Го знам од минатото лето.. од тогаш се беше на флерт, зезање и оваа нова година стана реалност. :$
    Оваа зима беше тука на 2 месеци, тогаш и се фативме.. и кога си замина мислев дека нема да осеќам толку голема празнина бидејќи само 2 месеца бевме во врска,но како што изминуваа и изминуваат деновите мојата љубов се повеќе се зголемува. :inlove:
    Поминаа 3 месеци од кога си отиде останаа уште две недели до неговото доаѓање тука,ги одбројувам деновите со голема возбуда а уште повозбудена сум затоа што ми спомна пред некој ден дека можно е и повеќе да не се враќа во Америка . :D
     
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Врска од далечина

    Не би имала храброст да започнам врска на далечина. Емотивна сум доста и мислам дека нема да издржам постојано да сме далеку еден од друг, постојано ќе мислам како е, што прави и кога ли ќе дојде моментот кога ќе го видам. Паметот постојано би ми бил таму, мислам дека не би можела да функционирам нормално и ќе се опседнам.

    Од друга страна, тука е и стравот од неверство. Постојано ќе се прашувам што ако случајно ме изневерил. Љубоморна сум ептен а тоа ми е слабата страна, дури и кога имам доверба во некого тешко ја контролирам љубомората. :sweat:
     
  20. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    само некои имаат право да ја доживеат а одредени личности кои ни на лик не би сакале да ја поседувааат оваа врска би немале добро искуство околу истото :) и јас како дел од многуте вас :) понекогаш е тесшко, но едноставно она лувство коа несабајле ќе се рабудиш сакано е она аммммм најубавото :inlove: на нас ни остануваат уште 2 месеца за оваа врска на далечина стане дел од оние нормалните врски ако можам баш така да ги наречам :) едноставно вреди да се жртвуваш за она што вреди да го имаш :P