ај еднаш да беше.. ок... ама две врски до сега сум имала од далечина и не успееа.. е може и до мене да е :?
се се може ако се сака имам врска од далечина и можам да кажам дека воопшто не ми е лесно, секогаш кога ми е најпотребен тој не е тука но многу се сакаме и мислам дека ќе успееме да ја одржиме нашата врска, во различни држави сме и еве сега одвај чекам да дојде ги бројам и деновите таму каде што е љубовта, далечината не постои
src, katastroofaa.... bas mi e zal za tebe, ama bas mi e milo so si silna ko mene ... ncncnc.... ubavo kaza-masko kako masko...
Нема да генерализирам , туку ке си ја раскажам својата прича :? Значи огорчена од невоможна врска ,решив да се излуфтирам од Македонијава наша мала и да заминам на 8000км... И бидејќи ми беше убаво да си се журкам наидов на еден тип и тој скршен ко мене, и ете се разви некоја врска од неколку месеци секој ден гледање, од типот шо ќе праам без тебе кога ќе си одиш. Ветувања од типот се ќе направам за тебе.. И нормално после се се сведува на Скајп , мсн, телефон, пораки.. Ама не било исто кога си на 8000 км далечина и коа сакаш да споделиш некоја прегратка ... После некое време момаков нешо почна чудно да се однесува . За на крај да излезе далеку си , неможам да поднесам што не си тука, Боље да си останеме пријатели... И ме фати јанѕа, е неможев да се помирам со тоа и ко мрдната си скоцкав една година од животот, да се лишам од се, за само да отидам пак да го видам и лично да видам што се случува. И ништо не се случи , добив еден никаков одговор , премногу те сакам ама не сакам да те повредам. Значи ОК е почитувам врска иста држава , различни градови , ама различни континенти , некако не ми иде.. Бидејќи нели потребите си го прават своето.. :?
Навистина лош крај, но очигледно тој не те заслужувал. БРАВО за твојата храброст! Ретко кој може да го направи истото
i jas imam vrska od dalecina skoro edna godina.i ne e bas lesno sekogas koga mu e tesko ili mene mi e tesko toj ne e tuka,se slusame sekoj den pa 100pati a vo vikend se gledame.no ne e toa sto treba da bidi i da lici kako vrska.nekogas koga nema da dojdi vo vikend izleguvam so drugarkite a toj vika izleguvas so drugiot decko.ne me veruva dovolno.i me drzi podkontrola gi prasuva drugarkite dali sum bila so nekoj taa vecer i sto sum pravela. mislam deka uspeva vrska od dalecina ama treba da se ima poveke doverba vo partnerot
HMMM odgovaram na prasanjeto na devojkata sto imala drugarka cij decko ucel vo Bugarija...mila sestro kazi i na tvojata drugarka da ne se zalazuva oti ima ubava vrska toj koj znae kolku ja izneveruva, prosto e nevoznozno da vrska da uspee.ako uspee raka ke im dadam.megudrugoto i jas imav vrska od 4ri godini pa dojdov vo bugarija da ucam....i pogodi sto se sluci daleku od oci daleku od srce
Super e sto veruvas vo toa i se nadevam deka taa vrska navistina ke uspee...no nemoj na krajot da si razocarana i skrsena
jas imam vrska na dalecina, decko mi e od drug grad. zaedno sme veke 2 godini. imame dvajcata doverba eden vo drug i mozam da kazam deka za sekoja uspesna vrska najvazna e doverbata a ne dalecinata. Ako nekoj ne ti veruva djabe i da ste blisku ama koga postoi vzaemna ljubov iskrenost i doverba sigurna sum deka vrskata na dalecina moze da opstane pa duri i da bide podobra od vrskite kaj koi dvajcata partneri se od isto mesto. A ako decko ti ne te saka i ne te pocituva, ako mu doslo do varanje i pred tvoi oci ke bide so druga. Se e do karakterot ne se site maski isti kako sto ne sme i nie zenskite isti!
Далечината на врските им го прави она што ветрот на искрите...ако е силна само ќе го разгори пламенот. Ако е слаба искрата, ке ја изгасне. Љубовта која опстоила и на далечина само покажува колку била силна
Врска на далечина ...хммм..до сега две сум имала.Првата не успеа,пукна после неколку месеци ко се преселив во метрополата...А втората еве ја трае уште,веќе 4 и пол години...трае и од ко се вратив од Метрополата ...да не ја зарекнам.Зависи од карактерот на партнерите прво и основно,а второ од љубовта,зашто ако не си цврст и лојален на партнерот се друго е излишно...и љубомората и раправиите...
tesko mi e decko mi go poznavam od gradinka sekogas bevme zaedno vo dobro i vo zllo sekogas zaedno.sega zamina u stranstvo.mi veti mnogu nesta veruvam vo nasata lubov no se plasam deka so tek na vreme nestata moze da se izmenat
jas imam 3 godisna takva prekrasna vrska...preubavo mi e..i iako ne e do mene sekogas znam deka mozam da smetam na nego sekogas..pred nego imav vrska od moeto mesto a bev sto pati po osamena od sega..luge se e do LjUBOVTA ako ja ima i 200 km ne se precka
Jas sum imala 2 takvi vrski i mene iskreno ne mi uspeale ... kolku i da sum se trudela i sme se trudele no ne uspealo no nemora da znaci toa na nekoj moze bi mu uspealo no ja sum takva i sakam postojano da se gledam so deckoto sepak podrugo e spored mene ....
Зошто да не може да успее? И јас бев скептик, многу повеќе откако ми пукна првата врска на далечина што ја имав... а не беше којзнае колкава далечината, само околу 70тина километри... ама до човекот е, не до врската... и да, ако има љубов и доверба, може да успее... знам, затоа што ете, пак имам врска на далечина, овој пат поголема е далечината... и точно е она Далечината за љубовта е исто како и ветрот за искрите... ако е мала ќе ја изгасне, ако е голема ќе ја разгори... ама тоа важи ако љубовта е вистинска, искрена и од срце....
Според мене не важи правилото дека делеку од очите е далеку и од срцето. Не е точно дека ако си со него 24/7 се ќе ви биде совршено и подобро ќе функционирате-во никој случај! Напротив, далечината е како тест, колку партнерите се сакаат и си веруваат еден на друг. Нормално, ако нема доверба, и по цели денови да сте заедно, цело време ќе се расправате. Далечината и го прави на љубовта, она што ветерот и го прави на искрата-ако е мала, ќе изгасне, ако е голема, уште повеќе ќе се разгори!
Јас искрено не би се осмелила на ваква врска. Но се се случува во животот, можеби некогаш ќе го променам мислењето.
ej,i ja imav vrska na dalecina i kao demek se sakavme mnogu,ne e bitno kolku so kako,bitno poentata e mu zvonam da mu cestitam nova godina i se javuva zenski glas prvo i jas go baram nego,mislev majkamu se javila deka na domasen mu vrtam,i toj se juvuva i veli deka toa mu bilo verenicata si se veril covekot tamu bez uopste da spomne predhodno deka fatil devojka i sl,i mi vika izvini mnogu neznaev kako da ti kazam itn itn. a ja se utepav visejki na internet i trosejki pari na telefon..eee daleko e francija .taka da sakajte se ne velam jas ne,ljubovta ako e vistinska ke opstane,ama sepak nemojte bezrezervno da mu veruvate..
Eeee tanja kolku lezerno go raskaza ova,ama sigurno ne ti bilo lesno... I jas ne sum za vrski na dalecina. Imav decko od drug grad, pa ne ni uspea(poradi obvrski i se toa), a ne pa od druga drzava.