Врска од далечина па јас незнам колку тоа може да се нарече љубов од твоја страна ама сепак мислам прво е потребно да си се видите и отом потом да не ме сватиш погрешно,не дека сум скептик за ваквите работи меѓутоа едно е фб друго е очи во очи
Врска од далечина факт е дека се далеку потешки ваквите в.но ако сакаш да успее ќе мора да се труде човек иако е тешко но за љубов вреди да се жртвуваме
Врска од далечина Доколку и двете страни се спремни, се сакаат, се разбираат и највазно до се имаат доверба еден во друг, мозе, зосто да не
Врска од далечина значи познавам еден дечко кој што има девојка од друг град , функционираат 3 години , ама за жал тој е неверен до бескрај. таа девојка му кутрата седи сама дома и го чека да и се јави . Колку пати само јас сум го видела со друга девојка , страшно е тоа. А таа неговата официјалната ,не ми е јасно , што си мисли ? Кога ке се појави со неа у јавност не знам како не и е срам по крај тоа што го прави дечко и? Сите ја исмејаваат , ама кутрата горда е , има јак фраер со неа - а уствари дечко се е*е со која стигне. ОДВРАТНО!!!
Врска од далечина уфф.. како е само те6ко...јас си најубаво знам а верувам и други..секој ден се караме патеме за глупости Чисти...али секој ден се надевам дека ке помине сево овоа и ке бидеме заедно макар една години веке Живееме вака
Врска од далечина Мислам дека за да успее една таква врска мора да се направи некаков компромис. Еве пример јас минатиот пат си немав појдено дома пола година.НЕ затоа сто не сакав, туку едноставно имав премногу обврски и немозев. Во таков слуЧај јас мислам дека или јас, или тој не би мозел да издрзи без секс или макар без мување во најмала рака. Јас би направила некаков компромис,или да моземе да се гледаме со други лугје или да се најде нацин да се гледаме на секои 3 месеци, на пр. Инаку целибат не би да правам.
Врска од далечина Aјде бе..неможело без секс да се издржи ако не се видите еден месец..или две недели...
Врска од далечина ЗнаЧи зборувам за временски интервали од 3 до 6 МЕСЕЦИ. А не месец дена или 2 недели. Постои гоооолема разлика.
Врска од далечина Јас сум во врска веке две години од кои сто веке 6 месеци сме на огормна далечина имавме многу проблеми на почетокот значи нашата доверба беше многу мала но со текот на времето се се врати во нормала но сепак не чекаат уште 6 месеци да бидеме разделени па се надевам дека се ке заврши како што сме планирале кога замина.(сепак е многу тешко и треба многу разбирање и доверба)
Врска од далечина Јас сум жив пример дека врска на далечина може да се одржи,иако претходно не верував во тоа и велев дека нема никакви шанси тоа да е нормална врска....се дури не ми се слчи мене Бев 8 и пол години во врска и никако неможевме да се погодиме на иста фрекфенција...Тогашниот ми дечко сега веке маж неможам уште да се навикнам дека ми е маж и дека треба така да го викам ... секогаш го викам на име дури и кога му кажувам на некој друг за него ..,, студираше во Србија а јас бев средношколка во мкд...обично бевме разделени по еден месец, по што следуваше максимум една недела помината заедно...така преку годината,освен јули и август кога бевме заедно секогаш...И сега ми текнува на тие моменти,кога ке си дојдеше тој ништо друго не ми беше битно и ми беа најубавите денови во животот бев пресреќна....исчекувањето пред да си дојди исто така интересен момент....и дента кога ке си оди најтажниот ден за мене...Пошто сум плачка по природа...незнам колку солзи имам пролеано за него...затоа што ми фалеше најмногу на светот , а не беше секогаш тука кога ке ми требаше... Потоа кога се запишав на студии почнав и јас да одам Србија на викенд и се гледавме малку почесто....Пред да се земиме живеевме заедно околу 2 години....сакам да кажам дека се се може ако се сака и дека најбитна во случајот е довербата ....без неа ништо...и слободата се разбира....Јас секогаш излегував со другари и другарки, никогаш не седев сама дома, никогаш не ми беше забрането нешто, ниту пак ме гушел некогаш , ни испитувал....Никогаш не ми хистеришел од љубомора, нити пак јас него...Се се одвиваше нормално...и беше преубаво...Најбитно од се дека ние иако многу долго време бевме заедно,никогаш не се згушивме еден од друг...секогаш се ни беше интересно заедно...кога бевме заедно буквално не се одлепувавме еден од друг , а интензитетот на чувства не можам ни да го опишам... Така да може да успеа ако има љубов и разбирање, а ако нема и до тебе да е нон стоп...џабе е се..
Врска од далечина ....Далечината за врската е како ветерот за огнот, силниот уште повеке го разгорува ,а слабиот го гаси.....
Врска од далечина Сеедно. Ако е врска, ке чека и 3 и 6 месеци. Шо да кажат тие шо на некој дечко им/женската им учи странство и ето се врака на неколку месеци. Плус во повекето случаи далечината е поради образование, а тоа не е трајно.
Врска од далечина Ако се сака се може. Јас врска и брак одржав на далечина. На почетокот тој работеше надвор од Мк а потоа тој се врати пак јас заминав надвор од Мк по работа. Се гледавме на 3-4 месеци, и така опстојувавме цели 5 год. се бркавме по аеродроми, хотели...Секој ден се слушавме дали преку интернет или тел. ама имавме и големи кризи кои се нормални. Едноставно во ниту еден момент, точка на слабост не ми паднало на памет да го изневерам и поред тоа што искрено некогаш тајно си посакував да бидам страсно посакувана од некој друг. И двајцата бевме свесни што правиме и дека ја градиме нашата иднина сами. Ако знаеш што сакаш во животот, која ти е целта, спремен си да ги поднесеш сите тие жртви Е тогаш го имаш одговорот.
Врска од далечина Ако се сака се се може. Имав и јас долга врска на делечина, ама прекинавме по моја вина. Неможев да издржам тој во неговиот град, јас во мојот, јас одев таму а тој тука никако. Епа и финансиски тешко ми стана (мада се нудеше и он да го плаќа патот, ама јас никако не сакав да прифатам) а и гњаважа веќе беше. Тој развртел таму приватен бизнис јас како некоја икона пред него (евентуално трофеј), така почнаа сите да ме доживуваат. Па едно време и спонзоруша станав поради зависта на другарите му, и решив јас вака веќе не. Колку само муабети се изнаслушавме и двајцата ама помина и тоа. Дојде тој со прстен ама на 18 баш и не ми се мажеше, и кога ја одбив таа понуда веке јасно се гледаше дека врската заминува у неповрат. Затоа изводливо е да се одржи врска на далечина ама треба мноогу труд разбирање и пред се зрелост на партнерите.
Врска од далечина Jas sum Sarah od Bitola (16). Ziveam vo Germanija veke edna godina . Toj me sakase mn vreme. Uchevme vo isto uchilistetoj e pomal 1god i se gledavme skoro sekoj den. Jas se muvav so nego samo od sozaluvane :/. (toa bese pred 1god). I toj pred 2-3 meseci mi reche deka navistina me saka samo mene i deka saka da sme vo vrska. Drugarot moj e negov najdobar drugar i mi kazuva deka me saka navistina mene samo iako mn drugi mu se ,,pustaa". I jas so vremeto malku go zasakav.Se pisime najcesto so mozi i sekogas mi kazuva deka me saka i deka ne mu se ceka da me vidi. Btw ke bidam skoro mesec i pol . No jas iako go sakam imam strav da bidam vo vrska so nekoj sto e so Iljadnici km daleku od mene. Koj ima iskustvo neka kazi dali e tesko i dali e voopsto mozno bez nerverstvo? [mod-kirilica:1s04gfmg][/mod-kirilica:1s04gfmg]
Long Distance Relationship ?? Funkcionira? Девојче имаш 16 год., забавувај се и не се оптеретувај уште од сега со верност и љубов. Ќе имаш и др. љубови во животот. Млада си премногу за озбилна врска.