Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска на далечина

Дискусија во 'Врски' започната од Mireto, 21 ноември 2009.

  1. SilverGirl

    SilverGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    7
    Врска од далечина

    Здраво на сите.
    јас сум нова на форумов, одамна ве пратам, што одлучив и јас да ви се придружам.
    Јас ке се обидам да ви ја раскажам мојата прказна, неможам да го наречам искуства.
    вака, имам 19 години .. веке се ближам накај 20 :)
    но незнам, секогаш ме привлекуваат машки од друга држава.
    до сега сум имала 2 дечковци.
    едниот беше од Србија, а другиот од Германија.
    Со тој од Србија одевме 1 година заедно, постојано бевме заедно, и дење и ноќе.
    Планираше да се земеме, но јас не бев сигурна дека токму тоа го сакам. Бидејки, 19 години не се нешто многу за мажачка :) секогаш викав, ке видеме, да завршам прво средно здравје боже.
    после некое време, беше земјотресот во Србија, тој живее во Краљево, а таму беше и најсилниот.
    многу се исплашив, беше и недостапен 2 дена, ми беше премногу тешко, многу плачев незнаев како е, и мислев тој е , вистинскиот е.
    после некое време, му се расипа компјутерот, и тука почнаа недоумици, не се согласувавме баш најдобро.
    Мислам, јас не се согласував баш најдобро со него, а тој ни збор не ми вракаше назад, тој беше постар од мене 7 години,
    знам дека ме сакаше и усте ме сака , ама јас него Не, сватив на крај како бев при крај со школото дека го сакам како брат, а Не како маж.
    и нормално,кога сватив, може грубо звучи, но, фино лепо го седнав и разговаравме и све му кажав, знам дека го повредив .. ама ако продолжевме повеке ке го повредев.

    и така така помина неко време.
    сега на фб се запознав со еден од Подгорица, 3 години е постар од мене, премногу ми е убаво со него, сака да дојде во Македонија да се видиме.
    по цели денови сме заедно, секогаш пишува многу ми е убаво со тебе итд.. ги знаете какви се машките :)
    но прерано почна да збори за секс, но и покрај тоа, мислам дека е нормално.
    и највеке ме зачуди што ми рече дека е ‘невин‘ , по мене е неверојатно, ми рече дека сака да си напишеме наш заеднички роман . беше на одмор овие 10 дена , човекот помина сиот одмор во хотел за да се допишуваме.
    се гледа дека е озбилен и сериозен дечко..
    Ама ми естрав да започнам поново .. незнам зошто, но ми е страв да не го повредам или дека ке ме повреди :(
    сака да имаме односи, ама јас не сум подготвена и вика, ке чека колку што е потребно нема да ме притиска, ме сакал и ке ме чекал колку што е потребно.

    највеке не верувам во она дека е невин...
    машко 22 уште малку 23 години а да немал секс до сега??
    н о ... од неговите зборови понатака што зборевме , мислам дека не лаже, сакам да му верувам ..
    може мислење од поискусните малку?
    благодарам
     
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Прашање-дали сте се сретнале, мислам во живо дали сте правеле муабет или само преку компјутер?... :?:
    Се` си мислам дека само на пишување се знаете и се запознавате. Не ми е јасно-како може да ти биде многу убаво со него, по цели денови да сте заедно, а не сте се ни сретнале :^)

    Друго-нема зошто да ти биде страв, колку што сфатив ти си му раскинала на претходниот дечко, полека малку, запознајте се, видете се, нека почне врската да си добива свој тек, па и чувствата ќе ти се оформат.
    Не брзај, запознај го, па и тој нека те запознае тебе.
    Што се однесува до сексот, истиот совет...не брзајте. Велиш ти врши притисок за секс, а ќе те чека колку што е потребно-извини ама малку си контрадикторна.

    Ако си секс. искусна, доколку се одлучиш да имаш односи со него самата ќе приметиш дали е вистина фактот дека е невин или не. Вака според тоа што го кажуваш никој од нас не може да знае... како јас или некој друг врз основа на рекла-казала муабет би процениле дека тој е невин. :!: Мислам апсурдно ти е прашањево. А и тоа дали те лаже или не-никој од нас не може да знае што му се врти во главата, што и како си мисли.
    Времето ќе покаже колку и дали е искрен со тебе. :)
     
    На LittleDevil му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.772
    Допаѓања:
    24.766
    Врска од далечина

    Далечината и го прави на љубовта она што ветерот и го прави на искрата - ако е мала ќе ја изгасне, ако е голема ќе ја разгори... Мислам дека оваа изрека доволно кажува. Но факт е и дека само љубовта не е доволна... Колку и да се сакаат двајцата невозможно е да се одржи ваквата врска без и двајцата да вложат многу труд, упорност и разбирање.. Не секој може да го издржи притисокот на далечината.
     
    На PinaCapano му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Врска од далечина

    Делумно,имав вакво искуство,но тоа беше после година ипол од врската(претходната).
    Братот се пресели во Охрид и година дена се гледавме така,еднаш во месецот или на два...Нашата врска не опстана порадни мноштво фактори,но оддалеченоста беше еден од главните.
    Сакам постојано да бидам до тој што го сакам, да го гледам кога ќе посакам,да го бакнам кога ќе псакам,а не да чекам да дојде 25-ти или некој друг датум и цел месец во исчекување....После одново.
    Тоа не е живот (а тука големи се шансите дека ќе го изневерам,чисто од помисла дека тој би можел да ме изневери таму со некоја).
     
  5. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Можно е,баш ова мене ми се случи..од нигде никаде,нешто што не сум го очекувала никогаш мене да ми се случи..Без него неможам да си го замислам животот тој ми е се што ми е потребно,само кога ќе му го слушнам гласот имам насмевка на лицето..Ми недостига повеќе од се на светов ама вреди да се чека и да се биде трпелив,доверба имаме огромна и тоа е најважно.
     
    На Ivycka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ivycka

    Ivycka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    32
    Врска од далечина

    Може да успее :inlove: Јас сум во таква врска скоро 6 години и супер ми е :) Нормално има кризни моменти кога нема да се видиме подолго од две недели или пак кога настапува сомнежот за било која работа, меѓутоа со разбирање, трпение и најважно доверба се успева. Секако и многу жртви бара ваквата врска, од лично искуство, но се поминува ако се сака.
     
  7. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.220
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    јас сум во ваква врска..потребен ми е премногу и сакам да е тука до мене секој ден..ама нема..треба да чекам 5 месеци за да го видам..го сакам премногу а знам и тој мене..и ќе чекамм па шо сака нека е..трпеливостт пред се! ;)
     
  8. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Девојки ај хелп :( ..
    Вака дечко ми е во Словенија извесен период ( околу 2 месеци ) и сега во недела треба да си дојде, никогаш се немаме разделено, и кога отиде ми беше многу тешко, едноставно се случуваа такви работи за кои и јас самата не беф свесна, тој е мојата прва љубов, го сакам премногу, но сега кога знам дека во недела ке го видам некако се осекам .... НЕЗАИНТЕРЕСИРАНА ...

    навистина сакам да знам од што дојде тоа :( ? Копнеев да го видам и гушнам , имаше ноќи кога неможев да спијам од што толку многу ми фалеше а сега ми се случува оваа ;(

    Едоставно чуствувам некоја огромна досада, не дека не излегувам, си излегувам со другарки си шеткам, ама сега коа ке си дојде .... навистина ми е чудно, до вчера бликав од срека, а денес ..... :drunk:

    Само што се слушнавме на скајп ... и некако не ми е гајле, не се интересирам ни да го прашам како е , како поминал денеска на работа, дали оздравел, ако не ме праша тој не ми текнува ...

    Што ми се случува :?: ? ве молам за некој совет и мислење ;( :(
     
  9. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Здраво на сите :)
    нова сум на форумот,а темава што ја најдов прва баш ми остави впечаток..
    а еве и зошто:
    во врска сум веќе 3 месеци со дечко ми,ама од октомври тој оди на факултет во Скопје.
    дали мислите дека може нашата врска да преживее?:)
     
  10. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    Врска од далечина

    аман преживејуват врски преку три држави преку океани нема да преживее твојата до Скопје кој од каде и да тргнеш за три сата си во Ск....и да ти кажам врската за да преживее тоа зависи од вас а не од самата далечина...
     
    На PinaCapano му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ivycka

    Ivycka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    32
    Врска од далечина

    Можеби си само збунета или пак се плашиш од нешто...
    Барем јас знам дека бев на некој начин исплашена кога дечко ми беше на неколку месеци во Америка, страв дека можеби ќе ми каже нешто што не сум очекувала, на пр. некоја авантура или слично :sweat:
    Меѓутоа кога го видов од сета радост заборавив на сите работи :inlove: Така да не е ништо страшно, мислам дека е нормално тоа, ама најубаво ќе си видиш самата како ќе се осеќаш понатаму...
     
  12. Queen-Nefertiti

    Queen-Nefertiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    46
    Врска од далечина

    Mислам дека потешко успеваат врски од далечина,треба да се има многу нерви и доверба,бидејќи ни тој може да знае па ни ти што се се случувало во период кога сте раздели.Јас искрено не би можела да издржам ваква врска,да не го видам,но сепак љубовта прави чуда така да секоја чест на сите кои имаат вакви врски и кои им се успешни.Браво :clap:
     
  13. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.410
    Допаѓања:
    22.688
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Пишав во темава дека имам ваква врска, заедно сме година и 9 месеци. Не е типична врска на далечина, затоа што заедно студираме и поголем дел од времето сме заедно, освен летото. Лани ми беше ептен тешко, прв пат да имам таква врска, се гледавме колку што можевме, на некои 2 недели. За ова лето мислев дека ќе биде полесно затоа што го имаме искуството, но не е така. Ми фали дечко ми, и сите нормални работи кои ги прават двојките, да гледаме филм заедно, да излегуваме, да се шетаме кога ни е здодевно дома и сл. Јас тоа го немам овој период. Излегувам со другарки, но и тие си имаат свој живот, едната е цело време со дечко и, друга работи во Ск, две се спремаат ќе одат за Англија, и кога да видиш, во најубавиот период од годината кога немам обврски, јас се досадувам и дремам дома поголем дел од времето. И не знам до кога ќе издржам ваков начин на живот. Не можам да чекам да дојде септември, да тргнеме на факултет, и да оживеам. Не бев ваква јас претходно. Се дружев мнооогу повеќе, имав далеку позабавен и поинтересен живот.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Врска од далечина

    lovely-girl истото е и кај мене, се наоѓам ама баш во иста ситуација.ДА, ќе си иде и мојот дечко за 2 недели а јас онаа која што секој ден му викаше дојди си побрзо неможам вака сама сега некако сакам да го избегнам сето тоа и да сум помалку време со него.Немам друг него го сакам но зошто е вака незнам.По цел ден се слушаме, комуникација и доверба имаме голема но јас еве сега сакам некако да го одбегнам тоа и дури планирам да отидам на одмор 2 дена пред да дојде за да бидиме помалку време заедно.Дали тоа што ми рече да се вратам со него назад, да се земеме ме плаши-незнам.Се надевам ке го надминам овој период побрзо и ке уживаме кога ќе дојди :)
     
  15. Ivycka

    Ivycka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    32
    Врска од далечина

    Те разбирам потполно и ние преку лето не сме баш заедно три години по ред тој некаде работи дали Охрид дали Америка... умирам од досада вака. Не дека немам пријатели туку јас сум променета не сум истата личност која тресеше зелени 24/7 и беше насмеана нон стоп. Сега дремам на нет или пак гледам филмови по 5-6 на ден :^) Дефинитивно не е во ред тоа...
     
  16. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.410
    Допаѓања:
    22.688
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    ^^ Истата сум и јас. И кога излезам со другарки, пак не е тоа тоа, фала Богу пораснавме сите, не сме по 17-18 години па да ни се интересни истите работи кои ни биле на таа возраст. Сакам со него да излегувам, да се забавувам, а баш во лето - го немам. Тешко е. И јас како тебе, цело време на нет, филмови, еве сега почнав со вежбање, ама пак ми фали социјален живот.
     
  17. falcon15

    falcon15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Врска од далечина

    Јас не сум баш за врска на далечина од искуство ќе ви кажам. Имав една таква „врска“ на далечина, ако може да се каже дека се работи за врска. Траеше многу кратко, заврши со неверство од негова страна и нормално со шокирање од моја. :) Видов во некои од вашите примери дека сте биле одвоени со километри за разлика од нас кои бевме разделени само еден час. - Иста држава, различен град. Сепак се уверив дека тоа беше лажна љубов. Затоа доколку не сте имале не ни пробувајте да имате затоа што ќе загубите само време и нерви. :) Никогаш повторно не би имала таква врска. Ма да never say never, не се знае. :)
     
  18. falcon15

    falcon15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Врска од далечина

    Вака исто ми беше и мене. Цело време чекав да го видам и ко ќе се видевме, конечно, бев мноогу незаинтересирана дури и го игнорирав на моменти. Можеби и ова имаше мал дел во моето раскинување на врската на далечина со него. Но како што веќе спомнав ова беше една од мноогуте причини. :) За секого различно е тоа. Можеби кога ќе се видите ќе се смениш за 360 и ќе си најсреќна на светот (не можеби, туку најверојатно). Hakuna matata. :)
     
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.296
    Допаѓања:
    285.191
    Врска од далечина

    врска на далеЧина мозе да успее само со многу големо трпение, разбирање и доверба( љубовта се подразбира :$ )
    јас имав една 2 год. врска со едно маско од друг град, која на залост не успеа( од сосема поинакви приЧина кои не би ги преписала на далеЧината како пресуден фактор).
    ама типиЧен јарец како мене, не се предаде и после тоа запоЧнав нова врска ( од кои првите 2 год бесе на далеЧина) со мојот сегасен сопруг. тогас се гледавме само неколкупати во годината...али успеавме.
    некогас Чуството дека знаес дека некој те сака и го сакас е многу повазно од физиЧката близина.
    интернетот и моб. како наЧин за секојдневна комуникација иовозмозуваат партнерите да разговараат, усте подобро да се запознаваат и да станат вистински другари, не само деЧко и девојка. летовите/билети не се секогас притупаЧни за младата генерација без стабилни примања или студенти, мегутоа без разлика колку ретки се средбите, ако знаес дека за месец, два, три...деЧкото има купено билет,и ке дојде да те види одма е подруго :angel:
    највазно е да се нема љубомора. без забрани од стилот дома седење и никаков социјален зивот , или давање известај каде бесе со кого бесе....
    за овој тип на врска треба обата партнери да се целосно созреани и свесни сто ги Чека усте пред да се впустат во неа.
     
    На PinaCapano му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Уфф тешко е! Не сум имала лично искуство ама имаше брат ми па некако низ неговите маки и јас поминував заедно со него! ваква врска можеби и би можела да опстои само доколку се работи баш за вистински чувства,искреност,трпение и многу разбирање,ако го имате сето тоа можеби и ќе ви опстои љубовта.Знаете како љубовта треба да се негува секој ден,ама кога си далеку тоа баш и не може ни половично да се направи..не е доволен ниту скајп ниту телефон,ништо не може да го замени физичкото присуство тоа е факт! девојката на брат ми беше страшно нетрпелива и љубоморна без причина,ама ете токму тие работи предизвикаа се да пукне..а можеа..ама во други услови..тоа е..