Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска на далечина

Дискусија во 'Врски' започната од Mireto, 21 ноември 2009.

  1. Anja.F

    Anja.F Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    13
    Врска од далечина

    тешко е да ...., но некогаш и добро доаѓа , доколку се работи за подолга врска , каде и двајцата се сигурни во својата љубов .... , а она на 18 години одам да студирам во Америка ..ама ке бидеме заедно :) не верувам дека може да успее
     
  2. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    Врска од далечина

    леле исто како јас да се читам и јас имам поминато потполно исто вакви врски на далечина првата пропадна заради тоа што тој беше кукавица му сметаше разликата од 200 км ама затоа наредниот мие супер и далечината не смета и за брзо може и ке биде мажачка :D
     
  3. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Хаха така беше, кога дојде кај мен еме изненади незнаев дека ќе си дојде порано јас спиев, и можете да замислите какво будење имав, среќна сум многу, затоа малце си го запоставив форумов немав време од многу шетање
     
  4. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Па и јас исто бев ваква,ние сме заедно 4 и пол години,далеку сме и се нервирам кога немаме време од обврски да се видиме...И мене ми фали многу,не ми се излегува така сама,како што кажа и ти и другарките ми се зафатени и некако празно ми помина времето,освен кога сум покрај него :inlove: :l: и кога сум на факултет пошто чат пат ке излезиме со другите чупиња на кафе...Ама ете издржавме толку па се надевам и понатаму да е се ок,а и да следи период кога постојано ке сме еден до друг :l:
     
  5. Mora

    Mora Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    8
    Врска од далечина

    Јас сум една година во врска на далечина. Воздушни 1800км. Секако дека ми е тешко што не сме секој ден заедно, што не можам да го гушнам кога му е тешко, кога не е тука да ме бакне кога мене ми е тешко, да се радуваме заедно. Но, ова е нешто најубаво што ни се има случено. Јас лично станав посигурна личност, посреќна, поборбена, полна со верба. Доколку е во прашање вистинска љубов ќе успее. И исто така, зависи и од карактерот на партнерите. Успеав да дојдам јас кај него на 10 недели, претходно тој доаѓаше со секое слободно време, се плашев дека можеби по најдолгиот период кога бевме одделени, 24 часа живот заедно ќе биде тешко и погубно. Секој ден се повеќе го сакам, секој ден сме се поблиски. Исто така важно е, како и во секоја врска да се има доверба и отвореност. Имаме разговарано на тема 'иднина' јасно е дека ќе биде уште потешко по ова лето, но тоа што е потешко ни помогна да ја зацврстиме врската уште повеќе бидејќи знаеме која е сегашноста и знаеме што сакаме од иднината.
    Знам уште една ваква среќна двојка, и им посакувам на сите ваква љубов. Затоа што длабоко во себе знам дека he is the one :)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  6. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    секоја чест на пишаното,ете што всушност треба да содржи една врска на далечина :)
     
  7. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Браво,супер,само така продолжете! А па ние остај шо сме оддалечени сега заради факултетот,јас сум Бг а тој Ск,туку и во Мк сме,пошто јас сум од Бт и кога можиме да се видиме,кога не и так,тешко си е ама од срце посакувам да успееме :) И ние си имаме планови за во иднина :) :inlove:
     
  8. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Врска од далечина

    Јас воопшто не сакам такви врски на далечина ајде јас ке издржам ама тој :?: машко си е машко најарно си е раче за раче и да го знаеш каде а не така он едно збори а кај оди и шо прави сосем др работа
     
  9. LyckliG

    LyckliG Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    34
    Врска од далечина

    Јас сум во врска на далечина (иако не ја осеќам далечината, он буквално живее во мене и со мене) повеќе од две години, на повеќе од 1800 километри. На далечина се запознавме, така и останавме (сега за сега). Претходно сум имала три долги врски, со гледање секој ден, нема да кажам можам да споредам.. затоа што не се споредува- никогаш не сум се осеќала исполнета и сакана и среќна како сега.

    Се гледаме на 3-4 месеци, некогаш по недела дена, некогаш месец-два, но тоа не е важно. Важно е дека само него би го гледала, и слушала, и сакала.. и како што некој спомна погоре- далечината зближува. Како што поминува времето ние сме се поблиски и поблиски, сега знам дека имам и дечко и љубовник и другар и брат во едно.

    Тие што кажуваат “Јас не верувам во далечина во врска“ не ја нашле правата личност за да бидат во врска. Затоа што кога ја имаш најдено вистинската личност, веќе не станува збор за верување, туку тоа е единствениот избор.
     
    На Mora и MacaLove им се допаѓа ова.
  10. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Немојте да ми се лутете но јас мислам дека врските на далечина ретко успеваат. Јас лично никогаш не би се впуштила во такво нешто. Се водам по тоа далеку од очи, далеку од срце. Имам другарка одржува врска на далечина веке 4 години но толку е во крајност отидена што не и дозволи дечко и да оди на свадба на најдобрата другарка. :o Сепак зависи и до дечкото.. :)
     
  11. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Врска од далечина

    Е сега од врска од далечина до врска од далечина има разлика! Како на пример дали станува збор за во Македонија, но во различни градови или пак во страство. За таа во странство не можам да зборувам ама такво нешто несакам и да осетам сепак неможеш да се гледаш секој месец. Конкретно за мене ако тоа можам да го наречам врска на далечина што 4 години студиравме во различни градови можам да кажам дека добро ја пребродивме. Секое слободно време гледавме да го поминиме заедно дали викенд дома ( во нашиот град ) или пак викен јас кај него или тој кај мене. Најважно е близината помегу двајцата да не се изгуби, доколку тоа се случи, доколку веќе изгубиш потреба да селушате или гледате почесто или пак кавгите за се и сешто се секојдневие тогаш пиши пропало на таа врска!!
    Сега дечко ми е во сранство и таму ќе е цело лето, не ми е тешко зошто знам дека ќе се врати, зошто знам дека од есен па натаму постојано ќе сме си заедно. Незнам како е да чекаш некој по 5, 6 месеци со кој ќе сте заедно еден месец и после опет стара песна, но верувам дека е тешко. Во едно сум сигурна ако се сакате ќе останете заедно и тука друго нема што да се филозофира!
     
  12. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    1.887
    Врска од далечина

    Јас сум моментално во ваква врска.. Имавме мал прекин но сеа кога си дојде ја обновивме врската :( .. Значи нема нешто потешко од тоа сеа моментално сме заедно но уште еден месец и ќе мора да си оди... Несакам ни да помислам како ќе ми биде тогаш знам од претходно искуство дека првите 2-3 месеци има да ги поминам седејќи дома плачејќи и броејќи ги деновите додека си дојде потоа ќе почнам по малце да искачам колку да не мислам на тоа и само што ќе почнам да се навикнувам ајдеееееее идемо од ново :(.. Ех колку би сакалааа да знам дека секогаш ќе е со мене дека кога ќе посакам ќе можам да го гушнаам... Да постои интернет постои камера но не е тоа тоа :( . Но сепак се издржува.. Само што лесно се паѓа во криза и зависи од колку е голема љубовта лесно може да заврши. Е сеа и зависи од врската јас на мојов сеа овај пат коа ке си оди има дозвола да ме изневери ( додека претходниве години си се држевме кон договор) немојте да мислите дека сум глупава и дека ако стварно ме изневери нема да ми биде тешко но му кажав знам дека е машко и дека си има свои потреби нека си се олесни детето јас му ветив дека нема да го изневерам и така ќе биде си го сакам и несакам никој друг ќе се трудам сеа да ги контролирам потребите :P . Иначе искрено да кажам овај период сега додека е тука немааааааааааа посреќна од менее и гледаме да го искористимее времето маскимално :inlove:
     
  13. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина


    јас ја разбирам таа твоја тага ..
    но зошто дозвола да те изневери? :x
     
  14. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Дефинитвно можат да успеат сигурна сум во тоа,ова го кажувам од лично искуство,но само ако двајцата многу се сакаат и си веруваат еден на друг
     
    На peperutka20 и viks5 им се допаѓа ова.
  15. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    Врска од далечина

    да точно е дека може да успеете доколку се сакате ама не мие јасно зошто дозвола да изневери? имал потреби па и ти имаш потреби не само тој???
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Врска од далечина

    Абе луѓе не е само изневерувањето, ај тоа на страна никогаш нема да дознеш што прави тој во странство, но поголема работа е тоа да неможеш да го гушнеш и бациш кога сакаш, да чекаш месеци да се видите, да се гледате само на скајп и такви работи... јас тоа не би можела да го издржам, неверството мање више |(
     
  17. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Врска од далечина

    Ако се сака се се може...еве и мојата врска е веќе три месеци врска од далечина но поради работа...функционираме прилично добро, сега секако има и некои недоразбирања и тоа во знак на љубомора, но довербата ни е на високо ниво и едвај чекаме да си се видиме :inlove:
     
  18. kejt25

    kejt25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    8
    Врска од далечина

    Јас имам врска на далечина па би сакала да слушнам ваше мислење, дали ви се десило да му кажете на дечкото дека ке дојдете да го видите и он да почне да наога изговори дека доколку отидете ке нема време да се видите до работата бидејки по цел ден е на работа. Па сега малку сум збунета во врска со тоа . Бидејки лани бев таму на одмор и се гледавме секој ден и покрај тоа што беше на работа од девет до девет, не постоеше никаков проблем да се видиме. А сега кога му спомнав дека пак планирам да идам почна да ми наога изговори дека е премногу уморен дека нема да може да се гледаме, да идам покасно крај на август или пак он тогаш тука да дојде. Од една страна постојано ми доагаат мисли дека ме мота нешто , од друга страна пак си викам може човеков е во право стварно е премногу уморен и сето тоа гледање ноке со мене , а преку ден на работа тешко му паѓа.
     
  19. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина


    како ќе нема време? добро да,темпото со работата неможе да го издржи меѓутоа како да не може да се најде време за вас двајца и плус имате врска на далечина,искрено мене ова да ми го кажат одма би се посомневала (што не мора да значи дека овој твојов те мота или слично ) колку време сте заедно и како се гледате ?
     
  20. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Ne sum imala iskustvo so vrskite na dalecina no ako se sakaat i dvajcata crskata ke im uspee vo toa sum sigurna, no ako imaat problemi edno dr no way