Врска од далечина Јас имав две врски на далечина и можам да кажам дека секогаш проблемот беше довербата ако партнерот не ви верува и ја немате таа врска меѓу себе врската пропаѓа па и да не е на далечина уште еден друг тип на проблем беше љубомората па кој знае што правиш ти таму со кого си и слично и се пропадана кога некој ја претерува работата неможе да се издржи
Врска од далечина Во врска сум една година , контактирам со него на скупе секој дневно, иначе се гледаме од месеци на месеци ,јас одам таму он доага тука , мегутоа сега се немаме видено од Април ,требаше да идам јас таму да работам мегутоа ништо не излезе од тоа, и сега он ке биде послободен дури средина на Август и тогаш сака да се видиме, мегутоа сумлив ми е со ова образложувањето кое ми го даде дека е премногу уморен , дека незнае дали ке најде врме за мене кога ке бидфам таму, па затоа ми беше потребно да слушнам објективно мислење од страна .
Врска од далечина ^^ а зошто да нема време? Ок работи по цели денови,но како имал време минатата година оваа нема? Извини не сакам да ти давам сумљење ама овде нешто смрди сигурно ти не одиш таму да те шета цел ден по кафичи и бутици,значи ако стварно сака да те виде ке биде задоволен што ке си легне до тебе,ке биде со тебе макар и 2 сата во денот,ајде можеби сабота работи ама недела нема шанси... Јас живеам со дечко ми кој (пример) вчера работеше прва си дојде легна таман стана план каде да одиме го викна и трета па пак имаше време и за одмор и за муабет со мене,така да најубаво да си малку побараш конкретно објаснување мене лично оваа не ми држи вода
Врска од далечина кејт, ова ми е мене повеќе од сомнително. Единствено нешто што би ја оправдало ситуацијава е ако се спрема во средина на Август да те побара за жена па ти спрема изненадување! Е до толку ми е сомнително..
Врска од далечина Незнам ни јас повеке што да мислам и дали да верувам , од една стрна он е во право пошто работи по 13 саати на ден и нема воопшто слободен ден ,а од средина на Август ке биде слободен па ке можеме цел ден да бидеме заедно,али пак и тоа кога му реков дека ке идам и кога ми кажа дека не знае дали ке се видиме ,ми е премногу сомнително ,некако несака овој период да сум таму .А за барање на жена нема шанси далеку сме од тоа.
Врска од далечина А дали си помислила да не е во прашање некоја друга? И тоа е една од можностите. Или е навистина презафатен и пре уморен од обврските па не сака да бидеш ти таму, а тој да не е во состојба да ти посвети доволно време и внимание. Си мисли може ќе дојде до кавги и несигурност на врската ...
Врска од далечина Jas imav edno takvo slicno iskustvo....se zapoznavme koga bev tamu na odmor i od toj den bevme prakticno nerazdelni,se odnesuvase so mene kako nikoj dotogas mi go podari cel svet na dlanka,bese prekrasno za prv pat osetiv sto e vistinska ljubov i srekna sum poradi toa.Koga si dojdov doma vo mojot grad go sonuvav sekoja vecer,bev tolku vljubena sto na ogledalo namesto sebesi go gledav nego.Sekojdnevno kontaktiravme na msn,na telefon....no stanuvase se potesko i edna vecer on pobara da se verime i da odam da zivejam so nego ama ja imav samo 17 godinki i normalno mu rekov da pocekame,imavme planovi za edna godina jas da odam da ucam fax vo negoviot grad i da ziveeme zaedno,me zapozna so celo negovo semejstvo i premnogu me zasakaa i tie gi osejkav kako svoi.Koga idea teski momenti tie planovi mi davaa inspiracija da se boram za ponatamu,ednostavno me vodea niz zivotot.Sekojdnevno mectaevme za toa i mi vlevase se poveke nadez,pocnav da ne gledam nikoj osven nego....pominaa 6 meseci i dojde denot da se vidime.No koga otidov tamu najdov sosem podrug covek,dalecinata si go imase napraveno sveto,veke ne me gledase samo mene....no pomisliv deka toa e samo period nabrzo se ke se vrati vo normala no ne bese taka,on po nekoj mesec mi pobara da raskinimie i mene mi se srusi cel svet na glava,seta nadez mi padna vrz mene,bev potpolno sama zaglavena vo cetiri zidovi.Nego voopsto ne mu bese galje za mene.Totalno se poremetiv psihicki,se osejkav bezpomosno,potkleknav na poroci,ednostavno go mrazev zivotot nemav nikakov motiv.Drugarka mi eden mesec spiese kaj mene i mi pomogna malce.ete sega pomina edna godina on saka pak da mu se vratam ali sega e veke kasno... zatoa kejt nejkam da te plasam ali moras da zastanis na noze i da odis tamu pa da vidis so e problemot zs i da raboti 13 satii sigurno vecerta e sloboden a i dobro bi bilo licnosta sto ja sakas da te precekuva sekoj den posle rabota...taka da sigurno ima nekakov problem.So sreka draga [mod-kirilica:3try7do3][/mod-kirilica:3try7do3]
Врска од далечина http://www.youtube.com/watch?v=qFDjChuE ... re=related Дечково ќе каже се што би рекла јас.
Врска од далечина Некогаш не можеме ние девојките да ги сватиме размислувањата на машките .Мислам дека нема потреба за сомневање кога дечкото работи по 13 часа,сигурно не сака да отиде на работа и после 13 часа да го нема, а ти кај него сама да си седиш и кога ќе си дојде да си легне(и ако си легне одма ќе се подналутиш може - некогаш такви сме ЖЕНИ ).Кога ќе дојде ќе се видите убавоо ,арно си испланирал човекот, јас мислам дека нема простор за паника.
Врска од далечина Девојки Хелп!!! значи со мојот дечко одиме веке 1 и пол а тој e вeke 5 дена во Германија..Секоја ден ми Пиши пораки ама Јас сеуште се сомневам во нешто...Синоќа не ми пиша па јас веднаш кренав паника и му звонев но ми се јави некоја Девојка и кога го Побарав Дечко ми Таа му викна и Тој ми се јави и јас се развикав му кажав работи што не требаше а сега ми е жал...Подоцна кога дознав дека се работи за Братучеда му се засрамив и решив да му се извинам но сега кога му звонев не ми крена и го изгаси телефонот.... Што да правам сега? (иначе треба да си дојде на 2 Август) и не знам дали ке сака да ме види и да се смиреме
Врска од далечина јас разбирам нервозна ама до толку да немаш поверение а година ипол во врска? велаш таму е 5 ден и одма некоја оп му се најде ма дај искрено доста незрело од твоја ситуација,велиш сега не сака да ти крене на телефон нормално кога си го повредила со тоа твое неверување а плус пред бартучетка па на цела работа немажам ни да замислам што се си рекла во нервоза или напиши му некоја искрена порака или чекај да си дојде па потруди се да седнете и искрено да му кажеш се и да му се извиниш-си направила голема грешка искрено да ти кажам...ако врска нема поверение џабе се и години и моменти поминати со партнерот
Врска од далечина не дека не му верувам ама едноставно ме удрија 300 филма и го немав видено цела ден едноставно пукнав ..... знам дека е незрело од моја страна но.....
Врска од далечина pa otisol tamu sigurno saka da se proseti da vidi nesto nemoze 24h na net..se nadevam deka ke si go resis problemot so nego i sleden pat izbroj makar do 10
Врска од далечина За 5 дена што не си го видела вакви испади...па дај молимте не има мн што не ги гледаме со месеци па не правиме вака.Обиди се да си смирена, не избувнувај така лесно и прво дознај кој што е а после напаѓај го.Се надевам ке му помине лутината и се ке се среди кога ќе се врати
Врска од далечина Меган сите имаме љубомора во себе тоа е факт,меѓутоа си претерала ти.И јас имам дечко во Германија е веќе скоро година,па јас сама му викам излези види прошетај,сликај нешто и јас да видам,греота е да е таму и тоа на толку кратко време,а да виси со тебе на нет.Па нека разгледа нека прошета човекот.А не отишол до таму и што видел? тебе на интернет.Не претерувај да не го изгубиш заради таа љубомора
Врска од далечина Фала многу на советите...ке се обидам да бидам посмирена..и ке решиме кога ке си дојди но сега сум загрижена да не направи нешто што не треба(да ме вара со некоја дргуа девојка) знам дека нема но многу мислам на глупости...
Врска од далечина Уживај и верувај му и доста се преоптеретуваш со такви мисли, и немој овие сомнежи да му ги кажуваш него затоа што сигурно нема да ти донесат нешто добро.Остани смирена и чекај го да си дојди
Врска од далечина И самата знаеш дека си погрешила,свесна си за тоа.Можеби и по малку си љубоморна.За иднина доколку сакаш да останеш со истиот дечко,никако покажување на љубомора.Понекогаш и јас знам така да избрзам со донесување одлуки,но знам дека ми е грешка тоа.Почекај да дојде и разговарај со него.Ти посакувам се најдобро.
Врска од далечина @Megan21 Јас колку што разбрав тој треба да е во Германија само една седмица и ти веднаш љубомориш? Мислам каде е логиката? Што ако бидете разделени на подолг временски период... Добро е тоа што си свесна за грешката и потруди се да ја поправиш. Љубомората е слика на недостаток на доверба - и во себе и во партнерот, со еден збор, недоверба во вашата љубов и врска, а доколку тоа не се промени има голем потенцијал да не ви трае вечно. Не сакам да одам во толкави детали, но кога веќе си побарала помош на форум, не е доволно само да ти се долови моменталната грешка, туку и да бидеш спремна за многу поголеми проблеми со кои можеби ќе мораш да се соочиш и одлучиш самата (што понатаму?), а коментари и совети од форумџики нема да ти бидат доволни да излезеш од тогашната ситуација. Со еден збор, не кревај паника и нека не ти е тешко за такви ситници (Човек на грешките се учи). Се' додека сте подготвени да работите на себе и вашата врска (бидејќи и дечко ти не постапил баш најправилно кога го исклучил мобилниот) нема потреба од грижа. Ако недај Боже односот ви се разниша заради различни гледишта на животот, тоа не значи дека ти треба да престанеш да гледаш. Напротив!