Врска од далечина Ако си имала доверба колку и да мислиш дека одма нашол друга си требала да се стрпиш и со мирен начин да прашаш,ако и за други ствари вака му се испонашаш веруј дека ке почне да те смета за незрела и љубоморна личност,немора да значи ако го немаш видено 1 ден дека наеднаш стварите се менуваат,има парови што со месеци не се гледаат не биди дрска спрема него и биди малце оптимиста и не мисли на ситници или на еден слушнат глас и ајдее...зашто од тука настануваат кавгите.се надевам дека малку ти помогнав
Врска од далечина Да,мојата е таква.Дечко ми студира во друг град,и освен за лето,се гледаме 3 пати најмногу во месецот.Мн ми е тешка таквата состојба,ама што да се прави.Инаку,според мое лично искуство,подобро функционираме оддалечени.Ептен сме со импулсивен карактер и двајцата,додуша јас повеќе,па кога сме по цели денови заедно,мн често знаеме да се скараме за ситници.А онака ,само се слушаме по 4-5 саати на ден,и ептен си недостигаме,па неаме време да се скараме,додека да си го изнакажеме она другото.
Врска од далечина Ќе бидам најотворена што можам, и се надевам дека доколку некого повредам со коментарот, ќе ми прости, но мојата забелешка е донесена после неколку годишно набљудување на неколку парови кои се разделени со стотици км ВРСКИТЕ НА ДАЛЕЧИНА НЕ УСПЕВААТ!!!!!!!!! неколку мои добри другарки и познаници имале такви врски (или уште имаат) и целата таа работа е голема глупост и не донесе ништо добро еве неколку причини зошто така мислам: 1. физичкиот контакт е најбитен за една врска да успее (не мислам на секс). Со партнерот мора да се гледате барем неколку пати неделно за да се навикнувате еден на друг и да се запознаете (лажењето преку тел/скајп е полесно отколку во лице) 2. на секого му се случило после 3-4 пијачки да почне да мисли на неверство, е сега кажете ми дали неверствата полесно се случуваат кога партнерот со месеци ти е во странство (и сккоро никој од местата каде искачаш не го знае) или кога ти дише во врат и во кафичите и дискотеките ве знаат како целина (том и џери на пр. ), а неверствата ги ладат почетните чувства, и без да ве фати (или га го фатите партнерот) доколу често се изневеувате, почнувате да развивате чувства кон други личности, и кога тогаш ќе раскинете 3. шо ќе ви е партнер ако не можете да го имате скоро секогаш кога посакате? 4. љубомората е мн поинтензивна (барем кај еден од партнерите) кога гаете врска на далечина можеби мн од вас нема да се согласат со мене, ама бидете искрени, дали кажав нешто што не е така и можете да го побиете?
Врска од далечина Arya сосема си во право за се што си навела погоре, врските на далечина кога-тогаш се осудени на пропаст.Јас од секогаш сум викала дека да, успеваат еве погледнете не нас колку ние убаво иако има толку мн километри помеѓу нас, но вчера сфатив дека не било така.Дечкото кој што мислев дека изминатава година и половина живее за мене како јас за него излезе сосема поинаку.Изминатиов период ми докажуваше на секој можен начин колку ме сака, му значам а јас верував и градев кип од мојата среќа кој што само за неколку секунди се сруши за секогаш.Личноста која што ја замислував и во која што бев в љубена т.е. и сеуште сум, вчера неможев да ја препознаам.Наеднаш пред мене се појави сосема друг човек, а не моето душиче за кое што толку излегувања,одмори и журки сум жртвувала за да седам со него на skype.Сосема случајно ми го даде пасвордот на fb за да видам дали од кај мене ќе се приклучи или не и да после неколку обиди успеав да се логирам и таму што да видам, сосема различна личност од онаа што ја знам.И додека ја мислам дека он спие, одмара или гледа филм он си седел на фб и си пишувал со други.Скоро на сите им симнувал ѕвезди,делел комплименти,а на нивните прашања дали има девојка он гордо одговарал ЈАС ЛИ??? МА НЕ !!! а на тоа која ти е оваа (мислеле на мене) што ти остава на ѕид он ме претставувал како обична познаничка со која што има само едно здраво и ништо повеќе.Замислете истите фрази, пораки,описи што ми ги кажуваше мене ги имаше напишано скоро на секоја девојка.Цел свет ми се сруши,неможев да поверувам на тоа што го читам, едноставно неможам да го препознаам, како да не е тоа тој, дечкото што плачел на телефон, ме молел, подржувал кога ми е најтешко.Толку ли добро глумел?Онака изреволтирана го прашав што е ова, како можел после све да го направи тоа, кога и самиот знае колку и двајцата имаме жртвувано во таа врска а он почна да с еправда као ти ми праиш финти и пишуваш од други профили за да видис како ке реагирам јас.Не, никогаш не сум помислила на тоа па не да го направам-му верував целосно а тој ме изигра.Се колни дека не ни допрел друга па камоли да бакнал, но тој толку мн падна во моите очи што мислам дека нема да можам да му простам и повторно да му верувам.
Врска од далечина Навистина ми е жал што така морала да ти заврши врската Teddygirl, јас не ве познавам за да бидам компетентна и да кажам, но од мој агол гледамо, подобро за тебе. Јас имам дечко скоро 5 години, и 3 години живееме заедно (дека сме студенти и двајцата во ск, немаме помината ноќ одделени) и ти велам, доколку навистина сакаш посветена врска, нема ништо подобро од тоа секогаш кога сакаш тој да биде тука за тебе. Веројатно тоа си го слушнала повеќе пати, ама еве и јас ќе ти го кажам, не за да те итешам, туку бидејќи 100% сум убедена дека е така - АКО НЕ ЗНАЕ ДА ТЕ ЦЕНИ, И КОГА ЗГРЕШИ ДА СЕ ПОКАЕ И ИЗВИНИ ОД СРЦЕ НЕ ТИ ТРЕБА, НЕ Е ЕДИНСТВЕН НА СВЕТОТ. Друга работа - ГЛЕДАЈ СЕГА ИДНИОТ ДЕЧКО ДА ТИ БИДЕ ФИЗИЧКИ БЛИЗОК, ЈАС ВЕРУВАМ ВО ЉУБОВ, АМА УШТЕ ПОВЕЌЕ ВЕРУВАМ ВО ОДЉУБУВАЊЕ, И САМО ПРАШАЊЕ НА ВРЕМЕ Е КОГА ТОА ЌЕ СЕ СЛУЧИ ДОКОЛКУ КОНСТАНТНО СЕ ГЛЕДАТЕ НА 2-3 МЕСЕЦИ. Секако дека има милиони врски кои опстоиле на далечина и имаат среќен крај, но веројатноста за тоа е мн мала, и според мене во и онака краткоит живот, не треба да се ризикува
Врска од далечина Кога читам вакви постови,како овој на Теди, цела снага ми се тресе и срцето ми лупа 200 на саат... Многу се плашам дека и мене вакво нешто може да ми се случи... Се и било совршено,мислела дека го има најдобриот ,и што? Цело време глумел... Јас имам врска,Скопје - Велес,и страв ми е...а толку е совршено.
Врска од далечина само доверба дечки ако се нема тоа. нема ништо јас имав една таква врска, јас му верував за све, а тој како да не се секираше за ништо, оти мислам не му значев... по се што помина сум срекна што заврши до сега и нема повеке да се повредам оти секој има душа, а таа душа не е за секој да ја има .....
Врска од далечина А зашто толку се припотресувате, нели кога сакаш некого не очекуваш ништо за возврат, така само си го сакаш. Уживајте во времето заедно, после тоа што ќе биде не е битно.
Врска од далечина mims-89 дали ти си толку силна после завршување на некоја подолга врска и ти е сеедно??? Според ова што го прочитав јас добив таков заклучок, незнам можеби грешам али јас така сфатив
Врска од далечина Teddygirl, во вашата врска мене ми изгледа дека далечината не е проблемот. Тоа што тој го прави на фејсбук, може да го прави макар во комшии живеел. Ако сакат да прават нешто а ти да не знаеш, ќе го прават тоа на 100 метра оддалеченост исто како и на 1000 километра. Тој се сомнева и те обвинува дека ти си играш игри, пишуваш од измислени профили да го тестираш како ќе изреагира? По тоа какво мислење има и каква доверба има тој во тебе, еве ти го одговорот на тоа што тој прави. Јас баш сомневам, ма не се сомневам туку се кладам ако треба, дека е правил што е правил по фејсбук, и „случајно„ ти е дал шифрата за да види како ти ќе изреагираш. Знае он што е пишувал пред да ти ја даде шифрата, а ти кога не ја бараш да ти ја даде па ај како демек те не можам да се логирам дај пробај ти
Врска од далечина Искрено и јас помислив дека е така, можеби несакал сам да каже па као ај сега јас сама да одкријам, али нема врска како и да е сепак ми е мило што дознав. Минативе два дена ми се јавува и ме моли да не прекинеме. Сменил skype, избришал фејзбук, земал нов број и вика дека се кае али не му верувам после она што го прочитав сосема сменив мислење за него!
Врска од далечина Па да силна сум, што треба да правам да се трескам од земја? Сеедно неможе да ми биде во никој случај. Било убаво додека траело, сме се сакале, се изгубиле чувствата од едната страна, се прекинува врската и секој си продолжува на своја страна. Најголем проблем во врските на далечина според мене е тоа што постојано се плашите и сте под стрес да не ве изневери партнерот, па кај е сега па што прави, па што ако ми избега и ме остави заради некоја друга... и тоа не ви дозволува да уживате во врските.
Врска од далечина jas od sekogas sum bila protiv takvite vrski na dalecina ama veke dveipol godini pominuvam po tie vodi najnormalno deka i tamu ne cvetaat ruzi ali ako se sakaat dvajca dalecinata ne e bitna sega veke i se verivme i zdravje naskoro ke bide i svadba taka da sakam da kazam deka ako postoi ljubov i sloga dalecinata ne e bitna
Врска од далечина Епа вака феминки ... и јас имам врска на далечина... Прво далечината беше 50км а сега е 2500км ... Заедно сме веќе 3години ... имавме еден мал прекин во врската кој траеше 1 месец ... и тоа беше пред 2години ... Од тогаш сме заедно и немаме прекинато... Со дечко ми имавме многу тешкотии во врската...прво далечината, после мене не ми даваа од дома да бидам со него се криев,лажев дома дека не одам со него,не кажував ...ама на лагата и се кратки нозете такада ме дознаа дека сум пак со него и дека фактички и никогаш не сум прекинала...ми викаа дека не ми ја подржуваат врската...и никогаш нема да ја подржуваат...дека се против тоа... и се најлошо ... Незнам зошто ама имаа многу погрешно мислење за него ... Како што минува времето...моите се помирија со тоа дека јас нема да раскинам со него и ме оставија... веке и ништо не ми викаат... Животот ми велат си е твој како ке си го искреираш така... Сепак ние многу работи издржавме во нашата врска ... јас стварно го сакам него а знам дека и тој мене... пошто премногу работи направи за мене и продолжува да прави...да не беше тој нашата врска немаше ни еден месец да постои... Дојде за мене и 2500км само за да ме види... доаѓаше и кога бевме на помала далечина... Ме чекаше за тој многу битниот чин две години ...а можеби и повеќе ... Ми има речено и дека ако требало и уште толку ке ме чека ... зошто тоа не му било најбитно во нашата врска... само сакал да биде со мене бидејќи ме сакал ... И сега кога сме на преголема дистанца уште сме заедно... Оваа година се видовме два пати ...Еднаш во текот на годината и сега цело лето ... за две недели пак стара шема... Тешко е ...Признавам...! Не можам да го видам кога ќе посакам , ми недостига.... скајпот и телефонот не можат да го заменат... НО има нешто што уште не држи и не турка напред за да останеме заедно...сепак мислам дека тоа е ЉУБОВ ... Знам дека Далеку од очи,далеку од срце!! Ама мислам дека кај мене не е така... тоа што не го гледам и после тоа со душа чекам да го видам мислам дека само ме тера уште повеке да го сакам... Верувам дека ке успееме бидејки и двајцата го сакаме тоа...Тешко ни е и на двајцата ама мораме да издржиме!!! СВЕ ЗА ЉУБАВ нели?
Врска од далечина prochitav nekolku odgovori ovde i moram da priznaam deka iskreno se voodusheviv od nekoi. kakva hrabrost, alal da vi e kako i da e, mojata prikazna e slednava; - odsekogash sum mislela deka vrskite na dalechina se besmisleni. si velev kako mozhe da bidam so nekoj ako ne go gledam i ako ne e pokraj mene sekoj den i sekogash koga kje mi treba. no, kako da go povikav toa pa bash toa na mene mi se sluchi. mislev deka kje bide mala letna avantura i deka koga se kje zavrshi sekoj po svoj pat, vo svoj grad kje trgne no ochigledno ne bilo taka. eve vekje dva meseci pominaa, jas seushte sum so nego. teshko mi e, ne velam ne. ne e tuka koga sakam da go gushnam, koga sakam da mu kazham neshto moram preku skype ili facebook. koga kje izlezam navecher so drushtvo, on ne e tuka... ne ni e lesno, no sepak nekako izdrzhuvame. kolku kje izdrzhime, neznam vazhno od seto ova e deka nauchiv deka vrskite na dalechina mozhat da traat, i toa mnogu ) - Srecha je shto spavamo pod istim nebom.. Zato, gde god da si vecheras, podigni glavu i chuchesh govor zvezda.. "Hej, pa ti nekome nedostajesh...."
Врска од далечина Драга моја, сум пробала неколку пати да одржам таква врска и никогаш не ми успеало. Слушањето преку телефон не може да ја одржи магијата, па по извесно време таа исчезнува. Тоа е мое мислење, но не секогаш мора да биде така бидејќи тоа многу зависи од самата личност, колку е подготвена да вложи напор за да ја одржи врската од далечина. Дали била на 50 или 2050 км.
Врска од далечина Убаво си кажа Александар Петровски во Сексот и градот... Someone meets someone... Someone gets bored... Така започнува. Алал да им е на оние кои издржуваат. Јас не би можела, ниту сакам. Ако некој мора да се пресели макар и на 50 км, поради работа или нешто слично, ќе сметам дека врската ни е на пауза. Па откако ќе се најдеме на истата географска ширина и должина, можеме да зборуваме што и како понатаму. Не ми требаат мене целувки на скајп, phone sex, и заспивање со солзи на перницата. Не, благодарам, ми треба некој, овде и сега.
Врска од далечина Има голема разлика од далечина до далечина. Има врски каде што партнерите се оддалечени стотици, но има врски каде се оддалечени и по илјадници километри. Според мене една ваква врска би можела да успее доколку партнерите не се на ПРЕГОЛЕМА оддалеченост. На пример, студираат во различни градови во Македонија, преку недела се слушаат, допишуваат, си кажуваат колку си недостигаат, така некако издржуваат 5 дена, па кога ќе дојде викенд и кога ќе се видат ќе сфатат дека се поблиски од кога и да било! И нема да имаат време за ништо друго освен за гушкање, милување и така натаму , па нема ни да помислат да се расправаат за глупости, што е многу чест случај кај партнери кои се заедно секојдневно. Значи ваквите врски можат да успеат и според мене, влијаат позитивно врз двајцата партнери, бидејќи ќе се намали бројот на караниците за ситници, и исто така ќе се спречи појавата на "заситување" на еден од друг, што е многу честа појава кај долгите врски, посебно кај оние врски каде што партнерите се навикнати да се заедно 24/7. А што се однесува до врските на огромна далечина, каде партнерите се гледаат само еднаш на неколку месеци, искрено, мислам дека ваквите врски не можат да успеат, бидејќи сепак далечината е преголема, а кај 90 проценти од случаевите кои останале заедно, а се гледаат само неколку пати годишно, голема е веројатноста тој/таа да си ги задоволувал своите потреби со некоја трета личност.
Врска од далечина Јас сум пред голема дилема...... вејке 5 месеци сме оддалечени со дечкото ... а нема да си одам дома до месец април..... до сега е во ред...јас немам направено глупост а и не планирам...а тој не знам....му верувам дека не....ама никад се не зна ....е сега мене ми излегува шанса да останам тука....а сакам многу да останам не ми се оди во мк....ама ако останам дечкото ке ми се скара....а во тоа сум сигурна..... и не знам што да правам...а тука имама повеќе можности да успеам.... Help
Врска од далечина Јас со дечко ми раскинав токму поради оваа причина пред околу 4 месеци. Колку порано толку подобро и за двајцата! Сега од септември оди на факс во Скопје и иако бев сигурна дека ме сака неможев да верувам дека ќе ми остане верен. Јеботе машко е! Колку и да не сака, ќе му се тури некоја и ете Шо си е сигурно, сигурно си е.. А и еве веќе сега гледам дека не сум воопшто згрешила во тоа.. Полека се докажува каков кретен бил