Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска на далечина

Дискусија во 'Врски' започната од Mireto, 21 ноември 2009.

  1. Panicarka

    Panicarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    19
    Врска од далечина

    Да ама друго е Скопје а друго е во друга држава....воопшто нема да се гледаме...а тој и ова мое заминување одвај го прифати....така да и за наредното не знам
     
  2. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Врска од далечина

    Ако морам и ако многу го сакам тој со кој треба да бидам во врска од далечина би била но тогаш треба да имаш многу трпение а и доверба многу голема довреба бидеќи ако немаш доверба можи се да се сруши :worried:
     
    На Panicarka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Врска од далечина

    Морам да кажам дека ова врска од далечина е релативна работа, 80 проценти од колешките на факултет кои кога дојдоа во Скопје имаа дечко во родниот град си останаа со нив и еве сега ги гледам скоро сите мажени со деца со нивните долгогодишни љубови :lol:
     
    На sugarlips му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Врска од далечина

    Искрено за мене релацијата не менува многу во никој случај ... Сум имала врска на далечина, далечина300км, и ми функционирала перфектно, после таа врска пак бев во врска со момче од друг град со кој идев цели 2 год и тука немав некој проблем ... А сега најпогодено ми е, љубовта у друга држава ја овде па да видиме :D Хаха
    Не реално зборено си зависи многу од карактерите, значи тоа го уочив за среќа уште од првата врска, дека се зависи од карактерот на партнерот ама и лично нашиот. Значи ако некој/а е уверен/а дека стварно сака да ја има таа индивидуа за партнер кај и да е ке си стои на своето .
    Но за жал не секад можеме да сме сигурни и да знаеме што таму се случува ама затоа пак нас женските не обдарила мајката природа со Инстинктот ;)
     
  5. Wilde2105

    Wilde2105 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    24
    Врска од далечина

    А љубов на друг континент ? Не иде за жал, верувајте :)
     
  6. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Врска од далечина

    Da ama ne na predolgo vreme. Na primer jas imam vrska i posle 8 meseci morav da zaminam 1 godina vo stranstvo. Toa bese odluka shto beshe od predhodno donesena. Premnogu e teshko no sekako postojano skajp, msn, telefoni cuda... Imav odmor 1 mesec pa se vrativ doma. No mesecot brzo pomina. Sega povtorno sum tuka i stv e mn teshko. Se sakame i se ne pomisluvam na drug vo nikoj slucaj a mislam i on ne pomisluva na druga ama pak primetuvam so tek na vreme se povekje se karame za sitnici shto e rezultat na toa kolku mn si nedostigame... i toa smetam deka e ok. Ovaa dalecina mislam deka ke ni ja osvezi vrskata i ke vidime koj kogo kolku vistinski saka ama iskreno mislam deka ne bi mozela da izdrzam povekje od 1 godina. Na sekogo mu e pitrebno partnerot da e blisku, potreben e fizicki kontakt, seks itn. Mislam deka ako ne se vratam 2,3 godini ima pravo da zapocne neshto so nekoja druga kako i jas... Dzabe e internet i skajp ako ne e do mene da go gushnam koga mi e teshko. Barem jas taka mislam.
    [mod-kirilica:35404wsp][/mod-kirilica:35404wsp]
     
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.924
    Допаѓања:
    123.461
    Врска од далечина

    Јас неможам да ги сфатам овие врски.И не сакам да имам,никогаш :shake: Сакам бре да е со мене секој ден,а не еднаш во годината,или еднаш во месецот итн...Не би можела да поднесам да се гледаме ретко.
    Превише замарање,па каде си па што си,па се руши доверба,треба ептен силна љубов од двете страни,ама ептен,иначе ја однесе матна вода...
    Разбирам само ради работа некој месец оддалеченост,1,2 би прифатила-повеќе не :lol:
     
  8. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Врска од далечина

    После долгогодишна врска морав да заминам во странство една година и решивме таа година да имаме малтене отворена врска само се договоривме да бидеме двајцата дискретни :D Јас неколку пати доаѓав дома и пак бевме заедно, а кога се вратив пак си продолживме со врската. Еве за неполн месец ќе правиме свадба :inlove:
    Мислам дека навистина нема правила, дали ќе ви успее врската на далечина зависи од многу работи а најмногу од се зависи колку ви е голема меѓусебната љубов и разбирање! :)
     
    На peperutka20 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.914
    Допаѓања:
    4.544
    Врска од далечина

    Не верував во врски на далечина.. не ни сакав мене да ми се случи.
    Го запознав 1 Јули годинава, просечно симпатично момче... со текот на времето почнавме да знаеме се за нас и единственото нешто што би го сменала кај него е местоположбата каде што живее моментално. Решивме да ја одржиме врската, а до каде ќе оди- незнам. Другиот месец ќе има 2 месеци од кога што сме заедно... Си замина пред 2 дена, и цело време некако се крепам али добро ми оди...
     
  10. claudialara

    claudialara Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Врска од далечина

    dve celi godini odrzuvam vrska na dalecina i super mi e.... sekako ponekogas dalecinata predizvikuva problemi, no se se resava, dovolno e ljubovta da bide iskrena.... kako sto velat... dalecinata na ljubovta i g opravi toa sto veterot go pravi na ognot... ako e silna ke ja razgori uste poveke, ako ne e silna ke ja ugasi.... :)
     
  11. bacbac

    bacbac Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Врска од далечина

    Девојки ми треба вашата помош!
    Во врска сум со дечко од ист град но тој замина на работа во странство и еве веќе 3 месеци е таму.
    Додека беше тука се беше толку совршено што си помислив дека конечно го пронајдов оној вистинскиот.И поради тоа,неговото заминување го прифатив најнормално,нели се колнеме на верност.
    Првиот месец по неговото заминување беше се супер,мислам се слушавме секојден на телефон и на скајп,ми кажуваше колу ме сака,колку му недостуигам итн.поради тоа многу и не се чувствуваше далечината меѓунас.Вториот месец поради далечината се поретко се слушавме на телефон ама останавме доследни на скајпот :) ама јас почнав да чуствувам како се одалечува.Сите муабети се сведуваа на секојдневни теми.Повеќе немаше од негова страна изразување на љубов,повеке немаше емоции во муабетите.Го прашувам што е работата вели дека е уморен,по цел ден е на работа-што го верувам.Почнаа и моите пораки да не 'стигнуваат' до него,ајде си велам можно е оти додека е на работа телефонот му е исклучен.Одеднаш и интернет почна да му снемува одвреме навреме.Е веќе третиот месец започнува се-го нема на интернет,телефонот му е постојано исклучен.Местото каде што работам е веднаш до неговата куќа така да многу често ја среќавам мајка му таму.Таа вели дека тие се слушале често.Се изнервирав и му пишав на facebook (бидејки кога тогаш ке се вклучи и ке може да прочита)доколку не ми каже што е работата дека е крај мегунас.Ден потоа ми ѕвони од негов колега и вели дека нема интернет,телефонот му е покварен,постојано е на работа,нема време за ништо.....и уште што не!Виде дека неможе да ме смири,почна мајка му да доаѓа кај мене на работа и да ми објаснува и да го правда.Истото се случува и со неговите другари,нема излегување да помине без барем еден од неговите другари да е покрајмене и да ми укажува колку му е тешко.Од тогаш ние се немаме слушнато.Идната недела си доаѓа дома,а јас незнам што да правам.
    Па девојки помагајте,тотално сум збунета,единствено што знам е дека навистина го сакам но и дека навистина ме повредува неговото однесување!
     
  12. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Врска од далечина

    ^ Најпаметно е кога ќе дојде да поразговарате, сепак не треба да бара изговор за тоа што не ти пишувал и не ти се јавувал. Ако сакал ќе пронајдел начин. Кога ќе дојде седнете, разговарајте, па ќе видите што е најдобро за вас двајцата .
     
  13. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    2.964
    Врска од далечина

    ^^ И јас бев во слична ситуација како твојата,само обратно,јас бев таа што беше во странство и ми се случуваше исто што ти се случува и тебе...со тек на време престанавме да се случаме како што се слушавме,муабетот се сведуваше на најобични секојдневни работи,без никакви емоции и сето тоа поради тоа што ми беше премногу тешко...дури ми беше полесно да не се слушнам со него,отколку да се слушнам и да знам дека не е покрај мене...ми недостигаше премногу,но ми беше тешко да зборам преку телефон за тоа,затоа што не е тоа тоа и едноставно се дистанцирав од него...можеби е тоа проблемот и кај дечко ти,во секој случај треба да разговараш со него.Кога се вратив се беше по старо,како никогаш да не сум отишла...и нема никогаш повеке да одам...се надевам дека те смирив барем малце...се надевам дека ке успеете да средите се
     
  14. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    Врска од далечина

    издржи уште една недела па ке си правите муабет и јас сум била во ваква ситуација истите мисли ме тепаа цело време ама ние бевме не три туку 6 месеци разделени а па кога се врати се се врати во нормала и се чувствував како никогаш да не заминал. Се надевам дека и со тебе ке биде така :D
     
  15. Ivycka

    Ivycka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    32
    Врска од далечина

    И мојот дечко лани беше на 4 месеци, а и плус сме од различни градови... и јас имав епизоди на недоверба, носталгија... осеќав како да е емотивно оддалечен, ама кога се врати беше најпрекрасното нешто во врската. Сите емоции си се вратија и се беше во ред. Така да ќе помине уште една недела и ќе си видиш самата на што си со него, ма да јас мислам дека уште повеќе ќе ви се зацврсти врската :)
     
  16. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Јас мислам да почекаш додека се врати,па според чуствата и кај двајцата,реши тогаш.Немој сега да се потпираш на технологијава и љубовта да и ја судиш заради неа.Покажи разбирање и биди му подршка,биди тука кога ке те побара или пише,немој да се правиш дека не си видела и сл,бидејки на тој начин и на себе ке си напраиш потешко и ке се измачуваш,а сигурно и на него.Остани покрај него,и почекај додека дојде.Со срека. :)
     
  17. bacbac

    bacbac Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Врска од далечина

    :* :* :* :* ...Се надевам дека сте во право и се ке биде во ред :$ ги одбројувам деновите до неговото враќање :tmi:
    Ви благодарам многу,навистина ми помогнавте,барем да се смирам :*
     
  18. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.914
    Допаѓања:
    4.544
    Врска од далечина

    Прашање со сите што имаат врска со некој од друг континент... како се справувате? Како го исполнувате времето? Дали цело време го поминувате покрај компјутер? И како се слушате?
     
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.427
    Допаѓања:
    91.544
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Како некој кој позади себе им а гдишна врска на далечина можам да кажам дека требаат јаки живци, немање на љубомора и многу разборање. Но, само ако се гледате заедно во иднина. Ако не реално не се губи време на месеци без него, само мобилен. Ти треба некој физички тука, не само глас. Најлошото е кога после толку време него ќе му се сменат плановите и ќе реши да остане таму каде што е, а вие не се гледате таму.
     
  20. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.914
    Допаѓања:
    4.544
    Врска од далечина

    Не ми е проблем да одам таму,најмал проблем ми е. Ама не сакам,мала сум - сепак сеуште на факултет сум. Тоа ми е приоритет.

    Ти му ѕвониш од тука? што користиш ако му ѕвониш? Овие мобилниве оператори се забегани.... ццц