Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска на далечина

Дискусија во 'Врски' започната од Mireto, 21 ноември 2009.

  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.427
    Допаѓања:
    91.539
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Ангел ако мислиш на мене, јас имам или имав врска на далечина ама во друг град. Две години поминати на мобилен, а една студираше во Скопје ама повеќе беше дома. За сега да ми каже дека дефинитивно се враќа дома засекогаш.
     
  2. lovegirl196

    lovegirl196 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Врска од далечина

    па што знам мислам дека врските на далечина и не се баш добри..од каде да знам јас што прави тој таму.. :^)
     
  3. Wilde2105

    Wilde2105 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    24
    Врска од далечина

    Ангел јас имав врска на друг континент. Т.е уште имам ама тоа веќе не личи на врска ... Кога отиде имавме веќе една година врска, и договорот беше се да биде како тука , па и јас да се запишам на факултет таму и незнам уште што не си кажавме да се утешиме, свесни што следува. Првите неколку месеци откако пристигна таму, секојдневно се слушавме на скајп, месинџер... И после почна таа втората фаза као па имав работа или јас искочена сум била и незнам какви се глупости се лажевме меѓусебно.. И си дојде за нова година еден месец , и пак бевме заедно цело време и коа си отиде уште потешко ми беше .. Пак секојдневно скајпови , телефони и незнам што за да на крај излезе ова - незнам зошто но свесни дека и јас тука имам нов живот и тој таму а сепак сме во врска фигуративно. Неможеме да си кажеме а знаеме ... И него другарите му кажуваат што правам јас тука , и на мене исто и пак ко ништо да не е било се понашаме. Знае да ми се јави и се ама незнам како да го дефинирам тоа кога ти е сеедно а не ти е, онака некоја средина. И кога дојде ред да одам кај него - да се преселам и јас одбив. Као далеку ми е беше причината, нема две години со моите да се видам и незнам што ... А незнам , да го видам мислам дека се би било друго дека слаба сум на него, ама како не го гледам редовно све се изгуби .. Нема да се врати и така е нов живот си почнавме и двајцата а сепак се слушаме од време на време.
    Можеби кај вас друго ке биде да не те разочарувам ама вака беше кај мене :)
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  4. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    4.543
    Врска од далечина

    Благодарам што го подели искуството твое со мене..
    Сепак далечината си го прави своето... али ќе се потрудам да успее.
     
  5. sashinka

    sashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    Врска од далечина

    Jas imav vrska na delecina i taa zavrsi so brak :inlove:
    se zapoznavme na internet potocno na Fb preku zaednicki prijateli.Prv pat vo zivo se vidovme posle edna godina muabeti prku net.Toj dojde tuka i od togas oficijalno zapocna nasata vrska.
    Tesko e ne deka ne e ,no samo dodeka se stekne dovreba.potoa se e super. :inlove: :inlove:
    sega sme si zaedno vo brak vece treta godina :inlove: :inlove:
    [mod-kirilica:znw5y99m][/mod-kirilica:znw5y99m]
     
  6. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Врска од далечина

    Како велат: Далечината и го прави на љубовта она што му го прави ветрот на пламенот. Ако е мала ќе ја згасне, ако е голема ќе ја разгори. Имав другарка која одеше со еден 1 година, врската и беше убава постојано беа заедно .. Но потоа тој се пресели во друга држава. Првите месеци се беше океј со нив, постојано на скајп,мсн,фб и слично. Тој се врати за Нова Година, беа заедно тогаш, но кога си отиде се пропадна. Почнаа по ретко да се слушаат, да се допишуваат, таа не знаеше ништо што прави тој и свесна беше дека нивната врска нема да успее. После неколку месеци тој ја изневери и нивната врска заврши. Сепак јас мислам дека врска на далечина може да успее ако сме доволно силни двајцата, ако веруваме во она што го имаме и ако се сакаме доволно за да поминеме преку таа далечина. Уште една година ќе одам на факултет и ако сеуште сум со тој што сум сега(се надевам дека ќе сум) мислам дека ќе успееме. Верувам во нас. ;)
     
  7. House95

    House95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    28
    Врска од далечина

    Ако има доволно љубов и разбирање од двете страни може да успее зошто да не .. :)
     
  8. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Врска од далечина

    Зависи од личноста, т.е. зависи од двајцата. Обично ваквите врски се многу тешки и болни, сомнителни и не знам уште што. Познавам вакви случаеви и тоа со години, но на крајот ништо. Тој нашол друга или не знам какви глупи изговори. Сепак зависи од личностите колку се тие упорни и истрајни до крај. Јас лично не би можела ваква врска да имам, голем емотивец сум и ако не го видам дечко ми неколку дена се мрднувам. А камо ли месец, два, пет, година... :worried:
     
  9. Ivu4

    Ivu4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    41
    Врска од далечина

    Незнам..Ако навистина се сакаат личностите би требало да опстане таа врска :)
     
  10. bacbac

    bacbac Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Врска од далечина

    Па девојки,мојата врска на далечина-ЗАВРШИ.
    Се врати од странство и воопшто несака да зборува со мене,па макар барем да ми каже во што е проблемот.Ништо,како воопшто и да не сме биле заедно.Се однесува како со странец а не како со некој со кој до пред некој месец е делел се.Тоа е...
     
  11. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Мислам не би успеала :^) :^) :?:
     
  12. NB86

    NB86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    68
    Врска од далечина

    Може да успее, зависи на колкава далечина и колку често се гледаат заљубените :^)
     
  13. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Врска од далечина

    Треба да си психички јак и спремен а и да има голема љубов мегу партнерите за да успее.
    Еве братучед ми е од Македонија а девојката му е од Словачка.Во врска се две години и сега засега им оди убаво.
     
  14. Cvet1

    Cvet1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    6
    Врска од далечина

    Да по мое искуство дечкото веќе 2 месеци ми е во Бразил и исто се чувствувам како да е и овде, во смисла дека не се сомневам во него. Значи секако дека може да опстои само доколку врската е стабилна, силна и градена со доверба
     
  15. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    Врска од далечина

    да де цвету сега е така, ама почекај дур не оствари круг на пријатели па тогаш ке збориме :)
    со тек на време се помалку повици ке имаш, помалце време на нет ке го гледаш итн :) и недај боже да сум у право али...
     
  16. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Психа,психа, треба да имаш нерви ко ортома дебели и ко челик јаки,пошто еве ,пред малце пак за глупости се расправавме...НЕ ради друго,туку од шо не можиме да се видиме,вакви работи испаѓаат... :@
     
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.539
    Допаѓања:
    106.157
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Еден совет до сите - вие што имате врска на далечина немојте да верувате дека нема да успее и да се откажете.Ако скааш да успее , ке успее и секако зависи и од двете страни. Јас имав врска 3 години , мноогу ретко се гледавме, а инаку секој ден се слушавме на мсн , па ете заврши со брак :) Значи може да кажеш , па од каде да знам што прави тој/таа таму , ама ако си верувате меѓусебно тогаш се ке успее. :*
     
  18. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    4.543
    Врска од далечина

    Моментално сум во врска "преку жица"...за 5 дена ќе е месец откако си замина од тука,но засега се е ок. Се слушаме секој ден на скајп. Едно време немаше интернет па јас му се јавував. Пораки мои му стигаат... исто како да е тука :)
    А да, и веќе правиме планови за ваму а не е ни месец вратен :) Го боцкам, му викам ќе си најдиш друга од таму, тој не сака да чуе и ми се љути кога така зборува... Почнува да ми кажува примери како ме сакал и дека не би правел се она што го правел за мене.
     
  19. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Некој ако сака да изневери ќе изневери па и да си му во комшии!
    Така да ако има љубов и упорност и од двете страни далечината не е воопшто битна!
     
  20. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина


    Ти па не го подбуцнувај стално,вистина е тешко да се слуша тоа,и мене така ми велеа и јас исто се лутев :) Е понекогаш можи,да го потсетиш да не се загледува настрана ;) Иначе koritsaki и јас верувам и се надевам да успееме,ама понекогаш оваа далечинава многу проблеми прави,нерви искинав стварно...ДА сум до него друго ќе е,ама тоа е,уште малце :?: И ние си имаме замислено планови за заедно за понатаму,само треба да седниме на маса да позбораме,а не вака по телефон,затоа сакаме да се видиме,а не можиме да се погодиме...Ама ај,се надевам ќе биди во скоро време и тоа. И јас мислам како thelittle17,ама јас верувам во него,се надевам и тој во мене и се надевам да успееме.