Врска од далечина Za Elenka ...Eli ne si se sekiraj za dzabe...decko ti otisol na rabota zaso ima finansiski problemi a ne na setanje pa i na setanje da otisol sto ako?????Bitno e ti da mu davas podrska i da znae deka si so nego,ne se opteretuvaj dali tamu ke ima seks so nekoja ili ke se muva so nekoja ...tocno e deka ne si trebalo da mu kazes deka ako naprai nesto da ne ti kazuva...ama ne se soglasuvam deka toa mu dalo zelen karton pa sea ke te vara i ne ti kazuva.....vie idete 6godini a toa ne se malce...on znae sto ima i te saka...i sigurno ke mu falis najmnogu tamu a za toa vreme ke saka da te cuvstvuva blisku taka da ne go zamaraj so toa dali imalo ubavi devojki tamu ili dali naprail neso ili pa da bides neraspolozena....on moze i tuka da te izneveruva...tocno sekoj ima momenti na slabost i sekoj gresi a taa greska moze da go cini mnogu...nie devojcinjata sme takvi za se razmisluvame ako naprai vaka zaso vaka lelele taka ako naprai ....treba malce da se opustime i da uzivame... nema taka da napravi razmisluvaj pozitivno sekoj pat koga ke ti tekne neso loso odma pomisli na neso zaedno sto ste si pravele i vi bilo interesno i ubavo i pisi mu go toa na meil..abe se sekjavas koga ....itn a ako ne daj boze neso takvo se desi...togas da si ziva i zdrava togas ke pises tema i ke zborime )))))))))))))))))))i ke vidis ovie 7...8meseci ke letnat odma.. [mod-kirilica:29m5nmmt][/mod-kirilica:29m5nmmt]
Врска од далечина исто и со мене се слуЧи еленка колку да ти каЖам дека има и друг кој пати така како што ти во моментот, абе види времето е лек за сте болки, ке ти биде тешко колку што и мене ми е тешко во моментот толку и на тебе али размислувај на дека тој отишол таму за да вие имате подобро утре отишол и така требало да биди ке издрЖиш верувај ми секое Чудо трае 3 дена потоа ке ти биди тешко секако али ке се навикнеш колку толку размислувај пред се за убавите работите се што те Чека со него понатаму, оди шетај забавувај се не дозволувај баш во секој миг да мислиш на тоа, едноставно мораш да се помириш. те
Врска од далечина Поздрав до сите што имаат врска на далечина, вклучувајќи ме и мене... http://www.youtube.com/watch?v=YC9Jxi78G1I&noredirect=1 Кој има ваква врска, ќе се соживее со песнава и ќе го ежат зборовите..
Врска од далечина Не сум читала други мислења, ме мрзи а на темава имам само еден коментар: ДАЛЕКУ ОД ОЧИ ДАЛЕКУ ОД СРЦЕ!
Врска од далечина Имам една другарка и тоа се случи пред некое време,имасе дечко со кој одеа па прилично долго време години се во прасање,јас мислев дека таква љубов немасе никаде на друго место..Тој отиде во Америка абе секоја недела и праќасе по ДХЛ писма чоколади цвеќиња,просто да им завидува човек,нонстоп телефонски и преку интернет дури не се ни забелезувасе дека океан ги дели.Феминки нема да верувате сто се случи.Дечкото се враќа во МК и доага кај другарка ми дома лично да и соопсти дека цело време додека оделе имал некоја таму демек не ја сакал но ете останала трудна и од дома го терале да ја земе за зена инаку и она македонка но таму зивеела Незнам како да ви ја описам другарка ми изгоре девојчето а најголема иронија од се е дека овие двајца останаа да зивеат во мк и бебе си имаат сега.Немозам да сфатам кога имал време да оди со друга кога нон стоп се слусаа и овој кој глумец испадна па и усте одвреме навреме и писува пораки дека ја сака усте,ГАД на гадовите Оти бе немозам да им верувам на мазите абе ми доага сега да идам да го задавам,ќе се правда усте со кое лице еееј
Врска од далечина Прочитајте го овој мој пост од мене е т.е. од машко. Ццццц секакви работи се случуваат кога некој партнер ќе отиде во странство прочитав неколку постови и искуствата не се баш сјајни. Еве и јас како момче Македонче да кажам што мислам за оваа тема. Искрено не сум ич фан и приврзаник на врските на далечина, ама некогаш не бираме дали врската од секојдневно видување со партнерот ќе ни се претвори во врска на далечина и тоа на подолго време. За среќа не сум имал лично искуство за да зборам од прва рака ама мислам дека имам доволно “стаж“ за да кажам што и како. Прво, сметам дека кога некој партнер оди во странство, дефинитивно доаѓа до мало раздрмување на врската. Ако заминувањето е на само 2-3 месеци не е страшно може да се издржи, ама на повеќе од 6 месеци, година дена па и повеќе станува со висок ризик и можност за појава на емоционална (па и сексуална) криза и ориентирање кон друга личност со што се врши прељуба. Не знам како некој/а има толку сила и волја да издржи толку долго без да биде физички со својот партнер, не е само сексот во прашање туку и самата географска близина и видување на личноста која ја сакаме. По некое мое (за некои можеби заостанато ама и доста реално мислење истовремено) заминување на партнер во странство или на поголема далечина на подолг период значи солидна шанса или да преварите или да бидете преварени. Повеќе фактори се во игра сега да не одам во детали ама еве да наведан некој банален пример. Еве на пример јас заминувам во Америка да работам во Њу Јорк да кажеме, мултимилионски град. И така после работно време 4-5 попладне, решавам со колеги од работа да излеземе навечер во некој бар или дискотека. И таму да кажеме ми се пуштаат јаки згодни и секси типки , ми играат тука пред мене и уште повеќе ми даваат ерекција од напорниот работен ден каде што и хормоните и тестисите зовреле и сакаат да се испразнат хаха. Има солидни шанси да посегнам и да потпаднам на искушението и да се “испразнам“, а и покрај тоа што знам дека имам партнерка во Македонија, илјадници километри од мене. Во тие моменти јас не можам да се правдам на тие што ми се пуштаат дека имам девојка која е толку далеку и не можам ништо да направам, тие мене ќе ме обработат. Со таков потег нема да значи дека не си ја сакам девојка ми ама ете ме фатил толку напален период (што на сите ни се случува) и не сум можел да издржам. Не е ова мое наивно размислување со долната глава, мислам дека е доста реален модел кој се случува во реалниот свет! Само еден пример беше дека може се и сешто да се случи во странство каде што никој ни не знае нити некогаш пак ќе не види во животот. Не велам дека секогаш се случува ова, ама има добри шанси, важи и за машки за женски. Нека не се прават сега сите тука светци дека и со години ќе чекаат ако треба и нема ништо да направат... има и такви што издржуваат секоја им чест, ама има многу што направат излет од врската/бракот, сепак луѓе сме, грешиме и паѓаме на искушенија... Ете така отприлика гледам на некои работи поврзани со заминување во странство, нека не ве плаши тоа како мислам и веднаш да си создавате параноја дека и вас ви се случува истото. Некои цури ќе кажат ако дечкото сака да ги вара ќе го направи тоа и тука, а не во странство... хмммм... па не се баш условите и околностите исти... Сметам а и тврдам дека и најверните можат да изневерат кога се подолго време одалечени од партнерот, а и понатаму да си го сакаат партнерот! Живот е тоа, бидете подготвени на се... Затоа чувајте си ги и сакајте си ги партнерите додека се тука со вас за да после ако дојде време да заминат во странство да не ви биде криво што сте можеле многу работи да направите или да им кажете и покажете колку ви значеле, а не сте успеале. Нека победи љубовта на крај! Wooow, колку се изнапишав, не можев да престанам... чекам реакции и дебата после ова.
Врска од далечина PussyHunter, искрено зависи од машките. Кај секое машко работат хормоните,точно ама не секој го прави истото. На некои навистина, полесно им е да изневерат. А има и исклучоци кои не ни помислуваат на неверство. Се е до карактерот на машкото.
Врска од далечина ^ Море мачко-гонител ме испровоцира да пишам на темава. Точно дека многу често во искушение може да се најдат и мажите и жените. Но кога веќе го одбрале моногамното живеење, зошто пред првото/второто искушение не можат да се воздржат? Еве мене мажот ми ми има кажано дека некогаш во животот ќе ме изневерил, дали сега, дали за 5-15 години не знаел, ама битно ќе ме изневерил поради тие стереотипови што владеат. Малце го однесов разговорот во друг правец. Зборот ми е, зошто постои онаа потреба од изневерување? Што толку ќеф да се легне со некоја што не ти е девојка ?
Врска од далечина па веројатно поради она дека непробаното и туѓото е слатко како и да е немој да ме сфатиш лошо но на пример многу е различно ако во 20 год ме изневери еднаш или двапати....и ако во 20 год ме изневерува константно со секоја втора која ќе му се бендиса,во првиот случај значи нормално му се посакало со некоја друга згодна девојка ,го направил тоа ,му поминала желбата и готово...а вториот случај значи дека дефинитивно со мене или со него или воопшто со нашиот брак нешто неваља и смрди ,па нежности па искажување љубов итн...барем за мене е различно.И верувале или не јас би го сфатила ако во 20 год реков еднаш или двапати легне со друга...
Врска од далечина Сите ми фаќаат сеир заради ова пуси хантер што го користам ама некои женски стварно уникатно го преведуваат како на пр. “ловец на мачки“, “мачко-гонител“ во твојот случај итн. смешно ми е малку ама тоа е. Сите сакаме моногамни партнери, ама дали ние сме моногамни треба да се запрашаме? Мислам дека доста тешко е во период од 20-30 години некои кои се заедно да не посакаат да бидат или веќе да не биле со друг/а, чисто онака за адреналин, самодоверба и испробување нешто ново. Секогаш ќе се најде нешто помладо, позгодно, посекси итн. кое ќе сакаме да го пробаме. Еве на пр. јас кога ќе имам 40 год. можеби ќе сакам да вкусам млада и секси девојка од 20-25 години, тогаш како искусен и успешен човек во најдобрите години ќе сакам “потврда“ од некоја помлада. Има разни причини и ќефови за легнување некој/а различен од партнерот. За жените претпоставувам интересен факт е тоа што кога изневеруваат никогаш не знаат колку ќе добијат пошто нели секој маж има различни димензии на органот така да тоа претпоставувам дека е адреналински за нив т.е. вас (вас на женски род не конкретно на тебе).
Врска од далечина Туку не сакав да бидам дрска па да ти пишам пу*коловец затоа го преведов малце по друго Енивеј, ти држи вода напишаново. А зошто на пример ете ко што си пишал на 40 години би сакал да вкусиш младо мевце би побарал дозвола од партнерката ? Би и рекол : "Ајде жено, јас ќе побарам некоја младичка, ти најди си некој развиен младич што те пали." ? Или пак уште подобро, посета на некоја свингерска забава (just kidding, but u never know...) и така мачката сита и глувците на број. Ајде да не забегувам од темата, врска на далечина е тешко да одржиш во живот. Мојата траеше една година и за несреќа заврши ... но за среќа со брак
Врска од далечина Па не знам дали би побарал дозвола т.е. виза од партнерката најверојатно нема затоа што ќе ми биде одбиено барањето. Големи се шансите сам да си дадам дозвола да вкусам младо мевце ама има многу време додека јас бидам на таа возраст, сега сум млад и треба да користам тоа. Идејата за свингерска забава не е толку лоша имам мислено на таа тема и супер е и волкот сит и овчичките на број. Сите добиваат никој не губи во таа ситуација хехе. За несреќа заврши... но за среќа со брак? Малку иронија гледам тука ама ок е. Ти си знаеш blond што и како најдобро.
Врска од далечина Луѓето велат дека вие никогаш не можете дури и да ги сретнете. Тие можат да ве изневеруваат во моментов. Како можете да сакате некого што ќе гледате само на скајп или фејзбук. Вие навистина не спиете со нив, вие спиете на телефон со нив. Ќе се најде некој подобар во негова близина. Па јас мислам дека многу слатко ако луѓето може да се задржат на далечна врска без да се предизвикаат кавги поради тоа што луѓето велат, "тие ве изневеруваат." Со тоа знаеш дека е вистинска врска, особено поради тоа што предизвикува толку многу доверба. Да бидам искрена, дури и не мора да видиш некој за да го сакаш. Ако некој може да ве насмее и се направи чувствувате пеперутки преку камера, тогаш тоа е вистинска љубов, бидејќи тоа значи дека дури и преку камера, телефон, и сл. , тие се уште можат да се сакааат еден со друг преминувајки преку сето тоа. Тешко е да, но љубовта е посилна Edit: узпат го најдов ова
Врска од далечина Мојата врска успеа на крај и заврши со брак (сега веридба ке правиме) Тешко е ти да си на една страна а тој на друга. Можеби некогаш ме изневерил а јас тоа не го знам но доволно е тоа што знаев дека ме сака. Спиев на скајп само да да бидам на некој начин со него. Бев среќна и кога само сигнал ќе ми дадеше на телефон а не ми се јавуваше. Едноставно на секој начин бев среќна со него. Му верував во се што ќе ми кажеше па макар и да ме лажел. Го сакав и го сакам.
Врска од далечина НАТАША мило ми е за тебе,чувајте си се взаемно.И кај мене беше така ама никој не веруваше дека тоа е можно со зборување само.Е и се гледавме де. Ама,последната кавга,за се и сешто,кога се видовме,расипа се.И јас не сакав да знам дали имало друга,важно е на крај ти да си цел живот покрај него,а после само ако посмеј да мрдни! Се сакавме и ние,а запознавањето ни беше ко некоја приказна...да ми ја раскажуваа,немаше да верувам,но ете,се случи.Па велам Господ ако смислил ние да сме заедно,ќе бидиме.Ако има ден за нас,ќе се споиме.
Врска од далечина Братучетка ми има врска на далечина .... ретко,многу ретко се гледаат но нивната фрска функционира прекрасно. Мене лично тоа ми е чудно и сметам дека е невозможно но таа е пресреќна и заљубена. Често разговараме и некако си се контриме на оваа тема но таа вели дека кога ќе ја пронајдеш својата сродна душа не е важно колку сте далеку во моментот и колкав временски период треба да се чека за да се биде заедно.Копнежот е она најслаткото вели таа.Љубовта вели не е самиот миг на восхит кој што првиот пат кога ќе се сретнете или заљубите ќе го доживеете туку голем процес на макотрпно вложување,жртвување,издигање,подготвеност секој момент да се најдете во непознато а од тоа да извлечете поука која можеби ќе ви го промени секојдневието .... вака мојата братучетка ја разбира љубовта,што морам да призаам дека во голем дел од ова би се сложила и самата јас. И не би го пишувала сега ова да не и мене ми се случеше ваква работа .... да не пред мене можеби е мојата врска која за некое време треба да постане врска во далечина. Колку тоа што го зборува мојата брачутка е вистинито за да опстане мојата врска и да ја сочувам мојата љубов како и љубовта на мојот партнер?Можам ли да имам врска од далечина?
Врска од далечина Ако љубовта е вистинска ,далечината е најмалиот проблем..Твојата братучетка е во право... Мојата врска од далечина заврши со брак. Верувала или не, јас и мојот сопруг ниту еднаш се немавме скарано или расправано додека бевме во врска и не делеа милион километри. Па ниту откако сме во брак. Се зависи од вас двата, ако имате доверба и разбирање ќе успеете, бидејќи тоа е најбитно за една ваква врска, па и да не е од далечина.. Среќно
Врска од далечина Дури сега ја свајќам во комплетна и слика нејзина треба напор сила надеж верба три дупло од се ова што набројав.
Барам совет од вас, бидејки ни јас ниту моите другарки не знаме што да правиме во врска со ова.. се наоѓам во безизлезна ситуација.. Се започна пред 2 години кога се запознавме. Од тој момент тој ме бараше преку многу личности, но во тоа време јас бев во „врска“ со друга личност. Потоа откако се разделив со таа личност тој продолжи да ме бара уште повеќе и тврдеше дека е заљубен во мене. Го одбив едно 3-4 пати, но тој не се откажуваше (и сите тие одбивања беа како последица на тоа што не ми се допаѓаше начинот на кој размислува). Помина некое време, на мене почна да ми се допаѓа друга личност, но ништо не се случи и по неколку месеци јас морав да дојдам да се преселам во Италија, со мојата фамилија.Тој не престана да ми пишува, ме бараше и ред други работи. Дојде декември јас се вратив на одмор во Македонија, се видовме ма не разговаравме ниту еден пат, затоа што тој беше лут на мене (не се сеќавам зошто). Се вратив повторно во Италија, поминаа неколку месеци, и близу Јуни месец тој ми пиша повторно и така почнаме да разговараме. Му обеќав дека кога ке се вратам повторно во македонија на одмор (август) ќе излезам барем еднаш со него на разговор...и така се случи. Дојде август, јас се вратив во Македонија, го видов, ма со него излегов после 10 дена од пристигнувањето. Мојата цел на тој разговор беше да му кажам дека е залудно да продолжува да инсистира на темата со мене бидејќи јас не сакам да сум со него. Излеговме, но се случи спротивното. Тој не беше истата личност што ја познавав, и после долгочасовен разговор (не се случи ништо) јас си отидов дома без да му кажам ништо од тоа што имав на ум. Следната вечер не успеав да излезам со него, и затоа за 2рото излегување почекавме да поминат два дена. Се сретнавме повторно на истото место, и почнавме да разговараме. Тој пробуваше да ме бакне повеќе пати се додека не успеа..во моментот кога го направи, не знаев на што да мислам..дали е правилно или погрешно тоа што го правам?! Но ден по ден, излегувајќи со него сватив дека е тоа што го сакам и исто така се заљубив во него. Но дојде и моментот јас да се вратам во Италија. Се разделивме, и еве поминаа веќе неколку месеци. Се оди нормално, знам дека тој никогаш не би направил нешто што би ме повредило, но во мојата глава почнаа да се вртат премногу прашања. Се чуствувам во безизлезна ситуација, затоа што мислам дека сум премногу обврзена да седам на комјутерот и да разговарам со него, и самата помисла на тоа ме исцрпува психички, толку што понекогаш се чуствувам нервозно и не можам да ги завршам моите обврски на правилен начин (да напоменам дека имам 16 години и одам на училиште). Понекогаш размислувам дека сето ова време го трошам залудно, дека немам доволно слобода и се „заробувам“ во таква врска на многу прерана возраст. Тој сака да продолжиме уште многу време, и на нему му е доволно да знае дека ме има, затоа што како што тврди тој е заљубен премногу во мене а и јас во него..но...не би сакала да ставам крај на сето ова, бидејќи не можам да замислам како ќе биде после сето тоа, а не би сакала ниту да продолжам така. Не знам како да се справам во оваа ситуација, ве молам за помош.
Врска од далечина леле колку си млада да не кажам мала за да си ставаш ваков товар ваква обврска уште од сега мој совет ти е да уживаш во животот. јас имам врска на далечина и тоа бара мн трпение вложување ако не си спремна на се тоа тогаш не ти советувам врска на далечина