Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска на далечина

Дискусија во 'Врски' започната од Mireto, 21 ноември 2009.

  1. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Вака ќе ти кажам...Ако сето ова е само заљубеност да знаеш за кратко време ќе помине...Но ако вистински го сакаш не се откажувај!!Немој да се откажеш од тој што вистински го сакаш..Ако љубовта е силна далечината не е препрека верувај :) Заради таа далечина јас се откажав од некој што навистински го сакав верувај..Не ми беше лесно,плачев не го сакав тоа..Но љубомората и помислата дека би ме изневерил бидејќи е далеку од мене ме натера да се откажам од момчето..Со солзи на очите ми пишав е-маил како кукавица за да му кажам дека сум ’’престанала‘‘ да го сакам..Го избришав од се,но не и од мојот живот...Го немам сретнато си нема дојдено :// Сакам да прашам како е ама неможам имам друг кој многу ме сака и јас го сакам,но неможам да ја заборавам и бифшата љубов оти сепак беше вистинска :// АКО ГО САКАШ НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ,НЕ ГО ПОВРЕДУВАЈ..Се друго ќе си дојде само по себе,и еден ден ќе бидете среќни :)
     
    На SparkyAngel, Divinebutterfly и Elenuskaa им се допаѓа ова.
  2. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Имаше тема што гласеше "Што научивте од вашата последна врска"?
    И ја го пишав следново дека Long distance rilationship успеваат на филмовите, и секоја чест на исклучоците, што и покрај се ке успеат да си ја задржат врската. Со тек на време во мојот случај не беше тоа тоа, немаше ни муабет освен се едни исти и глупи прашања константно имше љубомора од типот на зашто вчера не ми врати на порака, кај беше со кој беше, заш не се укл на скајп, цело време си опседнат со личноста, со кој е што прави и си правиш филмови во главата, љубомората ја уништува врската...
     
    На Divinebutterfly и I.n.v.i.s.i.b.l.e им се допаѓа ова.
  3. I.n.v.i.s.i.b.l.e

    I.n.v.i.s.i.b.l.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Врска од далечина

    Истото ми се случи и на мене. Потполно си во право.
     
  4. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Врска од далечина

    Ова не е проблем на лонг дистнс. Вакви работи има во секоја врска. Љубомората ја уништила врската, не далечната. А љубомората уништува и врска кога и двајцата се еден до друг
     
    На tinkerbelll и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  5. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    пишав секоја чест на исклучците, љубомора има секаде, само што друго е кога си во иста држава, град со дечкото/девојката, а скроз др ситуација е кога сте одалечени повеке од 400км, многу е тешко да опстои врска преку "жица". Не го гледаш он не те гледа освен на скајп на мсн на што и да комуницирате, и двајцата си правите филмови во главата...Пак ке пишам алал да им е на тие што и покрај се, успеале да ги надминат тие проблеми и уште се заедно! :)
     
    На emily23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    198
    Врска од далечина

    ммм... мислев дека никогаш ама баш никогаш нема да го спомнам или поЧуствувам овој мошне болен збор, :!: и добро ке беше навистина да беше само збор, но за жал е факт.. година ипол живеам со оваа мака, тага, болка како и да е внатре во срцето, во душата.. пеЧи та вришти, боли многу, имам кнедла во грлото секогаш кога ке го проЧитам зборот :| ...
    но за жал, тоа е.. судбината ми наредила така да живејам, да се маЧам.. да го посакувам секоја нок, секој ден секоја секунда од мојот живот, секогаш кога ке погледнам некој пар ми навираат солзи и се прашувам зошто, зошто е така суров светот??! :^) ... но никогаш не пронајдов одговор, само сватив некој работи, работи и Чуства со кои вреди да продолжиш да бидеш срекен и така заљубен.
    пред се во ваквата врска треба да се има огромна љубов, и големи живци, за да претрипиш се...
    понекогаш кога се скаравме посакував да не сум тука во вој бел свет...навистина :?:
    во тие моменти искрено ми беше повеке од доволна неговата прегратка или насмевка, која за жал неможев да ја поЧуствувам ни па видам, зарем тое е живот со твојата најоголема љубов да се гледаш да плаЧеш да се смееш а никако да го допреш :^) дефинитивно не...
    јас знам и сум убедена дека овој кошмар ке заврши наскоро во кој вложив многу труд и желба и пред се многу љубов, и жртва :x
    се надевам и им држам срека на сите девојки да си го остварат својот сон и да си створат свој дом со саканиот, боли многууу но сепак ако ги отворите картите еден пред друг и ја Чуствувате љубовта како во првиот ден сето тоа ке се исплати еден ден и конеЧно ке уживате и ке се сакате еден покрај друг. :* :hai:
     
    На Dream-Girl, emily23, tinkerbelll и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Врска од далечина

    Ива,многу добро знам како се чувствуваш.Нема поболно од тоа чувство саканата личност да е далеку од тебе :( ,да не можеш да го видиш,да го прегрнеш,да го бакнеш ;( .И јас имав таква љубов ,и верувај ми иако поминаа многу години,тоа чувство на празнина никогаш нема да ме напушти.Од се срце ти посакувам да си останеш со саканата личност и засекогаш да бидете среќни,затоа што знам што значи да се преживее таква судбина.Можам цели реферати да напишам на тема,и пак нема да опишам колкава е болката,баш како ти што опиша ,беспомошноста,чувството кога ќе се скарате,осамените ноќи,желбата да го допреш,а пред тебе гледаш само празнина...
     
    На Ivah му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    198
    Врска од далечина

    наташа ти Честитам за веридбата, за свадбата и пред се за сето тоа што го направи и што веруваше во твојата врска се до крај, баш ме израдува со постот, навистина ти Честитам од се срце на целата храброст и трпеливост што ја имаше во тебе и на крајот, крајот го скраси делото нели :) ..
    еве уште еден доказ ни даде овде дека во љубовта не беше битна дистанцата и се по ред..
    и јас се надевам дека за брзо време и мојава желба ке се исполни :)
    ти Честитам уште еднаш :angel:
     
    На N.A.T.A.S.A му/ѝ се допаѓа ова.
  9. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Врска од далечина

    Девојки сите што имате далечна врска треба само да бидете спокојни. Не треба да мислете дека тој таму ве изневерува или пак да слушете некој кога ќе ви вели Абе ајде батали го што врска ќе е тоа само на скајп и на телефон да се слушете. Сум поминала низ тоа и сега кога зборувам со вереникот за тоа тој само ми вели 'ти тогаш кога ти беше тешко само ми велеше кој знае што правиш ти таму ама ни еднаш не се праша како ми е мене' Само храбро и ако мислете дека ве сака тогаш бидете сигурни дека навистина е така. И евее еден позз за сите девојќи. Слушнете го само рефренот.
    http://www.youtube.com/watch?v=oRSkcHuBlAU
     
    На emily23, tinkerbelll и Ivah им се допаѓа ова.
  10. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Врска од далечина

    Епа ја стварно незнам дали е заебанција од животот ова шо ми се дешава или незнам што ке да е ... Ама само шо си заминав од мкд по два дена Пристигнување у Италија запознав тип од мкд ...
    Значи типот ми е таков ко по мој терк правен али сум толку збунета шо искрено одвај чекам да се вратам мкд да го запознам детето да видам шо сурат има ... Е ако има сурат ко шо треба ... Тогаш чекајте ме ке побарам мислења од вас :call: ...

    А да не забегам од тема ама врска на далечина само доколку и двајцата се држат до тоа дека сакаат да се заедно Ама и да изнајдат решение како да бидат понатаму заедно и да имаат нормална врска . :!:
     
  11. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Различни луѓе,различни карактери...различни судбини.
    Доколку го барате тука вистинскиот одговор само повеќе ќе се збуните. Одговорот лежи во вашето срце!
    Само вие знаете дали љубовта е вистински силна да преброди и успее низ сите препреки што животот ни ги поставува. Ако љубовта е вистинска не постои некој ниту нешто да ја уништи. Колку и да звучи ко клише јас верувам во тоа. Па на крај краева и да не успее, понатака нема да ви биде криво и да си го поставите прашањето Што би било .... зошто знаете дека сте пробале и ризикувале.Познавам многу парови што секојдневно се заедно,живеат заедно или пак блиску па имаат нестабилна врска,многу нервози и љубоморни сцени. Љубомората може да постои секогаш, не само ако вашиот парнер не е блиску до вас. Се што си правиме самите сме си криви. Се е во нашата глава.
    Стравот од болка,разочарување и скршено срце е посилен па затоа и се измачуваме самите со милион прашања.
    Пред 3 години кога мојата другарка се запозна со еден дечко на интернет и реши да "започне" таква врска јас бев првата која и се смееше. Е сега можам само да и позавидам ( во позитивна смисла). Една година имаше таква врска, иди ми-дојди ми, комуникацијата и се сведе најчесто на интернет но тоа воопшто не ја засегаше. Мислам дека воопшто не се ни замараше што збореа другите. Во ниту еден момент не се запраша самата што прави,до кога вака,има ли иднина... Остави спонтано да течат работите и да ужива во животот и љубовта. Не дека немаа кризи но љубовта беше поголема од секоја нивна кавга. И после година дена, кога го заврши факултетот он ја побара за жена. Сеуште ми е сликата пред очи од нив двајца кога го играа првиот валцер.
    Сакам да кажам не мора пред време да си давате одговори кои не ги знаете, туку препуштете се и уживајте додека можете. Правете го тоа што ве исполнува и ве прави среќни. А кога тоа ќе го снема ќе знаете дека дошол крајот. Се додека е спротивно љубете силно со сето свое срце.
     
    На aquamoja, tinkerbelll и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  12. sexy25

    sexy25 Активен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    5
    Врска од далечина

    Врска на далечина...Неисцрпна тема и незнам од кај да почнам...Јас сум конкретно во таа ситуација, јас сум далеку од Македонија, и со дечко ми сум повеке од 2 години заедно, ама сме разделени веќе 6 месеци...многу е тешко, премногу, ама ако има вистинска љубов, ќе се најде начин за таа врска да се одржи и негува...искрено бев во дилема и малку збунета како се ќе се одвива и колку далечината ќе влијае на нашата врска, ама после 6 месеци, и после толку саати поминати на Skype, сигурна сум дека љубовта наша оди во вистинска насока...за сите што имаат врска на далечина, еден совет од мене, никогаш да не се откажуваат колку и навидум да изгледа тешко...имајте на ум само едно, Далечината е само тест на љубовта и не става под искушение, дали е тоа, она вистинското или не...Ако е љубовта толку јака и искрена, ништо не може да ја сруши..Верувајте во партнерот и не дозволувајте љубомората да ви застане на патот...не дозволувајте километрите да ви ги променат судбините...поздрав до сите
     
    На Sarasweet, pufi-cufi и Butterfly15 им се допаѓа ова.
  13. Panicarka

    Panicarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    19
    Врска од далечина

    Врска на далечина не не не не и не... а јас бев таа што викав дека има надеж. Пред 3 месеци раскинав со него.... Ме немаше долго време.... на фемина.... поради него....не знаев долго време што да пишам.... али што и да пишам и ако некогаш бидам пак заедно со него нема да е исто како порано.. Не ви препорашувам девојки врска на далечина, освен ако имате јаки нерви,....... :|
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина


    И мене истото ми се случува и го делам мислењето со тебе.Значи далечината ни ја уби врската :( И тоа после подолг период,џабе се што имавме....Нерви челични да имаш...
     
    На Panicarka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Panicarka

    Panicarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    19
    Врска од далечина

    Сепак далечината си го прави своето..... а нервите само за џабе си ги изгубив....ама сега сум веќе подобра.... како што би рекле србите.... Живот иде даље :)
     
    На Alexa.24 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Alexa.24

    Alexa.24 Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    12
    Врска од далечина

    Da se pridruzam na muabetot ... :) Znaci se raboti za decko sto go znaev od sredno..posle zamina vo stranstvo, ali niz godinite ostanavme vo kontakt..imase sekogas hemija, flert, muabet..ali nisto poveke..letovo koga dojde Mk se preraduva zasto sum single(obicno se vo dolgi vrski bev) i mu se pruzi prilika da se ''izjasni'' ..i taka padna muabetot da pocneme vrska..jas ne sakav ne gledam nikakva idinina...pa on zamina, uporno po net me predomisluvase ..pa dojde pak..i rekov ajde, ke probam.pocnavme,pa zamina, pa dojde pak i postojano po skype, telefoni, muabeti.uporen uporen...se bese ok, duri se zaljubiv vo nego sto prosto ne mi se veruvase kolku uzivav vo sekoj razgovor.Dogovorivme sega na 25 trebase da dojde da pomineme zaedno praznicive i da resime kako ponatamu..se dodeka..go snema 3 dena jas vo panika da ne mu se slucilo nesto...uspeav da go ulovam na net, i na gomila prasanja..dobiv odgovor: izvini, odbrav polesno da ja teram idninata: se ozeniv!..Taka me tresna od zemja hahaha i sto da kazam, go izbrisav od se zivo, tesko mi padna zasto se zaljubiv..a nerva me fakase zasto vremeto mi go potrosi!!!!!!..ali jbg, i toa za pamet ;)..duri na momenti mi e smesno kolku znaat da bidat otkaceni ova mazive
    [mod-kirilica:14yz7rss][/mod-kirilica:14yz7rss]
     
    На aprokovic му/ѝ се допаѓа ова.
  17. elenceniki

    elenceniki Активен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Врска од далечина

    Alexa мене ми е чудно како може така да направи. Па добро ти не го познаваше каков е дечкото, кои се неговите од фамилијата дали има сериозни намери. Како така одеднаш него му текна да биде со друга. Не мозажам да разберам. Извини ама не ми е јасно???!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!1
     
  18. Alexa.24

    Alexa.24 Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    12
    Врска од далечина

    Ни јас сеуште не можам да разберам?!?? Сметав дека го познавам добро зашто години пријателство беа во прашање..али тој фамилијарно е заминат во странство..и онака оддалечен од Мк со пријатели и све.. лугето се менуваат! Претпоставувам дека имал врска таму....(иако не приметив ни за момент.. пр. стално ми се јавуваше кога ке заврши со работа: мацо, ајде одам јас накај дома, те чекам на нет :/ ) и така дрн дрн..со саати! Не знам, ме шокира скроз.. Сакаше тој да одам таму..али секако дека за тоа требаше уште време да помине нема да се залетам јас така...и едноставно сакал да си се жени па ми го даде ојаснувањето: мислам дека нема да имаш храброст да го промениш животот со мене. |( Па добро, каква храброст да имам за толку кратко време??!!??? Искрено, и не жалам за ништо сепак кратко време помина...али се е за памет! :fubar:
     
  19. elenceniki

    elenceniki Активен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Врска од далечина

    ВО секој случај (мое мислење е) си требала да се распрашаш малце повеќе (доклку не знаеш кој е што е) во неговото опкружување каков човек е! Доколу имавте заеднички другари да разговараше со нив па од нив да извлечеш некое мислење. Сепак не е сеедно дали живее во МК, Шпанија, Франција или некоја друга земја. Не велам дека си ти крива не ме разбирај погрешно, само кажувам мое мислење. Сепак ти знаеш дали си го познавала доволно или не. Мислам дека сепак си требала да поразговараш со твоите блиски другари, пријатели. Не знам што ти викале твоите за ова штом веќе спомена дека сакал да биде со тебе во сериозна врска? Колку време бевте заедно? Навистина не убава ситуација..........Ти посакувам се најдонро....
     
  20. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Врска од далечина

    Aбе Еленче,шо дека ќе се распраша,што си наумил тоа ќе си направи..Еве и јас мислев дека го познавам,после 5 год. номално така ќе мислиш,ама се изненадив колку не го познавам! И ние имавме планови кога ќе завршам да биди нешто повеќе,а пред околу 2 месеци ми раскина човекот и тоа од нигде никаде,што уште не можам да сфатам...Мора да има нешто друго. И секако,нема да приметиш,далеку си,а има такви што многу добро знаат да глумат.На крај кој ќе се нервира? Тој си направил се за него(егоисти такви мразам! ) а ти ќе се нервираш што заминал со некоја друга.И никој не може да знае освен него,што му се намерите.И плус, едно и зборал неа,друго правел.

    Алекса и јас ти посакувам побрзо да се опоравиш и да си го средиш ти твојот живот.Сигурно заслужуваш некој што ќе е покрај тебе,што ќе се грижи за тебе и ќе те сака вистински. :*
     
    На Alexa.24 му/ѝ се допаѓа ова.