Врска од далечина Точно нема правило меѓутоа таа вика дека го засакала а според кажаното изгледа биле во врска многу кусо. Не кажа колкав период биле во врска откако дошол летово во МК. Сепак и тоа е многу битно за со некој да планираш иднина нели?
Врска од далечина Добро така е,пошто тука се работи и за одење во друга држава,а иначе има и луѓе што се земаат и за кус период.
Врска од далечина Ели апсолутно си во право со муабетот дека требаше повеке да се информирам .. не ни барав некој извор кај што би можела да дознаам повеке за него. се одвиваше некои 2 месеци..Моите и пријателите беа тотално ок и поддржувачки настроени ..зашто го направив овој чекор после скоро година откако раскинав 3 год врска..Како и да е, се научив да не ги свакам трагично овие работи..секој нов ден е убав и посебен сепак, самостојна сум одвоена од фамилија..и сеуште верувам во искрена и посветена љубов .. може така требало да се случи, не бил за мене А кога се сака се може: жив пример е сестра ми, што помина 3,4 пати по 10 дена заедно, еден летен одмор, и посета кај него...странец за кој е срекно мажена сега тенкс на убавото мислење..ти поскаувам се најдобро
Врска од далечина тенкссс девојки прекрасни сте Баш така..ништо не е сигурно ни можеш да кажеш дека го знаеш...Навистина ми е жал што и ти си искусила вакво нешто али идеме со старото добро мото: секое лошо за добро! затоа женски, никој не вреди за кинење живци..се додека не ти стави бурма и имаш деца за гледање..вака од овие будаличишта само ке се учиме и тенчиме за понатаму...да направиме подобар избор учи, работи..гледај да не зависиш од никој..и ке ти биде мирна глава и ке бидеч куул со секоја зезанција и полесно ке понесеш се грлс ран да ворлддддд
Врска од далечина По по по значи се и сешто има....... затоа врска на далешина НЕ.... а што да се распраша кога ништо не сумнњала, се било нормално... па и директно си кажал...тап тап.... јас сега се мислам како ке биди кога ќе се вратам Македонија, ќе го сретнам пак....а пред него не сум јака...оти го сакам, ама планирам септември пак да се вратам сега кај што сум....и да останам уште 2 години, и да се смирам пак ќе биде истото...али ќе се поднапијам и нема слабост тука....хахахахахаххаах ...Живот иде даље
Врска од далечина До скоро имав 2 другарки со врски на далечина и знаев колку е тешко и колку труд мора да се вложи за да успее и ете после толку време,ме снајде и мене истото.Веќе 5 месеци имам таква врска,од кои 3 месеци бевме заедно и за тоа време се зближивме илјада пати повеќе отколку што некогаш бев блиска со претходниот дечко кој беше секој ден тука и со кого бев 3 години.Овие 2 месеца ми поминуваат споро,во чекање,се слушаме и гледаме на скајп секој ден,не викам дека е убаво,ама ако сакаш вистински и ако немаш друг избор ќе се потрудиш,нели? Сега ги одбројувам деновите,за 20денови доаѓа и едвај чекам!! Така да,мислам дека вреди да се препуштиш ако си ја пронашол сродната душа на другиот крај од светот!
Врска од далечина во ваквите врски потребно е преголемо жртвување пред се јаки живци во ваквите врски секогаш има варање бар од едната страна и знам ке речете немора да значи али ипак има и нормално не се вара кога нема со кој а доколку има е тогаш ју ноу во ваквите врски секогаш има забрани од типот несмееш да излезеш несмееш она несмееш тоа ффс а смеам ли да дишам?!?!?! итн итн итн затоа врска од далечина? не брате не
Врска од далечина Секој си има право на сопствено мислење...нешто денес ми тргна со примери да посочувам али ај ке ми простите,се надевам...имам другарка шо секогаш беше против врска на далечина и сега таа има дечко од др град...заедно се веќе две години и јас колку што гледам а и та колку што кажува се гледа дека не си забрануваат ништо убаво функционираат се гледаат се им е ок таа вели дека тоа и е сродната душа...мое мислење е дека ако има доволно љубов се може да се издржи навистина има многу жртвувања ама можеби ако на двајцата им е судено еден ден ке им се исплати тоа...јас поддржувам врска на далечина.
Врска од далечина Хахах сестро пеперутко ме насмеа ТАка е.Таман ќе речиш не повеќе! Никогаш! И ете ти го Господ ти носи пр. некој пак на далечина,ееее ете,сакам пак да те видам дали ќе издржиш Само,на крај барем нека даде некој да се исплати тоа мачење И на тие што викаат не,нема шанси...Некогаш не игра само разумот улога
Врска од далечина Мило ми е што те насмеав .. Jас имав другарка што беше цврсто уверена дека НИКОГАШ нема да и се случи тоа нејзе..секако-се случи..исто и јас,не викав никогаш ама сепак не очекував дека ќе се најдам во таква ситуација..едноставно не знаеш кај ќе те однесе патот тоа е тоа
Врска од далечина Девојки..Јас имам врска на далечина 4 години..јас сум тука во Македонија..тој е во Австралија..па успевам засега..се гледаме 2 пати годишни последниве 2 години.Тој иде тука..јас идам таму.Врската ни фукнционира нај нормално ..сакам да кажам веќе се навикнав на скајп да седам по цел ден.Но секогаш фали нешто кога не сме заедно!Мразам кога идат празници ...Е тогаш имам најголемо чувство на осаменост! Али издржувам некако..пред 2 недели се вратив од таму и сеуште живеам 10 сати напред..Јас мислам дека врските на далечина успеваат само ако вложуваш труд..ако имате меѓусебна доверба..ако имате вистинска љубов..Таа врска треба да се негува повеќе од обичните врски.Верувам дека ќе успеам затоа што иако е толку далеку,сепак го осеќам многу блиску!.,Разделбите ни се катастрофални..другарка моја добра секогаш вика "кога се разделувате,она не е за гледање премногу е болно" Сите што имаат врски на далечина:Верувајте во она што го сакате..далечината е само доказ колку си недостигате и колку се сакате.Клуч на искрена љубов и страст!Поздрав
Врска од далечина Ти посакувам се најубаво,јас сум во слична ситуација...какви ви се плановите за иднина,ќе одиш таму или??
Врска од далечина Не сме единствени butterfly.fly па планира во јуни да дојде пак кај мене..па во август да одиме назад двајцата..тоа е само еден план но се надевам дека ќе се оствари здравје боже..се плашам да не ми направат проблем со визата затоа што не вадам прв пат ..ако дојде до тоа ќе се бара друго решение..ке мора да се регистрираме за да добијам документи..како и да е тешко е многу долг пат поминав.Се гордеам со себеси што сватив колку сум храбра.Како е твојата ситуација?? поздрав butterfly.fly
Врска од далечина Дефинитивно не, до пред некое време имав позитивно мислење, ама од сега чисто и јасно НЕ. Се гледавме значи неколку пати во месецот, и се беше префектно до крајот, неколку недели до пред да се видиме , ме изневери, никогаш нема да му простам, никогаш зато шо јас овде го чекав ко некоја будала, а тој таму си уживаше, проклет да е денот ко го запознав. треба многу нерви и живци, оставање по фб, скајп и сл. И шо дека бев по цели деној и ноќи добив нешто ?? НЕ само поќе разочарувања поќе плачки и слично, и здравје си зедов и се. Поќе ум за другпат. Поќе во ваква врска НЕ.
Врска од далечина Јас не би сакала то да ти се деси, ти посакувам многу среќа, ама ако те сака вервај дека ништо нема да напрај и цело внимание и слободно време шо го има ќе ти го посвети на тебе. Ти посакувам многу среќа, и да си заминеш што побрзо Австралија кај него.
Врска од далечина Јас имам две добри другарки кој имаа врски на далечина и успееа. Двете се омажија, едната во Парис, а другата во Америка. Се запознаа летно време кога сега веке нивните мажи беа тука и одржуваа врска. Едната се омажи после една година, а другата после пет, така да верувам во врска во далечина. Ако некој те сака и има искрени намери со тебе, убаво му е далечината не претставува проблем. Може и да сте комшии и да не успеете.
Врска од далечина Па мојот доаѓа утре и планирам јас да одам пак летово и да останам подолго...може и да се регистрираме за документи ако не добијам виза,или на крај он ќе дојде да живее тука..барем некој период Ти посакувам се најубаво со него и да ви исполни се што си сакате!!!