Врска од далечина Баш ми е драго за тебе .. како и да и важно да сте заедно! поздрав Да да Алондра и јас сметам така.Битно е да си верувате и да се почитувате...Далечината помеѓу две срца не е пречка, туку добар потсетник за тоа колку силна може да биде вистинската љубов!!
Врска од далечина Јас бев надвор од државата една година и врската ми успеа низ таа година.. Искрено според мене, потешко е кога ќе се вратиш - да ја стабилизираш врската, него кога ќе се раздвоиш. Година дена не е малку време, и тешко беше кога се вратив.. Сакаш, не сакаш ќе се промениш, ќе се навикнеш на таа далечина и кога ќе се вратиш ќе биде потешко. Ама со љубов, трудење, и желба се ќе си дојде во свој ред.
Врска од далечина Од искуство не успева и да успее е мноооогу тешко алал да им е на тие парови што и покрај далечината имаат убава врска
Врска од далечина Душевната далечина убила многу повеќе врски од онаа која може да се измери со километри, јарди, милји, инчи итн.
Врска од далечина bas taka jas imav vrska od 6 meseci ali jebiga jas ohrid taja skopje pukna ne mozes so ednas mesecno gledanje da odrzis vrska [mod-kirilica:1jxmry8j][/mod-kirilica:1jxmry8j]
Врска од далечина Гледам дека многу се зборувало на оваа тема па решив и јас како нова форумаџика да го споделам моето искуство....Јас се извинувам однапред ако се повторувам со мислењето но не успеав да ги прочитам сите 65 страни со коментари.....Во секој случај бев во врска со мојот сега поранешен дечко 4 и пол години кои како и секој пар беа и со паузи и проблеми имавме поголеми но некако да кажам ги надминувавме...Но веќе 4 година средно кога бевме отворивме муабет за каде ќе продолжуваме....Да ја скратам приказната тој реши да студира во странство (со тешки маки го убедив јас да оди бидејќи имаше можност и не сакав заради мене да ја пропушти иако тој беше решен да остане) и како и секоја промена ова тешко ми падна, поготово со тоа што на првиот месец откако замина ми беше најтешко бидејќи ја бев свежо почната на мојот факултет и тешко ми беше и прилагодувањето и ми требаше тој да ми каже дека ќе биде се во ред....Како и да е да не се развлекувам многу, таа наша врска на далечина успеа 1 година но најголемиот проблем беше во летото кога ја заминав во Белгија на одмор иако претходно правевме договор да се видиме таму. Нормално планот не беше така како што планирав јас, но остана надежта дека останатите 2 месеца ќе дојде барем на кратко да се видиме....Но поминаа 5 месеци од нашата последна средба а притоа многу слабо користевме интернет најмногу тој бидејќи беше многу зафатен...Секако имав разбирање за тоа што е постојано е зафатен но си реков но имам и јас чувства потреба, а затоа време веќе јас полека полека се оладував. Кога дојде по 5 месеци седнавме разговаравме како двајца возрасни му кажав затоа што ме мачи дека сфатив дека се додека и тој и јас не се посветиме еден на друг (не викам дека и јас немам тука некоја вина бидејќи за караница и за неуспех особено во врската се потреби двајцата)дека нема да успееме со ова темпо а да не го заборавам фактот дека тој по природа беше така љубоморен така да може да се каже the worst combination....На крајот тешко ни беше и на двајцата да го прифатиме тоа но очигледно беше дека и тој исто така се чувствувал. Во секој случај секое искуство е засебно, но сега за сега јас стојам на тоа дека врските на далечина не можат да успејат бидејќи потребно е многу посветеност многу стрпливост доверба разбирање меѓу партнерите и пред се да се заборави на себичноста бидејќи во ваков случај веќе не станува збор само на вас како ви е многу е веројатно дека и тој така да се чувствува но доколку забележувате дека нема прогрес дека чувствата веќе не се исти тогаш подобро е тоа на време да го прекинете отколку да се залажувате дека можеби ќе биде подобро полошо е за двајцата верувајте сум поминала и низ тоа...
Врска од далечина Јас имав врска на далечина која потраја година дена. Ама не верувам дека се раскачкавме ради далечината, него мислам дека друг беше проблемот. Најверојатно се исплаши од нешто, може оти друштвото негово не ме прифаќаше како што изгледаше дека ме прифаќа, или па, од кај да знам. Башка се запиша на студии у Словенија, пиши пропало. После тоа и викал на една другарка дека му недостигаат муабетите со мене, али ја не му зборев. Едно време ми викаше дека му недостигала мојата коса па му реков да си порасне иста таква ако си може и да ме остави да си живеам. Сега сеуште комуницираме, и можда и ја превише се повредив од тоа шо раскинавме, ама уште ми е онака мил, и го почитувам и сум тука за него ако нешто му треба. А изговор главен беше далечината. Е сега, си фати џенцка од тука а он е у Словенија и пак се среќни и весели. Ама да не искочам bitch, само observing the situation беше работава со џенцка му И јас си најдов момак, се надевам више нема нешто да ме мава на живци. А и треба малце поише самодоверба да имам, их што сум дебилче.
Врска од далечина Имам долга врска на далецина и нормално дека ке казам верувам во врски на далецина,но дефинитивно мора да има многу лјубов премногу трпение и доверба дури мислам доверба најмногу,и ретко која врска на далецина би успела
Врска од далечина те подржавам пеперутче....исто и јас имам врска на далечина,многу е тешко кога не сме еден покрај друг кога најмногу си требаме,но сето тоа го накнадуваме на др начин разговор,комуникација,почит...фалат многу ствари нормално..но мора да се верува,да се биде искрен,да се биде силен,трпелив најмногу пред се да биде силна лјубовта и од двете страни...тогаш е се посилно...
Врска од далечина ТЕшко е чеда мои,претешко е,не да е тешко,ама не е невозможно Како што кажавте и вие,треба и од кај двајцата силна љубов,иначе ништо...
Врска од далечина дали вреди да се дописувас со пријател од странство со кој во прво време мислев дека ми казува вистина ама излезе дека све е невистинито . се дописуваме повторно али тој има проблеми со зената и фамилијата . Mи обекава све и јас немозам без него - немозам да не го слуснам или писам .
Врска од далечина Остварливо, ама напорно е, од лично искуство, иако се враќам секој месец, потребно е многу труд, доверба, комуникации, има емотивни заладувања и загревања. Среќа не сум оптеретена со она кај си, што си и сите тие работи, нормално сакам да се социјализира оти дури кога сум таму си сакам мои приватни денови за мои луѓе без него, но сепак треба многу да вложуваш..
Врска од далечина zdravo feminki nova sum na forumov pa resiv i moeto iskustvo da go spodelam so vas,se izvinuvam na site ama nemozev da gi procitam site strani jas pred dve godini i nesto poveke slucajno na fb zapoznav eden decko,t.e me addna,i pocnavme da kontaktirame toj zivee italija a jas bev mk posle 5 meseci dopisuvanje toj resi da dojde vo mk za da se zapoznaeme,makedonec e ama preseleni...i taka minavme nova 2009 godina zaedno i od togas resivme da se stavime zaedno,mi bese mn tesko koga se razdeluvavme oti pominavme 2 nedeli non stop zaedno,toj zamina italija i mi rece ke se vrati brzo jas bev cetrvta godina i toj isto taka posledna ..posle dva meseci pak dopjde,dojde za veligden,za maturata moja dojde ....bese mn tesko da se izdrzii..ogromna dalecina,treba mn doverba da se ima eden vo drug...i na seto ova negovite vidoa deka nie premnogu se trudime eden za drug i resija i mene da me zemat kaj niv pod uslov da studiram se razbira nejkam da ostanam bez fax...i taka dragi moi feminki jas otkako zavrsiv matura bez da znam ni eden zbor na italijanski se preseliv vo italija hahaha i eve me se vtora godina na fax,i sega za sega mi odi dobro [mod-kirilica:3689r6um][/mod-kirilica:3689r6um]
Врска од далечина па бас фино,сте си ја спасиле врската,ако си останала кој знае дали ке сте биле заедно...вака сто си е сигурно
Врска од далечина mene poveke mi bea vrskite so nekoj na dalecina ama najcesto tie ucea vo drug grad pa se viduvavme na 2 dena pa 2-3nedeli ,ne neznam nekako po mi odgovaraa takvi vrski zosto mozev da si gi zavrsam obvrskite ,sepak bev gimnazialka so site ne funkcionirase zs sfakav deka ne bev zalubena vo niv , so eden ne fukcionirase zs me izneveri a pak so vistinskata lubov mnogu dobro vunkcionirase .iako si bev vetila vise e ne vrski na dalecina i bev razocarana toj go znaese sto toa i samiot mi kaza deka ke mi dokaze deka ke bide razlicno i taka bese odvaj cekav da dojde a koga si odese srceto mi se krsese brov denovit koga ke dojde 1godina bevme odoveni a posle se vrati i bevme ne razdvoeni 1god, s posel bese obratno jas na faks pa mi tesko bese da se odvojam od nego ne se naviknavme pak malce poveke problemi i karanici i lubomora od negova strana ama pota postepeno svati deka nema zasto da bide i se namalia karanicite , sto sakam da kazem ako nekoj te saka i odlucil deka ti si edistvenata nema vrska nadalecina ili ne ako nekoj saka da te izneveri toa ke go napravi segde pa i da e 2minuti odalecen od tebe zavisi od custvata i od covekot,ima mnogu feminki koj smetaat deka ne gi podelile svoite custva so nego koga najmnogu im trebale ne bile tuka da i jas go custvuvav toa i toa premnogu, ama da vi kazam deka od druga sama taka poveke stanuvame posilni i poveke mozeme da se spravime so situaciite bez da zavisime od nekoj i pa da trazime ramo za placenje za se posilna sstanuvas i podobro potoa se spravuvas nedajboze da raskines so nego.
Врска од далечина Ништо чудно, за жал не има секакви, не сме сите со исти вредности.. О и те како ова се случува, нешто слично и на мене ми се има случено како на Алеха. И сега сваќам, дури сега дека му бев зезанција, а јас си ја лупав 3 години главата за него. А стварно типот ме мафтал, ама перфиден до бескрај, а јас мирно, наивно, неиживеано се занесував и си правев филмови. Значи се има, секое искуство е индивидуално, и зошто да не и врска на далечина.. Ама тешко е, сакаш тој што го јубиш да го гушнеш.. Немора да има јубомора, немора да има ништо неубаво. Ама што со убавите моменти, кога сакаш да ги споделиш со саканиот, што со одењето на концерт, театар, па и на слава кај некој пријател дури? Ама ајде добро и тоа, што кога сакате едноставно да го гушнете.. Кој почуствувал, најдобро ќе ме разбере. Инаку нетреба да има откажување само дека партнерот ви е далеку. Што ако тој е правиот, а вие го испуштите само заради некоја си далечина. И во животот највеќе се каеме за она што сме можеле а не сме го пробале, само девојки никако со ГЛАВА ВО ЏИД.
Врска од далечина Јас имам дечко од друг град, навистина е тешко да се одржи врската на далечина, сме имале неколку кризни периоди, ама ете некако успеваме да преминеме преку се, така да еве скоро три години сме заедно шо значи кога се сака се се може
Врска од далечина Нова сум на форумов извинете не можев да ги прочитам сите мислења, но еве да ви го кажам моето искуство Јас имам врска на далечина. Летово бев во германија и ја запознав љубовта на мојот живот Тој е германец, не е македонец но функционираме одлично, во врска сме веќе 7 месеци и јас сум пресреќна. Тој довага на секои два месеци во Македонија и седи по две недели, јас ќе одам наредното лето во Германија пак ќе седам цело лето, секојдневно се слушаме на skype по цели денови правиме муабет па живи и здрави да завршам факултет наредната година па можеби и ќе останам . Тој дури почна да учи македоснки за да се разбира со моите пријатели и фамилијата .Еве ви уште еден доказ дека кога се сака се се можи.
Врска од далечина Често читам по форумов ама не сум активна е па вака, тоа што сакам да кажам е дека планирам летово да одам германија за работа и му кажав на дечко ми и тој ми вика добро ти си знајш ама некако подналутен ми е а веќе година и пол одиме, и воопшто не ме прашува ништо едноставно ја игнорира темата и стварно нз што да направам, незнам како ќе биде ако отидам како ке комунцираме дали ќе се промени одосот меѓу нас сварно многу ми е тешко и од сега мислам ако не се знај дали воопшто ке одам или не. Па очекувам совет стваро нз што да направам како цел свет да е врз мене