Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска на далечина

Дискусија во 'Врски' започната од Mireto, 21 ноември 2009.

  1. mucacita

    mucacita Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Врска од далечина

    ако имате доверба еден во друг нема да има никаков проблем што кр бидете разделени три месеци. Претходното лето бев со другарка во германија која има долга врска, дечко и остана во македонија, се слушаа редовно на skype си недостигаа нормано али немаше никаков проблем, и еве се врати таа и сеуште се заедно. А немој ни најмалку да се мислиш дали да одиш или не заради дечко ти. Можеби нема да останеш со него цел живот и после ќе се каеш многу ако не отидеш. Ако се сакате доволно и ако си верувате ова нема да ви биде никаков проблем, напротив повеќе ќе се зближите
     
  2. ivance5

    ivance5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    200
    Врска од далечина

    Верував дека може, но по примерот на моја блиска личност, сфатив дека нема логика.
     
  3. Anna21

    Anna21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Љубов од далеку или слично!

    Мината год бев во шпанија на одмор, бевме на скара со друштво...Таму го запознав него тој е од таму шпанец, си разменивме броеви и МСН. Контактиравме на тел ѕ на нет 5 месеци, после 5 месеци тој го направи првиот чекор дојде во СК, остана 1 недела се бесе ок...Јас после 2 месеца отидов таму кај него и многу за каравме имасе недоразбирања и од него и од мене, проблемот е со ми вика дека многу ме сака мада и јас него но не го показува тоа или доказува...Ме однесе кај неговите дома ја запознав неговата фамилија, се ок тоа но некако кога се писуваме или зборуваме како да не ме свака или сеедно муе, незнам дали ме разбирате ве молам писете дали има некој слично ко мојата историја, дали е мозно да останеме заедно иаоко сме далеку, за сега сум јас во Ск а тој таму, незнам што ке биде некако се плашам дека се ке се уништи а го сакам премногу ве молам за совет...Дали да го заборавам или да се борам да останеме заедно.позз
     
  4. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    Врска од далечина

    ако го сакаш и ако мислиш дека вреде да се бориш за таа врска тогаш-БОРИ СЕ!!! и мојата на почеток беше врска од далечина и овде на темава гледаш дека ги има многу па скоро пола од овие врски завршија и со брак или заедничко живеање...така да ако се сака се се може...
     
  5. malecka.rak

    malecka.rak Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Врска од далечина

    Здраво феминки, 1 пат пишувам на темата, си фатив дечко но тој живее во Италија и е помал од мене се плашам дали ке успееме заедно бидејќи јас секој ден се повеќе го сакам, и почуствував дека контактот не е исти како во живо сепак и скајп и мсн не се исти како кога ќе го видеш и гушнеш, едноставно се плашам :( Се чувствува ли некој како мене
     
  6. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Врска од далечина

    Eден мал примерок не е доказ дека таква врска неможе да успее
     
  7. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Врска од далечина

    Мислам дека за да успее ваква врска треба да постои многу силна љубов,а пред се јаки карактери од двете страни.Сите сме сведоци дека голем број на вакви врски успеале,а за жал многу и пропаднале.Лично јас немам вакво искуство,а сите вие кои се наоѓате во ваква ситуација доколку мислите дека вреди БОРЕТЕ се до крај!!!!
     
    На Zoza му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    ...и да додадам, и само мал дел и од "нормалните" врски успеваат. Голем број пропаднале. Така да ништо поразлично и кај оние на далечина. Ако се сака - се може. Ако не се сака - и во иста куќа да се па нема да успее.
    Мене многу врска на близина ми пропаднале, сегашнава на далечина ми успеала.
    Сепак нели она "успешна" е малку тешко да се дефинира, ама што, ми трае повеќе од 5год и штом сум уште среќна и заљубена, јас ја сметам за успешна. Без разлика како ќе заврши.

    И многу гледаат да далечината како да огромна маана и хендикеп. Ама верувајте и тоа си има некои предности
     
    На Noemi, mucacita и Zoza им се допаѓа ова.
  9. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    3.606
    Пол:
    Женски
    Јас имав таква врска.. Врска на далечина... Воедно тоа ми беше и првата врска.. Мислам, знам дека може да опстои таква врска... Верувајте, доколку постои искрена желба за да опстои таква врска и од двајцата партнери тогаш таа врска ќе трае и трае...

    Јас бев во таква хармонична врска скоро три и пол години... И воопшто не зажалив..Мислам дека и далечината повеќе не поврза... Три години живеев како во бајка.. Сепак, исходот е таков каков што е :| но ќе кажам, која и да се сомнева дали да влезе во таква врска нека прифати..

    И да заврши со прекин, барем ќе ви остане искуство дека сте пробале и нешто потешко..
    Не знам колку бев разбрана, но.. Луѓе сакајте се, краток е животот да се мислите дали љубениот ви е далеку или не..Ако ви е судено, цел живот ќе го имате...
     
    На mucacita и Irida им се допаѓа ова.
  10. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    Па ако си се заљубила не си ти виновна.Сигурно држите контакт,а и може да дојде во Македонија или ти во Германија.Јас мислам дека врската на далечина е послатка. :angel: Немој да ме сватиш погрешно само сакам да кажам дека љубовта е тогаш поголема.:)
     
  11. lloovveellyy

    lloovveellyy Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    12
    Далечината на врската и го прави истото што и ветерот на искрата. Ако искрата е малечка кје угасне, а ако е голема повекје кје разгори. :) јас искрено се надевам дека поракава не е напишана туку така, чекам да дознаам дали кје ми дадат виза за да одам во странство и да учам таму па потоа да направам документи што значи 4 години минимум нема да можам да се вратам тука за да го видам дечко ми, тој знае не ми вели да не одам но не ми вели ни да одам, го погодува темава многу а секако и мене. Јас цврсто сум убедена дека кје ме чека да се вратам иако тој има сомнежи дека кје останам таму и кје најдам друг или дека кје бидам со некој друг во мегу време. незнам можеби и нема да ми дадат виза па кје останам тука којзнае. но јас мислам дека кје успееме доколку заминам. Барем што е до мене јас никогаш не би го изневерила ниту пак би го погазила мојот збор кој му го дадов пред некој ден (дека кје се вратам само заради него).
     
    На Anna21 и mucacita им се допаѓа ова.
  12. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Искрено верувам во ваква љубов , и покрај тоа шо моја блиска другарка имаше од Србија дечко али не успеаа за жал . . . Јас мислам дека ако се сака се се може. Далечината не претставува никаков проблем за љубовта , се разбира ако таа е голема и искрена :)
     
  13. 1-Lady-in-red

    1-Lady-in-red Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    44
    Јас верувам во ваква љубов,затоа што и реков ЉУБОВ затоа и верувам :D ако е тој љубов нема да пречи ниту далечината ниту километрите ;) Важно е да си со тој што го сакаш па каде и да е,што ке ти е да си со некој што и пред куќа ке ти живее а ти нема да го сакаш????? ;( жално .... а вака каде и да е ќе знаеш дека си со некој што го сакаш :inlove:
     
  14. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    4.542
    Мојата врска на далечина... заврши. Од искуство, дефинитивно не е за деца до 23 години. Толку ќе кажам :)
     
  15. prettyrockgirl

    prettyrockgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Не се лажете врска на далечина никогаш не успева..кога тогаш секогаш и иде крајот..верујте..никој нема толку големи чувства за никого за да остане доследен на своите ветувања
     
  16. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Успева.
     
    На Divinebutterfly и ludoto19 им се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    А зошто поставуваш возрасна граница?
    За ваква врска, треба да се има потполна доверба во партнерот, а довербата лежи врз основа на зрелоста.
    Зрелоста е индивидуална. Сите машки не созреваат во 23тата.
     
  18. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    4.542
    Мажите никогаш не созреаваат. Граница поставив затоа што секогаш некој или двајцата се на факултет и неможат да го напуштат се додека не го завршат или се мали. Најчесто кога женското е во Македонија, родителите не ја пуштаат до одредена возраст или додека се земат. А тие на 20/21/22 сигурно нема да се земат? А кој родител би го пуштил своето чедо кај некој да седи на нивна сметка а не се ни во брак? Доверба имав многу, премногу за разлика од други мои врски. Мислам дека ме повреди што никогаш нема на машко да му верувам. А можеби и доволно за да не излегувам.
     
  19. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Да бидеш верен не значи да бидеш глупав...Туку значи дека си зрел и дека знаеш да го цениш тоа што го имаш....Лично јас мислам дека може да функционира врската на далечина само треба да се има доволно доверба во партнерот,иако сте одалечени еден од друг ќе се слушате ќе кумуницирате можеби нема да се видувате секој ден ама животот е таков кога се сака се се може далечината ја разгорува љубовта си недостасувате еден на друг едноставно сваќате колку си значите,колку ви е потребен партнерот,колку можете да издржите без него.
     
  20. Mezzaluna

    Mezzaluna Активен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    8
    Јас и дечко ми сме во врска на далечина веќе 2 години и супер ни оди,не делат 100 км,се гледаме еднаш неделно,контактираме преку интернет или мобилен,ниедна наша караница до сега не траела повеќе од 1 час,имам доверба во него истотака и тој има во мене..Паа така што уште да кажам..успева..Врска на далечина може да опстои ако имате желба,доверба и трпение.. :)