Се согласувам со тебе. Уште колку ли само ги имааа.... Е тоа е, инаетот понекогаш ме издава А баш би сакал да издржам и да си продолжам сега засега САМА понатаму п.с. незнам за вашите, но дознав дека мојот се вратил во МКД е сега потешкиот дел доага
Ајде издржи, само не се затворај дома, да не мислиш на минатото. Олеснителна околност е што доаѓа пролет, има сонце и не се седи дома, башка сите се повесели автоматски Гледај да не одиш на места каде што мислиш дека тој би се појавил, или каде што сте излегувале заедно да не ти се враќаат bad филмови. И... не заборавај, пак ќе има љубов во твојот живот!
Далеку полесно е вака кога ќе си ги споделиме искуствата.Ма и не е баш толку тешко. Ајде има уште некоја која раскинала?
Имав јас неколку врски на растојание или далечина ... Лесно е додека не се сериозни, а кога се сериозни тешко оди преболување за жал ... ама може со време да се стане имун на него и се што ве поврзувало. Само треба да сфатите дека е готово и да одите напред со животот.
ехх izgubena5555 баш е тешка твојава ситуација,потполно те свакам оти и јас бев во иста таква финансиска состојба и да не беше дечко ми немаше никогаш да дојдам во италија...јас несакам да те разочарам ама јас мислам дека тој нашол некоја друга,се заработува во америка имав јас другарка што беше таму,мислам дека не е до парите,ке се најде начин ако те сака..јас мислам дека поминало појќе време и не сте се виделе и тој таму си има друга ама нејке и тебе да те изгуби ..збунет е ..разговарај со него,ти најубаво си ја знаеш целата работа ..ти посакувам срека ...се надевам ке заминеш во америка кај него и ке бидете мн срекни.пиши ми што ке направиш
Дома затварање, тоа никако, не сум од тие. Избегнување на заеднички места, тоа секако, е сега ме „плаши“ тоа што најверојатно тој нема да ме избегнува очекувам негови чести посети таму кај што работам А ако издржам и ако не се вратам назад наредната година се мажам за првиот што ке ми застане на пат пошо гледам од овие долги врски аир нема
Јас имам веќе 2 год врска на далечина, се гледаме на секои 3 месеца по 20 дена , али за тија 20 дена шо ке се видиме надокнадиме за тие 3 месеци хехеххехе преубаво ни е , напочетокот мислев нема Шанси да успее но МНОГУ СЕ САКАМЕ И ЗАТОА ДАЛЕЧИНАТА НЕ НЕ СПРЕЧУВА, КОНТАКТИРАЊЕ ПРЕКУ МОБИЛЕН, СКАЈП, АЛИ ЗА ВРСКА НА ДАЛЕЧИНА ТРЕБА МНОГУ ДОВЕРБА ЕДЕН КОН ДРУГ ЗА ДА УСПЕЕ ВРСКАТА БЕЗ ДОВЕРБА ВРСКА НЕ УСПЕВА ПОЗДРАВ
Мене ми се случи за време на камп во Даљан да се „запознаеме подобро“ за некој 10-15 минути муабет одкако се видовме а предходно пишувавме 4 месеца на чет. Многу случајно и рандом.Таа девојка да беше од мојот град........................ НО ЕТЕ ..се немаат пари за леб а не за 500 ден. пат секоја недела
Мојата врска што беше на далечина а сега е во „живо“ пак започна и се надевам ова ке е ПОСЛЕДНА караница затоа што мислам дека на следната кавга нема да има назад . Сега е овде на одмор, ке си оди за две недели, е како ке се одвиваат тогаш работите и дали ке биде се како што треба ке бидете навреме известени. Сега за сега е ок и добив ветување од типот „НИКОГАШ ВЕКЕ НЕМА ДА ТЕ ПОВРЕДАМ И КЕ ТЕ ЧУВАМ КАКО ОЧИТЕ ВО ГЛАВАТА И НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ НИТУ ЕДНА СОЛЗА ДА ПРОЛЕЕШ “ па да видиме ДРЖЕТЕ МИ СРЕКА мислам дека заслужив конечно таков живот да имам
За или против врска на далечина? Знам дека е малку глупаво можеби ама верувам и дека не сум единствената која се соочува со оваа проблематика наречена врска на далечина (long distance relationship). Јас на некој начин го искусувам се тоа на моја кожа само што сеуште не сме официјализирале дека сме во врска. Проблемот е што сме совршени еден за друг, буквално сме поврзани ептен АМА он живее во Америка. И ај сега види го ксметов...Сакам што повеќе мислења на вас женски затоа што сигурна сум дека има уште многу напатени душичи што се во дилема што и како да направат. ПОМАГАЈТЕ! Фала ви однапред.
Мила и јас сум имала таква врска за каква што се спремаш ти. И тоа од истиот тип, совршени еден за друг, дури и речениците си ги довршувавме. Но еден искрен совет, прекини и останете пријатели па макар и флерт пријатели додека не е касно. Нацртај си една линија во срцето и не дозволувај да ја преминеш, зашто по неа следи само разочарвање и болка од немоќта која ке ја чуствуваш зашто не сте заедно (физички блиски) Јас верувам дека не само он туку уште десет како него можат да бидат потенцијални soul mates, светов е голем. Но очекувањата за да сме среќни најпрвим треба да ни се мали и скромни. Ако не си во можност со 100% за месец, два да отпатуваш и да си го дадеш потребното време за да станете еднакво блиски во живо како и преку нет, тогаш не се нафаќај. Нејќам да ме сватиш погрешно, ова е моето искуство и јас бев во врска 1 година кога сватив дека све се сведува на ветвања, мечти и илузии. Најди си сродна душа тука, верувај ако ги има во Америка мора да ги има и тука Јас си најдов, и не се каам што ставив крај на таква врска, и јас и он сме сега посреќни од кога било. Ти посакувам се најдобро!
Јас се изгорев еднаш со таква врска на далечина, и повеќе нема ни да ми текне да се осмелам на таков чекор
зошто така и викаш да прекине и да сведе се на пријателство..можеби твојата врска не успеала за жал ама можи нејзината ке успее,никогаш не се знае што те чека во животот...зависи од многу работи..од дечкото,финансиите..еве на пример и јас имав врска на далечина и ми успеа после година допишувања и мачења,тој беше иницијатор јас да одам во неговата држава и таму да студирам за да сме заедно....тешко е ..навистина е тешко даа се одржи една таква врска ама се може
Знам дека тоа е златно правило, ама болката беше преголема. Плус мачењето беше тоа што не можеш да си го видиш саканиот, да го гушнеш или бакнеш, месеци дури и години поминаа откако последно се видовме, па слушав само празни ветувања, се додека не си најде некоја од таму, и јас останав како некој идиот. Па фала му на Бога, сега си имам дечко од тука, со кој сме заедно година и пол. Секогаш е покрај мене, заспивам покрај него, се будам покрај него. Кога сум тажна има кој да ме гушне, кога сум среќна има кој да се радува со мене. Едноставно, тоа е тоа. Се случува нештото, а не е само едно празно ветување Се разбира, странецов сфатил што изгубил тек откако го оставила таа, но и откако јас си најдов некој кој навистина го засакав. Па така сега може само да ми кука и да ми се жали преку и-меил. Тркалото се врти. Сепак, не би поминувала низ истото повторно. Само сакам тој што го сакам да е до мене, а не километри далеку
Верувам! Мојава трае повеќе од 3 и пол години. Многу прекини, многу смирувања, многу љубоморни сцени, ретки гледања, а и период на ретки слушања, а не бевме скарани, решивме да оладиме полека, полека. Но, не фунционираше. Реши да замине и надвор од државава, тој е од друг град, но се откажа затоа што не функционираме ако не се слушнеме. Сега ни е некој тапа период, јас болна, тој со обврски и 3 месеци се немаме видено. Нормално се ладиме, јас само се жалам, а тој ме нервира затоа што не покажува емоции и е рамнодушен. Но, на крајот битни сме си еден на друг. И да раскинеме никогаш нема да се каам за времето поминато со него. Никогаш не ми бил само дечко, секогаш ми бил пред се најдобар другар.
Затоа што ако не успее болката и разочарувањето е преголемо, дупло ако не. И работата е во тоа што после и да сакав да продолжиме да бидеме пријатели не успеав во тоа, а сепак ти недостига и се сеќаваш на секој детал. Врската на далечина се гради на тие сеќавања и секое ново видување содржи нешто што ќе ти остани во ум и срце. Можеби на тебе ти успеало и баш ми е мило, но други и не се така среќни дали финансиски, дали од семејни проблеми, дали чисто од немоќност да се смислат во туѓ свет. На девојката и го дадов мојот поглед за врската, се разбира ќе прочита и попозитивни коментари. На крај овие работи прво добро се ставаат на кантар и добрите исходи и лошите. Мојата идеа беше дека ако се одлучи дека можеби еден ден и не вреди да се чека и дека се чуствува премногу осамено и изгубено во далечината меѓу нив, да не се чуствува виновно и иден пат да ја побара љубовта на некое друго место, затоа што верувам дека има повеќе сродни души и дека некој ќе се најде еднакво добар ако не и повеќе колку сегашниот. Ова е мое мислење ако грешам, човек сум ќе ми се прости. Сепак не бев само во една врска на далечина туку во три и знам со сигурност дека ако во брзо време не се оствари таа блискост која фали, се полека ке почне да наликува на далечен сон и илузија.
Ох колку искрено верував- во знаци , во запишано во звездите, во сила да го повикаш со мислите Спојлер што често ми успеваше , верував дека ништо не е случајно , едноставно верував во врска на далечина....сега сеуште в е р у в а м ..... но тоа им успева само на д р у г и т е.... мене НЕ
Neznam sto da kazam..okolu ova tema. Jas isto taka prekinav pred nekolku dena vrska na dalecina od godina i pol dena.Bolkata e golema i teska.Seuste potsvesno se nadam deka mozda ke pise ke se javi.Mi falat negovite nezni zborovi negoviot glas i osmeh.No znam deka ne e taka, deka ima druga tamu i deka mozda poveke ne ni misli na mene..Iako taka strastveno me sakase... Golema podrska imav za mojata vrska na dalecina od moi dve prijatelki, koi isto se vo takva vrska.Ednata veke se omazi i srekno zivee vo Svajcarija (mazot i e Svajcarec) a drugata e verena i sega momentalno e vo Belgrad. I dvete bea vo vrska od godina dena pred da se omazat. Ali ete za zal jas ja nemav taa sreca.Mozebi e se do sudbina i karma. Samo mozam da kazam deka dokolku nisto poseriozno ne se sluci do godina dena..se ponatamu e iluzija. [mod-kirilica:8f84hgq6][/mod-kirilica:8f84hgq6]