Тука дефинитивно некој не почувствувал што значи врска на далечина.Кога ќе ве видам дека ПРЕМНОГУ ви е тешка врската Скопје-Куманово или било кој град ВО МК значи не надвор од државичкава еве оваа фаца ја правам Па и уште 60км било далеку Бог да чува! Да земам да ви објаснам јас што е врска на далечина. За се што се сака се може,ако си цврсто убеден дека тоа е тоа што го сакаш МОЖЕШ и не ми се правете тука далечината го правела своето зашто ми се дига косава од ваквите муабети.Утре ќе се омажите и може мажот ви ќе оди да работ во друга држава.И тогаш далечината ќе си го прави своето?Ќе се оставите дека далеку сте?Ајде ве молам,никој не умрел за бакнеж или секс,поготово ако личноста што ја љубиш поради оклоностите не е тука.Не се идржувало,како па да не.Тоа само покажува дека врската воопшто не била вистинската,без разлика дали е тука или подалеку. Ако си емотивно зрела личност,ако знаеш што сакаш и ако гледаш иднина во сопствената врска,ако си сриозен МОЖЕШ!
Целосно те поддржувам во мислењето. Ние со дечкото сме оддалечени 160 км се гледаме еднаш на две недели,а имало и периоди кога не сме се виделе месец,два дека одреден период учеше и Ск. и ред други околности не спречувале да се видиме ,па ете скоро 5 години функционираме.Значи ако се сака се се може и пред се е потребна огромна доверба и разбирање за да успее таква врска од двете страни и како што кажа ти thinkerbell треба да си зрела и сериозна личност.
их што сте ми интересни со муабетиве .. на далечина .. и трајноста на врските.. само ме интересира, ова го споделува и некој/а што има над 25год .. завршен факултет, работа, кариера, кола, самостојна или онака, детски муабети и желби ?? Може јас сум престрог или пак.. можеби животното искуство како машко, маж, кој ете, нели, се дружи повеќе со машки и гледа како се однесуваат и што се праат , некако .. ДАААЛЕКУ од тоа дека сум убеден дека врски од крај до крај на Скопје, каамо ли различни градови од МКД, да не спомнувам за други држави .. се така успешни и чисти ко се, горе наведеново .. хмммм .....
^^ Е видиш има и исклучоци. Има многу примери на вакви врски финкционирале и покрај сите препреки и тешкотии, подобро и од врска во исто место. Само е потребна стабилност и зрелост од партнерите. Знам примери на врска од исто место, а се одвивала како врска на далечина.Зошто? Затоа што се гледале еднаш во месецот ... незрели, лабилни и себични. Тоа е врска?? Нема генерализација, има само успешни и исполнети или неуспешни и празни врски, било да се од иста околина или на далечина.
Дефинитивно врската зависи од двајцата и од нивните карактери и колку се зрели и свесни во сто се впустаат,далецината понекогас и позитивно влијае на врската,зборам од сопствено искуство,а тоа сто во денесно време ретко која врска функционира се е некако пореметено,тоа нема врска со далецината,едноставно таква е денесницава и младината
Зависи од луѓето, од карактерот и колку се тие посветени на врската, односно колку сакаат таа да успее. Од мое лично искуство, овие врски можат да успеат. Мојата успеа, веќе сме во брак - кој исто понекогаш функционира на далечина, и тоа далечина од илјадници километри, на различни континенти. Ако сака некој нешто да прави зад грб на партнерот, може секаде да го направи. Ако во една врска има притисоци, болна љубомора, премногу чести контакти, испитувања и недоверба, но и преголеми очекувања - нема да успее ако двајцата се во ист град, а што останува за врските на далечина. Не е сè во физичкиот контакт
Ете јас ќе ти одоговорам немам над 25 години туку имам точно 25 и имам завршено факултет, сум самостојна личност и со дечкото како што кажав веќе сме скоро 5 години заедно па можам да кажам дека функционираме многу добро.Нормално секоја врска си има свои успони и падови, но ако си доволно зрел и свесен каква ти е врската и со каква личност си во врска ништо не е тешко.Јас и тој се трудевме иако беше тешко сакавме и успеавме Значи ако се сака се се може,не се сите луѓе исти и со исти размислувања.
ги имам примерите со држави.. како што сите девојки не се исти така има и машки.. сепак до колку се има љубов вистинска а не само корист тогаш та а врска може да трае вечно... еве јас сум на врска далечна која трае 4 години и се разбира дака имаше кавги(па ива во близина а не на далечина)но како што јас го сакам и почитувам исто така и он мене ние останавме заедно... значи треба љубов,верност и секогаш еден за друг...како што јас правам он што сака така он за мене..тоа значи љубов да се жвее еден за други и да се биде заедно
Струмица-Кавадарци е релацијата што се влече помеѓу мене и дечко ми. Тоа е домашната, а таа образовната е Велес-Скопје. Но јас не ни имам чувство дека имам врска на далечина. Се гледаме некогаш и по два-три пати неделно, тоа кога сме Велес-Скопје,дека е близу, но еве и вака кога сме по дома не е некој проблем. Со разбирање и трпение се може да се реши. Ептен ми е мило што воопшто го немам тоа чувство дека имам врска на далечина.
и мојата врска беше на далечина 4.5 години а сега веќе брак врската на далечина има свои предности и мани но сепак се е во двајцата кои ја сочинуваат врската, колку се тие зрели и колку им значи човекот што се во врска Во ваквата врска имате многу повеќе време за да посветите на себе , исполнето а сепак сакано иако од далечина. во исто време си врзан а имаш и слобода никој не те спречува да си ги оствариш своите соништа , го нема притисокот од секојдневните стресови и проблеми, од кои често можат да произлезат кавгите + бара од двата партнери оригиналност во искажување на љубовта. сето ова го имам искусено со мојата врска - излегувања со другари и другарки без болно љубоморни искази напредок во кариерата и во друга земја без забрани и закани од типот "оди ако сакаш ама кога ќе се вратиш мене нема да ме најдиш " - одење заедно на одмор но и со друштво посебно...и сл..
Врската на далечина според мене општо како за темата кажано е не одобрена. Е сега од секое правило има и исклучок така и од моето. Доколку се работи за двајца сериозни личности и кои врската ја сфатиле сериозно нема да има проблем. Се разбира дека е потешко ваква врска да опстани но рековме има исклучоци. Mrs.Bass можеби кај вас не го прави тоа врската на далечина туку самите вие, ова се што тие кажано зависи од вас и од вашите карактерни особини. Врската ќе биде позитивна или не зависи само од вас а не вие од неа тоа сакам да кажам. Да не ме сфатиш погрешно како да се нефрлам врз тебе Јас со досегашните мои другарки не можев да излезам баш од тие нивни дечковци (каде си, со кого си, до кога ќе се задржиш и на секои 5 миниту телефонски повици). Без разлика каде сте и колку сте оддалечени еден од друг довербата и искреноста ја одржуваат врската. И да те сака неизмерно кога нема доверба во тебе и кога се лажите еден со друг се пропаѓа во вода.
Ако врската на далечина успее тоа е доволен показател дека таа љубов е вистинска и ги надминала сите пречки што постојат. Сум за ваква врска само ако знае да се одржува.
Како да си помогнам себе си веќе незнам навистина...Мојава врска е на далечина, јас Лондон тој Мк. Заедно сме веке 2 год, се сакавме но овие неколку месеци навистина ми треба некој кој што ке може да биде овде со мене да ги следи моите успеси, мојата среќа, тага и да биде со мене кога ми е нај потребен..Се видуваме 2 пати во годината во лето и во зима но тој вели ке ме чека не му треба никоја..Не е проблемот во него туку во мене. Мене ми треба да имам некој овде сепак имам човечки потреби тоа е нормално а и не сум стара сепак имам 17 год и незнам што да правам..Можеби ке речете сеуште сум млада за таква врска и дека не би требало да размислувам за тоа но јас одам со него уште кога бев 15 год.Имам другари од овде, излегувам, се дружам но желбата и идејата да имам некој од овде е многу посилна. Неможам веке да издржам во дилема сум незнам што да правам како да си помогнам себе си? Ајде некој што е искусил ваква врска нека ми даде некој совет - може ке ми помогне. И секако прашањето дали сеуште го сакам мојот дечко- нема одговор. Кога си дојдам во Мк на 2-3 нед, тогаш го сакам премногу неможам ни да ја опишам љубовта, но кога се вратам пак во Лондон -љубовта едноставно ја снема. Така што за тоа време што сум тука всушност цела година не чуствувам никаква љубов но кога си отидам во Мк незнам како да ги опишам чуствата незаменливи се. Но тоа е само на 2-3 нед а што е со целава година додека сум овде? Ве молам дајте ми некој совет ASAP!
Мојата врска преживеа една година на далечина додека јас бев на магистерски студии во Франција. Не велам дека беше лесно, но мислам дека не зајакна многу повеќе, знаејќи дека штом го издржавме тој период можеме да поминеме преку се. Како прав романтичар јас решив да се вратам во мк заради него, и заради него сум најсреќната жена на светот секој ден, од неодамна и сопруга.
Оправдувам од различни градови, но од различни држави - не. На пример, јас сакам да имам девојка од Скопје, затоа што во мојот град тешко дека има ЛГБТ луѓе.
Па донекаде и јас ја оправдувам врската на далечина.Но не голема далечина значи под далечина подразбирам од различни градови.Што знам.. така некако би било повозбудливо.Нема да си здосадите еден со друг.Ќе се гледате на скајп,ќе се слушате,тој ќе дојде кај тебе,па ти ќе отидеш кај него и тако даље..Мада не ми штима многу врска на далечина од различни држави.Тука подразбирам ти Македонка тој Италијанец и обратно.А доколку двајца се во врска па од оправдани причини едниот оди во странство зошто да не се обидат да ја надминат таа далечина ако се вљубени еден во друг.Ако ја пребродат таа љубов тоа би било само еден доказ плус дека нивната љубов е вистинска.
Преживува и мојата врска на далечина, од март дечко ми е во странство јас овде, преживуваме, скајп Мсн, скоро секој ден, поминавме многу работи заедно, и мислам дека ова воопшто не ни претставуваше проблем, еве сега на 21 август си иди.. Во текот на овие 5 месеци да речам немавме проблеми воопшто, ми верва, му вервам и нема потреба од ништо да се плашам, а и тој исто така... Сите се чудат ко ќе му кажам дека толку време го немам видено, бакнато и сл, ми треба многу на моменти, оваа година бев матурантка, а тој не беше со мене да ги делиме тие прекрасни моменти заедно.. Плачев, ама знам дека поубај моменти од то не чекат.. Со ова ќе докажиме дека нашата љубов е неминлива и вистинска.. И далечината е ништо во однос на љубовта.
Jas imam vrska na dalechina veke 1 godina i nekolku meseci. Od pochetok bese super, no toa sto mnogu retko se gledame sega veke pretstavuva problem. Toj pochna da me gushi se povekje i povekje. I navistina neznam shto da pravam. Sakam povekje sloboda. Ne sum tip na chovek sto ako dechko i ne e do nea, ke se zatvori doma, po cel den muabet na telefon. Sakam izleguvanja, odenja v disko :/ Navistina neznam shto da pravam [mod-kirilica:33xbvlkn][/mod-kirilica:33xbvlkn]
Колку врските успеват зависи од личностите, ако е доволно силна врската ќе успеат бидејќи кога се сака се се може нели? Ги подржувам ваквите врски и браво за нив што се храбри да ја прифатат далечината како нормална работа. Подобро е да имаш некој што е со километри одалечен од тебе, ќе го видуваш еднаш во недела, месец, но ќе го сакаш-тоа е љубов и храброст, а што ќе ми е некој и пред врата да ми живее а да не го сакам?
Може да успее ако се сакаат и ако се одлучиле на верност и си веруваат. Да,има врски на далечина,да тие си се сакаат најногу на свет кога ке се видат,да има некои и кои уживат во прегратките на друг додека другиот е настрана. Мене лично ми беше тешко. Не е тоа тоа. Се издржува ама кај без да се закачеш,без да се насмееш со него,без да тропнете некоја глупост,без да му ја вифиш фацата кога се лути. И битно е да си верувате, да сте си верни. Така ако не сте верни,зошто да се во врска? Иди терај со другите и крај. Нема шо да си губите времето само. Така да се е до личностите во врската.