Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска на далечина

Дискусија во 'Врски' започната од Mireto, 21 ноември 2009.

  1. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.029
    Пол:
    Женски
    Колкава е таа далечина,лејди?Се разбира дека не треба да се затвараш дома,мислиш дечко ти седи дома и те чека на телефон?Да,сигурно :rock: .
    Раскажи конкретно што те мачи,дечко ти ли кажа да седиш дома,што се случува :geek:
     
  2. Sharlot-1

    Sharlot-1 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Доколку има љубов секако дека може да се успее. Потребен е труд и желба ,барем денес имаме премногу начини на комуникација со кои секојдневно можете да си ја зголемувате желбата еден за друг, да си недостигате, да ги броите дури и секундите до следната средба,сето тоа е тешко,но сепак слатко,па кога ќе поминете низ тоа , ете тогаш ќе биде БУМ. :)
     
  3. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Па не значи ти ако имаш дечко треба 24 часа да бидеш со него или пак да не излегуваш од дома!Од кај тоа правило го извадии не ми е јасно?!Па ти изегувај си со другарките , дружи се не се затварај дома.Е сега ако тој го бара тоа од тебе да седиш дома , тогаш е веќе друго.НЕ му го дозволувај тоа ти не си ничиј затвореник.Ако е така тргни се од него понавреме , за да не биде потоа доцна.
     
  4. purple..m

    purple..m Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Верувам во таква љубов.. се вели кој пробал знае, нели ? :) Малку е напорно, но ова интернетов чуда прави :P Сега не е исто како кога е овде, но врши работа :D
    Е сега јас и дотичниот господин малку ја зафркнавме работата, но причината не беше далечината.
     
    На Sharlot-1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. srci

    srci Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    0
    Далечина

    Се запознав со едно момче кое е две години постаро од мене. Убаво го поминавме времето заедно. Проблемот е во тоа што сме од два различни града и тоа на две спротивни страни од земјава. Тој сака да бидеме заедно исто и јас. Но како ќе успее таа врска? Не верувам повеќе од два пати во месецот да се видиме. Се слушаме скоро секој ден преку телефон и комуницираме преку социјалните мрежи. Не знам што да правам. Дадете ми некој совет.
     
  6. Diamondkiss

    Diamondkiss Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    39
    Имам мал проблем, се слушам со едно дете од Унгарија, преку скајп, и веќе поодамна, и некако имам чувство како да се заљубувам. Не знам што да правам..сепак сум помала и што ако навистина се засакаме, што ке правам тогаш?!?!? Неможам да патувам јас......;( :( :(
     
  7. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    Вљубена сум во едно момче,а тој е од друг град... :|
    Сепак,тоа не ме спречува да го сакам повеќе од се...
    Порано бев против врските на далечина,дека сепак друго е да имаш некого блиску до себе,да можеш да го прегрнеш,да можеш да го бакнеш кога ќе посакаш,а лошо е и тоа што ако тој е далеку од тебе незнаеш ни како му е таму,ни што прави,па можно е и неверство..
    Но сега сваќам дека срцето неможеш да го натераш на ништо,јас него едноставно го сакам и тоа е тоа,па некогаш тој оди навака,па јас одам таму,се бориме некако,ми преостанува само да се надевам дека нашата врска ќе успее и дека ќе ги надминеме сите пречки :D :D :D :D :inlove: :inlove:

    Голем поздрав до сите вас,ве сакам иако не ве знам,хахах  :* :*
     
  8. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    6.499
    Брат ми е во иста ваква врска, со девојка која живее во друга земја, таа врска им трае неколку месеци и покрај далечината и разликата во годините (таа има 17 ипол, уште малку ќе полни 18 а брат ми има 23) се сакаат ептен, секој ден се гледаат на скајп со саати, многу ми се душички кога ги слушам како зборуваат. :) А брат ми дури го има научено нивниот дијалект, зашто и како мали имаме одено во тој град и така зборуваат. За гледање, брат ми секој месец оди на неколку дена таму и се гледаат, а таа не доаѓа тука зашто има строг татко, ама би сакала да ја запознам еден ден.
    Според мене, ако има љубов не е битна далечината, секогаш ќе се најде начин. Ама јас искрено не би можела да одржувам таква врска, зашто сигурно од едната страна (дал од моја, дал од негова) ќе има љубомора која ќе биде поттик за караници, а и не би можела да издржам да не го гледам повеќе од 1 недела. Но ете, некои парови можат да ги одржуваат тие врски. До човекот е :)
     
  9. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Во моментов сум во таква врска и можам да кажам дека и на крај на свет да е ќе нема пречки..Ако нема почитување, доверба и ако постојано има караници и куќа или врата до стан да е до тебе нема да успее врската.
    Убаво ми е со него, тој сега работи во мојот град и секој ден сме заедно досега добра ни е врската, наскоро треба да ги запознаам неговите и тој моите..
    Ако некој навистина го сакаш не е проблем далечината или годините..! :)
     
  10. LostInThePast

    LostInThePast Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    56
    Откако се запознавме со дечко ми не се разделивме. Не не раздели ни моето заминување со странство. 1 година не се видовме но еве не, повторно заедно. Се гледавме нон-стоп преку скајп, дневно си пишевме пораки и понекогаш се јавувавме преку телефон. Искрено, немам ништо против врски на далечина. Ако навистина се сакаат две личности ништо нема да ги раздели.
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ana-33

    ana-33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    15
    Uzasno e, mnogu e tesko, se gubat zivci !!!
     
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Велат дека врските на далечина имаат низа недостатоци. Но, ние ќе се обидеме да ви докажеме дека освен недостатоците имаат и предности. Еве 7 клучни причини поради кои врските на далечина се навистина добри.


    1. Со врската на далечина учите да комуницирате со зборови, а не само со тело. Па, така лесно ќе ги надминете потешкотиите и проблемите со комуницирањето и ќе развиете говорни вештини,

    2. Социолозите велат дека доколку сте одвоени еден од друг, повеќе ќе се цените,

    3. Ќе научите да ги искажувате своите чувства со зборови,

    4. Нема да избие кавга доколку сте имале лош ден,

    5. Ќе ги избегнете ситниците кои ве нервираат, како на пример: предлого взаемно чекање додека се подготвувате за излегување, доцнење на вечера и слично,

    6. Имате повеќе време за себе, за фамилијата и за друштвото,

    7. Далечината ја зајакнува врската. Ако сте подготвени да го издржите овој тест, понатаму, ништо нема да ви биде тешко.
     
    На Mimi123, Page, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    2.356
    Девојки и јас сум во моментов во таква врска. Еве веќе година и пол тераме некако :) Верувам дека може да успее ваква врска, доколку станува збор за веќе изградени личности, кои имаат доверба меѓу себе. Е сега на моменти е тешко но се издржува. Ваквата врска си има и недостатоци но си има и предности. Мислам дека може да оптстои врска на далечина. Сепак што е љубов ништо не е! :D
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ana-33

    ana-33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    15
    Moze da opstoi ama krizi fakaat, koga sakas da go vidis, a i skapicko e, organizacija na viduvanja. Mnogu zrtvi bara....
    [mod-kirilica:3czwba7r][/mod-kirilica:3czwba7r]
     
  15. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    2.356
    Да во право си фаќаат кризи и тоа многу, па моменти на љубомора па кај си што си со кого си...Во однос на видувањата и тука си права меѓутоа нештото кога се сака се може. Си штедиме двајцата па кој кога има можност оди кај другиот :D На крај на краиштата 2-3 години и не се некој долг период додека се средиме каде ќе бидеме, дали таму или овде, битно е на крај да сме заедно така што сите жртви ќе се исплатат (барем така се надеваме). :D
     
    На ana-33 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    порано бев против ова,но...сепак се вљубив во момче кое не е од мој град...понекогаш губам нерви ама....
    вреди,едноставно вреди за него. :) :l: :l:
    никогаш не се откажувам,колку и да е тешко....
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.480
    Допаѓања:
    201.358
    Пол:
    Женски
    Е мојов брак моментално функционира на далечина... како, само ние си знаеме. Не е лесно, ама издржуваме. И уште од сам почеток е така, и во врска кога бевме, често се случуваше да бидеме разделени со илјадници километри. Се навикнавме, ама мене секој пат ми е потешко. А и нему му е, иако не го покажува тоа. Сепак добро го познавам и знам дека му е тешко. Се слушаме често, во работни денови само навечер, за викенди неколку пати во денот.
    Искрено, оваа далечина нам ни го разгорува бракот (да не речам страста) што ја имаме. Можеби далечината не е лесна да се издржи, ама кога сме заедно, го надокнадуваме пропуштеното :) поточно, се трудиме што поквалитетно да го поминеме тоа време.
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Девојки јас веќе имам врска на далечина 2 години, уствари нас не делат само 35 километри. Ме сака и го сакам, но според тоа што го кажувате дека имаме потреба од некој близок до нас а тој го нема. Понекогаш така се чувствува, а кога ми е така му се јавувам и се ми проаѓа. Еве и на одмор ќе бидеме заедно, буткаме некако но нас ни е многу убаво. Искрено незнам за вас, но ние еве за работни денови се слушаме само навечер а во текот на викендов се гледаме.
    Имам братучедка кој е мажена во Панчево, тие одеа скоро 2 години заедно, дојде тој отиде таа и така успеаја. Се се омажи тамо.
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  19. dime1234

    dime1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    da ve prasham mi treba mislenje dali bi uspeala vrska na dalecina t.e vrska megu devojce od gostivar i momce od bt..?!
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ana-33

    ana-33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    15
    se razbira :) toa ne e nekoja dalecina. mojava e na rastojanie od 5000km :(