Па добро ова не некоја далечина , пишав претходно дека многу тешко дека ќе успее таква врска мислев кога партнерите се во различни држави , а во Мк мислам дека е сосема можна и не ги ставам во категорија врски на далечина овие од различни градови во Мк
Врска како врска,сите ја замислуваме како една слика од двајца среќно заљубени,прегрнати...Да споделат и тага и среќа,ЗАЕДНО! Но кога далечина постои помеѓу нив дел од овие работи едноставно не се можни.На телефон човек може со саати да зборува за одредено нешто,но неможеш да се гушнеш со личноста од другата страна,ФАКТ! Сум имала едно такво искуство со личност од друг град и не беше сјаен крајот.Мислевме дека се сакаме дека се ни е ок,но "наеднаш" се исчезна.Едноставно далечината си го прави своето,различни секојдневија,различно опкружување итн. Јас мислам дека тие врски не се во ред.
Иако зад мене имам една тинејџерска врска на далечина, а последната некаде нецела год ми се влечкаше на далечина, сепак верувам дека ваквите врски можат да успеат. Ама АКО и само АКО двајцата партнери имаат заедничка визија , дека после тој некој период кој им прави да бидат на далечина ке почнат со кроење на нивните секојдневно поминати моменти ... Ама сепак, тука зборам само за такви јаки карактери, истрајни и доследни до крај ! Нема да успее ако барем едниот од нив е на лизгав под .
Не е доволна само љубовта за да успее ваквата врска,треба пред се да имаш услови. Факт е дека технологија ни овозможува полесно да ја негуваме таквата врска,ама не може лицето во комјутерот да те прегрне кога си тажен. Сега зависи за колкава далечина станува збор.Имам другарка која Виена ја направи колку од дома до центар,ама јбг љубов голема. Не сум скептик зошто да не може да успее, ако имаш доволно живци пари и трпение.Ретко кога ќе ви биди досадно така ќе си фалите уште повеќе еден на друг
Да,ретко кој има живци и можност тоа да го форсира па макар и биле во прашање километрите до Виена или до друг подалечен град.Најубаво е личноста што ја сакаш и што те сака да биде до тебе,кога сакаш да ја прегрнеш да можеш да го сториш тоа во секој момент,а да не треба да патуваш 20 сати
Кога ќе прочитам дека врските на луѓе кои живеат во различни градови во Македонија не се сметале за оние на далечина, искрено вртам очи! Е сега, не зборам за врски на релација соседни градови , на пример Виница - Кочани. Без разлика дали партнерот е во Виена, Амстердам, или Охрид, парот не е заедно. Погоре некоја девојка имаше пишано дека таа е од Скопје, а дечко и од Охрид. Верувам дека не секогаш кога била тажна или среќна, дечко и бил со неа да ја гушне, утеши и бакне. Што ако се работи за различни градови од нашата мала држава. Не сме сите со автомобили, и еден куп пари за кога и да ни текне да одиме кај партнерот во неговиот град. А се смееме и плачеме секој ден, што значи физичката близина ни е потребна секојдневно. А пораките на телефон, бакнежите на скајп и фејсбук не ја пополнуваат празнината. Имам пишувано дека имам еден вид на ваква врска, иако поголем дел од годината сум заедно со дечко ми. Ама тоа ќе трае уште некој месец, додека да дипломираме, здравје. Потоа секој по дома. И што потоа? Не планираме да се земеме уште на 22 години, тоа сигурно. Ама муабетот ми е дека нема да е лесно. Башка што сме веќе 3 години скоро цело време заедно. Ќе требаат нерви, а јас не знам дали ги имам. Искрено, не знам како ќе функционираме.
Дали мислите дека врската може да успее ако едниот партнер е во Скопје а другиот во друг подалечен град во Македонија (не е важно кој), и ако партнерите бидат во можност да се гледаат еднаш до два пати месечно?
Иако зависат многу фактори но од мое лично искуство ти кажувам дека може да успее таква врска, но потребно е многууу многууу љубов, доверба и трпение.И јас на почетокот мислев како и другите дека е невозможно и тешко но се случи токму спротивното.За тие што не веруваат или не им успеало тоа значи дека нешто фалело или дека не било вистинското.
Колку ми е само тешко луѓе... Имам врска на далечина додуше не знам дали и повеќе ја имам. Отидовме заедно за Америка јас се вратив тој остана. Додека да дојде наредното лето,цела година мина беше тешко тој беше ужасно љубоморен. но ми дадоа виза отидов повторно. бевме заедно 4 ипол месеци живеевме заедно.Дојде време да си одам дома се мислев дали да останам дали да си дојдам сепак си дојдов затоа што без документи таму е тешко. Додека бев таму одвремен навреме беше љубоморен ама добро беше. Кога се вратив првиот месец се слушавме цело време вториот така и така. Почна да ми кажува да ми звонам само еднаш дневно затоа што бил зафатен и да не му звонам за време на викендот затоа штпо работел цела недела па викенд да одмори од мене и од работата. МИ падна тешко сепак прифатив. Нашето слушање стана она основното шо правис добро си толку никаква поделба на информации. Тој не ме прашувае што правам како сум ништо. Само јас звонев. Инаку зборуваме за човек што беше ненормално љубоморен. Ситуацијата продолжи така. Последните два месеца се слушаме ретко. Инаку се договарамвме цело време дека ќе идам кај него пак ке земеме стан заедно и се тоа. Веќе не му биле исти плановите. Кога му звонам најчесто не ми крева на телефон. Тој никогаш не ми звони секогаш е зафатен за муабет повеќе од 15 секунди со мене. Го прашувам зошто се однесуваш така. Почнува да ме навредува курво ваква онаква ми вели ако доагаш оди на друго место и да дојдеш пак во истиот град нема да се видиме повеќе демек сум имала веќе ебачи што ме чекале немало потреба него да го замарам поарно да сум отишла во друг град да не го замарам повеќе, јас сум му влевала негативна енергија секој пат коа сум звонела и уште не знам што. Го молам луѓе да ми каже зошто така се однесува спрема мене ништо такво не сум направила тој вели не сака да се замара со мене. Го сакам многу. Инаку се гледаме од пред 4 години почнавме неозбилно две години потоа две години врска зошто така се однесува му велам брзо ме заборави за два месеца дали друга си најде што е работата некогаш вели да некогаш вели се зафркавам не знам не е фер и праведно ова што го прави ми рече да не звонам повеќе да му звоам дури пред да отидам таму ако ми дадат виза да се видиме на кафе чисто онака и потоа да не ме гледа повеќе зошто се случува ова не е фер не сум таква да трчам по други го сакам него со мене се однесува како со говедо без никаква почлит со навреди а јас пак го сакам како може тоа помогнете ми луѓе многу ми е тешко цело време сум депресивна ништо не ме радува само си мислам тој не ме сака.... помогнете дајте совет
Сепак се работи за друга или други ... далечината кај вас за жал ја намалила љубовта ако не ја и избришала посебно од негова страна. Мислам дека редно е да почнеш да си го живееш животот без него.
како кога толку е тешко и покрај се се надевам сепак дека ќе отидам и се ќе биде како порано не зна веќе што да мислам многу ми е тешко знам дека сум глупава што мислам така но не можам да го заборавам не можам
Ќе се трудиш да забораваш. Време треба но можно е ... Не вреди, кога тој се гледа дека не сака да те има покрај себе. Твое е сега воопшто да не го бараш, не му одговарај ... Ако по некое време те побара и сака да разговара може му бил период негативен, а ако не те бара тогаш тоа е тоа, друга е во прашање или едноставно нема емоции кај него. Ти сврти се кон себе и својот живот. Сигурно ќе се појави некој кој нема да те става во вакви незгодни ситуации.
Зависи колкава е далечината, доколу не живеат во ист град, но можат да се гледаат барем еднаш неделно или на две недели таа врска може да успее. Но, врска каде партнерите не се гледаат со месеци, тоа е толку тажно и носталгично... мислам дека самите тие би биле тажни и во очекување да дојде денот да се видат, не велам дека не успева таква врска, ама јака им душа на тие што така ја одржуваат.
Многу сум емотивна и кога се приврзам за некого тоа е тоа. Праввеме толку многу планови за иднината одеднаш ми рече не си повеќе во нив. Сум пробала така да не му звонам ама не мозам да издржам најмногу 2 3 дена многу е тешко знам дека си во право ама пусти чувства. Така си мислам не можам да се замислам со друг или да бидам сама. Имав на кого да звонам најдобар пријател ми беше а сега е толку идиот што мислам дека не му е ни гајле дали сум жива или не Се воздржувам не звонам ама не можам да издржам и звонам тој не ми крева уште толку ми е потешко аман веќе до кога вака.. понекогаш самата си велам ова е само сон дај да се разбудам ама не е толку боли и толку е тешко го прашувам дали понекогаш барем помислуваш на мене ми вели не толку ладно незаинтересирано не сфаќам зошто така одеднаш и да има друга толку бргу за два месеца не знам веќе што да мислам изгубена сум и цело време на него мислам која љубов е тоа да се однесува некој така а сепак да го сакаш да го молиш
Те сфаќам дека е тешко, дека си цела во прашалници, дека ќе ти треба време за да подзаборавиш ама мораш да се потрудиш. Немој да паднеш на дното. Окупирај се со било што да не мислиш толку на него и на тоа да го бараш. Биди себична, биди гневна на него ... Ако треба исплачи се, вришти и сл. ама труди се да не го чепкаш тел. Тој не заслужува твое внимание повеќе. А верувај тркалото секогаш се врти, ќе те бара само немој да паднеш на искушенито да му даваш шанса. Уставри ако ви е дадено да сте заедно ... за месеци, година итн може ќе сте. Сега земи сила и батали го.
Имав ваква врска во април 2012. Раскинавме во јуни. Не раскинавме заради далечината, туку заради сосема трета причина. Тој е од Холандија и сеуште сме многу добри пријатели.
Случајно денеска налетав на една статија. Вели: врска на далечина не ја разгорува љубовта, може само да ја згасне. Слушање преку телефон и гледање преку скајп или фејсбук не може да ја замени топлата прегратка и бакнежот за добра ноќ. И јас потполно се согласувам со ова. И мојата врска е, така да ја наречам, на далечина. И знам како е. Искрено, во право е донекаде авторот на статијава. Конкретно за проблемов, јас мислам дека некој многу си ги кренал акциите оти ја видел Америка. Плус, според кажаново, мислам дека многу подобро ќе ти биде без него. И сама велиш дека типот бил претерано љубоморен, те навредувал и уште што не. Искрено, не ти треба, верувај ми. Знам дека ќе ти биде тешко на почетокот, многу. Ама потоа ќе си бидеш благодарна самата на себе затоа што на време си ја решила ситуацијава
јас имам дечко 4 години нема да е тука а кје се гледаме само 1 месец годишно на лето толку има одмор од на работа ... тешко е мн и барам утеха во се ако има некој вака со успешна врска , совет што било што би ме утешило барем на кратко пишете кје ми значи мн само немојте со совети за раскинуење пошто го сакам мн а и тој мене ... фалаа