Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска на далечина

Дискусија во 'Врски' започната од Mireto, 21 ноември 2009.

  1. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    Гарантирано успева ако се сака ако не се изневерува и ако се има надеж . Толку . :)
     
    На crazylady, H.VAGA, maya..a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234
    Ехх дечки.. Не ми се верува дека дечко ми сака да иде на неколку месеци во странство да работи.. Уште не е сигурно дали ке иде, ама како и да е, стварно не очекував вакво нешто.. Решив да го поддржам, не му правам сцени, не го молам да остане. Само што да правам ако отиде? Да му предложам да продолжиме да се сакаме, ама да бидеме физички достапни за други луѓе? Да си пишуваме редовно? Да раскинеме? Искрено, очекувам да се случи се - да бидеме заедно откако ке се врати, да не бидеме, се е можно, ама.. Зошто? :( Го сакам па. </3
     
  3. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    А зошто да раскинете ? Вие сте заедно поради тоа што се скате така ли ? Зарем ако отиде во странство ке престанеш да го сакаш? И дечкоми е во странство и што јас да му раскинам ? Ти се молам па ако се скаате нема потреба од ова не си единствена на која дечкои ке и замине во странство,Дечкоми е таму јас тука си го чекам се сакаме верни сме си еден на друг и едвај чекаме кога пак ке се видеме !
     
  4. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Врска на далечина може да успее, доколку се има доверба, партнерите да издржат да не паднат во искушение да се изневерат, да се сакаат искрено. Тогаш би успеала таква врска. :)
     
    На Amore му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.279
    Допаѓања:
    17.726
    Пол:
    Женски
    До сега не сум била разделена со дечкоми долго време, единствено само на одмори кога сме оделе околу 10 -ина дена и дури тие ми биле многу, едвај чекав да го видам :$ :inlove:
     
  6. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    72
    Со дечко ми веќе 2 години функционираме така. Сме се карале за глупости, многу нормално ама после тоа се се средувало. Се гледаме на две недели. Подобро е почесто али неможе се како сакаме. Важна е довербата и постојано да си кажувате колку ви значи партнерот. Мислам дека ако се сака се се може :)
     
  7. cucka17

    cucka17 Активен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    Јас имам врска на далечина и тоа не ми е прва врска така. Сум имала и пред тоа таква врска, но тие претходно не успеале затоа што не внесувавме труд, не се сакавме доволно едноставно не се замаравме, додека сега ми е прекрасно фала му на Бога заедно сме веќе година и некој ситен месец, убаво ни е си функционираме супер, се надевам дека и така ќе продолжиме. Така да, врска на далечина може да опстане доколку љубовта е обострана, јака и кога за тоа се трудат и двајцата :inlove:
     
  8. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Мене скоро сите ми биле такви и севкупна оценка ми е дека не вредат. Дури и да го имаш тој некој партнер со кој ќе имате хемија, сила да издржите и да се изборите, вистинските спомени не можат да бидат преку Скајп, смс или да гинете на телефон.

    Плус, без некаков план во догледна иднина да живеете заедно, целото искуство ќе ви се чини како да лебдите без тло под вас. А како што си доаѓаат годините, потребно е нешто реално, нешто што ќе ти ги буди сетилата. Бакнежи, прегратки, разговори...

    Се потешко ми е да бидам луд во љубовта, полн со ризици и пружање шанси.

    Кој сака да си го гледа партнерот еднаш во 10 дена (во подобрите случаеви), нек изволи. Мене играта ми е изиграна и прегорев по ова прашање.
     
    На Marie.m, Divinebutterfly, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Iriss

    Iriss Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    А уште пострашно е да се гледа партнерот еднаш на 10 дена, а во ист град.
     
  10. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Moментало сум во таква "врска" и мислам дека нема да издржам уште долго.
    Друго е кога реално можеш да ја видиш личноста, а не цело време да ја чекаш фб, скајп, или повик на моб. :)
    Без да имаш физички контакт со саканата личност, реален муабет, едноставно мислам дека не би успеала. Мора да си ги задоволиш своите потреби.
    Па зар некој бакнеж преку моб. го прави среќен ?
    Женските мислам дека повеќе би издржале во вакви врски, иако не мора да значи, има и девојки кои не можат да издржат без секс ни еден ден.
    Јас ова го сфаќам како лажење на самите себеси, еден вид утеха на оние што се single, доказ дека имаш некој таму некаде што те чека, и покрај тоа што не те познава доволно.
    Не знае каква си во најлошата ситуација, се што знае е дека си фина и мила личност, нема поим кои се твоите недостатоци. :(
    Сепак зависи од самите личности и нивната волја.
    Мојот одговор е Не за ваквите врски.
    Не зборувам за оние кои се гледат на 1 или 2 недели, туку оние на многу подолго време.
    Да се надеваме дека се лажам, ќе се вратам обавезно со извештај на темава.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    И јас изгорев со ова :worried:

    Ако е за кратка врска,од месеци до 1,2 па и 3 години ете (ама со гледање повеќе од неколку пати во годината),можи и ќе успее,ама за повеќе,нема шанси.Без сигурни планови за понатаму,неможе да успее!
     
  12. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.186
    Допаѓања:
    23.208
    Пол:
    Женски
    И Јас ко Дивајн изгорев од ова проклета, пуста далечина ;(
    Еве вчера беше п онезнам кој пат прекин во врската ;( , којзнај дали ќе има пак Смирување, ме уби ова далечината и ме парчоса, кога еднаш мислиш дека се е во ред, тогаш ќе испадни она обратното.
    Немам сила веќе, немам да се занимавам со кавги и глупости, за еден месец се враќа, па ќе видиме шо и како понатаму.
    Успева врската ако е се како шо треба, треба доверба, не дека немаше доверба кај нас, туку едноставно нешто друго е во прашање, кое јас стварно не можам да си го разјаснам.
    Другарка ми 7 месеци издржаја без ниедна кавга, и слично.
    Ја мразам ова далечината, многу ја мразам :devil: ;(
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bubibubibubi

    bubibubibubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2013
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    25
    Јас ќе кажам ДА може да успее врска на далечина само треба да има љубов,разбирање, почит, да нема изнењерување секако доколку и двете страни се за тоа да успее таа врска. Јас имам таква врска која веке функционира 4 години поз
     
  14. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Исто како што кажа crazylady...можеби може да опстане врска на далечина но сепак и јас би дала едно НЕ за таква врска. Сосема е поинаку кога можеш да направиш реален муабет,да размениш нежности со партнерот а не само да го гледаш преку скајп. Се надевам нема да дочекам да имам таква врска :)
     
  15. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Мислам дека на сликава местото и е овде.
    Не сакам ваква љубов :tmi:
     

    Прикачени фајлови:

    На Name и H.VAGA им се допаѓа ова.
  16. bubibubibubi

    bubibubibubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2013
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    25
    Loveee
     

    Прикачени фајлови:

    На Bubamaricka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Не постои врска без љубомора. Сите сме љубоморни некој помалку некој повеќе...Се е добро додека не прејде во болна опсесија е тогаш е трагично и ја убива и гуши љубовта :( Како девојака и јас бев љубоморна дури и во првите месеци кога се земавме со мм ме држеше тоа чувство,но вешто го криев таква сум по природа :) Сега веќе поретко да не речам ич,имаме претерана доверба еден во друг иако мм и ден денес знае да изреагира љубоморно :)
     
  18. TheTribe

    TheTribe Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2011
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    31
    Можеби врските на далечина не успеваат(во долг период), но и оние врски каде што сте постојано заедно еден со друг, значи се правите заедно, излегувате заедно, јадете заедно, живеете заедно, постојано сте заедно, немате други поблиски незаеднички пријатели итн. е врска која сигурно ќе пропадне после одреден период. Затоа јас мислам дека сепак е многу здраво и добро за двајцата да има одреден простор и дистанца, па дури и разделба на 1,2 месеци. Тоа внесува свежина во врската, доколку постои вистинска љубов на овој начин врската се зајакнува, а доколку не е тогаш врската пропаѓа.
     
    На crazylady и Adi888 им се допаѓа ова.
  19. Mar4u

    Mar4u Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    22
    Јас отсекогаш велев дека не сакам врска на далечина, али еве ме сега западнав и јас во една таква. Воопшто не го очекував ова. со него сум од летото и потоа тој отиде во странство на факултет и си доаѓа само за нова година и летото. Секој ден си пишуваме ама мн ми е тешко, ми недостига неговиот мирис, неговата прегратка, насмевка,се.... Едвај чекам да се врати :(
     
  20. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.029
    Пол:
    Женски
    Mar4u,биди силна и издржи,летото е блиску :) .знам како е да го чекаш саканиот ,преглеми маки :(
     
    На Mar4u му/ѝ се допаѓа ова.