Секако дека може, али врската ви е стабилна и те сака под никој случај нема тоа да го направи верувај му
Точно дека може, ако сака тоа ќе го направи уште полесно, таму ни ќе чуеш ни ќе разбереш, но истото може да се случи и ако сте од исто место, нели? Повторно, за неверство не е потребна далечина, кој е неверен ќе биде секаде, само да му се пружи прилика и тој ќе ја искористи било каде и да е.
Потполно се сложувам со тебе и да се надоврзам.. еднаш неверен засекогаш неверен малце е офтопик али морав
Значиии, мојата врска на далечина од 100тина километри пропадна бетер од титаниииик Зошто и во кој момент? На почетокот, секоја вечер во 9 часот седнувавме на скајпот, и цела вечер муабети и романтики... Кога требаше да станеме рано и двајцата другиот ден се гледавме и порано, значи вечерно излегување немаше.. (исклучок за родендени и сл) И тој реши дека сакал навечер да си поседува со цимерите на по некоја чашка ракијче и дека веке му било непријатно тие да седат во една соба и да пијат да се журкат а тој да кисне пред компјутер.. И добро, пробав да го разубедам, но неможев... И тој си пиеше дома со другарите, јас почнав да си излегувам и да запознавам нови фаци, бидејки година дена додека тој не отиде на студии излегував само со него... И си се заљубив во едно типче.. излеговме 2-3 пати и не ми се допадна баш.. па и со второ - и тој не ми се допадна.. и сега сум со третиот А нему ништо не му сметаше, демек кај оваа мојава ке оди со друг, само по мене е... Не го изневерив физички во ниеден момент, но него го снема од моето срце.. Така да, совет - кажете и фала на технологијата, и искористете ја, не дозволувајте далечината да ви ги смени работите... Ако тој е пак излезен скоро секоја вечер, и вие исто... баталејте
јааааао 100тина километри, ја шо да речам со моите 2500+ да е здрав и жив дечкото скајпот што го створи. е сеа, то шо не стига интернето до крајо намесецо друго двајсе а проблеми со доверба уопште не постојат
Ги читав сите мислења дури солзи ми потекоа пред малку дечко ми ми соопшти дека најверојатно ќе оди некаде на страна на работа ми се плаче па ми се рика нема да можам да издржам одиме веќе 2години и 2 месеци моментално сме во различни градови бидејќи студирам во друг град но сепак секој викенд сме заедно луѓе па јас неможам да издржам 5 дена додека сме на 100 км одалечени него ли пак да е во друга држава незнам како ќе издржам од самата помисла спобудалувам, но сепак убедена сум дека и да отиде некаде на страна нашата врска ќе успее...
Драги девојки! Мојата врска е чист доказ дека кога двајцата се сакаат, далечината не значи ништо. Со дечко ми сме во врска веќе шест години а живееме во различни градови. Преубаво ни е, се’ уште сме заљубени и тоа што не сме секој ден заедно прави повеќе да се недостигаме, па секој пат кога ќе се видиме е поубав од претходниот. Во овие пет години го немам изневерено ниту еднаш, а не сум слушнала ни дека тој мене ме има изневерено. Се надевам дека вака и ќе продолжи
Не ве сфаќам, каква е таа врска кога човекот ти е далеку и кога немаш физички контакт. Па на скајп можам и со странец да контактирам со кој лично не сум се запознала и што во врска сме? Далечината си го прави своето. Ако е во друг град во Македонија дури и гледање два - три пати во месец малку е, па и еднаш неделно малку е ама ќе се истрпи ако го сакате човекот. Ама 3 месеци без видување, па тоа не е врска за мене.
Душо не се сложувам за тебе незначи дека ако се далеку дека тоа не е врска...Можеби се разделени за пдобра нивна идинна, можеби сега не се видуваат подолго време за да запечалат по некој денар за да можат после тоа заедно да уживаат и јас сум во таква врска и немам проблеми ако се сака се се може
Јас пак не ве сфаќам вие што мислите дека врските на далечина се глупост. Тешко е да се одржи една ваква врска и му се восхитувам на ској еден што се одлучил да започне ваква љубовна авантура. Далечината баш си го прави своето. Те изградува како личност, си ги дознаваш слабостите, границите, и ред други работи. А тоа што велите од кај знам што прави кога не сме заедно е ваш проблем.
И ништо да не прави, се оддалечуваш од човекот. Јас запознав дечко кој е многу фин, убав, ама живее во друга држава на 8 - 9 саати возење од овдека. Можеме ако сакаме да се гледаме на пола пат, тој да помине 200 км, и јас ама колку пати за некој верски празник, за одмор и за Нова година. На секој нормален му треба партнер, тука блиску, сега, да излезам кога сакам со него, да разговарам. Платонска љубов е тоа само фантазирање, гледање на скајп. Што ако не се гледате 3 месеци заради подобра иднина за да заработи пари, што ќе издржи ли тој без секс 3 месеци. Ако е ептен карактер, и блазе си им на тие што успеале, ама тешко. Така една девојка во СК кога ми кажа имала дечко, врска 4 год, а тој живее во Америка и доаѓа само летоска, ама била со него затоа што МКД не и бега, Америка била Америка. Смешки. Па тоа е мување, не врска.
Длечината не е битна ако двајца се сакаат и почитуваат макар таа да живее во Нов Зеланд а тој во Канада
Иако мојата предходна врска на далечина не успеа, најверојатно во септември пак ке морам да се обидам... Значи морам да одам на студии во странство, а мојот дечко веке чека бугарски пасош (срека што имаше поднесено). Си ја испланиравме иднината кога тој ке го добие пасошот и ке собере доволно пари и тој да дојде кај мене и да живееме заедно, бидејки и тој не сака да живее во скапаната држава што ја имаме сега... Мегутоа 3-4 месеци ке треба да бидеме разделени... Мислите ли дека со такви планови за иднината би биле проблем тие неколку месеци?
Иако имам негативно искуство мислам дека и година не би било проблем. Ако и двајцата сакате и сте предадени на планот мислам дека ќе успее. Треба и ти да размислиш дали тоа навистина го сакаш (не сакам со ова да те исплашам) затоа што ќе бидете далеку од дома заедно, подруго е отколку заедно да би живееле во МК, близу до сите блиски. Во секој случај планот е супер и искрено ти посакувам среќа!
Верувам во врска на далечина повеке отколку во врска кога партнерите се секогаш заедно, а и имам зошто. Кога се запознав со мојот сегашен дечко тој живееше во странство каде сеуште живее. Да бидам искрена воопшто не се надевав дека ке ја дотуркаме до овде каде што сме сега. Првиот пат кога си отиде ми беше многу тешко пошто морав да чекам 5 месеци додека пак се видиме, но издржавме копнеејки еден по друг. Живеев за тие 2 недели заедно па потоа пак си отиде и не се видовме цели долги 7 месеци. Тоа беше еден многу тежок период од мојот живот, но бевме и двајцата упорни и се изборивме за нашата љубов, па најдовме решение како да бидеме секогаш заедно. Веќе повеќе време живееме заедно и со смеење се сеќаваме на времињата кога ги броевме месеците,неделите и деновите да се видиме. Врската на далечина не е вечна, тоа е само еден тежок почеток или предизвик каде двајцата ја докажуваат својата љубов со тоа што се борат да најдат решение и да бидат заедно. Верувајте дека за секој проблем има едно или повеќе решенија. Ако двајца искрено се сакат, далечината нема да биде проблем и тие ќе најдат начин да не бидат разделени.
Мене изгледа кармата ми поставува такви предизвици, pain in the ass, ама тоа е Љубовта! Животот, впрочем е вратоломна игра. Без правила. Мојот сегашен партнер, беше 6 месеци надвор од земјава, заради студии. Скајп, нервози, плачење, сомнеж... Што сакаш, и колку сакаш. За да, на крај, кога се видовме на аеродром, растреперени, знаевме дека Тоа е Тоа. И тука нема правила. Ако Љубовта е силна и здрава, ништо не може да ја победи. И навремено треба да си кажувате Се’. Што ви пречи, што сакате да е поинаку, што ве мачи, сите сомнежи и неподоби. Јас многу јасно му кажав да не ме мачи доколку во еден миг, макар грам желба му се појави за друга, за било каков тип на однос. Не сум будала да чекам некој што ме изневерува, нели. Или си игра средношколски филм, додека јас чекам. Тешко е. Боли многу чекањето и не го препорачувам доколку сте со слаба волја за она што може да се случи. Реално, дел од мене многу беше скептичен (што поради претходни искуства, што поради лично себеубедување дека тоа едноставно е невозможно), но ете. Кога двајцата се храбри, го освојуваат светот. И остануваат заедно. Верувам дека сите сте имале кризи во врските, кога и да сте заедно тука, се случувале срања и проблеми. Никој не знае како им е на двајца во врска - самите тие најдобро си знаат. Не е секоја релација со ист интензитет и градба, вака технички кажано. Многу е важно да се игра отворено, да се биде искрен и да се љуби. Нема рецепт. Ви посакувам на сите што се соочувате со вакви ситуации, многу сила и храброст. Ништо не е лесно на овој свет. Најтешко е да се љуби силно, а истовремено е наједноставно...
Не ми успеа, дали се годините во прашање, не изживеаност или емоционалната не сигурност во себе, појма неам што беше проблемот..