Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска на далечина

Дискусија во 'Врски' започната од Mireto, 21 ноември 2009.

  1. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    Врска на далечина можи да успее. Сестра ми е во врска со машко од друг град и одат веќе 8 години :D Кај и да е и свадба ќе бидни. :)
    Така да далечината не е битна ако го сакаш некого и сакаш со него да ја градиш иднината.
     
    На Clear, Nati.P, Mosquiita и 2 други им се допаѓа ова.
  2. canary

    canary Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    60
    За жал јас ќе бидам во ваква врска од септември :( Дечко ми ќе оди на факултет во друг град. Не знам како ќе издржиме пошо 1 и пол година скоро се гледаме СЕКОЈ ден. Само се надевам дека се ќе биде во ред пошо многу го сакам и не сакам ова да не уништи. Се надевам на добра иднина, имаме многу доверба меѓусебе, а и многу љубов и сме поминале заедно многу работи. Сепак сакам да останам приземјена да не испадне од што многу сум верувала дека ќе успее не биднало ништо. Останува на времето да видиме што ќе се случува. Во секој случај тргнувам со позитивен став :)
     
    На Aniston му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Се наоѓам во ваква ситуација и многу ми е тешко. Постои љубов, но не е како секоја обична врска. Се видовме пред еден месец, и сеа дури во август. :|
    Нема никаква иднина ова, на ниеден начин неможеме да бидеме поблиску.
    На моменти ми станува досадно затоа што секогаш е исто, скајп,фејсбук,телефон. Сепак имам среќа што е таков тип што зборува за се и сешто и некако побргу минува времето.
    Знам дека и јас и тој сме премногу млади и можеби јас направив погрешен чекор што на 15години на ова се одлучив, ама што е тука е. Се надевам дека ќе успее. :worried:
     
  4. Mosquiita

    Mosquiita Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    663
    Па врската на далечина може да успее,таков случај сум јас :)
    Некогаш не се гледаме и по 2 неделни меѓутоа кога ке се видиме ни е супер заедно сме веќе година ипол супер се слагаме се сакаме,мислам дека далечината не е баш голем проблем ако љубовта е присутна :D
    И по толку време не ни здосадило затоа што се гледаме поретко и тој си има време за него јас за мене :)
     
    На EliBo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.860
    Допаѓања:
    15.742
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека може да биде....Па како можи некој што јас ГО САКАМ д абиде нз колку километри подалеку од мене? Сакам да биде покрај мене секој ден што се вели,прегратки,бакнежи....не верувам во љубов преку жица и демек јас ќе го чекам него или тој мене...хммм...можно е да тргнат по други и двајцата...Ризик е сепак.Не дека ќе биди верен ако е покрај мене ама некако поинаку е.СЕКОЈА ЧЕСТ за оние кои успеваат во тоа,кои веруваат длабоко во себе и во другиот :) :inlove:
    Јас сум таква-сакам близина и топлина од тој што го сакам.
     
    На EliBo му/ѝ се допаѓа ова.
  6. EliBo

    EliBo Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    И јас сум таков случај и потполно се согласувам дека може да успее. Кога се немаме видено 2 недели се чувствуваме како да се враќаме на почетокот од врската....а почетокот е секогаш најсладок и така си помина година и еден месец :inlove:
    Но сепак зависи и од карактерот и сваќањата на 2цата ете јас за тоа време имам време за себе, но тој нема бидејќи е службено отсутен и има разбирање дека имам и свој живот освен него, а јас кога ќе се врати имам разбирање дека и тој има свој живот освен мене ама дури е тука во преден план ни е да поминиме колку што е можно повеќе време заедно.
     
  7. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
    Не си ја имала таа среќа да бидеш со некого на далечина, само на тие што му се случило таква љубов знаат како е и дека вреди секоја секунда :)
     
    На RandomOne и GirlLove им се допаѓа ова.
  8. lady2013

    lady2013 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    21
    Во врска сум со дечко неколку месеци и во принцип добро ни е,иако се работи за врска на далечина.На почетокот некако не бев загрижена толку и покрај тоа што ретко се гледаме,но во последно време се повеќе размислувам дали да продолжиме заедно.Инаку исто така ме загрижува и тоа што и двајцата сме невработени, па се соочуваме и со финансиски проблем.Ме интересира вашето мислење или ако имате и пример за врска којашто ги имала сличните искушенија како нашата,ме интересирала дали успеала.Фала однапред
     
  9. fox.megan

    fox.megan Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    85
    Наречете ме старо-модна, но јас мислам дека врска на далечина не може да успее...Џабе е и да се гледате нон стоп на скајп, фб и незнам што таму, но кој ви гарантира дека тој кога ќе излезе на забава во кафич, или во град или било каде, нема да се загледа во друга? Кој може да ви гарантира дека нема да го освои некоја што ќе биде блиску до него, со која што ќе може да има нормална а не сајбер врска? ...
     
    На Westlife му/ѝ се допаѓа ова.
  10. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
    довербата и љубовта се исти и да си далеку и да си близу, кој ти гарантира дека дечкото нема да те изневери ако живеете во ист град и се гледате секој ден? нема гаранција....можеби ќе помислиш пола град не знае некој ќе види и ќе каже, ама тој што сака да те изневери и да си блиску ќе те изневери и ти нема да дознаеш, ако навистина се сакате колку и да сте далеку еден од друг нема да се изневерите или да направите нешто што ќе го повреди партнерот, можи да има илјадници пријателки ама нема никогаш да направи ништо со нив оти знај дека таа една го чека и го сака и тоа му е доволно ;)
     
    На BeautyQueen му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    ма ни брак на далечина не бидува а не пак врска
    ова правам муабет на подолг временски период :lol: :lol: :lol:
     
  12. Mar4u

    Mar4u Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    22
    Мојата не успеа :( . Се врати од странство после 6 месеци и прво беше супер, но после почна да се одалечува и на крај ми кажа дека не можел вака, дека нема да успее ова. Знаев дека ќе виде вака ама си велев ако ме сака нема да се откаже од нас, ама ете тој дига раце... ;(
     
  13. fox.megan

    fox.megan Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    85
    Нема гаранција, никој не спомна за тоа. Да ти е комшија нема да го допазиш што ќе направи и со која а не пак да е незнам колку земји подалеку. Девојката може нема да го изневери, но машките само чекаат малку слобода да си зборнеме реално, незнам за вас но јас кажав и пак ќе речам врска на далечина, тешко...
     
  14. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Кога ќе подразмислам јас лично не би можела. Сите одма помислуваат на неверство. Не е проблемот само тоа, а блискоста, а интимноста, да го допреш, да те допре, да го почувствуваш твој и да те почувствува негова, да го гушнеш, да те утеши кога е потребно, да си покажувате љубов, а се тоа каде е? Реално не е тоа тоа да се гледаш секој ден на Skype. Ете и да не се изневерувате, пак постои некоја празнина која ништо неможе да ја надополни. Има исклучоци не велам не, секаде ги има ама реткост се.

    Некако можам да сфатам на пример врската да е започната и да траела подолг период во една средина, а после некое време едниот замине некаде па да треба да функционираат така одреден период. Е тогаш до некаде е ок. Ама на таквите врски довербата, љубовта, врската веќе им е изградена, се знаат итн.

    Ама знам за случај на моја другарка што започна врска со еден дечко од друга земја, не така блиску до нашата, а го запозна на одмор. Биле таму заедно 15 дена и започнаа врска на далечина. Функционираше тоа не дека не и мислам дека сеуште функционира ама за мене тоа не е врска. Она не го познава него. Она никогаш го нема видено во различно светло. Се немаат скарано, немаат ни кога да се скараат, се гледаат само на Skype. Не му го знае карактерот, ако се веќе една година заедно. Едноставно не е тоа она вистинското.

    Ова е мое мислење, секоја чест на тие што успеваат во ваквите врски. Можеби утре и јас би била приморана на вакво нешто, не се знае.
     
    На fox.megan му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    826
    Пол:
    Женски
    Според мене, врска на далечина може да успее, ама ретки случаеви.
    Дека многу пати некои ќе се љубоморни, па ќе прашуваат каде си, со кого си..
    Треба да се иам љубов и доверба од двете страни. Ако го имаат тоа, тогаш може да успее. :)
     
  16. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    и мојата не успеа :( џабе беа сите ноќи поминати на скајп и фејбук кога не е тоа тоа у живо :worried:
     
  17. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    Да треба да сум на далечина од некој нон стоп, без иднина, не би можела.. Едноставно не би имала на што да се надевам - пример тој е во Америка и не си доага, а јас не одам таму...

    Мегутоа јас цврсто верувам во она што на мене ке ми се случи за месец дена.. Ќе одам на студии во странство, а тој за некој месец ќе дојди таму да работи... Си учиме јазик и двајцата, собираме информации.. Така да 3-4 месеци ке сме разделени, но тоа е само за да бидеме заедно подоцна, тоа е чисто еден период кога ке мора да пожртвуваме нешто за иднината, но кога знаеме дека ке се најдеме таму заедно зошто да паднеме на искушенијата... Но сепак нели никогаш немаме 100% сигурност но мислам дека мојот случај и сличните успеваат ако во нив улогите се личности кои се навистина заљубени..
     
  18. longlife

    longlife Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    врска на далечина

    епа вака..ќе кажам накратко..бившиот мислам дека го преболувам, запознав друго дете што не е од мојот град а учи во сосема друг град..се заљубив во него ама не сум сигурна за старата љубов дали сум го заборавила или тоа е само утеха...би сакала да знам дали би опстоела таква врска, како што кажав тој не живее во истиот град со мене, живее во друг а е запишан во училиште од друг град...Барам ваше мислење
     
  19. Volsebnicka05

    Volsebnicka05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    90
    Во врската на далечина SKYPE НАЈМНОГУ НАСТРАДУВА :wasntme: :wasntme:
     
  20. longlife

    longlife Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    mislite deka bi mozelo vaka kako sto vi kazav?