Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска на далечина

Дискусија во 'Врски' започната од Mireto, 21 ноември 2009.

  1. anastasija12345

    anastasija12345 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Здраво феминки јас сум нова овдека и имам еден проблем :(
    Момчето кое го сакам живее далеку од мене...4 години е поголем од мене...јас имам 15 тој има 19год.
    Се запознавме минатата година на свадбата кај брачеда ми, која се омажи за неговиот брат (на овој што го сакам јас сега)...се допишувавме завчера на фб и ми кажува дека сакал да ме види и сл. јас го прашав зш сакаш да ме видиш да не имаш нешто да ми кажеш што незнам? и он ми вика: само да видам колку си порасната....после тие 6 дена од нашето допишување јас му пишав за да го прашам следново: зш толку ти е важно моето растење, дали тоа нешто ке смени во твојот живот или не? сакам да го знам тоа! ми враќа тој после 2 часа и ми вели: ти мене ми се допаѓаш веќе долго време, јас се обидов неколку пати тоа да го дознаеш но ти не беше сигурна! и јас му реков: господе неможам да поверувам и се осетив среќно затоа што тој што ми се допаѓа мене, и нему јас му се допаѓам. и сеа му прам ме сакаш или ти се допаѓам затоа што од допаѓање до љубов има голема разлика...и тој ми објаснува ми вели: ти незнаеш како е да живееш далеку од оној којј го сакаш, да ве делат часови за да не можите да се видите, да мислиш на неа по цел ден и сл...да јас порано се обидов, но никоја како тебе вака ми нема направено, да тоа е еден вид на љубов, да те сакам! ми напиша и јас му реков и ти мене ми се допаѓаш и тој ми вика: сега јас го поставувам истото прашање ме сакаш или ти се допаѓам? и јас му реков дека го сакам, е сега проблемот е тука што никој сега за сега не смее да дознае за нас така и му реков, тој рече не кажувам сега за сега те сфаќам дека не е време сеуште за да дознаат сите..и са јас се плашам како после тоа еве ко ке завршам средно како ке изреагира мајка ми на тоа шо ќе слушни ако и кажам дека јас со тоа дете се сакаме и сл. значи муабетот е сега за сега никој да не дознае се додека не се сретниме јас и тој другата година ако се видиме дај боже, и кога ќе решиме кога ќе бидам јас 3-4 год. средноп барем јас така се надевам дури тогаш да им кажиме... се думам шо треба да кажам а шо треба не се плашам дека згрешив шо му признав дека го сакам. :'( само на тоа мислам сиве денови...ми треба помош од вас феминки ми треба мислење, ми треба помошшш од вас за ова што да им кажам кога ќе дојде времето...немав на кој да се искажам затоа барам помош од вас....<3 :(
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Што да кажеш или да не кажеш или да не се разбере бе мило? Да не си дадовте збор дека ќе се земите, м?
    Полека малце, ти работат хормоните, летаат на сите страни.

    Ниту ти го сакаш, ниту тој тебе.
    Ај тебе ќе те разберам, си почувствувала внимание од некого, неколку слатки зборови, убаво ти дошло. Ами него магаре толкаво како да го разберам?!
    Ми мириса како некој филмови да ти прави дечково. Дај мафни го таму, ќе чекаш да сте се виделе в година, па не знам кога ќе си завршела средно дрн дрн... Уживај си таму, дружи се, другарки, сладолед, чоколадна торта, сок од портокал... Колку само симпатии допрва те чекаат, ти за сватот си се фатила :)
     
    На redheaded му/ѝ се допаѓа ова.
  3. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Неможам да ти се изначудам. За каква љубов зборуваш ? Се имате само еднаш видено и допишувано и веднаш се роди љубов. :clap: За какво сакање ти збори тој дај освести се, па уште зборуваш што да им кажеш на домашните, кога,како... :x 12 годишно девојче не би поверувало во вакви зборови немој така. Ај ќе пробам да те разберам од една страна, ти фалело внимание и неколку слатки збора и тој се нашол тука. Можеби му било досадно па си рекол ај да ти пише и кога видел дека си наивна почнал филмови да ти моти. Зарем ти веруваш дека 19 годишен дечко ќе седи со скрстени раце и ќе чека цела години само тебе да те види ? И цело време така ќе те чека тебе од година на година да те гледа. Што ќе беше таа голема љубов од едно видување. :D Прости ако те навредив но само ти ја кажувам реалноста. Отвори ги очите. Ќе сфатиш што ти зборувам понекое време кога ќе фатиш дечко и ќе се вљубиш, тогаш ќе си се смееш самата на глупостите што си ги напишала.
     
  4. Duchessa

    Duchessa Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    43
    и јас имам врска на далечина,но како и да е многу е тешко..го сакам,верна сумм се океј..но тешко е...секој проблем да го решаваш преку тел или скајп...кога имаш потреба барем само од прегратка да не е тука да ти ја даде...некогаш проклето ми недостига
     
  5. anastasija12345

    anastasija12345 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1

    Не е дека ми фали љубов ние се сакаме, не е како другите го познавамм... :$
    И моите го познаваат....само незнам са уште толку се испобунив...ваљда згрешив што му признаав дека го сакам....иначе има и такви случаи каде што се гледаат така...али незнам :( саа ништо
    Стварно милиш дека сум била навина? :o
    Тој по мене лудува уште од ко се запознавме. емоциите овде ме победија мене, иначе тој мене неможи да ме заеби пошто не е таков...А ако не седи да ме чека цела година мене :D нека си фати друга шо да му речам не ке го удавам ако не можи да ме чека :)
     
  6. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Едно е лудост, страст и допаѓање, а сосема друго е љубов. Ти уште го немаш запознаено добро па да знаеш каков е всушност тој. Можеби во неговиот град си врти некоја друга, ти неможеш тоа да го знаеш. Разбирам да сте биле 1-2 или повеќе години заедно па да се разделите и да те чека. Ама вака...
    Ма ајде на кого јас се трудам да објаснам, уште не го знаеш значењето на зборчето љубов, без навреди. Реков еден ден ќе ме разбереш. :)
     
  7. kateto789

    kateto789 Активен член

    Се зачлени на:
    24 август 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    амори достаа само кажваш дали е за врска во далечина или не глеј си за тебе е*ај си го тој дома што ти е не каѓувај многу :D секссс и ништо друго сватииииииииииииииииииииии јееееаахххх .!.
     
  8. kateto789

    kateto789 Активен член

    Се зачлени на:
    24 август 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    амори достаа само кажваш дали е за врска во далечина или не глеј си за тебе е*ај си го тој дома што ти е не каѓувај многу :D секссс и ништо друго сватииииииииииииииииииииии јееееаахххх .!. :D поубаво чуство амин :* <3
     
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Интересна е врската на далечина... од сите тројца тие двата се многу напнати :^)

    Лошо искуство имав со ваква врска, еднаш месечно гледање, а понекогаш и на месе и пол... Катастрофа и голем ужас... Голем разочарување, толку имам да кажам
     
  10. anastasija12345

    anastasija12345 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1

    Секој си има различно мислење :* иначе фала на споделените мислења со мене :)
     
  11. Adelaide88

    Adelaide88 Активен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    И јас има врска на далечина (ако може да се нарече врска) :P Се запознавме во автобус така случајно..
    Цело време ме гледаше, и после кога се ослободи место веднаш седна кај мене, но ништо не кажа, само ми ја стави едната слушалка од неговиот мобилен и почна да ми пушта некои песни.. и јас ништо не реков.. некако сакаше преку песните да ми се искаже... после некое време слушање музика се запознавмее.. и 24 саата во автобус не прекинавме од муабет :D едно време веке сме заспале и се будам, го глеам целиот легнал на мене :lol: беше многу сладок... но ете не се ни бакнавме :(
    Потоа си ги разменивме броевите.. но за жал не го видов одтогаш... никако да ни испадне да се видиме..
    Но цело време зборуваме на моб.. не поминува ни цел саат а тој повторно се јавува.. Ми вели ако не те слушнам барем малцее нешто како да ми фали...
    СЕ чудам и самата како се поврзав за некој што само еднаш го имам видено.. Но чувствувам како да го познавам цел живот... :inlove:
     
  12. anastasija12345

    anastasija12345 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Некои луѓе ја среќаваат нивната љубов СЛУЧАЈНО :$ i love that part! ^_^
     
    На Adelaide88 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. redheaded

    redheaded Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    И јас имам врска на далечина и навистина е многу тешко, ти на еден, тој на друг крај..во некои моменти ти доаѓа да излезеш од кожа зошто тој не е покрај тебе, но некогаш тоа е неизбежно :| Треба многу трпение, разбирање, почитување, флексибилност, доверба и сериозност за да може да се опстане :) Секако дека стојам зад тоа дека ако се сака, се се може, но и од двете страни треба да има feedback инаку ништо од врската ;)
     
    На awayfromyou му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Malena85

    Malena85 Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    32
    Врската на далечина има многу маани,но и предности.Значи на почетокот беше стварно тешко и двајцата бевме по малку и песимисти пошто најчесто се гледавме на неколку саати и тоа на 2-3 недели а тоа е премалку за стабилна врска.Сепак работите некако сами по себе се сменија тој почна тука да иде на неколку дена(најчесто за викенд кога неговите другари се враќаа од факс дома,па му го оставаа станчето,а некогаш изнајмуваше соби)и бевме заедно по цел ден па така се зближивме премногу(иначе ова е најдобар рецепт за вистински да запознаеш некој зш друго е да се гледаш секој ден по саат два а сосем друго е цели неколку дена заедно,затоа и многу парови имаат кризи на одмор после 2-3 ден).Сега веќе сум во 4 ипол годишна врска и супер функционираме,сега веќе знаат домашните дека сепак сме во сериозна врска па не е проблем да отидам кај него на на некој ден или тој кај мене(кога моите не се дома,иако знаат).Значи ако се сака сее се може....Иначе се гледаме најкасно на две недели сепак кога тој ќе дојде или кога јас одам кај него заедно сме минимум 3-4 дена и тоа по 24 часа :rofl:
     
  15. ohana

    ohana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2013
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    268
    Никогаш не сум имала врска на далечина, а и не сакам да имам. Да речеме дека сум против ваквите врски. Од кај да знам јас што прави он таму? Дали се забавува со друга, ме вара, и сл. Големо НЕ од мене.
     
  16. Katiija

    Katiija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    10
    не знам што ќе биде

    вака...не е проблем некој, само сум исплашена, дечко ми ќе замине на крајот на светот, таму ќе е 2 години, ќе оди да работи, кога ме тераше и ја да идам нејќев, и не го сфаќав толко сериозно се додека не ми соопшти дека за 5 дена ќе полета. јас не аплицирав за работа. а и некако и не ми се оди баш, а го сакам не сакам да го изгубам, стравувам од тоа што ќе се случи со љубовта, не се малку 2 години, да не спласне многу се плашам.....некои освети, имате ли слични искуства, чисто душа да смирам....
     
  17. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    не знам што ќе биде

    според мене многу е, не верувам дека толку некој може да издржи толку време да не ја види саканата личност
     
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    48.566
    Пол:
    Женски
    не знам што ќе биде

    Па добро тој сигурно ке се врака тука во периодот на тие 2 години на одмор. Ако си спремна да ја водиш врската преку скајп и на минимално гледање во тие периоди кога ке доага на одмор во ред,можеби и ке издржи некако. Лично скептик сум за успехот на врските на далечина бидејки сметам покрај другото и близината е она што ја прави една врска целосна.

    Секој сака да си е блиску до личноста со која што е во врска, да ја осети неговата близина и топлина,неговата прегратка и бакнежни. На скајп и сличните комуникативни средства тоа е невозможно да се оствари.

    Според мене од вас зависи колку ке успеете да ја задржите таа врска. Јас лично за мене знам дека не би можела да издржам такво темпо. Да е на помал рок , месец два или три во ред ми е .Но кога станува збор за години тешко. Колку и да била голема љубовта полека полека ке почне да се лади.Особено кога станува збор за друга земја каде веројатноста за иди ми- дојди ми е мала.
     
    На Hipica, Irrepleceable и Gioia им се допаѓа ова.
  19. Katiija

    Katiija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    10
    не знам што ќе биде

    свесна сум за се, неможам да се разделам, не знам како ќе биде премногу ми е тешко, премногу!
     
  20. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    не знам што ќе биде

    Иако ти не можеш да се разделеш,сепак времето ќе ве раздели.
    2 години е долг временски период,и колку и да се сакате,сепак ќе се оладете еден кон друг.
    Комуникација преку камера,е далеку од иста во живо.
    Скептична сум јас за вакви врски кои се сведуваат на љубов преку жица,ама се надевам вам ќе ви успее :)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.