Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска на далечина

Дискусија во 'Врски' започната од Mireto, 21 ноември 2009.

  1. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    не знам што ќе биде

    ако сте доволно силни вие и ако ви е доволна силна љубовта подобро би рекла - искрена немат да имат проблеми.. за долг период секако дека е долг сепак две години не се малку.. ама интернет, одмор ова она само вие сакајтесе и се ке си бидит океј :)
     
  2. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    883
    не знам што ќе биде

    Јас би те советувала да не запагаш у лоши филмови уште сега.

    За две години може да се деси свашта-не се оптеретувај.Може ти ке се заљубиш во друга личност, може кај тебе ке се сменат чувствата....

    Јас точно знам како се осекаш. И јас го испратив дечко ми на крајот на светот и требаше да седи многу години. И знаеш што се случи.....се врати за 3 месеца :lol: Можам само да ти кажам дека не е лесна он-лине љубовта. Ама !-ако се трудите и двајцата - не е невозможна ;)


    Ајде, кој знае зошто е тоа добро ;)
     
  3. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    не знам што ќе биде

    Едно нешто од мене.Ако вашата љубов која ја чувствувате еден спрема друг,е толку многу голема,што све би направиле еден за друг,тогаш нема проблем.Секако дека ќе те плашат тие 2 години,доволно долг период за да се случат многу работи кои ќе ги испревртат нештата.Но,како што ти реков биди храбра,не дозволувај уште сега да покажеш слабост.Пружете си ја таа сила еден на друг која ја чувате и издржете.Верувам дека доколку тој те сака повеќе од се,ќе биде све океј,а исто и од твоја страна.Биди храбра и верувај дека ова ќе е еден голем ТЕСТ,колку вашата љубов може да издржи.Колку всушност ВИЕ СТЕ СИЛНИ , за да све ова успее:) Ви посакувам среќа од се срце :*
     
    На anastasija12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    196
    Znaci taka...2 godini se dovolno golem period za da rabotite se smenat, bez razlika vo koja nasoka...
    Kko prvo i prvo, luge sme, napraveni od krv i meso..
    Ete prost primer..dali mislis deka ke izdrzi na primer bez sex celi dve godini?
    Ako mislis deka ke izdrzi, te zalam, stvarno.
    Ili ti.. Nikogas li nema da napravis nesto za sto ke pomislis: PA TOJ E DALEKU, OD KAJ KE DOZNAE?!
    Luge, ubavi se prikaznite deka vistinskata ljubov prezivuva dalecini, a vo mnogu slucai i navistina prezivuva...
    No voopsto da ne se sretnes vo zivo vo period od 2 godini... Navistina ne znam sto da kazam. Ne sakam da te razocaram, no ako sakas so nego da ostanes, mora mnogu raboti niz prsti da progedas..A i za nego vazi istoto.
    A i treba da si mnogu vnimatelna, zatoa sto koga nekoj e daleku od tebe, a ti go povredis i sosem malko mozebi i so cista glupost, togas moze golema da stane, zatoa sto ima razlika koga problemite ke gi razresite oci vo oci, i koga ke gi resavate preku telefon, skype, facebook itn itn..
    Znaes moze da se naluti eden od dvajcata i da gi prekine kontakite, a vo toa vreme drugiot da umira od bolka.
    Zatoa, vi posakuvam mnogu sreka, a za kraj ke kazam edno: ZA PARI NE VREDI STRADANJETO STO KE STE RAZDELENI, VERUVAJ MI!!
     
  5. Katiija

    Katiija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    10
    баш за се разговаравме за се буквално, и затоа как ќе издржиме без секс (што две години се многу) како ќе биде, за секое делче, бидејќи година ипол сме заедно, имавме и падови и убави моменти, но сега некако...навистина сум во незнам како да ви опишам каква ситуација, само едно си велам се се случува со причина....
     
  6. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    196
    Vremeto ke pokaze..
    Moi bliski prijateli ziveat vo razlicni drzavi, no se gledaat preku 2-3 meseci...i ete ke slavat vtora godisnica zimava...
    No 2 godini bez kontakt vo zivo..navistina neznam :/
    A sto toj misli vo vrska so toa?!
    [mod-kirilica:wi6ibozd][/mod-kirilica:wi6ibozd]
     
  7. Katiija

    Katiija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    10
    ете денес се разделивме премногу ми е тешко, сега разгледуваме начини за тоа и јас да одам, ќе видиме, доколку не одам, да се чекаме еден со друг тоа е договорот, но доколку ми е вака тешко како денес во наредниот период незнам како ќе издржам, навистина не знам....
     
  8. bubibubibubi

    bubibubibubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2013
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    25
    Нормално е денеска така да се чуствуваш за жал не си ни прва ни последна ке се навикнеш јас имам врска на далечина 4 ипол години тешко е да ама не е и невозможно поздрав се најдобро :* :* :*
     
  9. Katiija

    Katiija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    10
    ви благодарам на сите на вашите мислења, времето ќе покаже се....
     
  10. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Katiija јас би ти рекла да се смириш и без нервози. Не ја троши енергијата за негативни мисли, туку насочи ја енергијата на позитивни работи и разгледајте ги можностите за твое идење натака. Не знам колку години имаш ама ти не мораш таму да одиш за стално, можеш да го посетуваш на еден месец на пример. Можете да си направите еден распоред, еднаш он да дојде кога ќе може, еднаш ти и ќе ви се фати да не се гледате по 2, 3 месеца па да се видите и така цело време. Нема да бидете ни први ни последни што имаат врска на далечина. Денеска е тоа секојдневно, многу млади си одат од нашава држава за да си створат подобра иднина и некои работи се неизбежни. Ама не мора да значи дека ако некој отиде некаде настрана дека мора да се раскине, баш напротив. Затоа само храбро и пак ќе ти речам немој да се полниш со негативни мисли зашто тоа е најлошо.

    Мислам дека еднаш имам дадено свое мислење на темава. Еве пак ќе кажам, според мене може да успее врска на далечина АМА само доколку партнерите претходно биле подолго време заедно, одлично се познаваат, веќе има голема љубов меѓу нив, имаат изградено доверба, има почитување итн. со еден збор имаат цврста врска која се темели на се ова погоре што го напоменав. Е таква изградена врска може да успее на далечина. Мислам дека не е ништо ако едниот партнер отиде некаде на страна на 2, 3, 4 месеци, па и пола година нека биде еве. Но доколку партнерите врската веднаш ја започнале на далечина и не се знаат многу од претходно тогаш би рекла дека шансите тоа да успее се мали. Барем според мене.

    Да резимирам, значи не е далечината толку проблем колку што би биле проблем недовербата, љубомората, недоволната љубов итн. Кои впрочем истиве овие работи би биле проблем дури и партнерите да не се разделени. Има една многу убава изрека која кажува многу за овој вид на врска. "Далечината и' го прави на љубовта она што ветерот и' го прави на искрата. Ако е мала ќе ја угасне, ако е голема ќе ја разгори." Така што тоа е тоа.
     
  11. Katiija

    Katiija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    10
    ти благодарам Daydream, баш така, btw. имам 24 години, и заедно сме година ипол, тој е премногу далеко за да јас одам на 2-3 месеци, ќе видиме дали јас ќе одам, тој само што стаса да види како што па ќе разговараме. секако имам многу прмери околу мене кај што врската успеала и на повеќе години далечина, а тој за две години се враќа дома, и тука ќе си остане, и тоа правам овие денови само позитивно мислам, се дружам повеќе и така.... :*
     
  12. anastasija12345

    anastasija12345 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1

    Tи посакувам се најјнајјј убаво ама некои велат од феминките дека е супер дека успева оваа врска и јас истото го мислам! а кај мене пак што сеуште го познавам човекот кој е и што е и каков е :D и можам да го видам кога сакам мислам ако решиме да се видиме велат дека тој мател раб. со мене ми праел филмови и незз што(муабетот на 107 стр.) јас ќе ти дадам совет иако сум можеби помала од тебе слушај си го срцето а не луѓето! оти тие од една страна се од кај тебе, а од друга страна и ситуација се против тебе! поздрав :*
     
  13. DulceChiquita

    DulceChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    300
    Пол:
    Женски
    И јас имам на некој начин врска на далечина. Се запознавме на одмор, очекував се да биде од забава, но едноставно ми се вовлече во кожа. Не можам да го заборавам, постојано мислам на него. Многу сме далеку и секако дека не знам што прави таму. Сеуште комуницираме и на фејсбук сме во брак дури, постојано ми кажува дека не може без мене, ама не е тоа тоа... Сигурно таму си тера свој живот, можеби има и друга. Ептен е тешка ситуацијата и никогаш не сум била за врскиве на далечина, ама ете нешто сепак постои измеѓу нас. Верувам во тоа дека му фалам и се, затоа што тие 7 дена на одмор колку што бевме заедно ни беа преубави. Ми доаѓа да си отидам кај него и никогаш да не се разделам, а не очекував да ми се случи вакво нешто,вакво чувство да имам за само 7 дена... :inlove:
     
  14. Baroness

    Baroness Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    47
    Врска на далечина-нешто преубаво.Зборам од искуство.Кажувам за врска на далечина помегу различни градови во Мк,а не од различни држави.
    Ова ми е прва врска.Заедно сме 2 ипол месеци.Не делат 100 и нешто км.Тешко е,премногу е тешко,но и убаво.Секоја наша средба ја чекаме со недели,но кога ке се видиме тој ден што сме го поминале заедно е бесценет.Сме поминале преубави моменти.Да некогаш се караме,но сето тоа го поминуваме лесно.
    Врскава ни започна на почетокот на јули.Пред тоа месец ипол се знаевме од нет.
    Летово се гледавме почесто.Во јули еднаш дојде и остана 4-5 дена,потоа дојде на еден ден и јас отидов на еден ден.Во август дојде пак 4-5 дена,а и дојде на еден ден.Кога ке дојдеше неколку дена поминувавме по цели денови заедно.Од сабајле до навечер.А исто и кога ке дојде на еден ден.
    Но сега од септември е друго.Дојде на 8-ми (празникот заендо си го поминавме) и сега го чекам на 28 да дојде.Од октомври ке се гледаме еднаш месечно-поради факултетот (последна година е).
    Но врската на далечина исто така има позитивни работи.Секако доколку е сериозна и планирате за заеднички живот за во иднина.
    Јас да бев малку поголемка ке се венчавме ,ке имавме мнооогу деца и среќно семејство,но треба малку да почекаме.Јас имам уште 8 години учење (средно и факултет).
    Има моменти кога навистина ми било тешко.Моите другарки или немаат дечковци и си прават што сакаат,си излегуваат,пијат,се дружат,се муваат,со еден збор уживаат-а и сега ни се најлудите години.Другите пак што имаат дечковците сите им се тука и си се гледаат кога сакаат.
    Имало моменти кога ми требал до мене,кога ми било мноогу тешко,но секогаш во тие моменти помислував на иднината.
    Тоа ми дава надеж.Нашата иднина.
    Навистина не знам како ние двајца си се најдовме,но сите кои што знаат за нас сите велат дека си одговараме иако има разлики во години и е врска на далечина.
    А и нашите почнаа да ја прифакаат нашата врска.
    А на телефон збориме постојано по сто саати,секој ден.Разговараме за се и сешто.Некогаш дури ке се истепаме кој прв да каже.Иако кога ми е тешко,не можам да го прегрнам,сепак му го слушам гласот и на некој начин ми е полесно.
    Уште на почетокот чувствуваме нешто.Секој ден љубовта расте.
    Иако се гледаме ретко сите заеднички моменти ги поминавме најубаво.Срекни сме си заедно.Заедно ја делиме и тагата и среката.Се надевам ке останеме уште долго заедно.. :)

    Сите што имате ваква врска или што имате шанса,обидете се,верувајте ништо не можете да изгубите,туку само да добиете.
     
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.128
    Допаѓања:
    36.339
    Пол:
    Женски
    И ние со маж ми имавме врска на далечина. Тоа траеше 6 месеци. После тоа, маж ми пак се врати во Скопје. Тешко ни беше што бевме на далечина, ама издржавме. Ако постои љубов, далечината нема да биде проблем. Сите врски на далечина не завршуваат со среќен крај.
     
  16. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    дечкото утре заминуват скопје на факс.. далеку сме. ке се гледаме на две недели евентуално една :)
    нешто ми викат дека ке успејме, ми зборуват од внатре дека тука имат права љубов.
    а и првпат се чуствува вака сакано :$
    ќе издржиме :)
     
  17. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    Убава љубовна идила :)
    Се надевам за година две пак ќе пишеш мислење твое во оваа тема ;)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Камо да беше се така како што напишало девојчето ... ехее .... незнаеш штоо се те чека со таа врска на далечина , ама си доста млада ....
     
  19. Baroness

    Baroness Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    47
    А зошто да не успее? Сите ми го викаат ова,ама мене низ едно уво ми влегува,низ друго ми излегува.
    Да,млада сум,признавам не знам многу работи како вас возрасните,ама барем знам што моментално правам и што треба да правам.И со текот на времето,растам,созревам,ги согледувам поинаку работите...
    И,да секако ке ви пишам за две години,со задоволство. ;)
     
  20. Baroness

    Baroness Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    47
    Се се промени.Сеуште сме на врска на далечина и ке бидеме уште 3 години (повеке не се 4).Вечерва навистина ми пукна филмот и не можев повеке.Малку се каравме.Му викам дека ако ме сака ке најде решение да се гледаме повеке од еднаш месечно,му кажав дека не сум среќна и дека е време да се разделиме.Му дадов прво решение да се гледаме секој викенд по еден саат-дека ке доагам на еден саат.Значи еднаш месечно ке се гледаме од по цел ден,ама останате викенди барем еден саат да дојдам еднаш во неделата.Тој се двоумеши,поради тоа што да не ми направел проблеми што ке одам таму...И јас на крајот решив крај.Му велев како кратко сме во врска,дека за неколку дена ке ме преболи,тој не сакаше да слуша и само и рече те молам не оставај ме,ако сакаш ке се гледаме секој викенд така по еден саат,ако си спремна да патуваш 2 ипол за одење и 2 ипол за враќање,вкупо 5 саати на пат за еден саат гледање тогаш добро,само не ме оставај,не ме терај да помислувам да си ги сечам вените,те молам,секогаш да бидеме заедно.
    Јас воопшто не си помислував дека ке прифати.Мислев дека е крај и почнав да плачам.Но ете прифати.На крај најдовме компромис.
    Значи два-три викенда (сабота) ке одам на еден саат,еден викенд (сабота) ке дојде тој и ке бидеме цел ден,од сабајле од 9 до 7 навечер.Секој викенд ке оди дома освен кога ке полага.А во тој град каде што студира ке отидам еднаш во 2 месеци,значи најмногу ке одам во неговиот град бидејки секој викенд ке оди дома.Месечно ке се гледаме по 3-4 пати,од кој еднаш ке биде цел ден.
    Сега сум навистина задоволна.И знам дека вака ке успееме.Го решивме проблемот што уште на почетокот не мачеше.Сега и него ке му биде полесно бидејки,навистина,признавм на глава му се качував,но сега повеке нема карање,плачење по тел.,....Сега сум многу посреќна.