Ова може секому да се случи.Со оглед на тоа дека имав неколку односно 80 проценти од моите врски беа на далечина, имам доста искуство со врските на далечина. Морам да признаам дека ако нон стоп мислиме на далечината тоа ја чини врската потешка, покомплицирана. Но од почетокот и јас бев љубоморна ако го нема со денови на мсн или излегол со другарите,барав другари кои ќе ми кажат што работи таму и тоа голема далечина. Јас во една европска држава а тој во Македонија или Србија. Значи од сето тоа научив дека ако ме сака некој ќе има време и 5 минути да оддели за мене на ден, а ако не ќе најде некој изговор. Но се зависи до карактерот на машкото. Ако сака да те има како резерва за летни авантури кога ќе си дојдеш во Македонија ќе ти мачка очи цела година, или ќе те сака за да дојде во странство,а со тој проблем имааат многу девојки и момчиња во Странство проблем. Ќе се оженат,првите денови се е добро дури и првите години,а потоа ќе се разведат откако тој ќе добие документи. Избегав од темата,жалам што ти се случило ова. И јас моментално имам таква врска,но наскоро ќе сум со него заедно во ист град ќе сме и затоа не се замарам многу. Сепак ако двајцата се спремни на таква врска може да се обидат,но ако не тогаш не. А и да ти кажам и јас не сум сигурна дали мене ме немаат преварено, сепак машки се. А и можеби не се ме сакале,не сакам да мислам на тоа. Важно е, да најдеш некој искрен ете како твојот кој ќе ти го каже тоа.Но единствено не чинело што не ти рекол одма. Туку кога дошол. Поздрав и ГЛАВАТА ГОРЕ!
Постои. Само е многу безвезално кога треба своите мисли да му ги кажуваш по фејсбук или скајп. Но затоа има случаеви каде се сакаат со години,па се чекаат и се земаат и си живеат заедно.Баш една пријателка од моето место во Македонија се омажи лани за еден од Македонија кој живее во Австрија.Еве ги сега си имаат и бебенце и среќни се. Се зависи до ситуацијата.
НИКОГАШ ПОВТОРНО .... беа во прашање година и неколку месеци, верувајте дека тоа за мене беше оптоварување на душата и телото, можеби поради различна временска зона, ми се има случено цела вечер на скајп и сабајлето во 8 на факултет.. можеби зависи од луѓето и од ситуацијата, но јас не би повторно благодарам...
Врската на далечина успева само доколу се има силна воља,доверба и трпение.Јас би рекла едно големо ДА за ваквата врска,кај мене успеа па еве сега и веридба спремаме.После две тешки години сега една недела си спиеме заедно ( во ова не ги бројам одморите и зимовањата).Иако планиравме да почнеме да живееме заедно после веридбата но настанаа промени,за среќа позитивни, па морав порано да појдам кај него.Не се каам за тоа што порано се преселив кај него.Во овие тешки времиња на кризи да одбијам повик за работа од приватна болница каде што сонував да работам не ми беше некако паметна опција.Дали месец подоцна или порано се знаеше дека пак ке појдам кај него барем сега и работа си имам
Искрено мило ми е што постојат вакви случаеви, љубовта, вољата и трпението кај вас биле огромни, но пред се тоа го покажува карактерот на двете личности ...и браво, со среќа новата работа и ВЕРИДБАТА секако .. Во мојот случај од личноста што беше со мене имаше претерано љубоморни испади, па еден кога ке се труди малку е ..за жал..
Љубомората е најголем непријател, нема разлика во километрите таа и онака ќе ја уништи врската.Неможам да кажам дека не сум имала кризи, како што погоре една феминка коментирала тешко ми беше кога ми требал а него го немало, но сепак трпението и ДОВЕРБАТА беа доста големи.На сите што се решиле за ваква врска им посакувам да успеат во неа, да издржат а потоа кога ќе бидат заедно ќе ги надополнат тие изгубени часови Со среќа на сите!
Таква е врската на далечина,денес е вака,утре така.Патот е долг.И исполнет со многу дупки.Но,добро важно да сме заедно.
верна и силна љубов. Толку што и да се случи немој да ги кривиш километрите иако имаат и тие своја улога но ако личноста те сака искрено - не би претставило проблем.. проблемот е во дупките во љубовта
Пример за врска на далечина ми се брат ми и девојка му. Девојчето е од наша соседна држава, и одат скоро 1 ипол година, јас секојдневно си контактирам со неа, многу се сакаат, никогаш немала предрасуди кон нас како народ а исто и нејзиниот крај (зашто е од помал град) супер си го прифаќаат брат ми. Но, на почетокот секако дека имало проблеми. Иако брат ми е возрасен, сепак на моите не им беше сеедно заради местото од кое потекнува, да не се разбереме погрешно, таткото на мајка ми потекнува од таму па не го сака ич од икс причини, потоа да не влегувал за џабе во таква врска, немало иднина, девојчето ќе заминело во друга држава пак да студира. А и самото девојче ми кажуваше дека од почеток кога се запознале, брат ми во 3 часот сабајле доаѓал во нејзиниот град, пред врата и дошол и и се јавил да излезе, а таа инат жив, не излегла. Излегле неколку пати на кафе, ама си мислела дека тоа е тоа, он е од Скопје, јас од овде, ќе се видиме два-три пати и толку е. Ама брат ми, упорен и тврдоглав, си го меркал девојчето уште од поодамна и си истрајал во намерата и си ја добил. На почетокот имало недоверба, што е и нормално, е јас сега дома си седам а он во Скопје којзнае што прави, дали е на работа, дали е со друга, а неможеш цел ден на телефон да седиш со него, скапо е. Од кога знам веќе година ипол скоро секоја вечер се на скајп, порано по 2-3 часа зборуваа, ама не е тоа лице во лице контакт, но издржуваат. Кога биле 5 месеци во врска, таа сакала да дојде во Скопје, ама нејзините не знаеле дека е воопшто со него и и рекле што ќе правиш сама таму, и не ја пуштиле, па плачки. Потоа, полека сите дознаа, и нашите и нејзините, нејзините си го сакаат зетот, не се жалат. Моите сеуште не ја симпатишат многу, ама си се помириле дека е негова одлука и готово. Стварно им се воодушевувам на храброста и истрајноста. Сега девојчево студира во друга држава, не се виделе 3 недели, и ми кажуваше вчера двајцата пуштиле неколку солзи на скајп . Ама љубов е ова, верувајте ми, и од оваа причина ги поддржувам врските на далечина и од порано сум сакала да имам ваква врска, наспроти сите тешкотии и ограничувања.
Не верувам во ваква врска и љубов, не сум доживеала лично ама гледам по мои блиски примери, така да не фала
Vrska na dalecina? Zavisi od nervite i ljubovta na parot. Ete jas bev vo takva vrska 4 godini i ne zboruvam za vo mk jas vo mk toj usa. Si idese dva pati godisno sedese po mesec dva tri i zaminuvase pak. Ogromno znacenje e razbiranjeto eden so drug, sega ima nervozi eden kup ama se se resava so razgovor. Sega sme zemeni i kaj i da e sekoj den ocekuvame bebce zatoa tocno e ona ako vistinski se saka se se moze ps nemam mk poddrska se izvinuvam
Тешки се врските на далечина, апсолутно. Мислам, какви се тие врски на гледање преку Скајп и комуникација преку социјални мрежи!? Допишувања во инбокс, пораки на мобилен и слично...За други не знам, за мене тешко е...Можеби сум преемотивна, но јас не би успеала да бидам во една цврста и стабилна врска која би функциунирала на далечина. Тоа е преголем емотивен товар за мене.
se zapoznajv se eden od stranstvo kontaktiravme necela godina,na pocetokot iskreno odbegnuvav da kontaktirama,ama pocnav i mnogu se zblizivme.sekoj den pisevme crerkravr rdrar sri dojdi za da se vidime na kamera...po nekoe veme jas pisam toj ne mi vraka.go prasav kaj si sto pravis...toj vika zzafaten so obrvrski...sigurno si imal vreme da vratis...sekoj den taka...da napomenam mnogu se zblizivme.me veti ke dojdi za mene ke bidime zaedno...i ne dojde i veke ne kontaktirame ama uste mi e teskmo sto taka ispadna.....
Колку е само точно ова. До пред некое време и јас лично бев убедена дека со упорност, љубов и доверба има шанса да успеам во мојата врска, ама сега веќе и не сум толку уверена во тоа. 4 години бевме нон стоп заедно, дали на факултет, дали во Германија, ама сега кога го завршивме факултетот и секој се врати во својот град, поинаку гледам на работите. И многу поинаку се чувствувам, што е најбитно. Не знам уште колку време би издржала со ваквата врска - муабети на фб и по телефон, видувања на скајп... Нема врска што и двајцата сме во Македонија, не може секој ден да се гледаме. Всушност не може ни секоја недела.. И глупаво е ептен, ама во името на годините кои ги минавме заедно, ќе се потрудам да издржам. АМа не ветувам многу. А најлошото во целата ситуација е што никој не е крив што не сме физички заедно, ама тоа има преголемо влијание на нашиот однос. Напнатост, нервоза, караници без врска.. и зошто ми е таква врска? Да не можам да го видам, да го гушнам кога ми е најпотребен, да не можеме заедно да се смееме?
Јас мислам дека ретки се но поцврсти и постабилни се тие врски, но само ако има љубов меѓу партнерите. Јас студирам Скопје, тој во друг град е, и секој ден се гледаме на скајп (не збораме на мобилен, безвеза е со сати зборање) и да тажно е и тешко е и некогаш и љубомора има, но имаме доверба меѓусебно, и не си станавме навика. Детски души имаме и двата, искрено не дозволувам да ми влијае ништо од другите, и по форуми што имам читано и глупи статии како не треба жената да е раннлива пред мажот дрн дрн јариња. Ако имаш некој што го сакаш и што те сака треба секој ден и во секој момент кога и да ти дојди желба да му кажиш дека го сакаш, и дека си тука за него. Тоа има огромен фактор во врската. Секое утро станувам и имам порака за добро утро, и кога ќе ми кажи дека ме сака, знам дека во тој момент од душа му иди тоа и сака да ми го кажи, а не да потиска да не излгеда папучар или незнам. Тој не оди да се пусти, да се журка до ниедно време и јас не го правам тоа, воопшто ниту се расправаме (многу ретко). И најубавото нешто е кога после 2-3 недели ќе се видиме и ја осеќам љубовта дека ме дрогира буквално, и ги врвиме деновите само за нас и се препуштаме на страстите. Тие ми се бесценети моменти и секој нареден пат тие чувства ни се поинтензивни.
Морам да се пофалам за оваа тема дека имам врска на далечина веќе 3 години и двајцата сме во МК ама сепак сме далеку во разни градови. Во секое слободно време се гледаме и го користеме за нас , имаме целосна доверба еден во друг , контактираме нон стоп преку социјалните мрежи и на моб. Според мене за една врска на далечина да опстане најважно е да се има доверба се друго е залудно . Не верував во ваква врска се додека не доживеав така да без да доживеете нешто на себе не пресудувајте како би било
Имав 2врски на далечина и тоа по 2 години,имам коментирано на темата но да се надоврзам со уште нешто,значи и покрај цел труд и воља ниту едната не имаше среќем крај во едната врска бевме далеку во 2 различни држави моб.нет,све што беше можно функционираше но како што поминуваше времето све повеќе преовладуваше љубомората,и работата пукна дојдиси смирисе заминиси скарајсе хаос,во 2рата врска бевме во различни градови повеќе бевме заедно бидејќи бевме на ист факултет можев да одам и за викенд и навечер да излезиме скоро секој ден денски се гледваме на фак.или во град на кафе итн блиски бевме се сакавме имаше и љубомора и карање и све неизбежно е тоа посебно во вакви врски,искрено јас повеќе вложвав но ок сакав го правев тоа.потоа тој дипломира се врати дома работите почнаа да се распаѓаат и јас бев при крај и све поретко одев на факултет почнавме воопшто да несе гледаме само се слушавме редовно си пишевме и така потоа дознав за негово неверство и едо големо ЧАО му реков на сето тоа,потоа тркалото се сврти тој почна да се залага да организира да се видиме на апсолвентската дојде ме изненади демек повеќе почна да се јавува да пишива пораки,но задоцнето сето тоа. Муабетот ми е дека кој што сака нека ме убедува и разубедува колку е убаво бла бла бла сум била во вакви врски и едно ќе кажам ниту еден скајп фб мобилен и незнам што неможат да ја заменат топлата прегратка нежниот бакнеж,убавиот збор и пружената рака во моментот кога ти е најпотребно...
Тешко е...мислам дека едвај издржав цела година во различни градови да сме (со тоа што ја користевме секоја прилика за да се гледаме), а не па во различни држави. Секоја чест на тие што издржале...заслужуваат почит и восхит