Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска на далечина

Дискусија во 'Врски' започната од Mireto, 21 ноември 2009.

  1. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Мене не ми успеа.. траеше еден месец само.
    Он беше мн љубоморен..
     
  2. vampire15

    vampire15 Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    6
    Јас на пример незнам како би издржала врска на далечина Јас таму Тој овде или Тој таму Јас овде мислам дека е тешко ии цело време ќе се мислам каде е сега како е што прави...
     
  3. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Се пронајдов и јас тука :D Имам исто врска на далечина веќе сме разделени 4 месеци а претходните 8 бевме што се вика нон стоп заедно, заедно легнувавме, заедно станувавме по цел ден бевме заедно значи буквално 24/7 и од летово сме тој таму јас ваму.. на почеток ми беше мноогу многу тешко ама ете веќе навикнав ќе потрае уште месец така, али си го сакам многу и често ми се заблагодарува за тоа како сум го трпела.. дека оди на работа и неможам многу и да го слушам но тоа е тоа.. битно многу си се разбираме се почитуваме и веруваме а тоа е најбитно според мене за една врска да успее без разлика дали е на далечина или не :)
     
  4. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    53
    И јас сум во ваква врска и нема проблеми.. само што мн сакаме да сме заедно и некогаш настануваат мали кавги од желба да сме заедно, а сега баш во најубавите години за шетање,лудување ние сме разделени ( 18 и 21) :(
     
  5. femtinka

    femtinka Активен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    na dalecina ne na dalecina, koga se saka sve se uspeva! :)
     
  6. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Успева но многу ретко, далеку од очите далеку од срцето. Ти одиш кај него, тој доаѓа кај тебе, а што ако е во друга држава, многу пари, време, нерви. Освен ако не се земете, па да се скрасите на едно место, ништо не бива од таа врска. Нема долго да трае.
     
    На Name и awayfromyou им се допаѓа ова.
  7. an4ii

    an4ii Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Дечкоми работи во друг град и си иде на две недели и е дома само 2 дена...па еве не во врска 3 години и 3 месеци... веќе 2 ипол години работи таму па издржуваме некако... на почетокот ни беше тешко но после мора да се навикнеш ...и сега ми е тешко ми фали многуу ама КОГА СЕ САКА СЕ СЕ МОЖЕ!! :inlove:
     
    На Name и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  8. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Значи на врската наша му нема крај од подеми и паѓања...
    Ако имате прочитано имавме проблем пред некое време со дечкото ама се се реши...Си се извинивме си дадовме до знаење дека било период и си докажавме дека се сакаме...
    Нема везе,работата е тоа што го примија во специјалните сили,тој беше една година во Ск и таман рековме дека се помина дека ке си бидиме рајат и слободни бидеќи мислеше дека ке го регрутираат од каде што сме...
    Си имавме планови,желби за во иднина и сега се пропаѓа во вода,барем за наредните неколку години...
    Значи аман веќе!! :(
     
  9. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Луѓе врската на далечина не успева...
    еве пример земете ја мојата со Бред Пит ;(
     
    На awayfromyou му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BeautyQueen

    BeautyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    32
    Порано имав коментирано во оваа тема, но со овој пост сакам да се искажам но и да побарам мислење. Мојата врска на далечина започна од Септемви тогаш одевме 5 месеци и секој ден бевме заедно беше преубаво, откако отиде да студира не се смени ништо си доаѓаше речиси секој викенд иако на почетокот мислевме дека нема да е така. Не можам да кажам дека има некоја огродна разлика во неговиот однос, не, речиси и ја нема но мене ме буни тоа што тој од факултет си оди во 7-8 часот (тоа се случува последната недела) а предавањата му завршуваат најдоцна до 5. Ми објаснува дека бил со колеги, со другари и сл. додека тоа порано не се случуваше. Ок е тоа но денес си дојде и требаше да излеземе некаде во 10-10 ипол бидејќи претходно бев на роденден но потоа не сакаше со оправдување дека е изморен од патот и сака да се одмори. Не знам можеби ги преувеличувам работиве, многу ми е тешко... :(
     
  11. lovebrazil

    lovebrazil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    78
    Почекај и види како понатаму ќе се одвиваат работите, не е чудно да бил изморен и не е чудно да излегува со другарите, со колегите после предавања. Според мене, тука нема место за паника. Како што реков, почекај да видиш што понатаму ќе се случува. :)
     
  12. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    За врска на далечина влијаат многу фактори, прво треба двајцата да си бидете погодени еден на друг, значи не знам едноставно да ја има таа некоја хемија, второ мора премногу да се сакате, и таа љубов да биде посилна од се на светов, трето мора да имате толку доверба еден во друг да не си дозволите во ниеден момент да се посомневате во партнерот, четврто потребни се нерви, и тоа не било какви туку челични. И петто (што за мене беше клучно пред некој одреден период) да имате план некој, значи да знаете кон што се стреми таа врска, не да бидеме заедно цел живот, да се сакаме да се венчаме и бла бла бла. Туку потребен е конкретен план значи да ли ти да почнеш живот во неговиот град или тој во твојот, значи некој дологорочен и конкретен план што вас двајца ќе ве донесе на исто место.

    Јас имам врска на далечина веќе година ипол и со оглед на околностите функционира многу добро можам да кажам. Се знаеме од претходно и претходно и сме биле во некоја детска врска да кажам, али кога се смиривме официјално поседниот пат ние веќе не бевме во иста држава. Од првиот момент јас јасно му ставив до знаење дека ако он мисли дека не можеме така да функционираме нема поента да бидеме заедно. А функционираме, преку вибер и скајп. Се гледаме скоро секој викенд, еден сум јас кај него еден е он кај мене. Многу добро ме имаат мене прифатено неговите и моите него го имаат добро прифатено. Поради некои не толку мили случки он ја има запознаено цела моја фамилија која многу го цени и јас ја имам запознаено цела негова фамилија.

    Прво што би рекла нашава врска е скуп спорт :lol: не е многу ефтино тоа иди ми дојди ми али буквално тоа се преиоди за кои ние живееме и максимално ги користиме. Функционираме многу добро бидејки јас ја знам неговата околина он ја знае мојата секогаш во секој момент знаеме каде е другиот и со кој е и знаеме дека нема потреба од љубомора и слични работи. Сме биле и раздвоени 1 месец највеќе и сме поминале 3 месеци буквално живеејки заедно секој ден јадење, пиење, спиење заедно. Пред се сме најдобри другари и тоа ми значи мислам дека поише од се. Значи и да ми се пушта некој дечко и да треба да донесам некоја одлука небитно каква или да се случи нешто прв он дознава.

    Секако како што спомнав западнав јас сама во мн голема криза пред одреден период бидејки не го догледував тој период кога ќе бидеме заедно, бидејќи немавме баш план туку беа само желби. Сега тој план е официјален и се работи на тоа он да се пресели тука каде што живеам јас, имам некој мотив и некоја цел нешто кон што тежнеам и нешто што ми помага да ми опстои врската и премногу сум благодарна за тоа.

    Најискрено не е само доволно да се сакате и толку. Mногу многу поише ствари од тоа треба да има за да успее една ваква врска, не мислам дека сум јас најпаметна и дека сум експерт за ова ама сум поминала низ многу ситуации низ кои парови кои ги познавам не ги поминале ни за 4-5 години врска, и низ сите тие ситуации мислам дека сум стеклана огромно искуство и огромна доверба во дечко ми да ми е после се глупаво да се искарам за некоја глупава ситница. Сум добила преголема поддршка кога ми била најпотребна и баш поради тоа не би имала срце да го оставам заради тоа што ете не можам да имам врска на далечина пренапорна ми е и мислам дека не е тоа тоа. Потребно е десет пати повеќе труд, емоции и трпени за да успее ама чуството е неверојатно кога знаете дека имате некој до себе во секој момент па не знам колку километри да е далеку од вас и знаете дека еден ден се тоа ќе се смени и ќе бидете заедно на исто место.

    Така да девојки не се плашете од ваквите врски, али уште од самиот почеток треба да ја сватите сериозно врската(што може малце да биде тешко) и да почнете да планирате пошто тука се мора да се испланира, ретки се спонтаните ситуации и изненадувањата али се дифинитивно најслатки :inlove:
     
    На LaraSolare и poenta им се допаѓа ова.
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Lolanomnom потполно се сложувам со твојот пост.И јас имам врска на далечина.Можеби емотивно е потешко да се издржи во ситуација во која сум јас.Мојот партнер е на работа во Скандинавските земји и таму поминува 3 месеци.Па и толку време поминуваме разделени.Си доаѓа овде и по 1 месец повторно заминува.Е, тогаш ми е најтешко.Додека сум се навикнала на тел.разговори,средби и убави моменти поминати заедно,следува нов циклус на патешествие.Контктираме преку skype и смс на тел.
    Но,тоа не може да го замени времето поминато заедно.И точно е тоа дека не се доволни само разбирањето и љубовта.Потребни се заеднички планови и цел,а пред се титаниумски нерви.Мислам дека не секој може да издржи во ваква врска
     
    На lolanomnom му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    За ова и јас потполно се сложувам а посебно за делот со Нервите :D треба да си многу трпелив и толерантен према партнерот за да се надминат сите проблеми :)
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  15. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.422
    Допаѓања:
    22.810
    Пол:
    Женски
    Имам пишувано на темава и овде, а и онака на форумов. Јас и дечко ми сме од различни градови, но бидејќи бевме колеги на факултет во трет град, се гледавме скоро секој ден во овие 4 години од нашата врска. Бевме и во Германија последните две лета, што значи цело време бевме заедно. Е сега, дипломиравме и двајцата, секој си се врати дома, и слободно можам да кажам дека последните 4 месеци ми се најлошите досега.
    Ме погоди мислењето погоре на Лола... во иста ситуација сме и ние, само што нас ни фали конкретен заеднички план. Не зборувам за венчање и такви работи, туку за нешто кон кое ќе тежнееме и двајцата да го оствариме. Секогаш муабетот е тој - ќе тераме вака додека оди, па ќе видиме, здравје, после не знам колку време, што ќе правиме. И кога му кажувам нему дека не ми е убаво вака воопшто, тој мисли дека јас се откажувам од врската. А го сакам, сигурна сум и во неговата љубов, ама тотално сме немоќни и двајцата барем сега за сега да направиме нешто за да сме заедно. А многу тешко ми паѓа ова гледањето на 2 недели, на месец, затоа што бев навикната секој ден да го гледам, секој момент и добар и лош со него да го минувам. Чувствувам дека полека се оддалечуваме еден од друг, а не сакам да ни се лизне низ прстите се она што го градевме овие 4 години. На почетокот мислев дека има шанса да опстанеме вака, ама сега кога навистина се случува ова, не сум веќе толку сигурна. Јас се вработив во мојот град, тој е на прагот да се вработи во неговиот, и така секој со својот план за себе.
    Не барам некој совет конкретно, затоа што никој не може да ни помогне. Само сакам да си ја олеснам душата некаде... :worried:
     
  16. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Никогаш не сум верувала во врските на далечина...никогаш. Секогаш сум стоела со цврст став дека таквите врски се осудени на пропаст.....

    И ете сега јас се наоѓам во таква ситуација...никогаш не можеш да знаеш што те чека и што ќе ти се случи во иднина. :)

    Како и да дечко ми ќе си оди во Германија за 2 дена.....Уште сум скептик и сметам дека таквите врски не успеваат...обично викаат дека кога ќе ти дојде на своја кожа размислуваш позитивно и поведро гледаш кон работите...ама јас сум реална, сметам дека таквите врски не успеваат. Барем знам поголем број од истите кои не успеале..... Не знам што да кажам.....
    Не сакам оваа бајка да заврши, да бајка е буквално се осеќам ко принцеза со него. Се појави во период кога ми беше потребна најголема подршка, ми ја врати насмевката на лицето во моментот кога мислев дека никогаш повеќе нема да се смеам.....

    Современа технологија...скајп... сепак, скептик сум.

    Се надевам ќе ми се промени мислењето и се’ ќе биде добро. :)
     
  17. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.775
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Сум имала три врски на далечина, од сите сум се разочарала. Ретко некоја да успее.
     
  18. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Ете уште еден пример. :)
     
    На jovana03 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.775
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Убава е врска на далеко , сви четворица су среќни :hai: ]:)
     
  20. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38

    Да ви ги имам годините,да во го немам паметот.Најсериозно.Јас и он.Врска на далечина.Јас премногу мала,само 15 год.,а тој 21.Јас сега да дипломирав одма кај него,што чекате? Ваше право е дали и кога ке се венчате,ама ако не сакате,не се жали.Ние и сега би се венчале,бидејки постои огромна љубов,ама мала сум,тоа е проблемот,да завршам школо па потоа,бидејки треба и средства за живот да се има,треба да се размислува,ама вие го завшивте факултет и што е проблемот?