И самата велиш дека треба од нешто да живееме. Јас не го гледам тоа како моментално решение, јас да отидам кај него, во тој случај ќе треба моите и неговите да не хранат. А тоа во никој случај нема да го дозволиме. Сите од страна реагираат како тебе, демек завршивте школо, што друго ви останува ако не тоа?! А тоа што во моментот немаме можност да сме заедно, не ми дава право да се пожалам некаде? Што знам, мене ми е јасно дека ако еден ден отидам кај него, сигурно нема уште утредента да имам работа таму, ама барем тој да е вработен. Реална сум, и знам дека од љубовта нема да јадеме. А ги гледам во меѓувреме пријателките, колешките од факултет кои имаат вакви врски на далечина, сите си се прибраа на едно место. Ама секој со својот избор, нели.
^ Зошто не разгледате опција да барате работа на едно место, во еден град ? Дечко ми кога се запознавме работеше во сосема трето место, не во неговиот роден град за по некој месец се пресели во мојот град за да бидеме заедно, нормално си има работа, само јас си немам . Вака функционираме подолго и од вашата врска, дај Боже вечно да ни трае и нашата и вашата врска. Онака мој предлог, да си размислите . Знам како е кога сте оддалечени по 2 недели, или 1 месец, имам и такво искуство со оваа врска кое траеше околу 2 години од оправдани причини, ама издржавме никој од нас не помисли да се откаже, освен што дечко ми знаеше често да ми спомне за прстен, брак , ама има уште работи за средување до тоа, здравје .
И јас имав врска на далечина Беше тешко, не велам не. Бевме разделени околу 8 месеци. Имавме свој живот, јас и тој, на различни страни и различни временски зони. Но, успеавме да издржиме, да не ја изгубиме љубовта и хемијата. И еве сега сме повторно заедно. Воедно сум сведок на една друга врска на далечина. Цимерот се разделени со женска му скоро 2 години, па еве да не ги подречам, не се појавиле сериозни проблеми сеуште. Не им е лесно, го гледам колку му е тешко и колку му недостасува. Понекогаш животот ни поставува препреки низ кои мора да поминеме и да не потклекнеме.
Еве јас да ти кажам лично ние правевме ептен планови за он да дојде кај мене да живее (не дома туку во мојата држава и мојот град). Алиии како што дедо боже сакал, он доби работа што не се пропушта од февруари во Ск, јас на факултет сум уште и уште ни е така сега он таму јас тука. Али види полесно е кога има некој од вас двајца работа. Барем секој викенд би можеле да се гледате... Не знам колку ви е карта од едно до друго место ама иста држава е не би требало да е многу скапо. Во еден момент ќе мора да се најдете на исто место, ама двајцата работите зошто да не се гледате секои викенд? 5 дена за нас во вакви врски не е страшно Можеби тебе ќе ти искрсне некоја работа таму или него ќе му искрсне кај тебе и ќе се снајдете, најбитна е вољата. Жал ми е што ќе морам вака директно да ти кажам (немој погрешно да ме сватиш не дека се правам паметна и сум некој експерт) али ако гледаш дека нема интерес од другата страна, дека нема воља и намера нешто да се смени немој да си го трошиш времето. Никој не е вреден да го чекаш, да се нервираш и да си правиш стресови..
Не сакам погрешно да ме сфатиш,но вашава врска нема иднина,дај боже да не сум во право.Разговарајте,бидејки вака може и полошо да стане.
Извини Јована ама тебе од погоре пишаната причина ли не ти успеаа 3те врски на далечина? Како и да е не планирам да изневерувам, подобро би ја прекинала врската отколку да се препознавам во ова ти шо го пиша погоре. Инаку моја единствена опција е да пакувам куферите и право на Германија. Друго чаре ние немаме. А засега тоа е невозможно. Барем од моја перспектива.
Уште пред да дипломираме постоеше идејата да бараме работа на друго место, дали Скопје или Штип небитно, ама тој се откажа од тоа бидејќи сакаше да се врати дома оти има шанса за убава работа таму. И не го осудувам поради тоа, секој си ја бара среќата. Инаку, јас сум слободна само во недела, а тој ако се вработи - сигурно ќе биде уште потешко за гледање. Картата од мојот до неговиот град е 700ден. што за наши услови и не е малку. Не знам како ќе биде во иднина, ама чувствувам дека врската ни е на стаклени нозе, и секој поминат ден што не сме заедно само го отежнува односот меѓу нас.
Нормално мила и јас те подржувам во тоа - секој си ја бара среќата. Не може некому да му забраниш или да ти забрани да оди некаде, доколку тоа е за доброто на неговата иднина. Дечко ми на пример е македонец, ама 10 години живее во странство, и во април, прв пат дојде во МК од кога се отидени таму. И сега јас колку и да го сакам и да ми е преубаво со него, не можам да му речам остани, кога тој нема овде ни живот ни иднина, ни ништо. Вие колку време сте заедно?
^^ 4 години и 3 месеци сме заедно. Не е малку време за да дозволиме она што го имаме да пропадне. Знам дека се зависи од волјата на двајцата колку сакаме да ни успее врската. Ама на моменти навистина тешко ми паѓа. Имам дечко а како да го немам.
Според мене треба да се откажеш,ова не е вистинска љубов,мое мислење.Знам тешко е,бидејки и јас сум поминала низ тоа,знам како тие,ама е вистинска љубовта сите пречки ке ги прекршите. Инаку,врските на далечина 90% не пропаѓаат заради далечината,туку заради друго,ако е вистинска љубов не може ниту една пречка да не се реши.
се согласувам со смајли, тука веќе се губи смислата на она вистинското.. далеку од очи-далеку од срце
Луѓенца бе да љубовта ако е силна ќе победи, ама како на толкава оддалеченост? Пример со месеци само по скајп гледање. Никаков допир. Да не ме сфатите грешка, не мислам на секс, моментално тоа е последното што ми паѓа на памет. Мислам на една искрена прегратка на крајот од денот. Едноставно во убави и во тажни моменти да имаш со кого да плачеш и да се смееш... едно искрено тапкање по рамо или по глава..... Можно ли е да сум толку негативна, а дечко ми уште не си е отиден?
Хепи грл како велат кога луѓето планираат Бог им се смее . Сте имале планови ама ете не секогаш излегуваат, може во иднина ќе имате еден план а ќе излезе сосем трето.. Но тоа не значи дека човек не треба да размислува тревезно и да знае на што стои . За 4 години врска , ставот додека иде нека иде секако не е пожелен ниту правилен . Не сте деца а и не сте на почеток на врска . Што вели тој на ова ? Ете ако најде работа дали тој сака да дојдеш ти ? Мене ми се чини дека намерно го одбегнува овој разговор , ама од друга страна сеуште е невработен па нема што да ти понуди во моментот па може затоа не сака да прави планови .. Велиш дека за брзо време ќе се вработи , почекај да видиш што и како ... И тогаш седнете на убав муабет и направете математика како би се одвивала врската натаму . Доколку сеуште е со ставот дека ќе терате додека иде , тогаш е јасно , ваквото влечкање може да се претвори во години па ти да си ги губиш годините нервирајки се и тагувајки . Плановите може нема да се остварат ама во долга врска секогаш е добро да се биде на чисто со интересите и намерите на партнерот ако и двајцата сакате да успеете ќе успеете, ама ако тој е несигурен и гледа само за себе тогаш не верувам во позитивен исход .
Тоа е работата, бидејќи не е вработен се уште, и моментално нема ниту простор за мене кај него дома. Ни останува само да чекаме, да видиме како ќе биде откако ќе се вработи. Јас, искрено немам многу надеж за врската, веќе 2 дена не сме се слушнале затоа што се потскаравме токму за оваа работа, што немаме заеднички план. Тој ми кажа дека доколку се вработи, сака да одам јас таму, да барам работа и се по ред, ама и двајцата знаеме дека мора да чекаме барем една година, затоа што сестра му сигурно нема да се пресели во нејзиниот стан годинава, а јас не сакам да биде како да се наметнувам таму. А можеби и не сме спремни за тој следен чекор во скоро време. Останува да видиме што ќе се случува.
Болна тема Од моето искуство можам да кажам дека врска на далечина може да опстои. Меѓутоа тој опстанок зависи од неколку многу важни фактори. Дали разделеноста е привремена или постојана? Ако станува збор за привремена состојба, како на пример студирање или слично, тогаш ако врската е стабилна и има љубов, почит и доверба нема да настрада. Да, ќе биде претешко, ама ќе се преброди. Понатаму, многу зависи и од тоа како партнерите ја доживуваат врската. Дали се сигурни во себе и својата љубов? Дали сакаат да направат се' што е во нивна моќ за врската да опстане? Доколку станува збор за партнери кои живеат во различни места знае да биде потешко. Ама не и невозможно. Тешко е додека се запознаете, додека сфатите дали тој е вистинскиот. Потоа прашањето е кој ќе се пресели и каде ќе започнете - кај него, кај вас или на сосема трето место? Затоа што тој статус кво на врска која реално опстојува преку еден викенд или еднаш месечно, не може вечно да трае. Постои момент кога ќе мора да се пресече - или врската ќе се однесе на некое ново ниво или ќе се прекине. Не може цел заеднички живот да го поминете спакуван во еден викенд. Мислам, може така да го поминете, ама кога секој од партнерите си има изграден живот во местото каде живее тогаш дали тоа е заеднички живот во вистинска смисла на зборот. Во ваквите врски некој ја прави жртвата и се сели да гради заедничка иднина со другиот. Работата на мм е таква што на отприлика 2 години сме разделени по најмалку 6 месеци. Во тој период контактите се ограничени. Понекогаш поминуваат и 2 недели без никаков контакт. Тешко е, претешко. Не само што ме погодува оддалеченоста, туку плус се грижам и за неговата безбедност. И сето тоа дури сум илјадници километри оддалечена и од мојата и од неговата фамилија. Меѓутоа го сакам, тој е најдоброто нешто што ми се случило во мојот живот И затоа издржувам се'. Цело време смеејќи се затоа што каде што тој се наоѓа е доволно стресно за него, плус одговорен е за преку 100 луѓе, и не смее да се грижи и за мене. Онаму каде што најмала грешка чини живот, ние како партнери не смееме да бидеме причината за одвлекувањето на вниманието на нашите сакани. Затоa мои пријателки не им кажуваат на мажите дека кучето умрело или дека синот ја скршил раката. Не смееме да дозволиме да им ги преокупираме мислите премногу. Во одреден момент тоа може живот да чини. Меѓутоа кога ќе поминат тие месеци мм ми се враќа. Да, требаат месеци за да се врати во нормала. Ама заедно го поминуваме тој процес. И на раат сме се до следниот повик. Ама тоа е лајфстајлот на човекот кој го сакам и јас сум го прифатила тоа. Знам дека тоа е привремено и дека deployment-от ќе заврши. Среќни сме што во денешно време технологијата ни овозможува барем некаков контакт со саканите, освен писмо. Среќна сум што има скајп, камера, микрофон. Ќе се слушнеме, ќе си кажеме нешто што само ние двајца го разбираме. Секоја седмица му испраќам тн. care package на различни теми и рачно напишано писмо. Затоа што знам колку му е тешко. А нема со кого да сподели - со мене не смее, а со други не може затоа што им е надреден. Но и покрај тоа што е илјадници километри далеку во некоја sh*thole, никогаш не заборава ништо. Можеби сме оддалечени, ама квалитетот на врската ни е истиот. Има мажи кои се покрај тебе и секој ден се гледате, а помалку даваат. Разделеноста бара многу жртви, кои ако партнерите не се целосно предадени на врската и сигурни дека сакаат да бидат со партнерот, за жал знаат да бидат пресудни за неуспехот на истата. Треба да се запрашате дали вие двајцата го сакате истото за вас и вашата иднина. Ако сте сигурни дека сакате да има "вас" и понатака, тогаш ќе мора да се почне да се прават планови. Затоа што ова веќе не е привремено. Станува збор за градење живот. Факултет се завршил, еве работа ќе се бара (ви посакувам многу среќа и успех во барањето работа) и тоа веќе е преминување во нова фаза на животот - фаза на формирање дом, семејство, иднина. А каква заедничка иднина би имале ако секој од вас го свие гнездото на различно место. Потребен е искрен разговор за тоа како ја гледате иднината на вашата врска. А ако ја гледате како заедничка иднина, тогаш треба заеднички да ја градите - на исто место. Ти посакувам среќа
И јас имам врска на далечина и секако дека е тешко да се одржува врската,но ако постои волја од двете страни тогаш може да се надмине секоја тешкотија. Не знам ни јас каков совет да ти дадам оти понекогаш и самата на себе не знам што да си кажам,посебно во моменти кога сме подолго време разделени,ама мислам дека треба искрено и сериозно да поразговарате за ова.Исто така,добро е кога барем еден од двајцата има работа,сепак гледањето е полесно,нема да бараш пари од твоите за да можите да се видите.И самата знаеш колку е тешко да се најде работа во Македонија.Не знам колку ќе ти помогнат моите совети,ама еве ние што имаме ваква врска,ако не друго барем ќе си ги кажиме маките на оваа тема и ќе се поддржуваме.Се надевам ќе дојде ден кога ќе пишуваме како врските ни успеале (и покрај толку препреки)и ќе се радуваме
Ете уште еден пример. [/quote] Убава е врска на далеко , сви четворица су среќни [/quote] Од моја страна не , но од нивна таква беше причината, да секогаш налетувам на некој погрешен , Иначе никогаш не сум изневерила, не ни имам во план.
Врска на далечина.. Ехх, колку само трпение треба, труд, па разбирање, доверба. Ама ако е обострано, двајцата се одговорни и зрели (карактерно) личности, тогаш се' е возможно. Со маж ми имавме таква врска. Пола свет не делеше, јас на една страна, тој сосема на друга. Успеавме. Сега сме заедно, среќни. Имало разочарувања, па обострана љубомора, сме се карале, ама тоа што го споделувавме тогаш, тоа што го имавме заедничко, тоа што не привлекуваше беше доста посилно. На различни начини се преиспитувавме, дали ова е тоа, дали си одговараме еден на друг. Ама што можеше да биде подобар показател дека си одговараме од самото тоа што и после толку време далечина сме неверојатно блиски? Блискоста не мора да биде само физичка за една врска да опстои. Сум имала врски и порано, скоро секој ден заедно, па никогаш не сум го почувствувала тоа чувство да љубиш и бидеш љубен. Сум ги сакала тие кои не ми возвратиле со иста мера. Ме сакале тие што ми биле драги како пријатели. Па што ако сум го држела тие луѓе за рака? Кога тој допир неможам да го споредам никако со чувството кога ќе му го слушнев гласот на мојот маж (тогашен дечко). Не е тоа тоа. Кога ќе ја најдеш сродната душа, па макар да е на Месечината, ќе сториш се' за да опстоите. Се разбира, се е взаемно. На сите им посакувам да си ја најдат таа сродна душа. Тој човек на кого ќе мислат секое утро кога се будат и секоја ноќ кога си легнуваат. Тој човек што безусловно и безрезервно ќе ги љуби и ќе бидат големи во неговите очи. Сите мечтаеме за таков. Сите заслужуваме да бидеме сакани и да сакаме на тој начин, да бидеме сакани до бесконечноста и назад.
Апсолутно се слагам со тебе, и драго ми е што има вакви примери на форумов дека успеваат врски на далечина
Ако ви се проблем финансиите за да почнете да живеете заедно,ти кажа дека тој има шанса да се вработи во неговиот град.Па ако тој се вработи,и ако се сакате вистински,а претпоставувам дека е така,на него нема да му претставува проблем да ги делу неговите пари со тебе додека да најдеш работа таму.Ако тој најде работа таму,а и ти можеш да бараш во меѓувреме за во тој град,не гледам нешто што ве спречува да почнете заеднички живот.