Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска на далечина

Дискусија во 'Врски' започната од Mireto, 21 ноември 2009.

  1. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Имаше еден виц
    “Врските во далечина се најдобри
    сите четворица се среќни“
    Јас имав врска во далечина, многу се сакавме премногу, ама еден помина година, две и не се издржуваше повеќе, по многу време бевме разделени, телефонот и компјутерот џабе ни беа. Затоа доколку се сакаат двајцата многу, и ако не се премногу млади нека се решат да живеат заедно кај и да е едниот. Во спротивно отиде врската.
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.973
    Допаѓања:
    67.601
    Се солгасувам со ова. Дефинитивно, врска на далечина не може да опстои долго доколку немате планови да почнете да живеете заедно поскоро, па и да почнете да ги реализирате истите замисли.
     
  3. SiMpAtIcNaTa

    SiMpAtIcNaTa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.720
    И јас имам врска на далечина. Да можам сега да бирам, никогаш не би избрала таква врска. Разделени сме 1800км.
    Минатата година повеќе време бевме заедно. Многу помалку се расправавме и со разговор го решававме секој проблем.
    А сега се слушаме секој ден навечер, ама онака за општи работи. Го немаме тој разговор од порано. Може за ситница да избувне некоја кавга. Почнавме и двајцата некако да се ладиме.
    И што ако се слушам, кога ми е најтешко не е до мене. Кога ми треба, го нема да ме гушне, да ми каже дека се ќе биде ок.
    Сега сфаќам дека може и порано ја имало оваа празнина меѓу нас, може не сум приметувала од што малку време сме биле разделени. Може сум била заљубена па не приметував ништо околку мене.
    На почетокот мислев дека врската може да ни успее, ама веќе не мислам така. Кај и да е осеќам дека у скоро време ќе пукне.
     
  4. idavidovska1

    idavidovska1 Нов член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    ne bi se soglasela na vrska na dalechina,bidejkji iam iskustvo so dechko koj bil,odnosno zhiveel vo drug grad a sepak mnogu malku sme se gleale..i sepak ne e toa toa ona od kaj da znae on so koi devojchinja izleguva i se zabavuva,dodeka ona sedi i go cheka on gji svrtel site devojchinja..ne e toa toa..spored mene za da uspee edna vrska e potrebno sekojdnevno slushanje na telefon,barem ednash nedelno gleanje,dokazhuvanje na ljubovta..sepak zavisi od lichnosta,i od toa kolku on i ima dokazhano deka ja saka i od toa kolku ona mu veruva :)
     
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    И јас имам врска на далечина од неколку илјади километри.За да успее ваква врска многу фактори се битни,зрелоста,љубовта, и заедничките планови на партнерите.Ако не чувствувате дека тој или таа е вистинскиот за вас,не вреди да се жртвувате.Треба многу трпение и пред се нерви да се издржат моментите кога ви е потребен другиот.
     
    На crazylady и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  6. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.934
    Допаѓања:
    89.862
    Пол:
    Женски
    Токму така поента јас пак ќе кажам дека верувам во таквата врска а тие што не веруваат и кажуваат дека не успева мислам дека имале неуспешни врски позади тебе затоа имаат такво мислење,еве веќе 3години имам врска на далечина и двајцата сме во Мк но сепак сме далеку и се е совршено како што кажа потребна е зрелоста,љубовта,плановите и иднината со партнерите но пред се довербата,кога нешто се сака со целото свое срце се издржува :) Ти посакувам твојата врска да трае уште многу години :hug:
     
    На poenta и sagittarius57 им се допаѓа ова.
  7. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    јас имам врска на далечина, функционира нормално и се е во ред....далечината беше проблем на почетокот на врската, резултираше со недоразбирање, караници, љубомора итн дури идеше до самиот раб каде нема враќање-тешко е дефинитивно и да не се залажуваме дека е лесно, убаво, симпатично....еден ден свативме дека е доста од сите тие работи и седнавме убаво разговараве за се, одлучивме тоа да биде минато за нас, ги променивме и растрнгнавме сите пречки, свртивме нова страница во која јас и тој бевме многу почесто заедно, љубовта беше пресудна во мојот случаај и ја победии таа далечина што не разделуваше. срекна сум мојот сакан и никаква далечина неможе да не раздели.
    Aко љубовта е вистинска, далечината не е пречка никаква.
     
    На Dea8, bubibubibubi, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  8. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    МНогу пати се имам запрашано и имам заплачено за ова зошто кога некои ќе засака некого мора да биди толку далеку зошто? :( но таков е животот тоа е
     
    На Dolela, makedonkamak и poenta им се допаѓа ова.
  9. CutieWithABeauty

    CutieWithABeauty Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    1.248
    Пол:
    Женски
    Јас имам врска на далечина и се е супер.. :lol: :D :$
     
  10. ParadisoGirl

    ParadisoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Дали ќе опстане една врска на далечина зависи и од двајцата. Пред се треба да постои разбирање,доверба и верност. Се разбира никој не би сакал да биде далеку од својот сакан, но всушност далечината е еден вид на тест за вашата врска. Доколку личноста е склона кон изневерување,постојано мување, тоа ќе го направи и кога би заминала некаде само на викенд. Велат дека далечината љубовта ја лади,но напротив според мене (ако навистина било љубов) треба да ја разгори, помислете само на чувството кое ве обезема кога ги броете последните денови до вашето повторно видување. :inlove: Затоа немам ништо против врските на далечина, едноставно тоа е. :)
     
    На Name и Dea8 им се допаѓа ова.
  11. Buterfly2576

    Buterfly2576 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    16
    Не убива оваа далечина ...Мислам дека целата врска ќе ни ја уништи и сето ова ќе стане дел од минатото ;( Боли...многу боли..ама мора да се живее...Единствена надеж е дека многу брзо ќе ми дојде биску.Инаку вака не се живее не е тука да ме гушне кога ми треба не е тука да ме утеши...Пробуваме телефонот камерата да го смени физичкиот контакт ама не е тоа тоа...Само поголема мака е..Неможам да го гушнам комјутерот.Затоа немојте вооошто ни да почнувате ваква врска..уште пред да се заљубите спречете го ставете стоп.Само многу нервози и солзи ќе ви донесе
     
  12. BeautyQueen

    BeautyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    32
    Се согласувам дека за да опстане една ваква врска е потребно пред се ЗРЕЛОСТ, доверба и огромна љубов. Мислам дека се многу ретки врските на далечина што успеваат. Имам ваков пример од една моја другарка. Дечко и живеење во странство и се вракаше на 3-4 месеци и изгледаа многу заљубени и среќни, демек се ќе направеше за неа и на крај таму си најде друга. цц страшно. А уште пострашно е тоа што не и кажа ништо, да и раскине и да продолжи со онаа таму што му е, туку мораше другарка ми сама да дознае па таа да му раскине.. :!: Јас пишував и порано во темава за мојата врска која повеќе и нее баш на далечина бидејќи се враќа мноогу често. :)
     
  13. Dea8

    Dea8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    78
    Потполно се согласувам! Јас сум сведок дека е така. Далечината само повеќе ни ја разгорува љубовта. Со дечко ми сме од различни градови и функционираме одлично 4 години :inlove: Она штно не држи заедно е разбирањето и ДОВЕРБАТА.
    Се гледаме кога како можеме, се трудиме и двајцата, а во последно време поради работата по еднаш неделно.
    Тој доволно ја има докажано неговата љубов и дека можам да му верувам, а истото му го имам возвратено и јас. Значи сигурни сме еден во друг дека се сакаме и нема љубомора и постојано испитување, нема проверување Фејсбук и кажување лозинки (ниту јас ниту тој не сме имале желба за такво нешто, но тој ми има кажано: ако сакаш слободно провери што те интересира ќе ти кажам пасворд, да не помислиш дека нешто кријам, и секогаш кога сум кај него се му е вклучено.. но едноставно не ме интересира, некако глупаво ми е да го проверувам и контролирам, знам дека ако има нешто што треба да знам ќе ми каже. А ако тој посака не ми е проблем ќе му кажам и јас пасворд и се... ама не сме такви да се контролираме). Сеа да не испадне дека не се интересираме еден за друг :D Само мислам дека тие ми се незрели работи некако :) А си се интересираме и си кажуваме се’ шо треба. Јас често излегувам без него тука и тој без мене таму... без проблеми, ама понекогаш искрено се јавува по некоја мала “љубомора“-ако може така да се каже, и од моја и од негова страна, нормално е кога некого сакаш, но не правиме сцени, едноставно ќе каже што му смета и ќе поразговараме и веднаш го решаваме тоа. И двајцата размислуваме исто: “Џабе е и да те контролирам, и да ти забранувам да излегуваш, и да правам скандали... само ке се испокараме. а ти ако сакаш да идеш со некој да ме изневериш ке најдеш начин.“ Мислам дека се познаваме доволно добро,се почитуваме, и имаме поверение, и си ги знаеме границите на слободата, мислам она што е во нормала.
    За разлика од претходната долгогодишна врска со дечко од мојот град, што се гледавме скоро секој ден, што ме контролираше цело време и беше болно љубоморен, не смеев да мрднам без него од дома, само затоа што ме ГЛЕДАЛЕ машки, а па да не ни помислувам муабет да направам |( и цело време се каравме и правеше скандали, се обидуваше се нешто да ми најде, за на крај да испадне јас да го фатам дека ме изневерува. После едвај го откачив.... и да не полемизирам повеке :D
    Заклучок : Врска и Љубов на далечина може да опстане, но само ако има мноогу доверба, почит и разбирање. И нормално ако и двајцата сметаат дека вреди да се одржи врската и сакат и се трудат да опстане. Значи зависи од карактерот на партнерите. Не е далечината таа што ја убива љубовта, лугето се. (на пример на мои другарки не и има успеано врска на далечина )
    Поздрав... и сакајте се! убаво е :D :inlove: :*
     
    На crazylady, Adriana-Limaa и Bile15 им се допаѓа ова.
  14. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    немам такво искуство.... и би можело да успее ако партнерот биде искрен и верен кон мене (нормално и јас кон него) :)
     
  15. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.332
    Допаѓања:
    28.234
    Пол:
    Женски
    јас сум за тоа дека таква врска успева ама како што кажала деа8 само со мн љубов и доверба инаку ништо.Јас имав таква врска од различни градови,се гледавме еднаш неделно и после 4 години врска љубовта ја крунисавме со брак еве веќе 1,5 <3
     
    На Dea8 и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  16. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38
    Еднаш неделно и еднаш месечно не е исто.
    Инаку,тешко е.Многу е тешко.Како издржувам самата си знам.Еднаш месечно да се гледаме многу е тешко.Па и не ни разговараме толку на тел.како порано.Кога си е дома се си е како што треба (иако и тогаш сме на далечина),ама кога ке отиде во градот каде што студира јас си знам како ми е.Другарите многу влијаат на него.Дај боже што побрзо да заврши,да дипломира да си се спасам од маките.Штом е таму,тој за мене не постои.А кога доага дома е се подруго.Се е како што треба.Ама џабе е што и да кажам.
     
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Дете бре, дете, што се измачуваш со вакви работи на 16 години? Уживај во слободата, во тинејџерството, во средношколските денови... Ќе ти недостигаат и ќе ти биде жал што не си уживала во слободата, верувај ;)
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38
    Го сакам и нема да дозволам да го изгубам.Ке издржиме уште 7 год. вака,да завршам и јас факултет.И не се измачувам со ништо.
     
  19. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Машки
    Ти препорачувам да издржиш, на крај тоа стално се исплати :$
     
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.003
    Допаѓања:
    12.713
    Имав таква врска со дечко од друг град и беше тоа гледање на 1 во недела, некогаш во 5 дена 2 пати, некогаш во 10 дена само еднаш. На крај разкинавме не зради далечината, туку заради други причини. Мене ми беше во ред 1 неделно да се гледаме, имаше доверба во мене, имав слобода, ама фалеа други работи. Пак не би се нафатила на врска на далечина.