И јас сум на тоа мислење дека врска на далечина не може да успее.И јас самата имав таква врска,и двајцата бевме заљубени и одев и јас во неговиот град и тој во мојот,ама далечина си е далечина си го направи таа своето.Прекинавме едноставно и толку.Сега веќе 5 години се немаме видено.Можеби и може да успее таква врска ама сепак мислам дека тоа е вистинска реткост.
Точно дека ваквата врска е реткост.Потребно е да почувствувате дека тој е вистинскиот,па ќе сфатите дека успева.
Мислам со оглед на годините,те разбираме за ваквите долгорочни планови.. Како што се сеќавам претходно кукаше како тоа не ти посветува внимание,нема време да зборува преку телефон со тебе,на прво место му се другарите.. И ти ваквото однесување би го трпела уште 7 години? И на 16,нормално е да мислеш дека првиот е и последен
Врска на далечина може да успее едино ако предходно парнерите биле некое време заедно а да започнеш врска и директ да бидете на далечина нема да ви успее Зошто ли? Затоа што не се ствара никаква близина неможе да имаш близина со особашто ке ја видиш еднаш или два пати бо месецот Ти си имаш свој живот он си има негов ти со твои другари пријатели он со негови ,вашите планови вашите средби многу редко се составен дел од вашиот живот и затоа не успеваат овие врски
Не е фактор тоа колку пати се гледате месечно и како сте ја започнале врската ,најважен е карактерот на партнерите,разбирањето, довербата, искреноста, љубовта,почитувањето и желбата за да се биде заедно и да се издржи се ... ако се сака со цело срце се се може ! Оваа го тврдам !
Сите ние имаме различни ставови на оваа тема. Поточно, сите ние имаме различна замисла како би требало некоја врска да функционира... Па така, за мене физичката близина е многу битен фактор за градење на една врска. Не дека партнерите треба да се 24/ 7 заедно, но сепак треба да поминуваат многу повеќе време заедно од еднаш, два пати месечно, како што функционираат врските на далечина... Во секоја врска треба да има доверба, разбирање, љубов и се со ред, но како што прочитав погоре, во врската на далечина, партнерите живеат посебни животи, без заеднички моменти, без авантури, гледање филмови... Зборот ми беше, врската со муабет преку интернет не може да се нарече врска, тоа е само некаква комуникација, бидејќи прегратката не може да биде заменета со зборовите "ми недостасуваш, едвај чекам да те видам..."
Точно дека зборовите неможат да го заменат физичкиот контакт и близината но доколку имате некои заеднички планови и се стремите кон некаде заедно и на таа далечина да и дојде крајот, значи дека ќе истрпите колку е потребно за да стигнете до Целта, дека ништо што е вредно во животот не доаѓа во чинија, за некои работи треба и да се жртвуваш, да се потрудиш многу повеќе и сета таа разделеченост на одреден период претставува и еден тест кој покажува дали била вистинска љубовта
Да не звучи ова како клише, но штом постои љубов помеѓу двајцата, разбирање и доверба, врската секако може да опстане па без разлика на која далечина. Јас сум сведок на тоа, издржав 4 години со таква врска, а веќе сум во 11 годична врска...
и јас мислам дека мојт да успејт секако ако имат љубов,доверба и желба и ако се работит за зрели личности кои знаат што сакаат,а не тинејџери кои мислат се заљубиле и вени сечат денес,а веке утре спремни се да се смуваат со друг.. Ви благодарам
Јас имав врска таква на далечина до пред некој ден која траеше 6 месеци.Девојки мој совет тешко е многу секој момент да чекаш,да се велиш кој чека ќе дочека,што ако ти се јави и се слушнете,којзнае тој што прави таму далеку од тебе,што ако се видите на скајп,послем тоа којзнае со кој е каде е? што прави? што ако прашаш некој што е близок со него,може да е договорено,особено кога на почеток не си ја зацврстил врската и не си дал доволно силни мотиви за да си верувате еден на друг џабе е се. Во една врска од се најважно е разбирањето и довербата ако тоа го немаш што послем. Ми фалеше тие месеци,трпев како глупа зошто дека го сакав,си викав ќе се навикнам ајде ќе помине,го немаше за најбитните моменти кога славевме 1,2,3,5 месеци,за роденден поточно за сите битни моменти во мојот живот го немаше со оправдание неможам ова она,доѓаше само кога ќе имаше потреба во градот во кој живееам.Кога и да ми требаше него го немаше од. Така да не влегувајте ако немате доволно јасна цел зошто
Не велам дека неможат да упеат врските на далечина, но сепак не фала. Пробав еднаш и мислам дека е најглупава работа што може една девојка од 21год. да си приушти.Не се кајам бидејки дечкото ми се стварно допаѓаше и пробав зошто да не, нели нема што да изгубам.Сепак никогаш повеке не би се впуштила,немав лошо искуство, а како и да имам кога сме од различни држави, кога никој за никого неможе да дознае нешто повеке, кога нема кој да ти каже и да направил нешто истото се однесува и за мене. Нема ништо поубаво од тоа да се видиш со саканиот кога сакаш, како сакаш, да се чуеш во секое време,па место времето поминато на скајп ке го поминам шетјаки за рака.Глупо е стварно е преглупо да дремеш по неколку часа и да се сакаш со некого преку нет,пола од муабетот да ти помине во ме слушаш и као имаш дечко, а уствари немаш, уствари секогаш си сам, барем поголемиот дел од времето. На 30год да чекаш некој и да си дозволиш вакво нешто ок, нормлано тогаш не смета врска на далечина, но во 20те кога сме во цутот на младоста, кога можеме да бираме, да шетаме и да забавуваме, мислам дека е глупост да се обврзуваме и жртвуваме на ваков начин. На врска на далечина мислам на вистинска далечина, видување на 1,2,3 месеци, а не на врска од град во град, тоа по мене и не е некоја далечина.
За да успее ваквата врска треба да е наизмерна љубовта меѓу двајцата... или воопшто да не се заљубени т.е да си се гледаат со други.. Инаку трае многу краткоооо!
Јас бев потполно спремна на такво нешто и кога се преселив на илјадници километри од домот беше се океј првите неколку да речеме два месеци, и немав никакви намери за изневерување и слично, ниту пак моите блиски беа виделе некоја промена кај него... Се до еден ден кога тој не одлучи да ме третира ко кал. Се имавме договорено на скајп во 9 часот. Му ѕвонам во 10 ипол кај си - у бар. Е зошто не дојде на скајп - ти ли ке ми кажуваш што и кога да правам нема проблем јас ке ти седам дома у 10 на скајп со тебе.. Епа зашо си се договорил Океј... другиот ден излегов и јас во мешано друштво пошто очигледно не ни беше повеке забрането да си излегуваме навечер.. и кога виде слика јас со машки збесна.. и по една убава долга кавга во која јас бев и курва и се дека нели дојдов тука и отидов со пола град, си се разделивме. Далечината не го промени него, туку го извади гаволот што се криел во него и сега иако секој ден го мислам и се секавам на убавите работи многу сум срекна дека веке не сум со него..
Здраво женски, Прво нова сум на форумот, и прва тема што ја отворив е оваа, од искуство. Имам 19 години и исто така имав дечко од соседните држави. Одевме околу 8 месеци. Првите 4-5 месеци беше супер. После стана некако монотоно, ретко се гледаш, таман ќе се видиш ќе се навикнеш тие една-две недели на него и после пак како да те удира некој бран кога се разделуваш. А стварно постоеше некоја силна искра меѓу нас, не би ја нарекла љубов, т.е не од моја страна, од негова да. Последните два месеци се гледаше крајот, првенствено јас неможев да издржам, со оглед на тоа дека имав и друга неможна љубов што ме влечеше надолу како да паѓам, и решив да ставам крај, некако не идеше.А, и јас мислам дека не сум човек за врски некои, треба ептен да сум заљубена. Но, останавме другари по некоја случајност, што е малку чудно..
Мојата врска функционираше на далечина 6 месеци идо ден денеска се уште е така иако сме во брак,јас сум тука тој таму треба трпение и љубов ,но се издржува познавам уште многу девојки што имаат таква врска е сега за разлика од мојата јас можам да се видам со мажот ми на 3 месеци заради пасошот но полека и тоа ке се среди и ке си бидеме заедно,за разлика од овие во авганистан што немаат трајно решение.
Jaс во брак сум веќе ете 2 години и 1 месец и секогаш сме одалечени се гледаме на 3 или 4 месеци по две недели Ама сепак нашата врска е суперррр !!!!
Не сваќам како некои луѓе можат да тврдат дека не успеваат такви врски? И што има врска дали тебе некој од страна ќе ти каже кај е дечко ти. Јас иако имам кој да прашам кај е, што е, како е, јас апсолутно му верувам и ниеднаш али ниеднаш не сум прашала некој: Еј абе си го видел? Што прави? Со друга да не е? Се е до тоа колку се јаки емоциите и како ќе си го воспоставиш ти односот од почеток. Ама ова немам ни кој да прашам каде е, стварно Па ако се ослањате на тоа нема да ви успее ни врска први комшии да сте...
Навистина ова врска во далечина не успева бе..жив пример сум јас со Justin Timberlake.Толку многу се сакаме,а неможеме да се гледаме..пуу јазк.