Со дечко ми идеме скоро 4 ипол години. Перед 15 дена замина за Катар да работи на две години. Ќе има право да си дојде, по минимум 6 месеци, на еден месец тука. Се гледаме на skype, се пишуваме на facebook, ама тешко е. Многу е тешко. Уште нема поминато ни месец а веќе почна да ми фали, почнав да го чувствувам неговото отсуство. Нема да биде тука кога најмногу ќе ми треба, ама немам избор. Т.е имав. Да одлучам дали врската ќе продолжи или не. Но јас сакав да продолжи гледајќки на тоа дека имаме едно такво искуство веќе. Пред две години беше во Америка на 4 месеци. Не се секирам воопшто во поглед на тоа дека може ќе најде други или слично, му верувам. Најголемиот проблем е времето и далечината да си го направат своето. Станав многу зависна од него, што откако отиде немам желба да ги правам тие работи сама што ги правевме заедно. Имаше плачење и карање првата недела обвинувајќи го дека е себичен што ми го направи истото, и полошо пак.. ама нема да се постигне ништо така. Го разбирам, барем пробувам, и пробувам да се сконцентирам на други работи тука. Живеам за тој еден месец кога ќе си дојде. Понекогаш дури и депресивно станува. Знам да се расплачам пред спиење, кога ќе ми текне дека можеше да лежи до мене, а одбра да иде.. Сакам да верувам во тоа ако се сакате, ни 4-5 години нема да ве разделат.. ама времето и далечината во вакви случаеви секогаш имаат предност...
Не е тој себичен, ти си. Еве, да разгледаме од твоја гледна точка. Стави се во позиција дека сакаш да работиш некаде, а тој не те спречува во тоа, туку ти вели дека си себична, само затоа што си отишла да работиш. Малку поинаку изгледа, нели? Јас сум личност која има одредени цели во животот. Од мојот партнер очекувам да ме поддржува додека одам по патот за да го остварам мојот сон. Доколку тој не може да ме разбере дека не сакам никој и ништо да ми го попречи тој пат, тогаш не му е местото до мене. Конкретно кога зборуваме за работа, се што очекувам е да ме поддржува во она што сакам да бидам, тоа е повеќе од доволно. Истото ќе го направам и јас. Нема ЈАС да бидам личноста која ке му биде пречка кон успехот и парите, мрморејќи дека е себичен, ваков или онаков.
Врска на далечина според мене може да успее само доколку е веќе изградена и стабилна врска, со голема доверба и љубов. Мојот дечко би го чекала со години доколку треба, сепак ние со години сме заедно, дури и да раскинеме јас нема да можам да го заборавам и да продолжам како да никогаш не бил во мојот живот. Но да сум кратко во врска не би се нафатила да чекам некого со месеци, од кај би јас знаела тој што ќе прави таму? Можеби јас ќе го чекам ама тој кога ќе се врати ќе ми каже дека неможе да продолжи вака, и јас зошто би потрошила месеци чекање за некој што не вреди? Вистина е дека денес ништо не е сигурно, со партнерот со кој сум со години не би го оставила на половина пат поради далечина, знам дека и тој мене не би ме оставил. Но девојки некој од вчера или завчера не вреди да се чека.
Вака..Сакам да споделам искуство а воедно и да прашам за совет.. Не сум имала врска на далечина но беше нешто на далечина (незнам ни самата како да го опишам тоа..) Редовно посетувам еден град во нашава ни мила земјичка каде имам и куќа.Пред околу 4 години кога за прв пат се запознав со дечкото сфатив дека ми се допаѓа,но немаше ништо.Се вратив дома и почнавме комуникација мсн (шема беше тогаш) и буквално бевме цело време во контакт.Кога отидов повторно таму памтам летен период беше почнавме со излегувања,кафиња и слично и на крајот се смувавме Потоа тоа траеше уште некој период од месец-два за на крајот да изгубиме каков било контакт..(а имавме во план да дојде на студии во Скопје и да бидеме заедно ) но ете ништо од тоа.. Преку негови другари дознав дека дечкото кажал дека таква врска не е возможна и дека не би се нафатил на тоа..Целата помина мн лошо бидејќи цело време се каравме и на крајот дознав дека тој фатил нова девојка,се блокиравме на фејсбук и немавме никаков контакт.Се до сега кога повторно отидов таму и незнам како нешто пак ме натера да бидам со него..Не знам што е тоа,а ниту пак знам како да го протолкувам,ако знае некоја феминка help me .
Ти би го чекала, но прашањето е дали тој тебе би те чекал? Или подобро кажано прашањето е би те чекал сам или со некоја друга. Споредмене врска на далечина може да успее но многу, многу ретко. Ние жените ја имаме таа способност да чекаме и да се жртвуваме себеси, но за жал мажите не се како нас, тие размислуваат со долната глава.
Како што многу жени не би чекале, така има и мажи кои не би чекале и кои размислуваат само со долната глава. Ти можеш ли со сигурност да кажеш дека секоја жена би чекала маж?? Дека нема да го изневери во тој период од неколку месеци?? Секоја жена треба да си процени со каков си има работа, доколку тој со години претходно не ја изневерил и не ја нарушил нејзината доверба, не значи дека ако замине некаде на страна ќе изневери. Ако отиде, ќе отиде да се бори за нас, за наша подобра иднина, а доколку е човек што не размислува не треба да замине никаде, 3 дена нема да ме види, четвртиот ќе излезе со друштво нема да мисли со горната и ќе ме изневери. Правило нема, неможам да бидам 100% сигурна дека истава врска ќе ми успее на далечина, ама исто така неможам да бидам сигурна и дека вака ќе успее. Знам дека е стабилен и размислува, знае што има и што би изгубил доколку му е дојдено само до неколку вечери со небитна девојка.
И јас имав таква врска 5 години, може сеуште имам не знам, контактираме ама ретко, постојат чувства, се сакавме да, но далечината си го стори своето за видување тешко, тој во америка јас македонија вложив многу време, многу труд во последните 2 години посебно релација македонија-америка-македонија и сега сакам да продолжам понатаму си реков доста е мозокот ми вели не се мисли а срцето почекај уште малку и што да правам ни натаму ни наваму се дадов, време, чувства, срце се, за возврат добив ништо, празнина што не се опишува се разочарав комплетно на сите што се во таква ситуација доколку е долга врска во прашање запрашајте се дали вреди и издржете а оние коишто некна што се вика ја започнале врска не се мачите за џабе... не си го трошете времето, да можам да го вратам времето на друг начин ќе постапам сепак секој со своето искуство... сега само сакам да имам некој што ќе ме гушка по цел ден, ми фали љубов луѓенца ми фали многу љубов
Доколку мислиш дека љубовта ја снемува најдобро е да се стави крај, не е во ред да се мачите. Но доколку го сакаш, колку и да е тешко се надевам дека ќе издржите, дека најскоро ќе се врати и ќе можеш по цел ден да сте заедно.
Јас ке кажам за моето искуство, мислам дека за врска на далечина треба цврст карактер, да си самостална личност, позитивна личност, и секако многу доверба , како и стабилна врска, врска која почитува компромиси, принципи кој се поставени од почеток на врската, и секако разбирање, имав пишано можеби некаде повеке за мојата врска ама буквално на далечина повеке од 1 месец е после некоја година во брак, не беа многу проблемот парите туку тоа што се подржуваме тој ме подржуваше за да постигнам и напредувам кон мојата цел и уште е така и јас него го подржував да напредува во неговата кариера.Kога тука работеше немаше ден а не да работи по 12часа некогаш и 18 ни се знаше кога ке дојде ни пак кога да подготвам некое јадење а тоа да биде навреме изедено, керката кога и да дојдеше сакаше веднаш да се игра да биде со него а тој преуморен заспиваше одма како бебе, сама го гледав како спие и си размислував уште на 24 години како работи па дали ке издржи до 40год го жалев јас бев иницијаторот и почнав да барам надвор од РМ да работи, некаде каде неговиот труд ке се цени и ке биде добро платен и може да напредува, и ке се знае до кога се работи, и ако после тоа се работи да биде дупло платено и со можност да избереш дали ке останеш или не, и кога среката му се насмеа коа ке бев јас како жена и мајка да го спречам и да кажам седи до мене и умирај од работа мора да си тука кој знае што ке правиш таму.. И да секогаш кога ке дојде срце ке ми искочи од возбуда а кога си оди ми се кине, ме пече како дел од срцето да се рони боли ама секогаш веднаш се факам за работа да исчистам го планирам денот секогаш да сум зафатена само да не мислам дек пак ке биде далеку од нас,плус сум мајка со мало дете кое носи големи одговрности потреби од двата родитела а сам ги правиш ама пак кога доага знам дека тие денови 24 часа е наш без нервози,чекање,само да го гледаш на спиење, да немаш ден да е цел ден со нас. Сепак ова не е решение за цел живот туку периодично додека не се средиме да има услови добри за заедно да сме и да имаме со нормално време на работа.
Мила доколку го сакаш и те сака искрено,не америка не 5години ке се сакате и бидете заедно. Тоа само вие двајцата можете да одлучите,зспрашајтисе дали е љубов тоа што чуствувате и еден за други да си бидете,доколку не е така па нема зошто да се маЧите и секој по својата среќа..храбри.
Една статија за Врска на далечина – Марија Митровска Врска на далечина, повеќето ќе речат нема шанси да успее. Успева. Успева со малку труд, само биди верен, искрен, сакај ја. Не може да се опише чувството кога го гледаш после долго време, со нетрпение го чекаш тој момент. Да ја почувствуваш неговата кожа на твојата, да го почуствуваш неговиот мирис, да те бакне со рацете свиени околу тебе. Не може тоа чувство да се опише со зборови. Колку помалку го гледам, толку повеќе ми недостига, се повеќе го сакам. Трпелива сум и упорна, велат упорноста понекогаш се исплати. Знам дека ќе дојде време кога ќе бидеме заедно секој ден. Ќе заспивам покрај него секоја ноќ, ќе се будам покрај него секое утро. Сигурна сум дека ми претстои иднина со него. Прекрасен е, толку мил, нежен, таа невиност во неговите очи, толку добар… Поминаа 6 години. Се боревме, упорно и храбро, но наеднаш се престана, врската преку жица, исчезна. Беше мошне долга таа ноќ кога го чекав да се вклучи на интернет, да го видам пред да заспијам. Го немаше, ни трага ни глас од него, ниту на мобилен можев да го добијам. Многу се загрижив. Ми поминуваа многу лоши мисли низ главата. Плачев и седев пред компјутерот до утринските часови. Кога наеднаш телефонот заѕвони. Треперејќи, и лута и бесна и толку среќна и збунета што се јави, претајќи со рацете успеав некако да одговорам на неговиот повик, но молчев и не знаев од каде да почнам, дали да му се изнавикам, дали да го прашам на убав начин што се случило и зошто го немаше цела ноќ… Кога од него слушнав само три збора ” Излези пред врата “. Не можев да поверувам што слушам, го натерав неколку пати да ми повтори. Кога ја отворив вратата тој беше долу на колена, ја побара мојата рака.. Избезумена, збунета, рацете ми се тресеа, сеуште не можам да верувам дека го гледам пред мене, дека ме побара, дека конечно се исполни мојот сон. Го прегрнав, посилно од било кога, безброј солзи радосници по моите образи. Не сакав да го пуштам, стоевме прегрнати на прагот неколку минути. Го повлеков за рака внатре, седнавме, сеуште треперам. Гледајќи го прстенот му реков.. ” Совршен е “. Ми ја крена главата и ми рече ” Ти си совршена ” .
СЕ СЕ МОЖЕ ДОКОЛКУ Е ВИСТИННСКА ЉУБОВТА.... МОЈАТА ВРСКА Е ТАКВА и трае со години ! Не велам дека е лесно но ако се сака ке се издржи. Тоа е дел од подоброто утре на врската.
И јас сум една од таквите кои имаат врска на далечина многу пати сум кажала и пак ќе кажам... Доколку постои вистинска љубов,доверба еден во друг разбирање се е можно
точно така...Кога вистински се сака ништо не е невозможно... Километрите се само бројка. Некои врски на далечина се многу поуспешни од некои и кои што заедно живеат , тука ннема некое правило. Ако се сака се се издржува , на некој начин тоа е и заеднички ризик на двајцата за подобра иднина, за да може еден ден конечно заедно да бидат среќни