Незнам дали под врска во далечина се подразибира кога дечко ми е на факлутет во друг град ? Ако е така тогаш да,таква врска на далечина успева и тоа како.Но,само ако сте верни еден на друг и ако постои вистинска љубов. Дечко ми доаѓа само за викенди и се гледаме значи најсила еднаш или два пати недело,кога е на факултет. Па,пак се' ни е совршено. А за оние фб врски што се,да бидеш во врска со некој што воопшто никогаш не си го видел и демек ти е дечко и страшно сте заљубени,јас тоа ни врска искрено не го нарекувам.
Во ваква врска сум осум месеци и знам дека се уште е рано да кажам "успеавме", ама навистина добро ни оди - се надевам така и ќе продолжи. Јас и тој сме од различни градови, а студирав во трет град кој беше поблиску до неговиот. Додека бев на факултет јас се гледавме едвај еднаш неделно, за време на колоквиумска па и на две недели и сепак не се оддалечивме. Секој си имаше свои обврски и никогаш немало ниту префрлања ниту љубомора. Некогаш кога ќе треба јас да отидам кај него ќе ми излезе некој трошок, нема да имам пари и пак ќе дојде тој, патуваше само за да ме види мене. Некогаш јас кога учам по цела вечер, тој кога излегува ќе се договориме да ми се јави кога ќе се прибере и готово, нема што да се комплицира. Потоа кога требаше да си дојдам дома, кога годината заврши ми рече дека се плаши како ќе сме се гледале, ќе сум го заборавела ама тоа не се случи, пак се гледавме на отприлика една недела по неколку саати, тој доаѓаше со автобус, патува саат ипол и си одеше истиот ден. Месец ипол не беше во државата, ама пак не се оддалечивме. Пишувавме секој ден, а никогаш немало договори во полноќ на скајп секој ден или слично. Кој кога може се слушавме и немало лутење. Сега кога ќе си дојде, пак е во странство, ќе отидам јас кај роднина во град поблизок до неговиот, па тој таму ќе дојде и така. Кога се сака се се може. Имав и претходно дечко од друг град, ама сега сакам да се трудам и се трудам оваа врска да успее, спремна сум и поретко да го гледам, а исто и тој. Иако сме од различни градови, не сме скапувале на телефон и на скајп, се било умерено, без притисок и љубомора. Со бившиот додека тој студираше нонстоп се слушавме и пак не успеа, баш заради недоверба и љубомора. Така да, ништо не значи далечината. Некој пат е во друштво или со неговите, а јас сакам да му кажам нешто што ми тежи а не можам и ќе ми падне криво ама гледам колку што е помалку можно да не избувнувам. Сметам дека љубомора и префрлање за се живо само би не оддалечиле. И така ретко се гледаме, уште да земам да го замарам. Гледаме колку што е можно повеќе да се гледаме и да правиме само убави спомени.
haha i jas pocnav pred edna nedela hihi * preku strojnikk* maskovo celo vreme vika srce moe i slicno , ama jas se zdrvuvamm kazete neshto sho da mu pisham na fb se edno isto pishuvam : kaj si , sho prajsh , kako si?? pa zarem ne e preterano glupavoo, kazete nekoj sovett so da pravam so nego muabet nish ne mi teknuva od vozbuda haha , za tri nedeli ke se vidimee ( prv pat ) , ama sepak na fb sakam da mu dadam do znaenje deka sum zainteresirana za negoo Ve molam za sovettt
daj kazi so da praam muabet so mashkovo , sakam nesto da bidne od rabotata hahah , na fb se zapoznavme a vsusnost e bratuced na mojata najdobra drugarka za tri nedeli prv pat ke se vidime , a sea na fb uste da me otkaci nema smisla , kazi so da mu pisham neshto novo , na tel. so da praam muabett , zbuneta sum i strashno vozbudena , kazi nekoj sovet te molam
Во ваква врска сум веќе 7 месеци и неможам да се пожалам. Никогаш не ми е било подобро. Сега летото малку ни ја е*е врската бидејќи нема да се гледаме долг период но знам дека од септември ќе се гледаме секој ден бидејќи ќе учеме во ист град и сум многу среќна
Мислам дека ако се има доверба еден во друг ваква врска ке успее...Јас не сум била до сега во ваква ситуација а изгледа и наскоро ке бидам... Барем така планира дечко ми да бара работа надвор од државата ...Но за мене тоа нема врска ..Јас го саакам и му верувам и ке му останам вредна до последната минутка на нашата врска (се надевам дека нема да има последна минутка би сакала ова да трае вечнооо ) Ке го чекам колку и да е потребно ...Само да бидам со него ...
Јас сум од Штип а тој е од Битола, јас многу го сакам ама ете неможеме да бидеме заедно, ама длабоко во себе се надевам дека барем 1 ден ќе бидам со него, ќе го чекам, само за да бидам со него и да бидам среќна )
И јас имам врска на далечина. Околу 2 ипол месеци сме заедно. Колку можеме се гледаме. Еднаш одам јас кај него на неколку дена, после доаѓа тој кај мене. Летово бевме и на одмор неколку дена и сега пак планираме еден викенд да поминеме некаде заедно. Искрено, мене ми е премногу тешко. Немам ни малку доверба, иако тој никогаш не ми дал причина да не му верувам. Секогаш ме убедува дека сака да биде само со мене и дека не е тинејџер да прави глупости и да ме изневерува со други. Досега, сите расправии биле поради недоверба. И тоа од моја страна. Тој ретко се лути, и тоа ако има добра причина, а јас се расправам за глупости. Среќна сум само кога сум со него, и откако ќе се разделиме почнуваат проблемите. Знам дека ако продолжам вака врската ќе ни пропадне, но ќе се потрудам колку толку да се воздржувам и да успеам да стекнам доверба, бидејќи сметам дека врска на далечина може да опстане ако пред се` има доверба.
И мојта врска е на далеко. И тоа баагимити далеко.. јас овде сеуште на школо. тој тамо во Англија на работа. Сега од како сме во врска веќе 10 месеци супер ни е. Дојде си за нова год, за мај, сега летото.. Здрави и живи уште оваа год од школо да ја завршам и и јас да идам натамо да работам. И може да успее,ако се има доверба. И добро зависи до човеко каков е.
Ќути живци покинав Не сме толку далеку, само 300 км ама некад мислам цел живот у години сме далеку...
И јас сум во врска на далечина. Многу километри се меѓу нас ама се обидуваме што е можно почесто да се гледаме.. тоа доаѓа на месец ипол-два преку сила. Сметам дека една врска на далечина може да опстане доколку и двајцата се зрели и сериозно ја сфатат врската. Тешко е, да.. некогаш многу. Ама оној момент кога ќе се видите после неколку месеци е priceless. Тогаш сфаќаш колку се исплатела борбата и чекањето.
Веска на далечина.. никогаш не ги сакав.Ама тоа што не го сакаш ќе ти дојде на глава. Скоро 5 години сме заедно, ама не сме заедно Пред 5-6 месеци отиде да работи во друга земја, на друг континент! Потпиша договор на две години. Бројам денови кога треба да се врати. Тешко е многу. Се плашам дека времето и далечината ќе си го направи своето, ама од друга страна не прифаќам да се откажам...Треба да дојде за еден месец, на две недели. Присуството негово ми фали, да го гледам, да го гушлам, да го држам за рака. Тешко ми паѓа кога ги гледам заљубениве парови низ градов, кога сите со дечковците и девојките отидоа на одмор, кога гледаш како на сите други им е се некако совршено и посакуваш да е тука.. си легнуваш со него во главата, стануваш со него во главата.. Секоја улица, секое ќоше те потсетува на него. Сакаш тој да биде среќен и ти останува да се надеваш дека чекањето еден ден ќе ти се исплати... Се научив да функционирам со него до мене, и сега не знам како. Се правам махинално. Си наоѓам обврски само за да ми поминува времето. Кој знае како ќе поминат две години. Една работа сакав во животот и таа отиде. Болно е, тешко е, напорно е, исцрпувачки е. Само сакам да дојде денот кога ќе можам да бидам среќна.. затоа што вака не сум.
И јас секогаш сум велела дека нема шанси да имам врска на далечина. Изгледа за се’ што сум рекла така, ми дошло до глава. Како и да е, сега за сега добро функционираме. Имавме еден така потежок период, на почетокот кога тој си отиде. У смисла - “Кај си, со кого си, зошто си, кој има до тебе...?“ Али фала му на Бога ја поминавме таа фаза и се’ излезе во најдобар ред. Тешко е, не велам не, напорно, мачно и слично... Меѓутоа навистина вреди целото чекање, неизвестност, доколку сте со вистинската личност. Мислам дека со ништо на светот не би ја заменила таа “прва“ прегратка, после неколку месеци разделеност.....
Најискрено, најдете си некој што е во ваш град. Врска на далечина е најмачното нешто. Ептен мал процент луѓе успеваат во ова.
Но сепак успеваат Доколу сте се решиле за таквата врска постои голема доверба, почитување и секако љубов се е можно.
јас имам ваква врска, скоро 2 месеци.. и ОДЛИЧНО ни оди Кој рече дека не бива ваква врска да го видам сега тука јас?!
Јас не верувам во врска на далечина и тоа е поради мојата недоверба .Си имам некои предрасуди дека не би успеала таква врска од причина што би постоело изневерување и на крај краева сакам некој не да е 24/7 со мене но повеќе време да поминуваме заедно.Не би прифатила ваква врска затоа што имам поинакви очекувања затоа како би требало да се одвива една моја врска.Не би се задоволила со гледање два пати неделно или уште еднаш во две недели.Не ми се допаѓа тоа мене лично ама за поздравување е тие што успеале да оддржат врска на далечина оти треба трпение,труд и разбирање .