Имав врска на далечина и најверојатно не би имала повторно. За да се има врска на далечина пред се битно е да има услови за да успее таа врска. Само љубов, доверба не се доволни. Треба и финансии, треба патување од еден во друг град, треба место каде да се гледаш ако не си одиш по дома. Јас не се каам за мојата врска на далечина, добра беше, двајцата научивме многу работи за нас. Пред тоа не мислев дека дечко може пред се да ми биде најдобар пријател, некој со кого ќе разговарам за се. После таа врска, тоа ми е најбитното во врска, пред се да ми биде најдобар пријател, па после се друго. Може да успее ако има услови и ако има трпение. Ако можеш да бидеш без него на празници, родендени, да бидеш речиси секогаш без неговото присуство. Јас тоа го можев, но после некое време не. После некое време не е доволен само гласот.
Живееме во различни градови и се гледаме во неделата 1 до 2 пати дали мислате дека врските на делечина успеваат и како треба да се однесуваме двајцата за да ни успее ? однапред ви благодарам
Може да се каже дека и јас имам таква врска. Живееме во два соседни градови. Се гледаме еднаш , два пати неделно затоа што и двајцата сме со обврски. Сме имале и проблеми поради тоа не викам не, но со љубов, доверба и разбирање се се постигнува. Ние така функционираме речиси 5 години и не би ја заменила оваа врска за ни една друга.
Дали мислате дека врските на делечина може да успеат ако едиот живее во еден град а другиот во друг град во државата и се гледаат 1 пат во неделата минимално ?
Врска на далечина,тие што имале знаат што значи. Имам и јас некој 8 месеци, не е некоја далечина 200км, али сепак не можам кога сакам да го гушнам. Но, најважна е довербата. Кога постои можност да се скараш и да не можиш да го видиш цела недела е тука е проблемот.Ќе се налутите,нема кревање на тел. и ете проблем. Друго е да ми ти е тука ќе претрчаш ќе се објасниш и слично. Јас мака мачев со довербата.Тој е единствениот дечко кој сметам дека ме сака најмногу од сите што сум ги имала.а воедно и најмалку му верувам.Зошто? Ни сама не знам. Исто многу е битно да знаете,моето правило е: Секогаш кога си нервозна или он е нервозен застани. Олабајте поливина час и повторно слушнете се. Најлесно е да се скараш.Големинаа на вашата врска (зборувам на далечина) верувајте со тек на време како што ги поминувате препреките така станува посилна. И на крај краева може да е и на 3км од тебе а да не е човекот како што треба. Затоа,само мн љубов,внимание и трепение.Кај мене кога ќе го видам ми се исплати секоја минута што сум ја поминала без него.
Може ако се сака. Еве јас и дечко ми засега добро функционираме. Јас сум на факултет во друг град, одалечени сме 3, 3 и пол часа. Се гледаме за викенди кога ќе дојдам. Дали еден викенд сум таму-еден тука, или два таму еден тука, правиме некако. Додуша и тој доаѓа често Имаме многу меѓусебна доверба. Некогаш навистина ми е тешко и чуствувам и доза на љубомора ама не искажувам. Не сакам да правиме нервози. И тој често го препознава тоа и секогаш на најдобар начин гледа да ме смири. И тој исто има такви моменти, ама исто постапува. Да бидеме искрени, тој и ми вика почесто да излегувам да се дружам Еве неколку месеци како сум таму, засега сме супер. Не сме повишиле глас еден на друг, нема никакви забрани и замерки. Дај Боже вака да остане Потребно е многу разбирање. Секој има свои потреби и тоа мора да се почитува. Немало полициски испрашувања и муртење, зошто вака, зошто така. Одржуваме контакт секојдневно. Се слушаме по неколку пати, пишуваме на вибер.. Обично си кажуваме кој каде оди и со кој. Многу го сакам.. Има моменти кога навечер многу ми недостига тој, да ми каже убав збор, да ме гушне. Си легнувам и се гушкам со сликата. Спијам со неговата маица иначе Тој вели дека ќе успееме и јас верувам во него.
Мои две другарки имаат врски со дечковци кои им се на 50 км од дома. Се гледаат едвај еднаш неделно, некогаш на 10 дена дури. Според мене за луѓе кои се 30 и 30+ години малку е да се видиш со партнерот 3 пати во месецот. Проблем е беспарица за тие што не работат и немање време за дечковците кои работат (или се прават зафатени за да одењето и доаѓањето биде на терет на девојката).
A sto ako ste vo dve razlicni zemji Koga ima zelba, ljubov, verba se e mozno. Treba da se prilagodis i da se naviknis.Na kraj, samite si odlucuvame dali nestoto kje prodolzi ili ne. Samite si odlucuvame dali nestoto odi ili ne. Dokolku se odlucis za vakva vrska, treba da si spremen i opusten. Ljubomora ne smee da ima, toa e nestoto koe kje unisti se. Nikoj ne tera nikogo na vakva odluka. I sekoja licnost e razlicna. No dokolku imate tolku ubavi momenti koga ste zaedno, se moze da se izdrzi, i zelbata za povtorno viduvanje kje e uste pogolema, postrasna. Neznam sto e pravilno, no znam deka od koga sum vo vakva vrska, gledam mnogu porazlicno na rabotite, cenam mnogu poinakvi raboti, edvaj cekam da se vidime, zelbata za nego mi stanuva pogolema , i ednostavno se imam pomireno so toa deka vakva e situacijata, i samo samite nie mozeme da si napravime da ni e najubavo i nikoj drug. Se e do psihata. Ponekogas si mislam kako bi bilo da sme poblizu, dali bi bilo isto vaka, no od druga strana, sega sum taka srekjna i mozebi ne treba premnogu da se razmisluva, bliskosta sto ja imame kreirano, zelbata eden za drug, momentite koi gi pominavme dosega, planovite za sledno viduvanje, se nesto prekrasno za mene. Dokolku osetime deka nestoto ne funkcionira, realno treba da se gleda na rabotite, vakva e situacijata, poinaku nemoze da bide. Smirenost, komunikacija, pozitivnost i ljubov se osnovata za edna vrska, kakva i da e, kade i da ste.
Мојата траеше 2 месеци. Се разделивме баш токму поради далечината. Ама зависи, кој како. Треба да се има доверба многу..
Да, зошто да не, јас воопшто не сакам секој ден гледање, како прво такво гледање асоцира на недоверба, на љубомора и на посесивност. Јас со дечкото еднаш месечно се гледам па супер ми е.
Се согласувам со pupi.girl и јас со дечко ми се гледам еднаш месечно, некогаш и по месец ипол ама ете еве 10 месеци супер функционираме, во едва ваква врска мислам дека довербата е најважна. Не дека не е важна и во врските каде што партнерите се од ист град ама ете некако во ваквиот тип на врска довербата и трпението се на прво место, затоа што не секоја девојка или дечко може да трпи да го гледа саканиот еднаш месечно, ама ете кога се сака, се се може. Нели?
Јас со дечко ми првите 2 години се гледав три до четири пати годишно,јас тука тој во друга држава така да нека не ве чуди и тоа како може да успее,се разбира ако се има доверба и љубов
Само што ја завршив мојата врска на далечина...тешко е, јас искрено не можев повеќе да издржам да се гледам со дечко ми еднаш месечно. Поминавме две прекрасни години заедно и јас дојдов до состојба во која веќе не ми беше доволно само слушање по телефон, на што добив одговор дека вака ќе биде барем уште неколку години. Искрено не можев да се замислам уште во таква врска и раскинав. Многу е тешко кога тој некој кој најмногу ви значи не е до вас во вашите најбитни моменти. Ете, не мора најбитен да е моментот, некогаш ви е смачено од се и сакате да видите само едно лице, а не можете. Сум плачела и сум се задушувала на телефон од плачење некогаш и секако прегратката негова тогаш многу повеќе би ме утешила него зборовите кажани по телефон. После некое време ќе ви прекипат ваквите ситуации. Колку порано толку подобро. Врска на далечина е само мачење, ништо друго.
imam eden problem.. ziveam vo stranstvo.. mojto decko isto vo druga drzava.. imav decko isto od stranstvo ama makedonec i doagase kaj mene doma.. sega toj segasniot saka da dojde pak kaj mene doma zato sto nemame kako da se gledame zanete kako e vrska od daleku.. sega koga spomnav deka decko mi saka da dojdi da me vidi.,.. moite rekoa deka ne moze zatoa sto moze da izleze kako ovoj bivsiot kaako sto mi velese deka ne me sakal poveke.. i slicni raboti sto da pravam. help me!!!
Дечко ти ако сака да дојде да се видите, нека си плати хотел и нека си отседне таму, а не кај тебе дома. Во право се твоите што не даваат, не е твојот дом бордел.
Ако искрено се сакаат може да опстане врската. После 3 години врска, дечко ми замина во странство. Цело време се гледаме и слушаме преку скајп. После година време се врати на еден месец и пак замина. Пак продолживме преку скајп. Сега пробуваме да средиме документи да можам и јас да заминам, ако не ке се врати тој без разлика колку е поубаво таму. Ако му веруваш на партнерот и ако е вистинска љубовта далечината не може ништо. Е сега тешко, еден куп моменти коа требало да бидеме заедно не сме биле, нема гушкање, нема бакнување ама се е до навика
Zdravo devojki!sakam da vi kazam da me poslusate i da mi dadete sovet.So deckoto sum skoro 2 god.kaj nego me nema viknato..kaj mene dojde na pogrebot na tatkomi tie 2 dena i go snema..mn retko mi kazal najubava si mi,te sakam nisto od toa...se kako odime se olabavuva.. se gledame 1 nedelno deka sme bile daleku..jas rabotam ako izlezeme se gledame mn kratko duri po 2 saati..na tel celo vreme sme..jas neam nikakva pocit od nego...neznam zosto seuste sum so nego..