Потребно е многу доверба и многу трпение (обострани) за да успее вакво нешто. Не се врскиве створени за секого. Од искуства разни и приказни, почесто на машките им било потешко да се справат со ваква врска. Иако, сведок сум била и на неколку врски коишто почнале на далечина, а завршиле пред матичар. Не е за секој дечко, не е за секоја девојка, не е за секој пар. Спојлер Некоја година пред да го запознаам мм, сфатив дека вакво нешто не е ни за мене на пример. Ниту пак за тогашниот дечко.
Кога си во ваква врска, ти овде, а тој далеку од тебе колку и да го сакаш и да имаш неизмерно голема доверба во него, секогаш е неизвесно Со љубовта никогаш не се знае или барем јас така си мислам. Да, се случува, успеваат вакви врски, не велам не, ама ретко е тоа, ретко. Понекогаш, си мислиш се е во ред, и одеднаш, проблем? И што понатаму? Скршени срца, тага, болка.. А секоја им чест на тие кои се доволно силни, па издржуваат далеку од своите сакани. Како и да е, тешко е, многу е тешко. Тој негде далеку а ти сама тука, добро, се допишувате, скајп.. Ама исто ли е кога е секој ден е блиску до тебе и секогаш кога ти е тешко можеш да го прегрнеш или пак кога си среќна можеш да ја споделиш радоста со него и тој да почувствува.. Е тоа скајп не го овозможува, за жал. Но, мислам дека ваквите љубови се посилни и повеќе можат да издржат за разлика од оние ‘‘заљубенковци‘‘ што се по цел ден заедно и завршуваат со причина дека им се здосадило и слични глупости..Оваа љубов на далечина ако опстане, долго ќе трае, век ќе векува, АМА само ако опстане Ете малку филозофија и од мене, мада мислам дека се што кажав е на место. Затоа, искрено и најтопло ќе ви препорачам некој што ќе ве сака во секое време и на било која далечина. Мене таа ми е љубов, секогаш сме заедно, не се караме, едноставно, супер ни е ---->
Uspehot na edna vrska na dalecina, zavisi od poveke raboti, i od karakteror na dvajcata, i od toa kolku se vlozuva za da opstane, i od finansii, i od medjusebna doverba, a i od srekata!!! Jas isto imav vrska, dve razlicni drzavi, site smetaa deka toa e pisi-propalo, nooo....uspeavme i sega sum pet godini srekno mazena!!! Moj sovet: ne slusajte nikogo, slusajte go svoeto srce, ako nekogo sakate i ako nekoj ve saka, toa nemoze nikoj i nisto taka lesno da go zgasne!!! Sepak ne brzajte, dajte si vreme, zapoznajte se dobro, zasto i ne e samo da se bide rabotata i da se otide vo drzava kade se nema nikoj svoj, ni za pomos ni za bilo sto! Kako treba taka i ke bide!!! Srekno na site sto imaat vrska na dalecina
Врска на далечина НЕ! Од искуство кажувам, бевме долго време на далечина и конечно после долго време почнавме да живееме заедно. Убаво е сега што се е ок, ама тогаш беше тешко и сите журки, излегувања, дотерувања, дружења посакуваш да е партнерот со тебе, ама не е. Целиот џепарац или примања ги штедиш за да купиш карта и отидеш на посета на десетина дена максимум, и после пак чекаш и чекаш.. наместо со друштво да идеш на патување или да ги искористиш парите и одморот да патуваш на ново место, ти идеш кај партнерот.. Ние бевме и двајцата по учењето со просек и работа истовремено, па немаше многу место за соменж, ама понекогаш ти треба некој да биде до тебе, а не на скајп или понекогаш сакаш да пробаш нешто ново со некој друг ама ако пробаш веќе е изневерување и ќе треба да имаш грижа на совест цело време.. И двајцата сменивме нови средини па се менувавме паралелно, и се уште има големо разбирање кога се излегува со свои другарки-и, но многу мои другарки не ни ја одобруваат врската каква што ја имаме затоа што во македонија сите што имаат дечковци-девојки се 24-7 заедно и секогаш заедно испаѓаат. Немаш можност да запознаеш нови луѓе и цело време е таа па таа.. На кратко, ако сакаш врска на далечина треба да имаш трпение, и тој што заминува секогаш му е полесно од тој што останува затоа што секад му е поинтересна новата средина. Но мој искрен совет е подобро е да имаш некој до тебе, да не чекаш некој туку да си направиш сам да те чекаат..
Јас не мислев дека е толку тешко да се има врска на далечина,се додека не го искусив тоа.Точно како што опиша Robin25 дека кога најмногу ти треба баш него тогаш го нема да те утеши,секогаш и сегде си сама додека сите твои другарки се со нивните дечковци...ајде остави тоа само како ми е мене,ами како му е нему додека другар му и другарка ми постојано беа заедно,а ние двајца на фб(полни очи празни раце!)сета мака беше поради тоа што јас бев одвојана од нив (тие тројца се од ист град,само јас од друг) и на двајцата многу ни беше тешко,имаше голем копнеж а и сеуште има..сега па уште полошо ги напуштивме и двајцата со другарка ми(но не поради изневерувања и такви глупости,сосем нешто друго!)А иако бевме на далечина можев да му верувам,ми беше сигурен а исто и тој во мене,,ама проблемот беше друг,а и јас ама си се затрескавв..Јас сега не можам ни да се замислам со друг и затоа премногу страдам..Тешко се вљубувам и тешко преболувамОд сега си велам никогаш нема да залетувам по некој кој е далеку од мене(некогаш си се тешам ај можи ќе се смириме ама за друга врска повеќе нема да ми текни да имам врска на далечина!)не за џабе рекле љубовта е како дрога!
Тешка е врската на далечина но, по мое искуство ако навистина го сакаш се се издржува ..Јас сум во врска веќе 4 години и дечкоми оди на работа во странство..Признавам дека некогаш може да се западне во криза но со правење компромиси и взаемно разбирање може да фукнционира. Мене лично до овој ден ми е најтешка разделбата т.е. кога е вратен и некое време поминеме заедно а треба пак да оди...И денес незнам што да шравам за во тие моменти да ми биде полесно :/
Премногу е тешко да се одржи ваквата врска. Претпоставувам дека треба премногу трпение, доверба и огромна љубов од двете страни за да се издржи...
Премногу е тешко. Ама со задоволство штедам за автобуска карта за да отидам и да го видам него, штедам и едвај чекам да дојде ред заедно да отидеме на одмор, отколку да штедам за излегување со другарки што не ми се вистински. Се дружам со луѓе, со колешки редовно се гледам, но неговото присуство е многу поскапоцено. Сите маки се ништожни кога радоста се споделува со оној кого многу го сакаш. Имало тешки моменти, а тој не бил тука, ама кога сме заедно се се заборава, и се е небитно. Среќа е.
За да опстои ваквиот вид на врска, потребна е голема доверба. Не сум била дел од таква врска, па и многу не верувам во нив. Можеби па и не верувам затоа што сите такви врски, навидум се супер, а од другите почнуваат озборувања дека се изневеруваат.
Има едно момче ми се допаѓа многу ... Живееше во мојот град но се пресели далеку во друга држава и ми пишува дека би можеле да успееме иако сме далеку , не сме во врска но ми предложува да се видиме кога ќе дојде и дека би можеле да успееме иако сме далеку ми кажува дека сум добра и фина девојка , јас не верувам во тоа т.е искрено не верувам во врска на далечина но се плашам да му признаам да не се оддалечи од мене не знам што да направам...
Daj si sansa, nikogas ne veli nikogas! Od kaj znaes, mozebi tokmu toj e tvojata sreka, no sekako dokolku ti se dopadja, a ako ne cuvstvuvas nisto togas ne se zamaraj! I jas bev ko tebe , vo slicna situacija, i ne veruvav deka bi mozelo bilo kako da uspee, ama ete ne bev ni svesna kako uspeavme, i svadba napravivme i fala na gospod srekni sme i slozni, i vo sekoj moment ocekuvame da ni se rodi bebeto Probaj , mozes samo da dobies, da izgubis nemozes! i normalno bidi svesna deka vrskata na dalecina si ima svoi negativni strani, no toa e samo dodeka se pocne zaednicki zivot Pozdrav i srekno
Blagodaram mnogu , kolku mi e milo sto vi uspealo i sto ste tolku srekjni i sto citam deka uspeeala nekoja vrska na dalecina mnogu mi se dopagja sekako toa momce ... no znam deka vrskata na dalecina si bara svoj trud i deka taa vrska e mnogu poinakva od ovdesnite vrski so licnosti koj se tolku blisku do nas .. no mozebi si vo pravo deka so ljubovta i planini se pominuvaat
Epa ete nema precka, ti mu se dopadjas, toj ti se dopadja, zosto da ne se obidete?! i jas se plasev od izneveruvanje, ama sega koga sum tuka gledam deka tuka zivotot e mnogu porazlicen odkolku kaj nas, tuka nema dotolku izleguvanja kako kaj nas, i ne se naodja seriozen partner taka lesno, zatoa tokmu i slobodnite sto ziveat vo stranstvo si baraat partneri kaj nas na Balkan, mentalitetot e mnogu poinakov! Jas da sum na tvoe mesto bi se obidela, vo zivotot tokmu onie nesta sto ni izgledaat nevozmozni ,stanuvaat vozmozni samo treba da dozvolime da ni se slucat! Ti ja posakuvam seta sreka da uspees,
vrska na dalecina DA! srekjno zaljubena i uspesna vrska zatoa so imame pregolema doverba eden vo drug funkcionirame taka sto se slusame ednas do dva pati na den na mob.pisenje na fb i cat pat gledanje na skajp iako sme oddaleceni samo 80km ne sakame da se gusime eden so drug od tipot dzvonenje na sekoj pola saat kaj si so koj si ...ma kako i da e preubavo ni e
Врска на далечина тешко воопшто може да се нарече врска а камо ли успешна. На далечина само брак може да успее кога партнерите се веќе во брак па мораат да трпат, додека врска многу тешко. На прв поглед може да изгледа како успешна врска, но со текот на времето ќе почнуваат да се откриваат оние мали тајнички, кој со кого бил во мали авантурички додека сте биле во врска. Мој совет, не залажувајте се со нереални врски особено ако тој период на разделеност трае премногу долго, затоа што така можете да потрошите драгоцено време кое сте можеле попаметно да го искористите. Уште еден совет од мене како доволно возрасна и искусна жена, искусете ги сите убавини на животот и сексот пред да влезете во посериозна врска, затоа што после многу тешко ќе можете да си приуштите некоја авантуричка и постојано ќе живеете со помислата и каењето како би било со некој друг.
доколку се има трпение и доверба секоја врска може да успее нема везе колку и да е далеку битна е довербата и почитта и да не се нема изливи на љубомора најбитно е многу труд и упорност аа една врска може да не успее и да ти е на 5 мин блиску а далечните врски имаат предност што не си секоа ден заедно и што кога ќе се видиш немаш време за карање и не ни размислуваш за нешто лошо се гледа секоа можна минута да се искористи најубаво
Истото е и кај мене 6 месеци е во странство, 6 месеци е тука и стварно е тешко .. потполно те разбирам.. она кога ти е најпотребен него го нема .. Барем одиш во тие неколку месеци на посета кај него или?
Јас имам врска на далечина со сегашниот дечко..т.е сега е во Скопје,но повторно ќе треба да патува за некое време надвор од државава. Успеваме поради тоа што љубовта е вистинска