За да успее една таква врска потревно е премногу доверба,помалце љубомора бидејќи сите знаеме дека љубомората е најголемата причина за расправиите а пред се и недовербата.
Може некои од вас ми го прочитаа предходниот пост,дека требаше да се видам со еден.И се видовме сношти,преубаво беше,се беше добро веќе сме заедно само се осеќам лошо кога ќе помислам дека сме разделени,дека неможеме секојпат да се видиме кога ќе посакаме и тажна сум не знам...Како ке биде врската на далечина.....Тој се ми пишува каде е со кого е ,ми се јавува секогаш ама некогаш и баш не му верувам ....Кој доживел такво нешто ве молам кажете за да ми биде полесно.
Душо секоја врска си е приказна за себе. Можеме да ти пишеме илјада искуства и позитивни и негативни ама никој неможе да ти каже какво точно ќе биде твоето. Мислам за да остане една ваква врска треба многу трпение и доверба. А и се мислам дека љубомората е главниот уништувач на ваквите врски. Тоа што тој ти пишува каде е, со кого е и постојано те бара може да значи дека е искрен ама и обратно. Тоа сакам да го потенцирам цело време дека со оглед на тоа што е далеку, неможеш да го видиш ниту гушнеш кога сакаш и секогаш ќе постои нешто што ќе ти ствара сомнеж. Размисли добро, ако мислиш дека неможеш во една ваква врска прекини ја дури е време. Колку повеќе се одолговлекува толку потешко ќе биде.
Па...,со тек на време ќе стекнеш доверба,можеби треба да зборуваш на оваа тема и со него...Па полесно да ти биде,прво за да не мислиш дека нешто прави треба да си сигурна дека осеќа нешто према тебе,односно дека премногу те сака...За малце и јас ке се најдев во таква ситоација да се фатам со дете од струмица,меѓутоа ништо не се деси баш токму поради ова...Но,ипак пак се наоѓам моментално и една ситоација од на недниот крај од скопје ја на другиов и мн тешко ми е и за искачање дури,се кај него сака да одам...не го мрда тоа газот
И јас еднаш душо сум го доживела тоа , врска на далечина и искрена да бидам многу лошо испадна и од се тоа едно лошо искуство добив за себе , сепак тоа е индивидуално кај секого и не секој мора да успее во една таква врска а и обратно...зависи од многу фактори пред се доверба па и материјалната состојба во зависност за колкава далечина се работи и колку за тој напор се подготвени и двајцата партнери да се жртвуваат за една таква врска да има успех , но обиди се без да пробаш нема да знаеш дали ќе успееш
Во врска сум 3 години , од кои последните 2 сме поише разделени отколку заедно ... И ние не сакаме да е така но ете таква му е професијата на дечкоми( но и таму е за да имаме колку толку подобра иднина , бидејќи планираме нешто повеќе од врска ) ... Па од моја гледна страна а и од искуство можам да кажам дека врските на далечина успеваат ДА но како ?? Треба многу доверба , подршка , разбирање , и ред други работи за да функционира таа врска ...
Може е потешко е да опстои, но е и невозможно. Се се може ако се сака! Треба многу трпение, разбирање, ценење, и најмногу од се потпора и сигурност дека сето чекање нема да биде залудно. Незначи ако некој примери не биле успешни дека сите ќе бидат исти. Поздрав свима.
Нервите се како довербата Не дека не се караме има денови кога ми фаали да го гушнам да го бацам ,е тие денови со никој не зборам , на skype ке ме моли да му се насмевнам , ке ме теши , ама ништо не помага и од ништо нешто ке направам ама како и да е јас се викам ПА НЕМОЖЕ СЕ РУЖИ ДА НИ ЦВЕТААТ, НЕКА ИМА И КАВГИ , БЕЗ НИВ ВРСКАТА ЌЕ МИ БИДЕ МН. МОНОТОНА ...
Пример ја земам братучедка ми. Таа лани летото беше тука во Мк и си фати дечко. Одеа некаде 1 месец и си замина таа назад во Америка. Се слушале во меѓувреме на Скајп, на Фејзбук па еве сега пред неколку дена дојде пак тука за летово. Нивната врска си успеа... Мојата пример не успеа. Треба многу доверба да се има, само така би успеала.
Ние успевaме, имa и кaрaници,сoмнежи,недoрaзбирaњa,лутење... недoстигaње мaлa дпзa нa љубoмoрa нo ете некaкo oди a се слушaмЕ секoј ден .. пo пoлa сaaт мoжеби.. сaмo некaкo ми е чуднo Дa Немaме теми зa рaзгoвoр? Зaбележувaм не ми кoментирa кoгa ќе му прaтaм слики, некaкo oдбивнoст незнaм мoже е периoд..
Јас имам врска на далечина,но го осеќам цело време.Цел ден се слушаме,на секој саат ми се јавува,пишеме секогаш,а секоја ноќ се гледаме на камера баш секоја и заспиваме на неа...Ако се сака се се може,љубовта ако е голема никогаш нема да го осетите неговото отсуство.
Да бе, оделе еден месец и хепили форевр. Како да не, знаеш тој оти ја чека? Само за да му направи документи и тој да се куртули од сиромаштијава овде....е дури отпосле можеш да кажеш дали навистина ја сакал, ако не ја откачи кога ќе ги земе документите !
И јас имам врска на далечина потекнуваме од различни градови но студиравме во исти град и се гледавме секој ден, но пред еден месец замина во Австралија кај другар му и сега ми недостига уште повеќе затоа што неможам да го видам а и неможам да бидам со него во овој период кога му е потребна подршка.....
Морам ова да Ви го раскажам,ама на кратко, има многу детали, но ке ги излоставам. Ова се однесува на девојки кои само преку интернет ги ,,виделе,, своите дечковци и идни мажи ...Таа немаше дечко, мирна,повлечена и многу...многу неубава, ама другар прва лига.Од што и сама знаеше дека за околиата служеше како страшило не ни бараше дечко. Со тек на време ние (блиски, пријателки,другарки) се измаживме, таа остана сама без партнер. ...се до еден ден, кога ни рече дека се мажи и дека си оди во Австралија.. Ние сите во прашалници..кој е човекот, како го најде, каде се видовте, колку време сте заедно...сто прашања, а таа кратко и јасно - преку ФБ па после и на Скајп. Никој не ја одврати од намерата, напротив сите и посакавме среќа. Момчето на слика го видовме и - чудо - убав...заби бисери...абе глумец.Еден на мајка и татко, родители интелектуалци, мајката во банка работи.. Одма знаев дека не е нешто во ред ситуацијава. И купивме скап статичен телефон (одамна беше ова, тогаш немаше мобилни) со порака да ни се јавува, да не не заборави. Не поминаа 5-6 месеци, ете ти ја се враќа дома. Човеков (младоженецот) со полова аномалија (ај да не речам што е тоа што го нема)...па не се возбудувал па шишиња,краставици... па расправии, па кавги па плачки...па свекорот и свекрвата не ја пуштаат да си оди (нели еден на мајка и едвај жена му нашле, т.е. си нашол) Денес е возрасна жена, мажена со фамилија. Среќна. Но ова ,,премрежје,, нека биде поука за сите кои одат на невидено.
Јас сум во таква врска моментално. Не е лесно. Расправиите ни се почести отколку кога сме заедно. Кога сме заедно не ни има причина за расправија а вака... Несигурност, сомнежи. До кога, ќе видиме.
доколку има љубов далечината ќе ви ја зацврсти врската мојот дечко учеше во друг град сега заврши прва година а јас завршив четврта од септеври ќе се запишам на иститот факуктет и ќе живееме заедно.
Јас имам врска на далечина година и месец дена.Он е македонец али живее во друга држава.Он ме запозна со неговите уште првиот пат исто така доаѓа кај мене.Се гледаме по една недела во месец и повише.Али за да се впушти човек во таква врска потребна е многу љубов и од двете страни,љубомора до мал степен , премногу доверба еден во друг и многу разбирање.Тоа се основните и најбитните работи што треба да се имаат за да опстане и успее една врска на далечина.А што се однесува до мене многу е поубаво и повозбудливо да се има врска на далечина.Едвај го чекаш мигот,секој ден гледаш кој датум сме ,едноставно премногу возбудливо чувство кое што со зборови неможам да го опишам....Позз