Нас не ни успеа,иако идеше многу често во мојот град.Имаше преголема доза на љубомора и недоверба (од негова страна) и тоа ни уништи се.Изговор му беше дека сме од различен град и неможел потполно да има доверба Беше напнато и прекинавме.Но не викам дека врска на далечина не може да успее!
Тука е веќе многу јасно мила.Самата дозна на неконтролирана љубомора и неразбирање кон саканата води до неизбежен пропаст во врската тоа е факт.Следен пат внимавај,процени ја убаво личноста со која што сакаш да се впушиш во врска...тоа ти било еден вид на лекција
Се придружувам. Цел ден не можам да престанам да плачам. Ќе оди на студии многу далеку. Јас без пари.. Пред тоа ме побара за жена. Сега ќе седам и ќе чекам со прстенот во рака.Ниедна опција не одговара ни да се разделиме нема да можам да го преживеам тоа, тој ми е се, вака као верени пак не ми иде а да потпишеме па што пак исто тој таму јас овде. уште од сега знам колку ќе биде тешко. Ах не фер живот. Ама леб за нас нема во ова државиче па мора да се оди на овој чекор. Здравје. Со Господ напред. Сеуште не можам да се средам. Во секој случај ќе ја посетувам почесто темата. Поздравче
Мила на треба ни случајно така да размислуваш. Ете сте се вериле честитки, бар од таа страна сте се официализирале и автоматски треба да бидеш среќна и мирна што ти докажал љубов и живот покрај тебе, и во добро и зло. Да ти дадам подршка дека не си сама во ова, многумина сме го искусиле ова и го искусуваме, за жал тоа е, во таква држава сме се родиле да треба да се мачиме за корка леб. Не размислувај вака, не треба со негативност да го гледаш ова и со плачки, време лета, ќе помине малку тешко малку лесно, мисли дека сето ова е за подобро утре и за повеќе среќа во животот. Размислувај од позитивната страна на оваа разделба, дека утре кога ќе се средите и ке си имате самостален и едена основна живеачка со повеќе пари и помалку нервоза, верувај ми биди силна сето ова ке се исплати еден ден. Главата горе и нема плачки и тркатанци при испракане, побогу само отишол за подобар живот, за вас, за подобро утре. Ке биде се во ред. @Wahnsinn Постот ти е скоро пред месец, но ми бодеше во очи, само едно ќе ти кажам мила, сето тоа што тој го кажал не е причина да се разделите , најверојатно причината е сосем трета па тој ете не бил доволно маж да ти ја каже, а оние работи за недоверба и неопстојување се чиста лага. Ако се има љубов и пред се доверба и почит и тоа како се успева, луѓе се биле прирморани од секогаш да се разделуваат и милји да ги дели но се средиле и опстанале бидејки имало и доверба и љубов и надеж за подобро заесничко утре. Таков како тој ич не ти ни треба, си го покажал од старт паметот.
Ти благодарам за убавите зборови но сепак кој што и да каже како да ми нема помош. Како да чувствувам страв дека ќе го изгубам... страв дека ќе ми биде тешко без него.. веќе почнував да чувствувам како кризи како болки во телото а уште не заминат. Но тоа е, живото кон мене е маќеа не мајка. Само гледам како другите се средуваат им се исполнуваат желбите... Јас само гледам. Го изгубив татко ми. потоа го запознав него. Ме врати во живот. Еве сега пак како да ме пресече нешто.
Немој да мислеш дека само на тебе ти е тешко и дека си единствена, на сите порано или покасно им се исполнуваат желбите. Имај го на ум тоа, без жртва ретко кој постигнал одредена цел во животот, да знаеш. И дека сега ти е прв пат затоа е така, ке се навикнеш со тек на време и ке ти биде подобро и кога ќе трепнеш ке се средите со маж ти. Имај верба и надеж, биди позитивна и ке видеш како ке биде подобро. Сега повеќе бли, кога ќе отиде ке ти биде бар послесно малку и ќе се навикнеш, сега ради тоа што уште не пошол ти е така во исчекување и многу болка а најмногу дека е прв пат. Мисли си дека надкоро ке се средите и дека за се во животот треба жртва. Поздрав
Здраво девојки, јас сум нова на форумот Ја отварам темава и баш како за мене.... Ова лето почнав да се гледам со еден дечко(претходно се знаевме ама никогаш не бевме блиску како сега што сме), но не е од тука, од мн.далеку е од друг континент, така да нема да можам да отидам барем еднаш годишно+студирам. Доаѓа тука секое лето и седи по 3-4 месеци..... Што да праиме коа ќе си отиде, да останеме во врска како сега или да прекиниме се? Читав кометари во темата погоре ама не сретнав некој ваков случај што нема да се гледаме 9 месеци, а 3 месеци ке бидеме заедно. 9 месеци некако ми се многу......
Здраво Најпрво за една врска на далечина да успее треба да знаеш дека треба многу упорност и пред се доверба. Ако во овие две работи се снајдете вешто, тогаш ќе успее. Пред се тука е и љубовта важна, но треба да знаеш исто така дека секој човек и воедно секој пар е приказна за себе со свој карактер, имало многу парови во ваква врска и ќе има, успеале ете се избориле машки силно, и сега се заедно во подобар свет, но има парови што се разделиле веднаш или после извесно време ради икс причини. Значи секој е различен, врската може да ви успее и ако не се видете 9 месеци, но прашањето е дали ќе се има љубов и доверба, дали ке се има упорност и сила во тоа?! Пробај, ризикувај, ако успее добро ако не пак добро но бар си пробала, крај краева животот е еден голем ризик. Поздрав
Ако ти треба пример еве ме мене првите две години се гледавме два пати годишно,а вторите две само во лето тие 3 месеци,па ете успеавме.Инаку се согласувам со се што ти кажа витамина
Врска на далечина..дечкото ми раскина на негов роденден на фб Незнам како и не го беше срам прво тоа,а друго што го бараше проблемот у мене,демек јас сум крива,така одеднаш Незнам но тоа немаше врска,и за мене ова е без причина раскинување,како на него ке му текне или си фатил друга па му е срам да каже дека ме преварил
Не вреди да се нервираш околу човекот верувај ми, е тоа е тоа што врската на далечина го бара, доволно љубов и подршка за да успеете и двајцата да ги пребродите сите препреки што ги носи. А нему му се гледа паметот и љубовта према тебе, мора да си голем дебил за да раскинуваш преку жица без објаснување, тоа за мене е крајно кукавички потег и пример за слабост, да незнаеш да објасниш причина и да разговараш ко човек. Кога тој се покажал како таков слабак зошто да го бараш? Не вреди да си го трошиш времето со такви луѓе, придолжи си го животот, ќе си ја најдеш твојата среќа, животот е пред тебе. @Kala22 животот не ни сервира ништо на тацна за жал, некои страдаат помалку некои повеќе, но сепак сите се борат за нешто во животот. Браво за вас, се гледа дека сте имале сериозна и созреана врска и сте се бореле до крај, ако се има љубов почит и доверба не гледам ни јас пречка зошто да не се прелагодите на тоа што ви донел животот, има моменти и на слабост и прелевање на чашата, едноставно ти се смачи од се, но најлесно е да кренеме раце нели? Тешкото е да успееме да се избориме за успехот и сопствената среќа, а кога ќе стигнеме до самиот крај веќе и забораваме на борбата и тешките моменти. Треба да си и доволно возрасен и созреан во главата за да опстанеш во вакви ситуации, не е само љубовта во прашање. Како и да е мило ми е за вас што сте успеале да испловите до крај храбро. Поздрав
Здраво Феминки ,нова сум на странава но редовно ве следам ,вака јас имам врска на далечина векје 7 месци и некако туркаме инаку сме од различни градови но сега јас сум во друга држава .... одвај чекам да го гушнааам
оффф ама кажи колку ти фалиии..неописливо чуство што неможе да се искаже колку многуможам да замислам како ти е и јас сум во таква ситуација,дури криза ме фати
Mi fali epten mn ama za ljubovta vredi da se zrtvuva ako e vistinska slatki makicki se ovie( sorry so pisam so dr fond od tel sum uklucena) ♥♥♥
Хаха, одговоров ме расплаче бидејќи многу се пронајдов во истиот. Треба да заминам со семејството следниот месец да живеам далеку од Македонија (сепак во Европа), заедно сме со дечко ми 5 месеци и многу се сакаме. Да, има многу доверба, љубов и почитување, но има и ќе има некои закачки како и во секоја врска. Кога му кажав дека треба да заминам да живеам во странство колку солзи имаше само и сега има, додека ја пишувам поракава. Тој сепак студира и ќе му треба уште најмалку 2 и пол години да го заврши факултетот. Не знам дали оти сум во врска и ми е страв дека ќе го изгубам засекогаш верувам во љубов на далечина, но како што кажа мора да има љубов и доверба. Да, ги има и двете. Не знам како ќе издржиме и двајцата, но верувам дека ќе се бориме и двајцата машки за да бидеме среќни, бидејќи навистина сме кога сме заедно. Поздрав