Кукле суштината на ова патешествие е да се стисне заби кога е тешко и да се подаде рака во најболното, на арно сите знаеме да се радуваме и да живееме. Всушност во тешкотијата се гледа и цени која е суштината на вашата заедница и љубов, на арно сите знаеме да се лигавеме. Онаму каде што проврнал дождот на крајот секогаш огрева сонцето..
Vo pravo si, da bideme silni i izdrzlivi koga e tesko, za lesno sekoj mozit I znajt. Za druge mozda je tako - za mene sigurno ne
Поздрав поддршка. Треба многу поддршка. јас се чувствувам како жртва. напорно е другите луѓе или отежнуваат со такви прашања да или пак ако бе што ќе помине брзо што се две години. Арно ама мене ми се многу.ааааа не знам што да кажам тешко ми е на душава ама ќе чекам друго чаре нема. Благодарност до vitamina што секогаш ме поддржува и дава оптимистички совети. поздрав девојчиња
Испишуваме две години врска на далечина, одалеченост 20 мин со кола. Не е многу одалеченост но сепак не сме од исто место, и се гледаме еднаш неделно преку викенд, а честопати се погодува и два пати да се видиме. И малку ми е времето со него, сакам да е постојано до мене, да можам да го гледам почесто и подолгу, но ете научив да се заситувам и со толку. Доверба имаме тоа ни е најмал проблем, а во последниот период мислам дека ја поминавме најголемата бура во нашата врска, карање за ситници, и незнаење на што си, но како што реков помина. Сме поминале многу работи, и ќе поминеме, не се откажуваме. Тој ми е наголема подршка, најдобриот пријател на кој што можам секогаш за се да му се отворам, и да си ја олеснам душата. Со него научив колку е поубав животот, колку многу значи на крајот на денот да има на кого да му ги прераскажеш дешавките од денот што изминал, без разлика дали бил најубав или најгрд ден. Сите непроспиени ноќи, жртвувања и грижи во периодот кога сме оделени се исплаќаат за човек како него. Една прегратка после недела дена е многу поубава и подрагоцена. Секогаш кога се спремам и кога излевам од дома ја чувствувам истата еуфорија, истото брзо срцебиење и ладните раце. Првата прегратка и првите бакнежи се најдрагоцени, и најмногу ме растреперуваат. Јас бев голем скептик дека врските на далечина не успеваат, и довербата помеѓу партнерите е разнишана. Но се уверив дека е токму спротивното Не дозволувајте луѓето да ве предомислуваат да не се впуштате во врска на далечина, секогаш верувајте му на внатрешниот глас во себе, бидејќи ако не пробате никогаш нема да знаете дали тој бил вистинскиот за вас или не.
Хм ок. Но сепак темава е за врски многу далеку значи со месеци да не се видиш во други далечни држави континети. А ова твоево е друго 20 мин со кола се гледате еднаш до два пати неделно.
@izabela.nik Да знам дека темата е за подалечни врски, но ете и јас мојата врска си ја сфаќам како врска на далечина бидејќи не го гледам секоја ден, во некои моменти кога и двајцата сме сакале да бидеме заедно не сме можеле поради разделеченоста.
Некогаш ќе биде тешко, некогаш и малку полесно. Но верувај ми дека времето си проаѓа како така, деновите одминуваат а не застануваат. Најважна е вашата љубов, почит и разбирање другото остави го настрана, и секогаш помисли дека е за доброто на вас. Ќе видиш.. ќе помине, а жртвата ќе се исплати. Р биди благодарна и среќна и за тоа што го имаш. Тешко не тешко тоа е патот кој што сте го избрале, стрпете се додека се средите потоа ќе ви биде полесно, секако претпоставувам оти врската ви оди накај брак, да така сума сумарум знај дека секој има некаква мака, полесна потешка, таа е, животот е предизвик, не не прашува нам како ни е арно и по кејф.
Шипки огреало секаде, на Јупитер никоаш не огреало сонце. Во врската на далечина не е најголем проблем довербата, бла бла, може да е и тука до вас и пак да сте параноични. Зависи од човек до човек. Најголем проблем е неможноста да се видиш со тој некој кој ти е се на светов и да делиш дел од секојдневието со него. Можеш да останеш 1 саат на телефон ама не е то то. Како прво не сте во иста средина, па и да кажеш еден најмал детал што ти се десил мораш прво да раскажеш кај е тоа, кои се луѓето бла бла. Губи смисла. Јас сум жив сведок дека врските на далечина не успеваат. Ја иницирав врската, бев толку убедена дека ќе биднеме, за да на крај ми скисне се и јас да иницирам прекинување. Не се залажувајте, џабе само ќе си ги трошите годините и нервите.
Девојко кога ќе стапиш во брак и кога ќе ги сватиш вистинските вредности на животот, т.е кога ќе нема да можете да најдете излез со маж ви и кога ќе ви гори под нозе за финансии тогаш дојди и соли ми памет на мене во ред. Јас овде зборувам за цврсти многугодишни врски и бракови не зборувам за тинејџерство и несозреаност. Немој да ме сватиш погрешно но мала си да ми држиш предавања за животни вредности и врски на далечина. Поздрав.
Значи твоето не е врска на далечина. Брак е. Имаш некоја сигурност. Зборуваме за различни работи овде. И јас имав цврста многугодишна врска, ајде да се изразам со твојот речник, 3 години. Не сум тинејџерка, ајде да кажеме дека сум максиум 3-4 години помала од тебе. Едно е да влезеш во брак, па да замине партнерот, друго е 3 години да одржуваш врска со гледање еднаш месечно. Ти и јас зборуваме за сосема различни работи.
Мојава врска, брак и се останато беше исто како поимот на темата. Да потенцирам дека овде не се во прашање ниту годините ниту поимот и статусот кој го имаат луѓето туку е во прашање созреаноста и одлучноста на еден човек. Не си во право пак ќе ти кажам. Не значи дека ако вашето не успеало ти треба да дојдеш овде и да се дразнеш да делиш факти кои не постојат во оваа тема, се е до човекот и до самиот разум и памет што го носи, врската на далечина е индивидуалност. Факти и филозофии се нема.
Каква сигурност имаш во брак? Зарем еден потпис и едно "да" ветува се, зарем тоа ветува дека партнерот/партнерката ќе ти биде верен засекогаш. Ништо не е доказ, и ништо не представува сигурност, едноставно се зависи од двајцата, и додека си во врска се трудиш да успее со сите сили, а истиот труд продолжува во брак, тогаш само имаш можност да бидиш постојано до него/неа и да го упознаваш уште подобро емоционално и карактерно. Значи не е до далечината туку до луѓето е, до двербата што ја изградиле меѓусебно и до љубовта што ја негуваат. Ти можеш да бидеш во врска со личност од исти град и пр. да бидеш една улуца одалечена од него па пак да постои неверство и несогласување помеѓу вас.
Vrska i brak ne e isto. Ne se raboti za potpisot tuku za pocnuvanje zaednicki zivot istremenje kon zaednickaa idnina,zaednicki interesi. I edno e vrska od posebni gradovi a drugo e odenje na pecalba.
Ќе те цитирам токму онаму каде што највеќе грешиш со твоите факти и ќе ти кажам дека ако на тебе ти скиснало од врскава на многу други не им скиснало, а за овој факт има безброј сведоци во врска, или пак во врска која подоцна преминала во брак. За се има решение само индивидуално е кој сака и кој ќе се потруди да го пронајде. И да галапче има право, под "врска на далечина" има многу под точки и различни ситуации, но пак ќе кажам дека и најразличните животни ситуации со кој животот не искушува зависат само од еден фактор а тоа е разумот, карактерот и кретериумите со кој што секој човек најразлично располага. Точно дека брак и врска не е исто, но ако постои таа "хемија" и разбирање мегу партенерите ниту врската ќе се растури ниту бракот, крај краева секој човек се носи со различни сваќања.
I ne sekoj covek moze ist tovar da nosi na svojot grb. Sepak si ostanuvam na ona deka brak i vrska ne e isto Ete eden primer. Edna vrska koja traela da receme dva meseci,i edniot zaminal nekade kade ke nemozat da se vidat edna godina,a da receme imaat po 26 godini. Toj sto zaminal ima cel nesto samo za nego,ete tamu go ispratile na rabota od firma na neopredeleno vreme.Kolku taa vrska ima temel za da go izdrzi toj tovar? Dodeka istava situacija za voi brak e drugo.Ete samo dve pricini ke navedam.Sigurno temelot e poocvrst stom nastapil brak,i zaminal za da raboti,no interesot e zaednicki.
Во право си за ова што го кажа, но ете може по некоја среќа и желба за дотичната врска ќе останат заедно, но има голема веројатност да не опстанат. Е сега, ајде да кажеме за врска над 4 5 години па и повеќе, многу веројатно е да останат заедно а и интересот да им биде заеднички, е тоа зависи од врската која тие самите ја доживуваат и нивните карактери нели?! Јас секојдневно гледам и се соочувам со врски од карактер каде што и двајцата партнери делат многу работи, јадат и спијат заедно, што е нормално за една долгогодушна врска, и затоа ваквите долгодишни врски ги ставам во друг ќош, а оние месечните не се коментираат, може тоа ќе им биде на еден начин патоказ и доказ за потенцијална љубов а може и ќе им биде само лекција и убав спомен кој ќе го паметат како минато. Е баш ова ми беше зборот и ова го зборував погоре, сите знаеме да љубиме и да се милуваме на арно, ама кога наиде макар и едно искушение е тогаш е проблемот и всушност патоказот за потенцијалната иднина на двајцата партнери.
Vitamina, "edno iskusenie" od tipot vrska na dalecina so godini ne e mala rabota. Tocno deka moze ke uspeat da izdrzat makata pred sebe,imam odokolu takvi primeri,no jas zboruvam deka ne e isto brak i vrska na dalecina. I brakot e vrska,ama malku podzacrstena za razlika od obicnata brska,da bideme iskreni. Ne sakav da sum vo koza na nekoj sto e bil vo vrska na dalecina,a sum bila,a uste pomalku na brakvo dalecina. Mnogu e tesko,epten mnogu.
Галапче и јас сум сведок знаеш и самата, и бог знае само колку тешко се справував и справувам со ова, но ете сме живи здрави на пат кон своите цели, и одлично знам како е. Веќе ти кажав дека се согласувам оти не е исто а и нема да може да биде, врска и брак не е исто тоа е фактот и се подразбира.
Мене врската од почеток до самиот крај ми беше на далечина. Цели три години. Од различни градови до различни континенти. Во најдобар случај ќе го поминевме заедно летото,2 месеци. Најдолго што сме биле заедно е 7 дена на одмор. @vitamina ,ти сега сакаш да ми кажеш дека основите што си ги стекнала ти со твојот сопруг пред тој да замине се исти како една ваква врска? Дека темелите се исти? Доста со тие срања дека бракот не ви дава сигурност, што се земате сите ако не ви дава сигурност? Forever and ever може да имате и дури сте во врска, нели, зошо ја крунисувате љубовта со брак ко тогаш? Секоја врска се соочува со проблеми, фала Богу има и врски кои не се на далечина а не успеваат. Овде и да сакаш да се искараш не можеш бре. Колку пати ми било тешко сум плачела по телефон, или во некои најубави моменти не сум била во можност да прославам со него. Роденден сум славела две недели покасно со него. И доаѓа момент ти пука разумот од се тоа. Секоја емоција да ја искажеш преку компјутер или преку телефон, а не во живо. Луѓе сме, ни треба блискост. Мене ми е жал што раскинав врска со човек што уште го сакам, што ми беше како огледална слика на самата јас, што знаеше во секој момент што мислам, што ме ставаше мене на прво место по секоја цена, некогаш и на штета на самиот себе, ама јас последната година ја доживеав како мачење, буквално. Толку бев распарана со обврски, тој работаше, немаше слободен ден, може во цела година се видовме 7-8 пати. Таа врска пукна заради далечината, не заради тоа што не се сакавме. И јас верував дека може да успее се дури се уверив дека не успева, освен ако разделбата е краткорочна со цел да се обезбедат некои услови за понатамошен заеднички живот.