@AmericanWoman ти го лајкнав мислењето бидејки многу добро ги опиша чуствата и доживувањето на ваквата љубов-еве така ќе се изразам. Околу сево ова си во право, но знаеш дека на нас двајца ни нема скиснато никогаш и во ниту еден момент од "маката" и таквиот живот ни сега ни порано. Тешко беше и е но стискавме и стискаме заби, едноставно сето ова го прифативме и навикнавме и ќе продолжиме се додека е потребно и додека не стигнеме до онаа цел за која што се бориме. Мила.. зборот ми е дека секој има различен карактер и истрајност, некој успева некој не успева, индивидуално е и зависи од икс фактори. Јас не би сакала конкретно да се искажувам овде, но дискутијата ме заинтегрира па затоа ќе ти речам дека ако си расположена може да подискутираме по лп.
Поздрав до витамина која е најактивна на темава. а кога веќе правите разлика помеѓу врски и брак што да кажам јас. Не сме во брак ама верени сме и не сум нешто младичка. и мораше не можевме тука двајцата по 10 илјади што ќе направиме. Премногу ми е тешко и ќе ми биде ама нема друг спас. И баш така плачам урлам и што се не ама на крајот од денот си велиме ова е нашата борба. Ова е наше жртвување. Да си скратиш неколку години од животот како што споменаа родендени слави итн а преку интернет не е лесно.Тој е таму сам ама да речеме успешен јас сум со најблиските ама работам за 10 илјади тоа што не сакам и што не ми одоговара. Ниту него ниту мене не ни е убаво ама се надеваме дека со ова страдање ќе си го оствариме сонот. Заеднички хармоничен среќен живот.
Изабела крај краева секој со своите желби и замисли за иднината нели?! Може некој не се согласува и не му се доапаѓа ваков живот и борба и го смета за бесцелен но може и некој (како многумина) го сваќа баш на овој начин како тебе. Ние секогаш се раководевме по тоа да ако можеме и имаме шанса за многу повеќе зошто да не ја искористеме и да издржиме одредено време за подобро утре и далеку од македонија и македонскиот живот, па да така си ги поставивме целите и одиме напред, може е тешко навистина, може навистина има тешки моменти и денови но чуството и ставот се исти.. било поминало, ќе биде и ќе помине и ова. Сметам дека крајот ќе биде без цена, а потоа се се заборава и се поминува, важното е да се држиме и пребродиме се.
Здраво. Се наоѓам во една навидум безизлезна ситуација. Мојата долгогодишна врска се претвори во хаос кога мојот дечко доби работа во друг град кој е далеку од нашиот град цели 4 часа со кола. Во врска претходно бевме околу 8 години јас имам стабилна работа се чекаше неговото решение за работа кога се се уништи и тој доби решение за во друг град оди на работа на смени има по еден слободен ден јас одам на работа работи и во викенд три дена оди на работа еден е слободен но и во слободниот по потреба пак го викат зема уба плата ама џабе е сето тоа кога е далеку од мене од семејството плаќа стан под кирија и никако да дојди до распоредување во нашиот град. Сето ова трае околу 3 години. Врската ни е сведена на гледање кога ретко ќе е слободен во викенд да одам кај него или кога ретко мн ќе е во можност да си дојди тука, најдобро е кога ќе сме на одмор го прилагодвам мојот одмор да биде во преиодот кога тој ќе има одмор. Да ја напуштам мојата убава работа не доаѓа во предвид, многу си ја сакам работата а и тој има убава работа која тешко се добива. Да се земиме никако како би функционирал тој брак каде јас би живеела во заеднички стан кој би го зеле на кредит сосем сама а тој ќе доаѓа едвај еднаш месечно. Годините ни се веќе за да стапиме во брак но што доколку никогаш не успее да добие прераспоредување во нашиот град јас имам 27 години тој 28 и се е ископлицирано. Да продолжиме вака до кога веќе скоро 11 години сме во врска. Јас го сакам премногу ниту да продолжам со него а уште помалку би се разделила од него оти премногу години сме заедно, тој ме сака ме почитува. Имам слобода да излегувам каде сакам на журки, во ресторани, на кино секаде, да одам на патувања со другарки ништо тој не ми забранува. Но што понатаму, до кога вака. Повеќето наши пријатели почнаја да стапуваат во брак а кај нас тоа е невозможно засега, и да се земиме ќе треба или да живеам сама во стан или да живеам со неговите само ќе променам адреса на живеење друго ништо нема да се смени. Ве молам за мислење за совет
Штом ваквата ситуација веќе трае 3години и не се променило ништо мислам дека еден од вас ќе мора да се откаже од работата штом не гледате никакво решение. Неможеш ли ти да се преместиш или пак тој ? Што вели тој или и двајцата не гледате никаков одговор на ситуацијата во која што се наоѓате. 11години врска не е воопшто малку и биди среќна што сте пребродиле се и сте издржале толку многу и се е во најдобар ред.
Види вака, кога нешто сакаме и се трудиме за тоа нешто да ни успее верувај дека се може и се успева во тоа, проблемите настануваат и постојат секогаш, исто како што и нивните решенија. Да така ќе морате да ризикувате и пронајдете компромис, некој да се откаже од нешто за да вашата врска успее и се претвори во брак. Немој да мислиш дека си прва со ваков проблем, нит прва си нит последна таков е животот, искушенија и предизвици од сите страни а ваше е дали сте доволно силни и упорни сето тоа да го пребродите. Клучот на вашата врска се состои во вас двајца, тоа да го знаеш и овде никој и на никаков начин не може да ти помогне. Животот е ризик, ако не ризикуваме, ако не компромираме, ако не разговараме и не се разбираме и пред се ако не се жртвуваме нема никогаш да можеме да ги пребродиме проблемите, јаре и паре не секогаш имаме, понекогаш а и многу често мораме да се жртвуваме и да оставиме нешто за да добиеме друго, не секогаш можеме да имаме две работи кои не исполнуваат, а ти премногу бараш и се жалиш што притоа треба и да бидеш среќна што ете баш имате и стабилна работа и цврста врска, епа мила моја нема се во животот, ќе се откажеш од нешто за да добиеш друго, никој не живее и никогаш нема да живее онака каконшто посакува да знаеш. Да така стиснете заби и направете компромис и жртва за да успеете во нешто, "се" и "цела среќа" не постои.
Ви благодарам за вашето мислење, сега малче ме замисливте дека можеби сепак јас барам совршенство. Јас да се префрлам во неговиот град нема да можи, а тој да добие прераспоредување до извесен степен можеби би било остварливо или е прешање на време но кога никој не знае. Очигледно можеби би било добра идеа ние да стапиме во брак па кога тогаш тој ќе може да се прераспореди во нашиот град, зошто да се разделиме навистина не би имало воопшто смисла да се раскини толку долга врска заради работата и после неколку години да ни биде криво и на двата ако го вратат него во нашиот град а веќе да бидеме во брак со некој друг. Целта не ми е по било која цена да стапам во брак, јас имам шанси да започнам и нова врска но не е то то, што велат старите не е работата плукни залепи па ајде лесно можи да засакаш некој друг и да заборавиш некој што ми бил се цели 11 години.
Сите ние сме пребродувале и доживувале вакви ситуации бидејки искушенијата на сите нас во животот ни се неминовни, но ако вие двајцата како партнери се цените, сакате и почитувате ни на крај памет не би ја ставиле едната работа во приоритет а пак уште помалку да размислувате за разделба тогаш кога размислувате за брак всушност. Ако вие самите не допринесете за вас некоја жртва или ризик никогаш во ништо нема да успеете. А цврста врска и општо бракот се базира баш на овие принципи.
Здраво девојки долго време немав пишано овде на оваа тема ке бидам кратка. За сите девојки кои се наогаат во ваква врска од се срце им посакувам да успеат. Јас да го соделам моето лично искуство од врска на далечина.Јас лично не успеав имав 7 годишна врска на далечина се гледавме два пати во годината нормално имавме многу убави моменти поминато заедно имаше и кавги почна љубомората како и да е јас не успеав после 7 години ми раскина пред некој ден а денес си замина без око да му трепне.Боли и тоа многу боли чекаш...чекаш се надеваш секогаш си викаш ајде следниот пат ке бидеме заедно и на крај едноставно во еден миг се ти се срушило.Ги замолувам оние девојки кои за жал не успеале да ми дадат некој совет како да се навикнам сега без него како ги надминале овие тешки денови. А за оние девојки кои се во ваква врска им посакувам да успеат и да подолжат само доколку се сигурни дека го сакат нивниот партнер и доколку имаат планови за заедничка иднина без разлика што ми се случи на мене сеуште верувам дека ваквите врски успеваат можеби ретко успеваат но успеваат секако за тоа треба многу љубов,доверба пред се нерви оти трнлив е патот по кој чекорите и живејте си го животот не затворајте се дома шетајте уживајте не правејте ја грешката која јас ја направив се затворив дома како и да е свесна сум дека времето не се врака ке мора да продолжам понатаму.Од се срце ви посакувам се најубаво во новата година и они девојки кои се во врска на далечина што поскоро да успеат да се заедно.СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!
девојкии. запознав еден дечко од белград пред околу 2 месеци преку сајт за запознавање... се слушаме редовно, се знаеме колку толку меѓу себе, требаше да дојде неделава но поради семејни проблеми одложи... проб е тоа што во последно време слабо пишува, дали можеби изгубил интерес или пак се било зафрканција ? Помош ... :/
Мислам дека станува збор за шала... извини вака може ќе те растажам ама не можеш да веруваш на секој што ќе го запознаеш на интернет
Јас моментално имам врска на далечина.Дечкото ми е од Белград и се гледаме двапати годишно т.е. во лето и зима кога сум на распуст.Во врска сме 2 години и воопшто не е лесно А за тоа далеку од очи-далеку од срце не се согласувам.Блискост може да има и на далечина, што дека ќе имаш некој кој ти е секој ден тука ако не е тоа тоа..И плус тоа, мислам дека страста во врските на далечина е многу поголема бидејќи се гледате поретко и секоја наредна средба е се повозбудлива И дефинитивно таква врска може да успее!
Леле како бе 2 пати годишно? Колку години имате? Ние сме иста релација како вас, ама се гледаме секој или секој втор викенд зависи.. Ако треба превоз ајде
Еве ви уште еден паталец. И тоа јас ќе речам, камо да беше релцијата Скопје-Белград... Ние сме на далечина од 1000км, се гледаме 3-4 пати годишно и не е лесно. Иначе 3 и пол години сме заедно... Ама сакаме да ни успее врската и се надевам дека ќе издржиме уште година-две. Од оваа гледна точка не ми изгледа невозможно, ама не можеме да знаеме што носи времето
Јас имам 18, а тој 19..Чекаме сега да завршам средно уште некој месец и после ќе биде полесно Иначе ајде, не вели два пати..Таман да го изненадам
Се гледам со еден тип и моментално живееме во ист град. Околностите се такви да еден ден или јас или тој, а може и двајцата ќе заминеме од тука. Од една страна ми е убаво со него и знам дека ќе се приврзам и океј е тоа, ама од друга страна ќе биде многу тешко (барем за мене) кога ќе мора да се разделиме. А ,секогаш сум била против врски на далечина посебно кога не знаеш колку долго ќе бидете разделени. И вечната дилема е дали да се препуштам на моментот па што ќе биде - биде или да држам дистанца
Не гледај толку во иднината живеј во сегашноста и уживај си во секој момент,можеби нема да биде баш така како што мислиш па патиштата ќе ви се здружат на исто место и ќе си прдолжите заедно некаде далеку Само позитивни мисли и се ќе си се среди
Да и ја размислувам за тоа дека најверојатно нема ни да испадне така, па пробувам да се фокусирам на сегашноста Ми го поправи денот, фала