Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска на далечина

Дискусија во 'Врски' започната од Mireto, 21 ноември 2009.

  1. _malechka_

    _malechka_ Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    пред година и нешто се запознав со еден дечко од друг град. после месец дена допишување отидов во неговиот град и од тогаш сме во врска. на почетокот не ни мислев дека волку ќе ми значи и дека ќе ми биде тешко што не можам да го гледам често. тогаш се гледавме повеќе на скајп и два до три пати во месецот. со оглед на тоа дека јас имам еден слободен ден во две недели од работа се договоривме викендот кога сум на работа тој да доаѓа а викендот кога сум слободна јас да одам таму. утре он си оди а јас сум на работа и сега се испративме. со солзи во очите пишувам и најтешко ми е кога е сабота или недела зашто нема да го видам цела недела .. и многу пати сум сакала да се откажам зашто ми било смачено од далечината и што и двајцата после работа сме преморени и не можеме нормално да се слушнеме и сл. ама и покрај се продолжив со него затоа што моментот кога ќе дојде и кога ќе ме гушне ми значи повеќе од се .. едноставно совршено ми е и знам дека сакам тоа сакам да го осеќам секогаш .. за некој може една година е малку за некој многу али мене ми беше доволно да сфатам дека не сакам без него ..
    поентата ми е доколку ви е убаво и доколку со душа го чекате моментот да го видите не се откажувајте ..
     
    На ADOKI, stevemila и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  2. anamarija65

    anamarija65 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2015
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Miss.N, Tedyyy, stejsi2005 и 15 други им се допаѓа ова.
  3. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Да ви ја кажам мојата врска каква беше. Имав долга врска овде во мк бевме и двајцата за мене беше совршено но после 7годишна врска раскинавме. Подоцна преку мој пријател запознав друг дечко го видов 2-3 пати и тоа ненасамо. Си отиде во Италија и продолжевме да пишуваме и се слушнеме. Така каравме 3месеци додека не дојде пак. Тогаш ми стана официјално дечко. Помина 1месец и си отиде но после 1месец отидов јас кај него 2месеци. Сега летото се веривме така е најдобро за двајцата. Сега сум среќна и ете се трудиме и дете да имаме.
    Сакам да кажам врска во далечина може да има само треба доверба, слога и љубов да има....
     
    На SunnyGirl2, crazylady и stevemila им се допаѓа ова.
  4. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Врска студент-средношколка на 200 км, тешко преку недела, караници солзи љубомора, ама за викенд најсреќни сме. Ето така оди тоа, да се издрже уште една година мора, па после ќе биде се` поинаку.
    Тешко ни е на двајцата и тоа е тоа што не` убива, па кога ќе почне една караница, замешуваме и друга и трета и петта и така по 2-3 дена налутени, ама јас сум толку многу чувствителна и емотивна што не можам да поднесам некој да ми е лут или јас да сум на некого лута, па колку и да сум во право (или крива) јас попуштам, јас молам, јас решавам ситуација, јас исправам криви линии... и секогаш си викам ова е последно, мора да олабавам малце и пак исто.
    Интересно е врска на далечина, некако ако си секој ден заедно посебно во ист град лесно се здомачува, исто па исто, исти луѓе, иста забава, ист живот, а вака е поинтересно. Два дена налутени, 5 дена пресреќни, два дена намуртени, два дена расположени и така си поминува времето, па броиш дена да го видиш да го прегрнеш да го гушнеш, па броиш дена кога ќе одиш кај него, брзаш дома да се вклучиш на скајп, па некогаш интересно кога ќе се сомневаш па, „ај сликај ми се“, „ај да видам со кого си, што правиш“... Интересантно :inlove:
     
    На blueeparadise, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и stevemila им се допаѓа ова.
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.967
    Допаѓања:
    219.466
    Пол:
    Женски
    Мене сте ми смешни?!
    Зошто?!
    Знаете вие како им е на луѓето кои што се оддалечени илјадници километри низ океани и кои што се гледаат еднаш годишно највеќе два пати?!
    Не знаете.. затоа и баш бидете среќни што се гледате еднаш неделно и најважно "се љубите", не дај боже да е полошо..(но, сепак вистинската суштина кој што не ја сваќате вие е "за подобро").

    Научете да го цените она што го имате и пред се она што ве прави среќни и исполнети.
     
    На La Colchonera, dayla, МикиМаус0807 и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.966
    Eve i jas da kazam nesto za mojata vrska.... Bevme zaedno 3 ipol god. potoa jas dobiv viza i zaminav vo druga drzava kaj brat mi i sestra mi, vrskata si prodolzi najnormalno se slusavme redovno, se gledavme po nekolku pati godisno i se taka uste 3 ipol god. Ne deka ne mi bese tesko i ne se osekav sama ama ete izdrzav, se vrabotiv si kupiv kola se otseliv sama i potoa po vkupno 7 godisna vrska se verivme. Sreka mm dobi dokumenti za skoro vreme dojde i toj i sega sme celokupni imame i since. Znam kolku e tesko no koga se saka se se moze.:):)
     
    На Miss.N, stejsi2005, Saraa и 7 други им се допаѓа ова.
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    И кога ќе те послужи среќа, се поклопат сите делови. Вие имате позитивно искуство, други немаат. Значи не е дека сте успеале сами, туку она што сте го имале било за вас. Секој со своја индивидуална приказна.
    Труделе многу или не, ако нешто треба да се случи ќе се случи.
     
    На Konfetka, ebola, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Затоа што сте љубоморни и немате разбирање затоа не ви успеваат врските.
     
    На Herrera, МикиМаус0807, ebola и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Svetulkaaaaaa

    Svetulkaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    1.457
    Пол:
    Женски
    Машала многу не имало што имаме врска на далечина.
    И јас сум дел од таа колнија ( или бев,па и не беше толку далеку 45 км)
    Инаку после 10 месечна врска тој се сети дека врска на далечина не бива...и се разделивме
     
    На Hristov и crazylady им се допаѓа ова.
  10. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Точно, и недостига доверба.

    Ама, јас сум многу значи премногу емотивна и чувствителна, па ми пречи тоа оддалечување и таа промена, што наводно била нормална во сите врски, ама и да е најнормална јас тешко ја прифаќам и поднесувам. Заради тоа се карам, лутам, викам насекое и правам од ништо-нешто :wasntme:
     
  11. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Кој би рекол дека и јас во темава :wasntme:
    Од различни држави сме, јас немам никакви шанси да одам кај него скоро (поради мои фамилијарни проблеми), тој доаѓа најчесто што може, обично тоа е од прилика на 2 месеци, и останува на неколку дена, зависи од финансии и слично. И двајцата сме студенти, штедиме највеќе што можеме за да се видиме, си сменивме начин на живот поптолно, помалку излегување, помалку трошење пари и сл. Но и покрај овие работи, срцата ни се најисполнети! Не се опишува чувството кога ќе се видиме после 2 месеци, кога конечно ќе бидеме еден покрај друг, буквално забораваме на сите проблеми околу нас, или пак на луѓето кои не не поддржуваат. Имавме и можам да кажам дека сеуште имаме проблеми, не меѓу мене и него, туку сепак со некои луѓе од моја страна кои не ја поддржуваат врскава и се против, но без разлика на тоа, кој сака нека биде, кој сака нека рече, ова е нешто што ме прави пресреќна, и ни на момент не сум помислила да се откажам, покрај се. Кога си заминува и двајцата имаме некоја грутка во грлото, сите тие разговори на аеродром пред заминувањето, кои немаат врска со тоа дека ќе си оди, се само доказ дека се обидуваме да избегнеме солзи и слични работи. Но тоа е речиси невозможно, нема шанси да се воздржам, ако не ништо, барем очите ќе ми се насолзат. Комуницираме на англиски, што не ни е мајчин јазик, ни на двајцата, а се чувствувам дека никој не би ме разбрал подобро од што тој ме разбира. Доволно е само да ме погледне, или гласот да ми го слушне, знае што сакам да кажам.
    Да не забегувам многу од темата сега, врска на далечина е прекрасно нешто доколку се работи за вистинска љубов, доколку сте со вистинската личност. Точно е дека треба многу повеќе фокусирање, премногу внимание, добра комуникација и слично, но пак ќе кажам, доколку се работи за вистинската личност, ништо не е тешко. Ако нешто премногу сакате, верувајте дека ќе ви се исполни.:l:
     
    На blueeparadise, nevermet18, ku4ence и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Мене во последно време многу почна да ми смета далечината :tmi: не дека претходно не ми сметаше ама сега е многу полошо. Постојано барам причина за кавги, да му бидам налутена, за една обична ситница знам да направам хаос.
    Од што премногу ми фали дури и не сакам да го видам :D сфаќате нели :worried:
    Совет некој, чаре, како да се оправам :|
     
    На Petar80, larrachi и Svetulkaaaaaa им се допаѓа ова.
  13. Svetulkaaaaaa

    Svetulkaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    1.457
    Пол:
    Женски
    Вака мила и јас имав врска на далечина ама пред некое време раскинавме,токму поради тоа но не по моја вина,али нема врска тоа...
    Те сваќам како тие и знам дека од што ти недостига така се понашаш..
    Пробај да не се замраш толку,биди опуштена и сигурна во него.Доколку му веруваш нема простор зошто да паничиш и да се нервираш.
    Нервата и кавгата нема ништо да сменат само ќе направаат полоша ситоација.
    Знам дека е тешко да издржиш да не се скараш или да не речиш нешто ама верувај пробај контролирајсе и ќе се навикнеш.
    Се во животот е навика,размисли поради тоа што сега се караш не дај боже утре може да го изгубиш,после што би правела,би кубела коси и би рекла ех да можам да го вратам времето...
    Значи само смирено,опуштено...
    Кога нешто ќе те изнервира не се карај со него,земи пушти силна музика или филм земи со другарка изнапишувајсе прај нешто само дур ти помини нервозата,оти знам дека брзо поминува тоа е момент,ќе му се налутиш,ќе се изнаразвикаш после половина час и помалку ко ништо да не било (барем по мене си знам).Само смирено и се ќе си тече со убаво!
    :*
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Јас му верувам, добро во последно време се трудам да му верувам затоа што некои работи се случија и ми се разниша довербата.
    Иначе он никогаш не почнал кавга прв, јас збеснувам, барам кавги и после ми е криво и ќе се извинам и се е ок ден два и после пак иста песна :(
    Свесна сум дека претерувам, јас незнам како он издржува, до сеа јас ќе го отерав у пм.
     
    На crazylady и Svetulkaaaaaa им се допаѓа ова.
  15. Svetulkaaaaaa

    Svetulkaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    1.457
    Пол:
    Женски
    И јас бев таква верувај ми за најмала ситница се карав..
    Зошто лајкнал кај некоја,зошто ја додал таа,зошто сега излегува и што уште не...
    И мене ме трпеше секогаш но на крај некако се свестив бесо го истерував на нешто друго.
    Ќе излезев во доро 5-10 мин па ќе влезев дома,пуштав музика,зборував со другарка нешто сосема друго и ми поминуваше лутината.
    Затоа мораш да направиш нешто да ја опуштиш атмосверата меѓу вас!
    Ќе видиш сама колку ќе се подобри ситоацијата и како и тебе ќе ти олесни
     
  16. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    @umbrella
    А јас мислам дека ти си заљубена во него,сакаш да го видиш,само не до толку,немаш таква желба,ме разбираш? Мислам дека ти е смачено да бидеш во таква врска и дека бараш причина за да се расправате за на крај ти или тој да ти раскине.
    Од тоа што го имаш напишано така си сфатив дека се чувствуваш,не се замарај толку,исполни си го времето со нешто друго.
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.967
    Допаѓања:
    219.466
    Пол:
    Женски
    Амбрелче, треба да се потрудиш да созрееш малку од малку во однос на ова прашање, не си мала тоа го знам, паметна си, премногу чуствителна и кревка, а не треба да бидеш да знаеш.
    Зошто правиш безвезални кавги?! Нема причина.
    Време е да го распознаеш светот и да сватиш дека во тешкото треба човек да ги стисне забите за да во иднина би имал многу повеќе за себе си. Наместо да му се лутиш за баналности одошто немаш работа и немаш окупираност, пробај да размислиш малку позрело и да го сватиш човекот, да пробаш да ја согледаш добрината и доблеста.. сиот вложен труд за тебе и чуствата. Не ги гледај само мааните и не биди буквалист, трпение ..лека полека се ќе биде!
     
    На Umbrella22 и rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr им се допаѓа ова.
  18. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Imav dve vrski na dalecina. Prvata ne opstaana poradi nedoverba,neizvesnosta i red drugi raboti koi ni se isprecija. Sigurna sum da bese blisku ke uspeevme.
    Vtorava se zavrsi so brak,se gledavme redovno i pokraj dalecinata,ne ni bese nikakva precka.
    Dali vrskata ke opstane ili ne,spored moevo iskustvo,zavisi od dvajcata,doverbata e najvazna. Ako si veruvate i mozete da se da zboruvate i imate trpenie,moze da uspee.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  19. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    6.112
    Пол:
    Женски
    Нема повеќе да пипувам на оваа тема. Со среќа на сите. Ама мојава врска на далечина не е повеќе врска. Со далечината се расипа се. Не можев да го издржам емоционалниот притисок...... и ред други работи да не навлегувам во детали. Се сакаме ама се разделивме тоа е тоа. Туѓината пуста да остане.
     
    На МикиМаус0807, stejsi2005 и Minnie 1 им се допаѓа ова.
  20. pipita11

    pipita11 Нов член

    Се зачлени на:
    30 март 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    dali nekoj moze da mi kaze mislenje za mojot problem?
    imam vrska od godina ipol i deckoto mi e od srbija, on non stop se dopisuva so bivsite devojki i mene premnogu mi smeta toa, i koga i da otide vo belgrad jas gledam na sliki kako budala nekoja od kafani i diskoteki i go gledam so bivsata na slika, mu kazav on rece deka nemal nisto se iznervirav i i pisav na taa, i ona mi vrati deka ne i e sram da izlaga so deckoto sto ja sakal, a on kazuva drugo... a taa non stop mu prakja sliki od nea, mu pisuva a on i vrakja, sto jas da napravam stvarno neznam :/