Ццц,идиот од машко.Остави го што да правеш,јас не знам што си чекала до сега.Тоа е непочитување кон тебе,може и те изневерува со неа...Треба на се да мислеш,затоа остави го најдобро ќе ти биде што ќе се замараш нонстоп да мислеш дали е со бившата.Ќе си најдеш машко што си има завршено со минатото.Ама ти најубаво си знаеш.Позз
Fala za mislenje, se vrakjam na nego zasto znae da odglumi . mene mi glumi deka me saka deka nema nisto so niedna a koga i da odi vo srbija non stop e so bivsa ...
Не ми се верува дека јас тука пишувам. Секогаш зборев дека никогаш нема да започнам нешто со некој што нема да ми биде пред очи, ама се сменија работите. На овој човек можам да му верувам повеќе од било кој иако врската ни се сведува на разговори на фејсбук и вибер. Иако кратко време бевме заедно многу се поврзавме и функционираме. Ми недостига многу, ама сигурна сум во оваа врска. Како што кажа некоја пред мене, ако се сака - се може.
баш е интересно сум имал вакви врски и знам дека целиот пат додека одиш да се видиш со неја нестрплив си а со тоа ти се зголемува уште повеке желбата за гушкање
Имам врска на далечина и тука за да успее мислам дека е потребно многу волја и љубов. Но имаме и проблем во врската. Нели колку си подалеку толку повеќе копнеееш и едвај чекаш да се видиш со личноста. Но кај нас се сведува да се видиме и кога ќе се видиме освен бакнеж друга блискост да нема помеѓу нас. Да спиеме во ист кревет а да немаме никакви односи . Воопшто од самиот почеток. Мислам дека и страста е многу важна да те скокотка стомакот кога си со личноста која не си ја видел. А не да не се видите 5 месеци и кога ќе се видите да се сведе на бакнеж и седење дома. Размисливам да ја прекинамврскста тој ме запозна со неговоте родители и се е наизглед супер но не се чувствувам како млада личност исшплнето и среќно .. секој совет би ми значел
И јас имав врска на далечина со маж ми, ама тоа траеше 6 месеци. Се гледавме еднаш во месецот. Средбата не се сведуваше само на бакнеж, туку и на нешто повеќе. Едвај чекавме да се видиме, а кога требаше да се разделиме ни беше многу тешко. Ако не чувствуваш страст спрема личноста што ја сакаш, таа врска тешко да опстане.
Не сакам да ти солам памет од типот да му раскинеш бла бла. Си разговарала ли со него за тоа? Aко си што вели тој за тоа? Ако не си, разговарај со него и не избрзувај со одлуките.
Несакам да избрзам. Сум разговарала и сум пробала се добив одговор дека сега неможе . Поблиски планира да бидеме за две години . А далечината и се си го прават своето. Знам дека ниедна врска не е идеална и се тоа . Но под поимпт дечко и девојка подразбираме да си близок со таа личност. Збунета сум ...
Како така дечко ти планира да бидете поблиски за 2 години? Јас мислам дека врскава на него му е само заебанција. Да чекам јас 2 години за да имам секс со дечкото, нема шанси. Изгледа дечко ти е недозреан. Твоја е одлуката, ама јас да сум на твое место би му раскинала. Не гледам зошто би била во врска со некој ако тој не сака да бидеме интимни.
Мене ми беше тој мусбет чуден. Реално кој маж чека за секс? А планира иднина со мене ги имам запознато неговите но како жена не се чувствувам исполнето. А сепак мислам дека сексот е битна работа во една врска. Џабе се сјае кога не се чувдтвуваш посакувано. Не е само зборови ...
Јас само едно знам, далечината е најмалата пречка што може да се појави измеѓу двајцата... злобни луѓе кои на секој начин се спремни на се да ви ја расипат врската, плашете се од нив, борете се со нив, а не со далчината. Ниедна далечина не може да раздели, колку што може човек.
Што ви е бе?! Врска на далечина? Неколку месеци заедно? Чат пат доаѓа и се гледате само како млади невести в кревет чиниш од оние на приказните на канал5? Ти вика сериозни сме ама чекај си 2 години за нешто повеќе од гледање како петел низ буниште? Па одозгоре и предвидува за колку време каде и кога да се заозбилите и да се земете или ?! Ти мислиш ова нормално е?! Ако за тебе сите овие патешествија што се некако несватливи за општеството и "бракот" се нормални тогаш бујрум напред.. ама се си мислам дека дур не било полошо за тебе.. за вас да си ја нараш некаде среќата каде што навистина ќе ти биде по заслуга. Ова не е врска..
Јас и мажот ми имавме врска на далечина и ни успеа, очигледно. Минатата година стапивме во брак. Работев на брод и бев отсутна 2 пати по 7 месеци. Контактиравме преку Скајп секогаш кога можевме, ради временска разлика, работни обврски, и затоа што интернетот беше многу скап, па не секогаш можев да купам ваучер. Имаше искри меѓу нас од сам почеток, и не се угаснаа ни преку 8000км далечина. Ако се сака, се може.
Далечината не може да ја растури врската доколку има доверба, воља и љубов. Но, многу е тешка, за двете страни
Ај да споделам искуство.Имав дечко од друг град инаку јас сум од Скопје. Идевме шо идевме,тој типацот да се напрај паметен да се вери да се ожени и јас да дознаам преку социјални мрежи. А така а? Качување во автобус право кај него. Стигам женаму со стомак до заби,и и пружам рака и честитам викам а не ти кажа дека е со мене ? Овој обледе незнаеше као да се снајде па демек сум била најдобра другарка од факс де ова де она. Мајкаму ме тргна и ми рече: Сто пати се обидов да му кажам да престане верувај ми на зборовите. Јас фино лепо му залепив две шлаканици тука пред цел комшилук и сопругата. И си отидов со другарка на кафе ко ништо да не било. Е сеа нек се снаоѓа. Не беше некоја сериозна врска,но на некој начин беевме "поврзани". Затоа никогаш веќе врска на далечина. Еве сегашниов ми е на 20мин оддалечен од дома,функционираме ко со никој до сега а сме скоро 4 месеци во врска.Затоа си имам доста добро искуство со врска на далечина па затоа веќе никад.А овој сега што сме заедно баш ми е супер си планира иднина со мене ,така да нема простор за друг. Извинете на долгиов пост .
Можам да замислам како ти било. Добро бе колку треба да си идиот за да лажеш за толку сериозни работи. Што планирал тој да се породи жена му, а ти швалерка да му бидеш ? Будала несозреана. Јас да бев не само шамар и клоци и тупаници, ама па не вредат бе такви луѓе. Се надевам дека ќе ти биде најбаво во новата врска, а тој претходниот идиот ќе си го добие заслуженото.
Беше што беше. Среќно заљубена сум,можда краток период но се чуствувам како да го знам цел живот. ! Ти благодарам
Здраво.Ова е мојата чудна,неверојатна приказна.. Имам 15 години и имам момче кое е 3 години поголемо од мене.Заедно сме 5месеци. Се си беше во ред.Упс се извинувам не баш се.. бидејќи нашата врска е тајна врска затоа што моите родители не ми дозволуваат да имам момче.Исто така се гледавме на 10 минути,а најмногу 30минути во текот на денот.Имаше денови кога ке узминевме еден покрај друг како ДРУГАРИ. Ете се така 5месеци.Навистина премногу се сакаме.Но моето момче замина на одмор кај негови роднини во друга држава па така испадна да остане цело лето.Разочарана од тоа и повредена со фактот дека ќе го видам само тие 10дена што ќе ги престои тука,од како ќе се врати,поради тоа што тој ќе се преселува во истата таа држава па ќе го гледам само во зима и лето..Мислам дека ова е навистина невозможно.Некој ќе рече ех,детска љубов но не е така.Го сакам повеќе од себеси и неможам да го замислам животот без него.Од како замина од ден на ден се ми е полошо.Копнеам по неговиот мирис,копнеам по него.Паднав во депресија уште од мојава 15годишна возраст.