Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска на далечина

Дискусија во 'Врски' започната од Mireto, 21 ноември 2009.

  1. ian somerhalder

    ian somerhalder Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Па мило,ако навистина се сакаат ништо неможе да ѓи спречи...најмалку далечината...добро ќе биде тешко,но ако си веруваат еден на друг ќе успеат...денеска со технологијава можат секојдневно да се гледаат,слушаат за разлика од порано (имаме среќа што живееме во ваков современ свет) :$
     
  2. ian somerhalder

    ian somerhalder Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    И јас доживеав нешто слично...го сакав премногуу со многу упорност заедно успеавме...фали и тоа многуу...но што е тука е...ти мораш да бидеш силна,верувај ми се ќе се среди
     
  3. Catnight

    Catnight Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    724
    И стварно детска љубов, сите ние сме имале таква љубов, со дечко ми веќе 5 години сме заедно, значи сум имала 14 години кога го запознав, на 15 години морав да заминам за Германија, се разбира беше тешко, но имавме доверба еден во друг, тоа е најбитно, тој знаеше дека сум му верна, и јас знаев дека ми е верен, не ни беше проблем далечината, после 1 година го видов секако се беше најнормално отидовме на одмор и се друго. Мојте родители беа против нашата врска бидејќи не се сложувавме но сепак не се одкажав, не паднав во депресија заради тоа, ни најмалку им зборев цело време и себе си обеќав дека ќе успееме. Не ти треба депресија, само кажувај си “Можеме, ќе успееме, колку и да е далеку“ ипак љубовта е посилна од се нели? ♥
     
  4. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    872
    Допаѓања:
    1.087
    Ако има љубов и доверба и тоа како дека може да опстане вашата врска.Тешко е на почеток дур да се навикнеш,неможеш да го видиш кога ќе посакаш и слично ама тоа ги прави уште подобри средбите кои ќе ги имате.Ние издржавме 4 такви години па супер ни е. :D Good luck (fingers)
     
    На ku4ence, crazylady, Umbrella22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.144
    Допаѓања:
    17.725
    Како се одржува врска на далечина?
    Не разбирам
    Сајбер секс имаат таквите партнери? :?:
    Мислам за периодите кога секој си е по дома...
     
    На jasbi и biGirl им се допаѓа ова.
  6. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    27.888
    Пол:
    Женски
    Па може одреден период и без секс да се издржи нема да се умре.
     
    На rose60, Dr. Zaki -Sk, jasbi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Женски
    Де, де, кога секој си е по дома пак може да се отпатува и да се видиш со тој што го сакаш. Еден викенд одам јас, еден тој. Или пак двапати во месецот како и да е ќе се видиме. А и не сме деца, може да се истрпи недела време без секс.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.144
    Допаѓања:
    17.725
    Не не, секако дека може да се издржи
    Само ете ме интересираше како ги одржувате тие врски.
    Јас никогаш не сум имала дечко од друг град и не знам како тоа функционира...
     
  9. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Женски
    ^ Кај мене е ептен зафркнато, врската ни функционира во три различни градови: градот каде што тој живее, градот каде што јас живеам и градот каде што студирам така да никогаш не сме нонстоп заедно. :D Од една страна дури и ми е поубаво вака. Преку неделата јас факултет, тој работа, и викендот си уживаме. :) Навистина не е толку страшно. Да фатиш дечко од друг град и да сакаш да ти успее ќе се снајдеш. :)
     
    На rose60, jasbi, ian somerhalder и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Kilian

    Kilian Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    5
    Почнав да ја читам темава бидејќи се наоѓам во слична ситуација со повеќето од вас и решив дури да се зачленам за да си ја испразнам душата. Навистина е тешко да си во врска на далечина и пред да се решам на тоа не мислев дека ќе ми биде тешко да се справувам затоа што имам навистина доверба во него, но сепак има многу фактори кои што го прават сето ова зезнато. Прво станува збор далечина, 17 часа со авион, што значи се гледаме само два пати годишно, океј вкупно во годината сме заедно 4 месеци. Но, од друга страна никој никогаш не ме направил толку среќна во животот и никој не ме сакал толку колку што ме сака он, а истото се однесува и од мене за него. Многу спонтано и неочекувано започна и уште од првиот ден се немаме разделено. И комуницираме секој ден ама сепак не е лесно, а најголем фактор што влијае и ми отежнува се се луѓето околу мене а и околу него. Океј, да нашата фамилија верува дека ние ќе успееме, ама секогаш се наоѓа некој/а што ќе ми го уништи денот и ќе ми каже: Ауу па сигурно он те изневерил 100 пати до сега.. И иако знам дека не е тоа точно затоа што му верувам целосно, (поради многубројни причини), сепак тоа ќе ме напне и ќе почнеме да се караме без потреба и станувам љубоморна на се и сешто. Истото се случува и со него иако и тој има доверба во мене. Но, сепак имам некако верба дека ќе успееме и одвај чекам повторно да го видам. Многу е зезнато зашто само авионскиот билет е минимум $600.. Но, кога ќе сетам на сите наши моменти, и како времето само поминато со гледање телевизија ме прави посреќна од многу други работи во животот сфаќам дека вреди. Плус и он секојдневно се труди да ми го разубави денот, ми пишува долги пораки, изненадувања и постојано ме потсетува колку вредам... Едноставно овој месец од живтот ми е премногу тежок и колку и да знам дека ме сака, постојано се плашам дека нема да се видиме повеќе и ги поминав пола од деновите со плачење. Порано бев забавна личност постојано искачав на сегде а сега едноставно немам желба и единствено што сакам е побрзо да дојде он. И малку се плашам дека сите години мене ќе ми поминат во чекање.. И не знам што да правам.. Не, не можам да му раскинам затоа што уште полошо ќе ми биде.. И знам дека никој не може од вас да ми даде совет и да ми каже што да направам но едноставно имав желба да се искажам некаде анонимно, затоа што на која другарка да и кажам одговорот нејзин е раскини пред уште повеќе да се приврзете, но за тоа е веќе касно затоа што он веќе стана огромен дел од мојот живот.
     
    На bubibubibubi, ian somerhalder и aleksandrajaneska им се допаѓа ова.
  11. ian somerhalder

    ian somerhalder Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Мило...незнам каде е тој и колку годините имате ама можеш да отидеш таму се разбира со дозвола од твоите и ако имаш можност па да си го продолжите животот заедно...ако се сакате вистински се се надминува верувај...заедно ќе успеете во се,и не ги слушај другите воопшто секој денеска зборува се и сешто а не си ги гледаат своите животи...затоа прави како што те тера срцето и како те прави среќна тебе така...ништо не е поважно од твојта среќа,дозволи си го тоа...дај боже да си остарете заедно и да го надминеш ова...знам тешко е но сигурно ќе се најде некакво решение
     
  12. Kilian

    Kilian Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    5
    Имам 21 година, ама проблемот е што јас студирам во Европа и не можам да го прекинам факултетот на пола затоа што имам многу средства вложено и не е баш лесно да се префлиш.. Додека он таму има работа која што не може да ја напушти.. Фала ти сепак, се надевам дека ќе успееме да го надминеме ова. :)
     
    На jasbi и ian somerhalder им се допаѓа ова.
  13. Neanonim888

    Neanonim888 Нов член

    Се зачлени на:
    23 септември 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Здраво. Јас ќе ви кажам однапред машко сум , дете (17), не знам дали би ми допуштиле да се искажам но би ви бил благодарен доколку ме просветлите си вашите мислења. Да јас се впуштив во таква далечна (не толку далечна) врска со едно девојче од соседна држава све беше одлично и нежно јас ја смеев и правев посебна девојка а таа мене ме правеше во заљубена 7-мо одделенка одеднаш кога почна училиштето таа се повлече (нормално полнува учење и фокусирање на тестови и сл.) ,но неделава таа ми кажа дека неможела повеќе да издржи да е оддалечена од мене , дека најдобро ќе биде ако престанеме. Верувајте јас ја љубам , би направил тоа што таа го бара но јас не сакам да ја пуштам да си оди сакам да се потрудиме да успее (мислите ли дека дум себичен? иако знам дека и таа го чувстува истото). Откако се случи тоа таа ретко зборува со мене и вели дека не се чувствува добро,загрижен сум ,порано таа имаше депресија. Ви благодарам за одземеното време и за одговорите што (ако) ги вратите.

    С.
     
  14. Twigs

    Twigs Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2016
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    Успеавме да минеме скоро 3 години во врска на далечина. Тешко е, посебно сега кога се повеќе и повеќе си требаме еден на друг. Понекогаш се грижам дека тоа што не сме живееле и минале цело време заедно ќе направи некои лоши негови карактеристики да останат скриени, и после да се изненадам и да мислам дека не е тоа личноста во која сум се вљубила, ама јас, песимистот, нормално на тоа ќе помислам првин... (facepalm)
     
  15. TashSefton

    TashSefton Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.755
    Луѓе, ако двајца искрено се сакаат, посветени се еден на друг и си ја замислуваат иднината заедно, не постои такво нешто што ќе се испречи :) ова го зборувам од лично искуство, ние 7 месеци бевме на long distance relationship и тоа дистанца од 23 саати со авион (кога веќе гледам дека се бројат авионски саати у темава :D) Потребна е само меѓусебна доверба и многу љубов. Толку многу бевме на тел и на скајп што не ни имав чувство дека е тооолку далеку. За се' има начин. Се' останато се само изговори
     
    На jasbi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mr.Awesome

    Mr.Awesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    1.653
    Пол:
    Машки
    Има начини со денешнава технологија, ама дали е тоа тоа. ;) Врска на далечина, посебно ако се почне врска на далечина повеќе е платонска љубов, без физичка блискост и секс.
    Ако се сака, се може. Може да успее врска на далечина, ама да не е цело време на далечина.
    Во секој случај не сум фан на ваков тип на врски. Близината си го прави своето, а далечината е отсуство на близина (филозоф бе :D).
     
  17. TashSefton

    TashSefton Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.755
    Ја зборев од лично искуство :) нашата врска не почна на далечина и не беше платонска :D а и се разбира, најбитно беше што и двајцата знаевме дека ќе се споиме и нема така да тера до недоглед :) сега моментално сме во отсуство на далечина бидејќи сме во близина и така :)))
     
  18. Xviuxy

    Xviuxy Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2016
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски

    Според мене можеби навистина не може да го поднесе тоа, а можеби тие тестови, избегнувања, се само еден обичен изговор во стилот "најдов некој друг тука поблиску ама не сакам да ти кажам".

    Според мене, од мое искуство, врска ма далечина не може да успее. До сега имав два не успешни обиди, една од 2000км, друга од 180км. Сето тоа е само залажување, копнеење и губење на време. Макар и да е голема љубовта, секогаш едниот не е доволно храбар и бега од ситуацијата.
     
  19. busavobebe

    busavobebe Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2015
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    834
    Пол:
    Женски

    И јаас од пред еден месец се преселив во друга држава поради факултетот и сум во иста ситуација како тебе по форумов барав мислења и искуства но едно заклучив дека не смеам да се сомневам и да им верувам на другите туку на самата себе и на дечко ми, бидејки се е возможно ако љубовта е силна и вистинска... Јас пред да дојдам овде се договоривме со дечко ми дека нема да има плачење кога ќе бидеме одвоени и дека ако јас заплачам тоа значи дека губам дека тој ме сака сега повеќе (ние имаме вечна "расправија" околу тоа кој повеќе сака и едноставно со тоа ветување дека нема да има плачење секогаш кога ќе се растажам и заплачам се потсетувам на неговите зборови и ги бришам солзите и се насмевнувам, еве ова некако ме држи силна да не плачам по цели денови туку да мислам кога повторно ќе го видам и да си планирам за нашата иднина, и според мене врска на делечина може да успее само ако бидеме сигурни дека сакаме да останеме со личноста со која што сме и дека ништо нема да ни се испречи на патот...
     
    На WarriorAngel и TashSefton им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Ме прашаа, дали сум почнала да читам за темата:D па ,да почнам кога веќе се појави во активните теми.... да прочитам.:|
     
    На Tajnaotrovna и fallenangel им се допаѓа ова.