Па денес постојат Фејзбук, Инстаграм, Вибер и 100 апликации за допишување. Можат и на камера да се гледаат, можат да зборат на телефон... Имав дечко едно време што не го гледав често, ама кога ќе искочевме заедно бевме по неколку часа. Додека не бевме заедно комунициравме преку социјалниве мрежи, зборевме на телефон, се гледавме на камера, така да..
врска на далечина не е никаков проблем ако таа љубов е јака и вистинска..ја имам дечко у др град не се гледавме на почеток толку често..и сега не се гледаме 4 дена но за викенд сме заедно и сега за сега 4 месеци како сме заедно супер е дури едвај чекаме да дојде викенд да се видиме..незнам за вас но јас и тој имаме се поголема желба да се видиме откако нема да се видиме некое време
И јaс бев тaкa се дoдекa не дoзнaв декa тoј преку неделaтa се гледaл сo бившa, oд негoвиoт грaд. А едвaј чекaв дa гo видaм, едвaј..и убaвo беше се. Нo дo тoј мoмент. Сaкaв дa гo кaжaм тoј случaј, штo Не мoрa дa знaчи кaј вaс дa е тaкa.
Здраво, нова сум на форумот и темата ме заинтригира. Имам врска на далечина уште ептен скоро некои 3 недели но ептен се сврзав со него, страв ми е што доаѓа, ми покажува дека му значам дека ме сака но има нешто во него што крие. Сваќам дека сме на сам почеток и не можам се да знам но ве молам за совет, незнам како да се однесувам на нашата следна средба. Поздрав до сите
Не се опуштај одма. Мачи го малце. Не се врзувај лесно и одма, зошто е стварно тешко врска на далечина, ама се издржува. Не му се впуштај одма, не му покажувај дека лесно може да те има, и на почеток однесувај се опуштено и пријателски, биди си своја.
kako vikaat pazi da ne te preebe sinko pa i nema da bides moze u zijan i tebe ke ti bidet ubavoo ha ha
pa tvojot bil u pravo sto si imal druga verojatno go vezbal za da ne bides iznenadena od negovite moznosti deckoto si go vezba za da ima pogolemi muskuliii schuligum wenig
Да ви пишам за продолжението на нашата приказна, да знаете дека вредеше целото чекање и сите ноки поминати во осаменост. Мојот дечко доби прераспоредување летово и сега работи во мојот град, после само 2 месеци од прераспоредувањето ми приреди романтично запросување на едно извонредно место и сега срекни си ја планираме нашата свадба. Во мојот случај вредеше целото чекање и сите нервози што ги претрпевме приказната има среќен расплет. Поздрав девојки
@Karmina1989 баш ми е мило што сте успеале Јас за врските на далечина сум скептик. Been there done that.. Не би пак..
Можна е врската на далечина доколку и покрај далечината двајцата останат блиски. Пред да почнам со студиите мислев дека нема да е проблем да бидам разделена по 5-10 дена ама испадна обратно.. времето и далечината си го прават своето.
Хммм искрено бев скептик и јас за ваквите врски, ноо откако се запознав со сегашниот дечко ми се смени сосема мислењето. Anyway од различни градови сме, се гледаме секоја втора недела, но преубаво ни е не постои никаква недоверба помеѓу нас, 24/7 сме на телефон и viber. Уште малку 5месеци ке ни се HOOHO (но и пред тоа иаме излегувано 1месец). Да малку сме заедно амаа сепак се надевам и се трудиме да успееме.
А хемијата? Нели ја губите? Чувството? Љубовта и почитта може да останат, ама ова другово.. Баш ме интересира од оние што имаат врски на далечина.. Сакам бре секој ден да го видам макар на 5 минути, да го изгушкам, да му го слушнам гласот во живо, да го допрам, да го бакнам, да го почувствувам..
Напротив кај нас желбата, хемијата и се останато е уште поголемa кога се видиме (некогаш има потреба и од скришум местенца за лапкање/фаќкање )
Летово дечко ми ке оди во америка преку work and travel програмата.. не знам дали ке можам да издржам да не биде покрај мене цели 5 месеци, освен тоа ми рече ако му се пружи прилика со добра работа ќе остане.. да одам и јас со него моите би ме отпишале од ќерка не знам што да правам многу е за мене
секој со своите маки претпоставувам.. 7 годишна врска од која последниве 2 ипол години на далечина. гледање 2-3 пати годишно. работи во странство, требаше да се врати кога ќе му истече договорот од 2 години, ама остана на неопределно. тешко е, напорно е, иако се слушаме секојдневно.. и двајцата сме сами.. родендени, нова година, празници..најубавите и најлошите моменти ги спделуваме на вибер и скајп. е, сега, проблемот е што не знаеме кога ќе се врати. убави пари се во прашање и сака да остане уште некое време, ама не знае да ми каже уште колку, и тоа веќе почна да создава притисок, тензија, расправии.. до сега немав избор, и се задоволував со тоа малку што доаѓаше на одмори, на слободни денови..ама сакам да е тука, сакам да планираме заедно, да ги правиме и најобичните работи заедно.. немам храброст да раскинам, го сакам премногу, пораснав со тој човек..ама дали љубовта е доволна кога не знае да ти каже кога ќе се врати? еве, не знам..
Сум пишувала во темава и порано додека бев во врска на далечина,ама да си кажам пак. Не се губи никаква хемија ниту чувство затоа што си далеку.Напротив јас мислам дека ако тој/таа е вистинскиот љубовта уште повеќе расте. Броиш денови до ново видување,правиш планови,секојденвно комуницираш... јас имам преубаво искуство од врска на далечина и мислам дека многу повеќе страст имаше на секое видување за разлика од некои врски кои не биле на далечина и сме се гледале секој ден. Но нели секој со своето искуство
И јас имав ама страстите од ден на ден се повеќе ги немаше.. Затоа и заврши како што заврши.. И затоа и прашав Ама како што кажа, нема 2 исти парови, секој со своето искуство
Јас никогаш не би прифатила врска на далечина. Има многу причини, ама пред се затоа што се е премногу комплицирано. За едно обично видување ќе треба да се кројат планови. Значи за да уживам со партнерот ќе ми требаат барем 2 часа во превоз, ако не и повеќе а додајте ги тука и трошоците. Работите се комплицираат уште повеќе доколку едниот или двајцата работат. Ќе треба да бркам автобуси или да возам (или тој да вози, небитно) уморна и во ниедно време. А за што? За да можеме да уживаме заедно. За мене тоа е премногу. Преголема обврска, време, нерви и пари. Поинаку е доколку е work and travel во прашање или работа во странство. Тоа се толерира, но знаеш дека станува збор за одреден временски период.