Jas veke 3 meseci komuniciram so decko od druga drzava.Se zapoznavme slucajno na internt i od toj moment non-stop sme vo kontakt.Se nemame videno,planirame letovo da se vidime.Mozebi ova zvuci smesno zatoa sto se nemame sretnato nikogas,ama stvarno cuvstvuvame nesto eden za drug,potojano sme na skype,msn,na telefon.Mislite li deka nesto vakvo moze da bide realno?I da se odrzi ponatamu(odkako ke se vidime) takva vrska?
Јас одам со дечко ми 4 год но 2 год тој работи во странство,оди 2 месеци таму,3,4 е тука и се така,и немаме никави проблеми,преку учебната год јас сум во друг град каде што студирам,и врската ни одлична,да не се подречам ма ептен ни е ок,кога е на пат,воопшто не се ни караме,кога се слушаме двја чекам да си изнакажиме колку само си си недостигаме....а кога си доаѓа тоагаш нова приказна....не се оделуваме еден од друг,јас кај него останувам некои вечерини,планираме да се земиме,ама тогаш ќе нема работење во странство...
Не е смешно ништо..Не е важно на кој начин ќе запознаеш некого..Плус денес кога интернетот е секојдневие се е можно..Сега тука има мани и предности..Меѓутоа ти секако ќе се видиш со него и тогаш ќе ти биде се појасно..Колку има така што се запознале и завршиле во брак..Дури поуспешни се тие бракови..Затоа што луѓето полесно се отвараат вака и кажуваат повеќе за себе..Има да и преваранти и секакви будали..ама тоа се дознава кога тогаш..Продолжи си да комуницираш и здравје да се видите, па ти посакувам се да биде како што треба и како што посакуваш.
Идев со дечко 6 месеци он беше од Солун, јас од Скопје ... сепак интересно е до негде ...али во тие 6 месеци се видовме 5-6 пати ... тешко е да се одржува таква врска! Сепак единствено нешто што ти останува е да веруваш во што и да ти каже По цели денови на камера, тешко е! ама затоа кога ќе видевме ...
Dali uspeva ili ne takva vrska zavisi od cuvstvata ,kolku se silni i kolku se iskreni . Jas imam takva vrska i zasega dobro funkcionirame .sekogas sum bila protiv vrski na dalecina i bev skepticna kako ke prodolzime i dali voopsto ke prodolzime .Znaci mozeli Bara mnogu nervi mnogu doverba i sekogas igrajte na otvoreni karti .Napravete dogovor ako nekoj meguvreme najde drug odma da se kaze zatoa sto ne e fer nekogo ad cekame a na kraj nistoooooo.Mu blagodaram na internetov posebno na Skipe da nebese toj mozebike se otkazav
браво за оние кои опстануваат и издржуваат,но јас никако не би можела да имам ваква врска.кога сум со некој,сакам да ми е тука,да можам да го видам,гушнам секогаш кога ќе посакам.
Мојот брак се заснова токму на ваква врска. Со маж ми одевме 3 год, од кои првата се гледавме секојдневно, а наредните 2 год. кога ќе имаше прилика. Врската ни функционираше одлично, а и сега не можам да се пожалам. Кога двајца вистински се сакаат далечината не е битна.
sakam i jas da go gusnam da e tuka koga ke posakam ama se naviknav so vreme.Se slucuvalo da imam decko i tuka blisku pa da naoga izgovori kako ima rabota ,mu se spie i slicno vaka barem toa vreme sto sme zaedno e kvalitetno i bez raspravii
i jas sum momentalno so decko mi razdelena,on e u mk a jas ne,ama nemam galje poso znam deka mi e veren a pa i da mu se sekiram dali e veren ili ne i kade i i so prai,toa ke promeni neso?nema..samo gajlinja i nervozi poveke..najubavo e da si relaks,i da ostavis rabotite da si se odvivaat sami po sebe onaka kako treba na pocetokot mi bese malce tesko deka sme razdeleni poso bevme non stop zaedno predtoa,ama se naviknuva covek.i sea mi nedostiga ne vikam ne ama se gledame na nekolku nedeli koga si idam,taka da se izdrzuva
Јас мислам дека секоја врска на далечина не е иста. Како што веќе некој(а) претходно напиша не е исто дали е врската на далечина од 100км на пример или 2000 км. Што е поголемо растојанието, потешко е да се оддржува врската. Затоа што поретко имаат шанса да се гледаат партнерите. Сепак, и ова не мора да биде клучен фактор, со добро планирање и се разбира штедење било која врска може да успее. Исто така, битен фактор како и во секоја друга врска и во ваков тип на врска играат годините, или поточно зрелоста на партнерите. Јас мислам и дека една врска на далечина има голема шанса да успее ако партнерите се привремено раздвоени или претходно биле во стандардна врска, па ете едниот отпатувал некаде или се преселил... Значи да престанам со философирањето, моето мислење е дека секоја врска е различна, а дали една врска ќе успее или не пред се зависи од партнерите, нивната љубов, оддлучност, поглед на животот, итн.
Mislam deka vrska na dale4ina podobro funkcionira otkolku vrska so 2 koi se celo vreme zaedno.....zatoa sto kolku poveke se zaedno naogaat raboti da se karaat i si stanuvaat dosadni eden na drug......a ako se daleku eden od drug k esi falat mnogu i koka ke bidat zaedno ke im bide poubavo barem jas mislam taka
postoi vrska na dalecina ali kolku ke bide uspesna????! jas imam iskustvo odev so eden decko od italia - sto go zapoznav na internet ... bevme sekoj den po 3 saati na skype i cel den na facebook dodeka bevme na rabotno mesto... doagase tuka vo Skopje, i jas kaj nego otidov... bevme mnogu bliski i postoese taa magija pomegu nas i preubavo ni bese... i eden den prekinavme bez pricina! Kao navodno dalecinata e mnogu tesko da se izdrzi nego mu e potrebna licnost pokraj nego ... i toa e toa... a da se mazime e rano mladi sme... moj sovet e da ne se letaat kako mene ... posto sega strashno patam i e mnogu tesko da go zaboravam.. so pomislata deka veke nikogas nema da go vidam vo zivot!
ako postoela tolkava magija sto ne ste ja oficijalizirale vrskata ?? Golemo vlijanie na takvite vrski imaat i godinite na 20 sigurno deka ne bi uspeala da cekam nekoj po 5-6 neseci no sega nekako izdrzuvem Do koga ke vidime se nadevam ke istraam
Mojata vrska na dalecina zavrsi tocno pred godina i 2 meseci.Se zapoznavme vo Prilep a toj bese od Skopje dojden na gosti kaj kolega od fax koj bese t.e e moj drugar.Mozam da recam deka bese ljubov na prv pogled.Bese tuka nekolku dena a od koga si zamina jas prva mu pisav sms i od togas zapocna se.Bevme postojano vo kontakt mozam da recam deka cel den ako ne zboruvavme na telefon togas prakavme sms poraki ni samata neznam po kolku vo denot.Mi kaza deka uste od prviot den koga me videl se zaljubil no ne sakal da mi priznae bidejki se plasel od mojata reakcija....Kako i da e po izvesno vreme dojde pak vo Prilep i pominavme edna nezaboravna nedela zaedno a koga se razdeluvavme ne sakam ni da se setam kolku bev tazna i razocarana.Moite roditeli, drugarki i drugari site veke znaeja deka sme vo vrska i deka sum zaljubena no iako znaeja deka mozat da mi nanesat bolka so nivnite zborovi mi velea da ne se nadevam mn na taa vrska deka od toa nisto nema da bidi i deka na kraj ke ostanam so skrseno srce....I mozebi bea vo pravo....Prvoto vreme se bese super se slusavme na telefon se dopisuvavme na internet nikogas ne mi zabrani da izleguvam pa ni jas nego koga ke imase slobodno vreme ke dojdese ili jas ke pojdev kaj nego no kako sto rekle "se sto e slatko e i kratko".Negovite obvrski na fakultet bea se pogolemi i pogolemi a so toa pocnaa i nervozite i kavgite pa pocnaa prasanjata zosto kako kade so kogo???I bese mn jasno deka ke dojdi do toa bidejki veke 2 meseci ne se vidovme i pocna da ima nedoverba megu nas posebno od moja strana bidejki se slucuvase da ima den koga voopsto nema da se seti na mene ni da se javi ni nisto i veke ne znaev sto pravi kade e a koga sme veke tolku mn daleku moze da pravi sto saka a jas nikogas nema da razberam....Pritisokot od strana na majkami bese se pogolem sekoj den mi velese deka trerba da se stavi kraj na taa vrska bidejki ne mozi da gleda kako se unistuvam sekoj den od nervozi..Go sakav premnogu no sepak sobrav sila i staviv kraj na taa vrska...Do den deneska neznam dali postapiv pravilno ili mozebi zgresiv sto ja ispustiv ljubovta na mojot zivot no i nikogas nema da doznaam.Sega jas imam vrska 1 godina a toj nesto pomalku od godina ...go sakam deckomi so koj sto sum sega no ne taka kako sto go sakav nego zatoa sto takva ljubov se raga ednas i koga i da e vo zivotot da se sretnime nekade znam deka srceto ke mi lupa zabrzano kako i prviot pat koga go vidov bidejki nikogas nema da go zaboravam i sekogas eden del od mene ke go saka zasekogas......No sepak i pokraj moeto loso iskustvo veruvam deka takva vrska moze da postoi samo ako ljubovta i doverbata e obostrana sto mozebi toa ne bese slucaj kaj mene.....Zatoa vi treba samo silna volja a mn malku nadez bidejki nadezda posledna umira no i nadezta ubiva ako seto toa zavrsi so los kraj.....Dosta bese od moite prikazni i filozofii se iznadrdoriv epten
Па јас имав две врски во туѓина. Едната, кога имав 16 години, мојата прва љубов, ужасно вљубена, изгубена, врската ко за мали деца што се вика беше одлична, но дечкото отиде на крајот на светот. Се гордеам , издржавме околу година и пол, со секојдневно слушање по една минута, тогаш немаше скоро никој нет дома, па секое утре пред школо трчав во нет кафе, и после тоа... Си преспивав таму. Ајде тоа што не успеа, го препишувам на факторот младост-лудост, 16 години не се исто што и 20 и нешто, ептен си дете, плус далечината беше огрооомна, нејсе. Ама втората... Одевме со дечкото прилично месеци, и отиде преку летото во USA, на само 3, и се' се смени. Бевме вљубени, и кога се врати љубовта постоеше, но не беше ништо веќе исто. И раскинавме. Од моите горчливи искуства, јас не верувам во врска на далечина, ниту сакам за себе, ниту би посакала некому, никогаш. Но, се восхитувам на оние кои успеваат во тоа. Со среќа.
Вака, како прво, жалам што си раскинала со дечкото што многу си го сакала - а како второ, не се разочарувај. Немој да мислиш дека еднаш во животот се љуби вистински. Можно е да сакаш искрено повеќе пати, верувај. Само си разочарана, а овој со кој си сега не го сакаш толку колку првиот затоа што можеби го сфаќаш само како негова замена. А може и не е така, но јас само претпоставувам врз основа на тоа што си го напишала. Како и да е, уживај во животот, и вистинската љубов ќе си дојде сама од себе. Не ја гледаш реалноста со исти очи на 19 и на 29 години ниту пак исто ќе ја сфаќаш љубовта. Инаку, за врските на далечина - пак ќе кажам дека сега верувам оти можат да успеат. Прво бев скептик околу тоа прашање, посебно затоа што претходната врска ми беше исто на далечина (околу 100км бевме далеку) - а пукна затоа што се оддалечивме еден од друг. И сегашната ми врска имаше тест период на далечина од илјадници километри, нецел месец од почетокот - после три и пол недели заедно, бевме разделени четири и пол месеци - и издржавме. Ама немаше да го чекам ако не знаев дека тој е тој.
И јас имам врска на далечина, заедно сме 3 години, а пред една година дечко ми се пресели во друга држава и уште повеќе се сакаме зошто сфативме колку си значиме и недостигаме еден на друг
Ти посакувам се најдобро во брзо време да бидете заедно.Инаку да кажам дека не сум толку сигурна во врските на далечина.Една моја пријателка има дечко од друг град и според мене не им оди баш најдобро.Секоја врска има и добро и лоши страни,но неккао постои голема доза на љубомора па можеби и недоверба.Толку многу прашања,притисоци........е сега останува да видиме што ќе се случи
Повеќе од очигледно е дека тука ќе пишат девојки кои веќе имаат таква врска и се лудо заљубени. Знам, истото и мене ми се случуваше. И јас тоа го пишував... Дека постои, дека е убаво дека се повеќе се сакаме. Но не е така. Далечината си го прави своето без оглед колку и да има љубов. Среќа што навреме заврши, крај на љубоморните сцени и испади.