Јас сепак сметам дека без разлика дали е тука или не, од човекот зависи дали ќе се чувствуваш повеќе празно или сакано
Дечко ми живееше во мојот град 7 месеци од почетокот на нашата врска. Потоа замина во својот град. Оддалечени бевме 4-5 месеци и тоа не знаев дали повторно ќе дојде тука да живее. Се врати, па повторно замина и сето тоа на "неопределено"... да, ретко се гледавме, имаше компликации за доаѓање- одење. Но никогаш не ми се намалија чувствата зошто сме биле далеку. И еве денес е повторно тука, заедно сме 2 години и нешто плус што е доказ дека далечината не е пресудна
Врската на далечина бара вложување од двете страни. Ако сако едната страна се труди да успее врската, пиши пропало. Од искуство кажувам...
Далечината не е фактор успех/неуспех, туку какви се личностите. Ако ти одговара, ќе успеете без обзир на далечината( има начини), а ако баш и не сте створени еден за друг - ќе пропаднете и во близина. Како и грото луѓе кои немаат ваков проблем. И имаат по две паралелни врски во ист град, да не исправам криви дрини, ајде. Гледање секојдневно, со дишења во врат не е рецепт за врска. Љубов, здрава љубов треба. Доверба исто така, а и страст. Не е битна далечината во оваа наша атомска доба, кога луѓето летаат во космосот и имаат интернет дури во Бангладеш. Познавам луѓе кои имаат вакви врски и не е лесно, рака на срце, ама далеку од невозможно. Ако сте во иста држава, може викендите да ги минувате заедно, за во друга земја потешко. Но потешко е сегдека, ако е кревко, ако е со слабо коренче. Што кога ќе имаш некого до себе, а како да го немаш? Што ако минуваш деноноќно заедно, ако утре не знае да те ислуша? Квантитет не дава квалитет секогаш. Моите обиди за врска на далечина, се покажаа како неуспешни. Но, знам кој си ја има мувата на капата.
Јас и дечко ми веќе 4 години сме заедно иако сме од различни градови можам да кажам дека врската ни е успешна. Се гледаме за викенди и со нетрпение ги чекаме да дојдат. Имаше период кога не работеше па доаѓаше кај мене на поседок, и обратно. За да успее врската на далечина најважна е довербата. Ако е вистинска љубовта и ако навистина сте сродни души, без разлика колку сте далеку од некого секогаш ќе успеете.
Се сложувам со се што кажа. Ние сме од различни држави па функционираме нормално со оглед на околностите. Дури после секое гледање се чувствуваме поблиски од претходно. Доверба, компромиси и желба да се успее. Не секогаш планот и математиките успеваат, ама како и за се друго во животот тој што сака да најде секогаш ќе најде начин. Исто ги разбирам и оние кои не би се нафатиле на ваква врска. Сите ние сме различни индивидуи и сите ние имаме различна појдовна точка на гледање на работите. Секој за себе си знае што сака, како го сака тоа и на што е подготвен. Секој со она што го прави среќен.
Во врските на далечина најважана е довербата па потоа се друго. Оние негативни фактори кои влијаат на врската ако воопшто ги нема се знае дека таа врска ќе биде одлична. Тешко е кога не е до тебе штом ќе посакаш,кога во моментот имаш потреба од прегратка,кога сакаш да споделувате повеќе моменти заедно а не сте во можност, ама магично е онаа чекање и испраќање.Магични се ноќите и деновите поминати заедно,плановите за наредно видување...ако се сака вистински и тоа како може да се преброди врска на далечина одлично
Така е. Не е лесно воопшто во оние моменти кога посакуваш да е блиску, и тешко е кога не сте достапни еден на друг цело време. Па и оние денови кога сте заедно, поминуваат пребрзо. Мене месец дена ми лета како викенд... Ама броење денови, планирање, вложување труд, заеднички, и плус кога сето тоа е посакувано од двајцата значително олеснува и придонесува во врската. Твојата приказна имала среќен развој. Дај боже и нашите да го задржат тој правец и така да тераат.
Јас ич не бев за врска на далечина не верував во себе дека можам а уште помалку во маж кој што вистински се залага и верува дека се ќе биде како што треба. Сепак се уверив дека постојат и мажи кои што се борат за онаа што го сакаат и поминуваат се за да биде врската успешна. Ти посакувам и тебе а и на сите други кои имаат врска на далечина да завршите со среќен крај исто како и мојата што беше,да си се преберете еден до друг и љубовта да расте уште повеќе
И јас исто имам врска на далечина, и тоа голема далечина, и сфаќам колку тешко е да одржиш една таква врска и што се треба да вложиш во истата.Јас сум од Македонија, а тој сега замина во Англија...Познавајќи се себеси никогаш не мислев дека би можела да изведам врска на далечина од причина што сум многу емотивна и љубоморна личност, пред да замине имав мисли како не го можеш ова стави крај...Но пред самото негово заминување додека помагав да се спрема сфатив колку го сакам и дека се би направила за д а успее оваа врска, и цврсто верувам дека и тој се чувствува исто... Се што треба е огрома доверба и способноста да се ставиш во кожа на другиот....Од тогаш се сменив скроз, сфатив колку значи да не можеш да ја гушнеш личноста која толку ти значи во моментот кога ти треба...или во секој друг момент.... ги ставив зад мене љубомората, карањето за ситни работи и се е во најдобар ред, врската ми е многу добра, досега сме разделени 5 месеци, наредниот месец си доаѓа на 1 месец. Со секој поминат ден сфаќам колку повеќе ми значи и знаејќи како е да бидеш со него, се повеќе и повеќе се уверувам дека не сакам да бидам без негоСе гледаме секоја вечер на камера и прилично е исто како да е тука, седиме и по 5 саати на ден,на камера, разликата е во неможноста да се гушнеме и бакнеме но тоа само ја зголемува страста и желбата на еден спрема друг, исто и .Ја искористувам секоја можност да му пратам некое изненадување, картичка, поклонче што ни значи и тоа прави да се чувствувам уште подобро. Се што сакам да кажам е дека треба многу упорност и голема желба врската да успее, љубов и доверба. Слободно контактирајте ме ако можам да ви помогнам со некој совет или слично, знам колку тешко може да биде во доцните часови кога недостигањто се издигнува на највиско ниво.
Отсекогаш ми биле привлечни и интересни овие врски на далечина, но ако јас се најдам во таква не верувам дека би се справила со некоја огромна далечина, пример да сме на различни страни на светот и да се гледаме само два пати годишно. Тоа за мене не е врска едноставно, без да имаме физичка блискост, џабе ни се сите тие подароци, висења на Скајп по цели денови, кога нема да ми биде тука во моментот кога ќе ми е најмногу потребен, да го видам и да го гушнам. А врски од типот да е од друг град во Македонија, или од некоја соседна држава, на 200-300 км оддалеченост, поокеј ми е, зошто ако јас наумам да се видам со него тој ден, одам на меѓуградска, купувам карта, па ако треба и за 2 саата ќе отидам да поседам, ама барем знам дека ја имам таа можност и можам да го видам кога ќе посакам, истиот тој ден. А и во Скопјево, кога сум одела кај некои бивши, дур стигнам од мојата населба до нивната скоро саат ќе ме фати со автобуси. Значи, од старт можам да си имам дечко од Куманово/Велес/Тетово.
По трети пат сум во врска на далечина и овој пат е 100 пати поразлично од другите два. После вториот пат си реков дека нема да се случи пак и дека никогаш не успева, но самата си докажав спротивно. Тешко е, ама подобро да седам на Скајп со некој што ме разбира и сфаќа, него да сум со некој што живее на пет минути а ми се однесува како да е Господ. Такво однесување не поднесувам, знам што заслужувам. Треба трпение, разбирање и нерви. Страста не се намалува.
Здраво јас сум нова овде,па би сакала да кажам нешто во врска со оваа тема. Јас сум во врска 5месеци,јас сум во МК а дечко ми во Италија.Да тешко е да се оддржи таква врска,но сепак доколку навистина сакате некого нема ништо да ви биде пречка ниту далечината.До сега супер ни оди,се немаме скарано,имаше малку некоја љубомора но со искрен разговор се може да се реши.Јас верувам во ваква врска,секако е тешко но мораш да се навикнеш ако сакаш искрено.Потребно е да имаш о живци за ова,разбирање за се....Понекогаш и партнерот да е близу се чувствуваш како да е мн далеку...сепак се зависи од нас,јас мн го сакам и вреди да чекам за се што не' чека во иднина
Ohh navistina zhalno,ne bi sakala nitu jaas nitu bilo koj da zavrsi taka...i vo mojata vrska sega se e super,uste sme na pocetok enos 5meseci i znam tesko e taka na dalecina treba premnogu zhivci,doverba i sekako ljubov a i hrabrost.. Zhal mi e sto taka se zavrsilo,no sepak ako bilo sudeno ke traelo.(moe mislenje)
Му верувам. Ми верува. Се сакаме и почитуваме. Доволно зрели и свесни сме во што сме се впуштиле. Досега - никогаш поубаво не било. Само нека трае.
Познавам парови кои одржуваат врски на далечина со години. Не велам дека е невозможно ваквите врски да се одржат но сепак сметам дека е навистина тешко. Искрено јас не би можела да се замислам во ваква врска бидејќи не би ја поднела таа оддалеченост и помислата дека мојот сакан неможам да го видам долг временски период.
Епа вака девојќи...јас одам да живеам во странство и со дрчко ми одлучивме да се разделиме бидејќи не веруваме дека ќе успееме. Е сега сакам да ми помогнете да му направам некое изненадување мешто да го потсетам на сите момрнти поминати заедно и да му напишам некое писмо...хелп
Напиши му писмо во кое ќе му пишува колку ти значи тој како личност и целиот период кога сте биле заедно. Не треба да биде филозофско само убаво осмисли го на начин на кој што ти би сакала да прочиташ писмо. Исто можеш да му купиш некоја ситница или уште подобро да направиш нешто сама што кога ќе го види ќе го потсети на тебе..стварно не мора да биде нешто wow, само да биде искрено.
@Girl-love Не гледам зашто е ок да му праќаш нешто, ако сте раскинале остај го човекот, што има да се потсеќа како ви било.
По тоа што го прочитав, јас сфатив дека раскинале само поради тоа што не веруваат дека врската на далечина ќе им успее(не сакаат да се мачат), што е сосема разумна одлука и меѓу нив е се океј. Не мора да се прават дека не се знаат од моментот кога ќе раскинат или да се заборават комплетно.