Нашата врска почна на далечина, а во моментот сме по 24/7 на ден, работиме заедно. Така да све е релативно, зависи од луѓето. Имаше периоди кога работев на друго место и он идеше прва, јас втора смена и уопште не се гледавме. Тоа ми беше најтешкиот период. Сега се научивме вака да функционираме и убаво ми е. П.С. Ако значи нешто, 9 години сме заедно
И јас се најдов во таква врска и сега за сега е се во ред се надевам дека и понатаму ќе биде. Но сакам нешто да ве прашам како се справувате со сексуалните потреби? Ние секојдневно се слушаме и гледаме и се е супер но веќе неколку пати дечко ми изрази желба да си ги покажеме нашите интимни делови (да се самозадоволуваме и да се гледаме) што мене ми е малку незгодно и не знам што да правам, дали сте се нашле во ваква ситуација и како постапувате? Инаку сме 2ипол год во врска и си имаме односи и ова е наша прва разделба
@Girl-love нема зошто да се ограничувате од секс. Потреба е. Само затоа што сте далеку не значи целибат. Со дм не се гледаме на камера, не памтам дека побарал, ама ни јас не би така. Имаме секстинг и двајцата не пали тоа. Јас знам често пати да го изненадам со некоја провокативна слика и додека е на работа. Или да му пишам нешто. Има начини да ви биде интересно. Ќе му пишеш колку ти фали, и што би праеле кога би биле заедно, што би му праела ти и што би сакала тој на тебе, и една ствар води кон друга.. ќе пробате поише начини и со време ќе научите што ви се допаѓа и ќе фатите иста фрекфренција.
ноу ноу Освен ако камерата не ја насочите само долу...па дури и тогаш -Не. Ете Yowannty убави примери даде
Според мене само овој тип на врски ке ми успее Секогаш ке имам желба да зборувам со него да доаѓам почесто во неговиот град,да доаѓа тој кај мене.Дури мислам и кога ке си заминам од државата ке имам некој тука поради кој ке доаѓам почесто.Секако може да успее ако се има целосна доверба,во спротивно не верувам.
Дс се согласувам со тебе. Моментално сум така. Но, некако само од внатре во душата ти доаѓа каде е сега, со кого е, дане е со друга... само по себе те гризе совест дали ќе успеете..
Jas imav vrska na dalecina koja traese 4 godini funkcionirase dobro no vo momentov mislam deka ne bi mozela da odrzuvam takva vrska
За некои луѓе врската на далечина може да биде многу тешка.Клучот за опстанокот на ваквата врска лежи во начинот на кој размислувате.Љубовта не се искажува само со зборови или бакнежи, прегратки туку и преку дела. Нема поголем доказ дека на некого му значите ако сѐ уште сака да останете заедно покрај сите километри кои ве делат.
Нешто ми фали. Сама сум. Сакам дечко,си пишувам со еден но тој пред 4 месеца отиде в странство, ми стои ко да си пишува со други. Ок,тоа е в ред. Но,некако ми фали кога не ми пишува а кога ми прати слика ми се гади мислам,ме потсеча на бившиот а на карактер горе доле си одговараме, помал е 2 години од мене. Не сакам таква врска тој таму јас овде сакам прегратки,допири,нежност,внимание. Сакам некој и нешто што че ме исполнува. пишав во феминско младинско ќоше... Како ви функционираат тие врски? Дали сомневате во нешто или?
Мојата моментална врска е на далечина. Па секако тешко е,но ако навистина некого сакаш ке се навикнеш. Е сега дали има сомнеж,тоа е кај секого различно. Еве јас не мн често,но 2-3 пати сум имала сомнеж дека е излезен па што ако иде со друга,но тоа беше на почетокот. Најбитна е овде довербата. Ако нема доверба се е залудно,трпение и живци од челик D) треба да имаш. И секогаш кога ме прашаат како можеш толку да му веруваш да си сигурна дека не иде со други ме чудат,па јас ако не му верувам нема ни што да барам до некого. Па и реално гледано ако некој сака да те изневере и да ти е комшија ке најде начин и ке иде со друга.
Далечината не е за слабите карактери...таа е за тие кои се спремни да поминат многу време сами...во замена за малку време со личноста што тие ја сакаат..
Ги разбирам оние што започнале врска тука, станала сериозна врската и едниот мора да патува, па се приморани да ја одржаваат врската на далечина. Ама не ги разбирам оние што у старт почнуваат врска со некој/а од другата страна на планетата. Шо, демек овде на радиус од 200км никој/а не ми одговара, па морам да барам некоја од Америка, Австралија? Која само горделивост лежи зад ова... Па допишување, па маски и двајцата ставаат, глумат лудило, се прикажуваат у најдобро светло, си разменуваат слики демек види ја овде каков живот имам, ептен сум кул и пресмешки И нормално тоа е проследено со по 5-6 саати згрбавено чмаење пред компјутер по цели денови и ноќи.. или па искачаат у друштво и одма му праќаат слики демек види ја имам живот тука и искачам И не се фокусираат на друштвото, туку гледаат дали е онлајн, па дали ја видел/а пораката, па зошто е офлајн 3 саати у петок навечер, па кај е што ли прави, аааа ќе види сега, не му ставам лајк цела недела, па нека му текне зошто...
Не би рекла дека функционира. Во најголем број од случаевите.. Јас имав ваква врска да, си почнавме тука, многу го сакав, ама тука немаше никаква иднина, замина.. Првите месеци беше ок, после кога виде како функционира животот таму, дечкото посака слобода т.е сакаше тука да има резерва а таму да иде со секакви. Па фала Богу еден ден дознав (мал е светот) со кого што правел, и толку. Плачев, се трескав од земја ама џабе. Еден ако сака не е доволно.
Во мојов случај има врска на далечина ама во ист град дали сте слушнале за тоа?! Значи, премногу сум заљубена во него, и тој е непознато дали сака или не, не се искажува, а ми вика дека сме во врска. Прв ми е со кого сум била во врска, и премногу неможам да го поднесам со неговото однесување, ме тера да одам со сила да го врзам со синџири и да зборува дали сака да имаме убава врска како што треба или несака? А колку плачев за него, за никого немам плачено така. А јас само плачам за некого кого го сакам навистина, а за некој кој ми бил само симпатија не сум плачела, за некој што не вреди. А јас плачам само кога ќе сум премногу изнервирана, и кога ќе ме повреди некој за кого се би дала.
зошто? што е тоа што ги спречува? километри? нема за на век да се раздалечени, перманентно е се додека е се одлучат на брак или да бидат заедно
Кога конечни го најдов совршениот човек за мене, идеалната моја посилна половина со која планиравме да сме заедно засекогаш животот ми удри таква шлаканица што уште не можам да се совземам. Немаше храброст да ми признае дека сака да живее во странство, па реши на дрзок начин да ме откачи. По точно една недела од кога замина во странство ми рече дека било крај. Не знам ни зошто не сакаше да се бори за нашата љубов, за мене. Не можам повторно да се запознавам, да одам на состаноци и да се разочарувам. Не вреди... Ме сфаќа некој ?