За една недела сте одлучиле дека сакате да бидете заедно засекогаш? Не оди така, едноставно не оди. Или ако сум разбрала погрешно, ма кога и да е не знам колку вреди да си кажеш самиот себеси дека сакаш целиот живот да го поминеш со некоја личност. Пред да истерате еден одмор заедно и да видиш каков тој навистина е, а не каков се претставува дека е, ништо од такви размислувања. И јас истото си го мислев за со бившиот, еден одмор заедно и се утепавме од карање. Како и да е! Не очајувај!!! Тој си го гледал својот живот, ти гледај си го својот. Така е најубаво.
Батали го копилето, најди си некој поблизок затоа што физичката далечина си го прави своето. Искрено.
Не значи дека не те сакал, само немал храброст да се бори и да ја прифати далечината. Би било тешко но, кога се сака, се се може. Тој го избрал полесниот начин, за жал. Дај си време самата на себе, ќе се наместат коцките и за тебе.
Се сакавме многу, затоа ми е криво, планиравме да живееме заедно. Сфаќам јас и него му е тешко, но ме повреди што не ја кажа вистината, а можеше.
Да, јас бев спремна се да направам, не би ми сметала далечината кога постои вибер и телефон. Тој не беше, не можел на далечина.
Како што сватив веднаш ствил крај, во рок од една недела? Можеби знае дека избрзал, тешко е да се прилагодеш во друга држава па сега си ја сватил грешката и се кае што те изгубил.
Една година е многу краток период прво за да го познаваш доволно, второ за да викаш дека мнооогу се сакате. Немој да ме сфатиш грешка, но на некој што толку многу го сакаш не му се приредува такво нешто. Прво тргни си од сама себе, дали ти би му направила така? Многу ти е некако збунка постов. Како тоа планиравте живот заедно, а у исто време он планирал и живот у странство, ама без тебе? И уште нешто да, не ти удрил животот шлаканица, туку он. Како тоа се наоѓа совршена половина за една година еве не знам. Со дечко ми сум скоро десет години, па ми требаше многу повеќе од една година за да сум сигурна дека тој е тој, совршен за мене. Размисли добро дали вреди да си толку разочарана
Да не ве цитирам посебно, тој беше огорчен од животот тука. Не сакаше да живее во мал град, @Bella_Stella ме сакаше инаку не би ме запознал дома. Можеби заљубеност беше, но посилна беше желбата за во странство. Изгледа само заљубеност... Тој не ми кажа дека сака да живее во странство, цело време викаше дека има желба, ако му испаднело прилика ќе одел. Јас не би му направила така.
Знам дека си разочарана и жал ми е шо се осеќаш така, ама кога зборел за странство зарем не влегуваше и ти во тој план, нели планиравте пример заедно да одите? Пошто викаш дека сте правеле планови за иднина... Поентата тука не е да те тешиме, туку да ти дадеме објективно мислење/совет... Според мене мораш да разговараш со него отворено и да го прашаш што се сменило и каде испариле вашите планови? И не, нема оправдание за него, странство е тешко бла бла. Тешко е од други аспекти, тоа нема врска со тебе... Ако сте имале таква љубов како што викаш и ако те почитувал, треба барем да те удостои со објаснување и да ти даде причина да се помириш и да продолжиш напред!!!
@pupi.girl како идиот заминал и ти како идиот ќе му свртиш грб (не заслужува поинаку). Имал време кога тој да објасни и да кажи(сигирно не заминал преку ноќ), нема што да објаснува ако сакал тој да објаснува ќе и објаснел пред да замини. Едноставно гледал да си го искористи главниот приоритет да замини странство.
Правевме еднаш муабет што би било кога тој би живеел таму и ми рече дека јас треба моите цели да си ги остварам па да одам со него таму. Кога не е спремен тој да го исполни тоа што го кажа не вреди само јас да се борам. Не е спремен ни да почека, јас не сакам во странство да живеам, зошто тоа значи учење нов јазик, па не знам дали може да работам по струка, дали ќе ми е признаена дипломата. Не го сакав за во странство да ме земе, туку зошто добро функциониравме заедно и се согласувавме добро. Очигледно дечкото само си фантазирал за фамилија со мене зошто се заљубил, но сепак алчноста за пари го натера да се откаже од мене. Моите блиски ми викаат дека не може со сила, дека можеше полошо да е. Тука пишав за да си се олеснам, не сакам да ме жали никој, а лесно преболувам. Кога може тој да се откаже од мене воопшто не ни сакам да се трудам. Немам никаков контакт со него, лошо заврши зошто го навредив ( мене така ми е најлесно), а лесно преболувам. Фала ви на сите, постот повеќе беше за олеснување, не ни очекував да реплицирате.
Во моментов имам врска на далечина. Заедно сме долг период. Дечко ми беше во странство на работа три месеци, јас се фокусирав на факултетот па ете издржавме.. Тешко е, ама ако се сака, се може. И сега повторно замина, па едвај чекам да се врати. Најбитно е да се има доверба, љубов и разбирање.
Почна се спонтано, прво другари бевме па дечко и девојка Зедно сме година и пол скоро... Никогаш немаше преголема близина, додуше до него беше, презатворен тип е, многумина го викаат чудак.. ама знаев дека нешто се крие во него, нешто што го издвојува од сите и го прави во моите очи посебен Таков чуден го засакав, горам по него, ни малку врската претходна од 4 години не може да се спореди со ова што го чувствувам.. Тој не допушта до себе премногу, како да му е став да сака, не верува, некој срцев панцир би кажала. Ама бев убедена дека се се победува, може потсвесно и некој вид предизвик ми беше, ама сепак играв со срце... Дојдовме у една ситуација кога се сакаме, имавме и лоши моменти, се толерирав, го сакав и останавме заедно Дојде момент кога пред некој месец му се јавија дека го прифаќаат неговото барање да замине на работа во странство, со тоа што на 4 месеци ке доаѓа... Некако претешко ми беше да прифатам, може од самиот страв што многу тешко дојдовме до тој момент кога сме најблиски, и ке згасне брзо, сакам како никогаш до сега, искрено и чисто. И замина... веќе 2 недели цели.. Всушност не беше личност која комуницира преку социјални мрежи, и тоа и ме загрижуваше, како ке останеме во контакт...и така и бидна, многу слабо, ке пишеме еднаш у денот, претежно јас се трудам да го одржиме тоа што го стекнавме. Страв ми е дека ако оставам така ке пропадне се, на моменти си викам не можам да дозволам да се залади ова, а на моменти си викам најдобар индикатор ке е ако се повлечам ке видам колку е спремен.. Тешко ми е, се уништувам психички дома, биднав анксиозна, од цврста личност биднав личност која живее во страв, немам мирен сон, посетив и психијатар надевајќи се дека ке ми биде полесно, и со факултетот заглавив.. сакам да оздравам, да се оправам.. Тоа ти е како да управуваш со некоја чудна машина , а сакам да управувам, нешто во мене ми вели да не се откажувам иако сите се против нашето, знаејќи ги лошите моменти кои ми ги има пружено.. 4 месеци не ми се воопшто проблем да го чекам, иако нема доверба во мене, знае дека бев нечесна во изминатата врска ( детски памет, интересно ми беше да флертувам) и не ми верува баш , иако е направив за да опстанеме Може ли некој искрен совет да добијам во лп, не би сакала вака јавно зашто стално читам "oсудувачки" мислења..