Aко сеуште постои љубов,разбирање и доверба меѓу партнерите далечината не треба да представува никаков проблем.Дури кога се далеку сваќаат колку навистина се поврзани и се сакаат.
Нема ништо поубаво од неговиот мирис кога ќе го видам после 2 недели. Секогаш кога се сретнуваме е како првиот пат. Неретко е и далечината да нѐ нервира зашто немаме време за многу активности, но мислам дека тие 100км ја зацврстуваат врската и довербата меѓу нас.
Се пронајдов во ова. Јас го гледав маж ми еднаш во месецот. Само еден ден. Тешко беше кога се разделувавме. А кога ќе се видевме не можевме да се оттргнеме еден од друг.
Драги мои, со дечко ми сме заедно две ипол години, премногу се сакаме и сложуваме. Тој замина во Германија да живее и работи, а јас не можам да се смирам. Постојано плачам и се грижам. Не знам што да правам... Некаков совет?
Па можеш и ти да одиш со него уште подобро. Доколку врската е цврста и се има доверба не гледам простор за грижа. Ќе спечали некоја пара и ќе имате поубав живот овде , работната виза кога ќе му заврши. Барем сега технологијата е напредна и можите да комуницирате. Како се принципиелни германците нема да може да мрдне од работа, а камоли нешто друго.
Ако се сакате и сложувате како што велиш нема да постои проблем да опстане вашата врска и во иднина. Гледај го ова како тест за вашата врска, дај му подршка да знае дека може да смета на тебе. Уште подобро ако одиш и ти таму, дали имате зборувано на таа тема?
Јас излегов на кафе со дечко од Скопје.Голем впечаток ми остави, а и јас на него очигледно.Проблемот е тоа што ја сум малолетна и немам таква слобода да одам на два дена во друг град,всушност нема воопшто да ме пуштат сама да одам.А тој вози и ми кажа дека ке доаѓа, многу ми е незгодно што само тој ќе се измачува по патишта и ќе плаќа гориво,патарини и сешто. Прекрасен ден поминавме заедно ама не знам дали да почнувам вака нешто.Многу ми е криво што не сме блиску и што не сме во ист град.Ми рече да се гледаме од време на време и друго ќе биде кога ќе почнам на факс.Ама години се во прашање...Многу ми е жал за се.
Колку години се во прашање? Ќе ти кажам нешто. Пробај, што биде биде. И да се изгориш ќе знаеш дека си пробала, отколку да не пробаш па цело време да те мачи помислата што ќе биде со вас доколку сте биле заедно? Дај си шанса да бидеш среќна, секако доколку е тоа што сакаш ти, да бидеш со него.
Јас 16 тој 19. Вчера додека зборувавме ми рече дека ќе дојде следната недела на два дена ама јасно му беше дека не верувам.И еве цела ноќ ми пишувал пораки..Не знам што ќе направам
Некогаш некоја врска на далечина успева повеќе од врска што секој ден си со некого, според мене кога си одалечен од некого повеќе време сфаќаш колку таа личност ти значи, затоа некогаш е подобро да се има таква врска,далечината не е голем проблем, таа е само доказ за некој кој многу ти фалии.. Обиди се можеби ќе успееш
Ne veruvam vo vrski na dalecina ili ljubov na dalecina. Znam edna takva vrska ona se lupase tuka kolku moze on ruzi i prakase i vredno rabotese i se zemaa na kraj se mislam ova e ljuvov.jas pocnav edna takva vrska i ja prekinav...
Не можеш да знаеш како изгледа нешто се додека не го почувствуваш на своја кожа. Па така и јас бев голем скептик, не верував во вакви врски и не верував дека мене ќе ми се случи нешто такво... ама ете. Сега сум во врска на далечина и досега е се супер, но секако дека е тешко, ќе ве излажам ако кажам дека не е.
Дали се слушате секој ден,се гледате на камера? Си го раскажувате ли денот како ви поминал? Кога јас ќе го прашам него,, ми вели што да ти кажам исто, та исто. Не се гледаме на камера, изговор му е дела цимерот е тука, цели две недели се немаме видено, само пишуваме, не ме прашува како си поминувам на работа, како во слободен ден. А јас, скоро секој ден му го поставувам тоа прашање. Не знам дали грешам. Јас сум во МК, тој е Германија.
Можеби е период во прашање. Колку време е заминат таму? Дали претходно било поинаку? Ако е заминат сега можеби е поради тоа. Некои периодот на адаптација бираат да го поминат сами, на други пак им е потребна поголема поддршка. Само смирен разговор може да ти помогне. Прашај го отворено дали и каков проблем има, можеби го измачува нешто што не е поврзано со тебе, па не сака да те оптеретува со тоа. Не мисли на најлошото, но биди свесна за сите веројатности.
Кога беше во друг континент се гледавме 24/7 на камера, сега е во друг град па се слушаме навечер и си кажуваме се. Не му дозволува работата од 8 сабајле до 12 вечерта работи и приватно. Но знам дека тоа го прави за нас, имаме веќе изградена доверба и воопшто нема место за паника. Инаку Германија е баш тешко да се работи, можеби и не се прилагодил баш најубаво и сега е во некоја неубава фаза. Тоа што секојдневно ти пишува е добар знак, сепак наоѓа време да ти обрни внимание. Остани позитивна, подржувај го. За некое време можеби и ти ќе бидеш Германија
Веќе долго време дечко ми сака да оди во странство да спечали и да види каков е животот во странство. Не му бранам. Тој е вработен но, се интересира и бара и настрана, а јас градам кариера овде бидејќи имам прилика добро да работам и заработувам и овде. Упорен е во тоа да замине па дури и ако му се допадне да остане па да одам и јас. Но, како што кажав јас веќе градам кариера овде и ми е тешко да донесам одлука дали сакам да заминам ако дојде до тоа... А некако не сакам да сме разделени. Премногу би ми недостасувал бидејќи сме доста поврзани и во долга врска. Баш ми е тешко кога размислувам на таа тема и на врска на далечина. Се воодушевувам на парови кои ги издржуваат таквите периоди.
Ако сте долго време заедно, треба и заедно да донесете одлука за странство. Затоа што, се надевам, планирате иднина заедно. И треба да седнете и да разговарате, одиме или не, не може он да оди ти да останеш... И, не знам каква смисла би имала вашата врска на далечина. Врските на далечина секогаш се со рок на траење, во смисла имаш во глава дека за толку и толку време пак ќе сме заедно (овде или во странство), па тоа те тера да издржиш. Ама врска на далечина, во која тој заминал а ти не планираш да одиш ми е малце ризична... Мора да седнете и сериозно да разговарате кои се предностите и недостатоците ако тој замине. Со среќа!
Погоре прочитав убав коментар односно квалитетен. Не е секој за врска на далечина, не секој умее да се справи со истата, со емоциите, со осаменоста.. Секој човек е засебна индивидуа и за секој човек не е исто ниту поимот за среќа ниту поимот за осаменост и се што носи една ваква врска или брак. Имено, познавав куп парови и брачни двојки што живеат вака, и тоа за стално па баш умеат да ја сносат врската таква каква што е оти јасно е дека од љубов во кревет не се живее а уште појасно е дека за да успееш во нешто и некое поле од животот потребна е жртва, некои се превикнуваат и прилагодуваат други пак тажат и жалат постојано односно зборот ми е дека не секој човек исто ја поднесува жртвата и болката а дека може да се опстане во ваква врска може и како бидејки јас сум сведок на тоа. Битно ни е да се бореме, иако сме биле разделени љубовта и падовите и среќата тука била со нас и во нас. Факт е дека не треба да се генеразлизира и дека не секој умее успешно да се справи со ваква тежина, па или завршува со среќен крај или со разделување кога веќе некој воочува дека не е среќен така. Сите вие кои што сте тазе во ваква врска обидете се да размислувате позитивно и дека надежта и борбата ќе ве сплоти ќе успеете да се справите со предизвициите и ќе се изборите иако секоја вечер би имале натопена перница од солзи и длабока тежина тоа е фактот. Оние кои не се пронаоѓаат едноставно ставаат крај на сето ова. А дека далечината ја гасне љубовта тоа не е вистина Вистината за една љубов и за една квалитетна врска е баш начинот на справување со сите тешкотии. Компромисот и подршката.
Со мајка ми често зборувам на оваа тема. Нејзиното мислење во кое се согласувам до некој дел е - претерана блискост не е многу убава, а колку подалеку толку подобро зошто може да дојде до монотон период доколку секој ден се гледате. Мене засега ми е добро, имаме разбирање еден за друг, доверба, подршка и најважно од се почит, внимание и љубов. Кога сме заедно времето го искористуваме најдобро како што знаеме, сме имале караници, но не поради далечината туку мали ситници. Кој мисли дека врска на далечина не успева, се лажи, се е само до желбата и вољата од двете страни колку сакаат да ризикуваат и впуштаат.