Се согласувам и јас дека не може секој да се носи со ваква врска. Бара разбирање, доверба и труд, но кога вистински се сака, нема никаков проблем и функционира супер.
Потешко е да ама средбите после неколку дена и она интересното у тоа да не сте тука у секој момент кога ќе посакате, па да море да копнеете по неколку дена или недела-две се незаменливи чувства. Секоја средба е со се повеќе и повеќе емоции и времето поминува прекрасно и пребрзо, се нема време за кавги и расправање за глупости од шо премногу време сте заедно. А и со социјалниве мрежи и комуницирањето по цели денови се се олеснува. Јас имам доверба у него, му верувам и знам дека и тие 10 дена кога нема да ме види ништо нема да направи исто како и јас додека го нема. Најбитна е довербата во овие врски. Ни од моја ни од негова страна нема љубомора, пишуваме постојано, знаеме кај сме што сме и супер ни иде.
Абе добро 10 дена, 2 недели... Ама ако сте во други држави, или континенти, и се гледате еднаш на 2-3-5 месеци? Не е исто и толку слатко. Ама се издржува. Со љубов се` се издржува.
Да ви каже човек што девет месеци ги преживеал. Тие 10-30 дена се ништо. Да видите како денови минуваат ко години, како секое утро се радуваш што ке шкртнеш една бројка на календар, а си тажен што уште толку МНОГУ има. Ако не си верувате еден на друг ништо од таа врска, некој и секој ден да го гледате може триста глупости да направи, а пак некој еднаш неделно па пак верен ке ви е. И не не е до вас туку до човекот е колку е ЧОВЕК тој што го држите за рака. Ке си го бирате човекот под еден критериум: "Среќна ли сум со него? -Не. - Чао."
Онда јас имам рекорд од повеќе од 2 години И да, шкртав и јас денови секое сабајле неретко имав навечер утоп влажна перница од солзи единствено сеќавањата и огромната љубов и почит ме држеа да одам на пред па кога легнував си го замислував како би било кога би било само така се тешев и ми беше подобро... А пази има луѓе што свои деца си ги виделе за прв пат после 2 год веќе проодени и прозборени И не порано немаше скајп и немаше интернет Да така девојки све ова ви е мачкиња кашлица реално
Со сопругот бевме во врска на далечина. Различни градови, не држави/континенти. 3 години навака - натака. Во недела 'умирав', во понеделник му се 'карав', во среда му се 'смирував', четврток и петок се спремав за да го видам Секој ден се слушавме.. буквално секој ден... Често и со саати муабет правевме на телефон. Интернет, мало-морген, смарт телефон, море и мобилен воопшто, јок.. Фиксен само... Секој ден... Ах... младост-лудост
Мојата врска на далечина,од различни градови и гледање кога работните обврски ќе ни дозволеа,еднаш неделно,еднаш на 10 дена,траеше нешто повеќе од 4 години. Заврши со брак и засега едно дете. Па имаше 4 месеци брак на далечина во различни држави. Најбитна е довербата. Кога се сака се се може само треба да е обострано.
Ние прво имавме врска на далечина,потоа живеевме заедно и сега пак врска на далечина. Неможам да го прифатам ова.И ниту ми се јаде ниту ми се спие.Ќе се направам костур.Ама едноставно тешко ми паѓаат работите.И неможам да се помирам.Поради финансии и притисок дечкото не сака да дојде.Некако ми се сруши светот.Бидејќи сме поврзани премногу.И премногу блиски.Делиме исти мислења, исти сфаќања, буквално ми е најдобар другар и поддршка и дечко и ме чува и ме сака премногу.Исто и јас него. И сега кога ќе се свестам дека ќе чекам 2 недели за да го видам 2 3 дена ми иди да плачам и тоа премногу.Ги собирам солзите во себе.Некни не престанав да плачам.Едноставно тешко ми е вака .Нема да можам да го гушнам кога ќе посакам или да си спијам до него
Мојата прва врска беше врска на далечина, таа студира во друга држава и се гледавме само кога имаше слободни недели, односно во месецот одвај 3 пати, некогаш па и помалку. Не ми претставуваше проблем затоа што често бевме на скајп или фејсбук, со саати разговаравме. Додека третата врска ми беше исто на далечина, само што ми беше "поблиску" односно студира во друг град. Очекував да е доволно разбирлива и сфатлива и дека времето треба повеќе да го користи за да се слушниме и зборниме, па макар и посмееме на фејсбук. Но, се излажав и сосема спротивно беше, и така со текот на времето (наместо со време да ме зајакне, јас изгледа ослабнат на нерви), станав ептен clingy, а таа од друга страна се расправаше со мене често се додека не отидев кај неа, а одев неделно и седев по 2-3 дена. Расправии на фејсбук, во живо океј. Сепак не е за секого, врската на далечина, треба цврст карактер, доверба, разбирање и што е можно повеќе комуникација.
Тешко е, ужасно, ама кога се има силна љубов и верба се издржува некако. Поминав две такви години и веќе еден месец сме еден до друг конечно и со секој нов ден е се поубаво и постабилно. Лично моето искуство од врската на далечина, има последици многу, има малку разнишана доверба и буички во глава од расправиите што ги имавме тој период. Се гледавме на скоро секој два месеци и тоа два медеци разделени скоро цел месец заедно, така две години. И сега често знаеме да си спомнеме дека сме надминале, ете поминало а ние сеуште постоиме, и се сакаме повеќе од било кога. Верувајте дечки, кога чувствата се реални, силни и постојани, далечината ќе ве зближи повеќе, ќе ве научи како повеќе да уживате во моментите кога сте заедно. Јас цел живот зборев како никогаш не би прифатила врска на далечина, ама сега со гордост кажувам дека штом го надминавме тоа, ништо никогаш нема да не спречи да се сакаме. Си спие до мене сега, го гледам додека ви пишувам и срцето ќе ми скокне од гради, мислам и по 50 години ќе бидам толку вљубена
Моменталната врска ми е на далечина исто ко и претходната. Секогаш сум имала доверба во партнерите, ретки караници поради други причини, но сме прекинувале поради други проблеми а не далечината. Сега е поинаку и ќе се согласам со членката над мене дека доколку се има љубов, верба, надеж, трпение. И кога влегувате во таква врска мора да знаете што следува и со неа во паќет а не од кога ќе раскинете да кажувате дека не успева.
Дечки нова сум на форумот, ми треба вашата помош имам 1,5 годишна врска и сме од различни држави мојот дечко ми спомнува за брак и незнам што да правам имам 20 години тој 22 а и неможам без него...помагајте
Кога ќе ми текне... Бевме од различни градови. Заедно скоро година. Се гледавме скоро секој викенд,некогаш тој доаѓаше некогаш јас одев . Ок беше, или јас мислев дека е ок, се додека не дојде летото и си покажа каков е уствари. Љубомора, посесивен, а немаше основа за сето тоа, ни една! ... Уствари мене ми било убаво дека имав време преку недела за се,вака во летото секој ден со него и "забрани" да одам на кафе или во кафич со другарки. Се до една вечер кога јас со другарки излезена а тој да ме следел. Е тоа беше крај! Да не се потсетувам повеќе уште што не поминав тогаш, шамарот малку му беше за тоа што збореше. . После тоа време требаше да се "ослободам" од него,во смисла пораки, ѕвонење и сл.
Мојата врска на далечина (различни градови) трае 7 години на почетокот додека бевме средношколци потешко ни беше но сега веќе секој ден се гледаме таква му е работата што секој ден доаѓа во мојот град. Но признавам некогаш ми дојде преку глава посакувам да е тука кога и да посакам да ме чека после работа да го видам пред работа но нема. Сепак тој се труди колку може ако е тука обавезно ќе ме однесе на раб и после ќе ме земе. Пред некој ден ми рече дека има работа во Германија може да се случи да отиде лелее веднаш ми потекоа солзи, срцето ми чукаше брзо му викам не нема шанси не можам да издржам. И навистина е така ако врската ни е на далечина но се навикнав на тие стотина километри ама вака во друга држава и да не го гушнам со месеци нема да издржам ќе се утепам од плачење има да се затворам дома уште сега ми е тешко. Се надевам дека нема да треба да оди ако не и јас ги пакувам куферите со него заедно
И нашата врска од 2-3месеци кога ја започнаве бевме за краток рок приморани да сме одленеи во различни држави. Сега се се сведе на брак но за жал сеуште тој оди на работа во странство со надеж дека еден ден сите ќе си бидеме на купче.
7000 километри, година 7 месеци and counting. Како и за сите работи, се додека не осетиш на своја кожа, нема да знаеш како е. Не ни е на сите пишано да сме со некој од ист град или држава. Има 7 билиони луѓе на светов. Некому сродната душа не му живее на иста адреса. Со среќа на сите што минуваат низ ова. Еден ден нема повеќе да си кажувате "Догледање" туку "Добра ноќ".