Како се одлучувате да бидете волку далеку? Тешко ми е што знам дека постојат вакви парови. Замислувам како ви е вас. Но, секоја чест, издржете до крај.
Знам само дека врска на далечина во мој случај може да издржи една недела..после тоа одам у бољи живот, луде ночи и лепи мужи...неверна сам ја
И јас со партнерот бевме 2 години во врска на далечина.. Првата година се гледавме само летото, а втората одев јас таму 3 месеци и се враќав..сега во брак 5 месеци и можам да кажам дека е навистина тешко, треба да имаш премногу трпение, доверба и љубов(на прво место доверба според мене).
Лелеее девојки свака част како издржувате по толку..Јас сум од бт дечкото од ресен и онакаа тешко мие што на повеќе времего гледаам...
Па не сте многу далеку. Но, не се преопретерувај со тоа колку често се гледате. Јас 3 години имам врска на далечина и ми е супер. Секој си има време за себе. Најбитно од се’ е времето кое го поминувате да ви биде слатко, дури и ако е кратко.
Со мм додека бевме во врска секогаш бевме далеку по месеци не се гледавме, стапивме во брак и повторно тој на терен јас дома и така беше 3 години, на секои 2 месеци дома доаѓаше само на 2 дена, но така многу повеќе ми значеше и многу повеќе го засакав ете не знам зошто Сега сме си секој ден заедно фала му на Господ.
Здраво на сите Пред некој ден дечко ми ми кажа дека планира да оди во странство да работи 6 месеци....Останав во шок зашто ние сме секој ден заедно скоро,и од кога ми го кажа тоа како да паднав во депресија ништо не ми се прави ни на факултет не ми се оди...Како ќе биди,дали ќе издржиме...Тој ми кажа ќе ме чекаш нормално дека ќе го чекам...Ама 6 месеци се долг период,и не знам како ќе се носам со тоа.Сум немала врска на далечина,тие што имале,мислите ли дека ќе ни успее?
Jas i decko mi sme 9 meseci vo vrska na delecina. Odnosno taka i pocnavme, Toj zivee vo Praga jas vo Skopje.Sega zasega super funkcionirame i od moe licno iskustvo bi ti kazala da ne se plasis. Dokolku vistinski se sakate ke najdete nacin da ja odrzite vrskata. Normalno ke ima i podemi i padovi no najbitna e zelbata. Samo hrabro se nadevam ke uspeete
Имав дечко од Охрид,јас од Скопје....идевме месец ипол. Не дека имам нешо против партнер од друг град,ама мене ич не ми беше убаво,тој таму со негово друштво,јас тука со мое, дали 3 пати се видовме у тие месец ипол. И кога требаше тој да дојде,беше калакурница,па искрсна нешо,па ќе го викаа морал да остане па ај другата недела да дојде ко бајаги (па мене ќе ми излезе нешто неодложно таа недела и се растргнував на 10 страни) сума сумарум не бев воопшто исполнета,и не би се нафатила повторно да имам дечко од друг град,едноставно не сум тој тип.Признавам!
Пред 4 месеци престанав да комуницирам со дечко од др. град од причина што имавме недефиниран однос. Не бевме во врска туку само искачавме, а он цело време алудираше на врска. Исто така престанавме да комуницираме затоа што ме нервираше топло-ладно играта(3 ипол месеци траеше) и јас му се "истурив" на него, а он не беше крив. Последниот месец мн. се каравме... ме прашуваше што сакам и јас му реков врска. А он беше као па не може врска поради далечината, поради тоа што не ми веруваш и поради др. причини. Која далечина молим ти се е помеѓу Скопје и Куманово?! Ај нејсе. Пред еден месец повторно ме побара за да сме збореле ау бау. Пиевме кафе си правевме лабав муабет и дечково со цел памет ми предлага врска без да ми објасни зошто баш пред еден месец а не пред 4 месеци ме прашува за тоа, што се сменило...Во рок од една недела се скаравме. Значи доколку има обостран интерес, свиѓање, доверба, разбирање, почитување, добра комуникација, вложување во врската, тогаш истата може да опстои без разлика на километрите и др. разни причини!
Ние сме оддалечени околу 10 минути ама од различни места и многу ми е чудно ако не се видиме еден ден или два, се осеќам како да имам врска на далечина. Можеби е така дека нонстоп сме заедно па ми е чудно ако го нема. Доколку се деси такво нешто да се оддалечиме и тоа многу, навистина не знам како би издржала .
Секад сум мислела и сум стоела на ставот дека врска што не е од ист град, нема да опстане како шо треба, сега негирам, имам дечко од кратово ја од кавадарци, идеме една година, луѓе тој шо ве сака ќе најде време да е со вас покрај се, се гледаме доста често и ни е преубаво ја студирам у скопје и не оставаме на тоа кога некој е слободен или не, туку ако сакаме да се видиме се гледаме а џабе он расправа или ти обрвски имам едно друго, кога си се нафатил на врска на далечина треба да си подготвен на се. А за во врски за во странство не можан да зборам ама сепак блазе си му на тие што успеваат.
@Brinetka А понекогаш и кога се од ист град, се наоѓа простор за изговори не може да се видат И затоа токму така, кога се сака се се може, кој сака- наоѓа начин, кој не сака- наоѓа изговор
Добар финиш, јас сум од градот каде Авганистан и Ирак за пуста пара докажа дека љубов на далечина и не е баш да се нарече љубов, многу стабилни врски пропаднаа баш заради неиздржливост во чекање
Пчелке сите мислат дека има од се набројаното твое пред да се стават на тест, никој со намера за да се растури врска не почнува само сакав да кажам дека далечината и осаменоста се битен фактор за растурање кои ако не се доживеат врките ке си функционираат ОК.
Со дечко ми се гледаме 1 до 2 пати неделно. Од ист град сме, јас студирам во Скопје, тој е дома, работи. Кога се враќам за викенди, се гледаме 1 до 2 пати. Преку лето јас сум дома, тој обично оди да работи 3 месеци во странство. Нормално најмногу се караме бидејќи си фалиме еден на друг. И е многу тешко. Сепак не е којзнае колку далеку, но за мене е доволно далеку да ми фали секој ден. Секоја им чест на оние кои се во други држави и се гледаат многу ретко. Сепак тука најважна е довербата и паметот во главата.
Мене ми е сосема океј и таман со некој да се гледаш еднаш неделно, на пример цел викенд заедно. И да живеам во исто место, не би се гледала со некој секој ден сигурно, освен ако не живееме заедно... па дури и тогаш има алтернативи. А гледање на неколку месеци, па и еднаш-два пати годишно... мачно би ми било, многу. Ама во овој свет кај што едвај можам да најдам меѓу билиони луѓе некој што ми одговара ко јин на јанг... не би го пуштила, за ниедна далечина на светов.