Да, постои ризик во таква врска некој да попушти и да не може повеќе да издржи.. Ама лично во мојата врска одностите се зацврстија. Постојат некои парови кои нонстоп се заедно и долги години па на крај раскинуваат од монотонија или незнам што.. Но, кај нас се случи обратно, далечината ни покажа колку требало да го цениме времето додека сме биле блиску еден до друг. И секако треба да се жртвуваме за да опстанеме,а тоа што е вредно заслужува да се бориш...
imam decko vo druga drzava , jas sum vo druga drzava ... Se sakame i koga sme zaedno se funkcionira predobro , od citava godina jas so nego sum sto se vika pa 9 meseci so toa koga sum pa pak tamu kade sto e toj jas sum vo drug gard poradi rabota taka da ni tie 9 meseci ne e kako sto treba samo polesno e toa sto sme togas vo ista drzava .... Ali sega veke 3 nedeli sme razdvoeni totalno i provodime po 5 saati na skyp i sekoj razgovor ni e ist kako jas nego ne go sakam dovolno, kako jas sum za se kriva, kako ni jas ne znam sto veke sekoj den so nervozi i kavgi i go ubeduvam deka ke bidi se samo deka e takov period toj vika deka ne e. Koga go mu vikam eve kazi ke dojdam koga sakas toj vika ne e vreme se plasam kako ke bidi reakcijata, koga mu vikam pa dobro veke ednas kazi sto sakas eve kazi kako sakas i taka ke napravime, mnogu ubavo go prasuvam direktno da li saka da prekineme vrska e togas e pisman i vika deka zaedno treba da odlucime .... I taka vo krug .... Vrska na dalecina na nikoj ne posakuvam. Moze da uspee samo vo mal procent ali toa ne e dovolno ....
Леле поголемиот дел од постовиве што ги прочитав ме смирија најсериозно... Мене такво нешто ме очекува... Ќе бидам разделена од него 9 месеци... ПРЕМНОГУ СЕ САКАМЕ и се почитуваме значи најмногууу!!! Ама сепак постои оној страв за многу работи... Ме теши фактот што најверојатно ќе дојде таму на месец дена па ќе можеме да се видиме... Уф тешко ееее.... се надевам ќе биде се океј..
Veke komentirav na ovaa tema no otkako gi procitav site postovi resiv malku podetalno da go spodelam moeto iskustvo ,mozebi na nekoj ke mu pomogne kako sto mene mi pomognaa nekoi vasi postovi .Mojata prva ako moze da se narece poseriozna vrska mi bese kako sto vikate vie na dalecina .E sega se cudam kako moze da bidat daleku 100 km ako postoi ljubov ?Ocigledno ne postoela pa zatoa ovaaa vrska i ne uspeala .Se gledavme ednas do dva pati vo mesecot i toa sekogas on doagase zatoa sto jas togas vo toj period ne znaev podaleku od Skopje Koga raskinavme se cuvstvuvav povredena ,iskoristena i sl znaete kako odat tie raboti no denes gledano od ovaa perspektibva nit go mrazam nit mu se lutam ne deka vremeto leci se tuku okolnostite bile takvi .Sum bila relativno mlada ,nesigurna vo sebe i najvaznoto bez sopstveni sredstva za da resam deka nedelava ke potorsam 2000 den i ke odam da se vidam.Zatoa smetam deka dali vakvite vrski ke uspeat ili ne mnogu zavisat i nadvoresnite uslovi kolku sme sigurni vo sebe ,dali imame poddrska od roditelite i sl .I aj da ne dolzam koga ovaa vrska zavrsi si rekov deka nikogas poveke decko od drug grad a nedaj boze od druga drzava .Arno ama pred 7 meseci mi se sluci bas takva vrska !i toa ne od 100 km tuku od mnogu poveke .Deckoto mi zivee vo Germanija .Za ovie 7 meseci se vidovme dva pati bese on pa bev jas tamu i sega cekam da dojde povtorno .No sega e poinaku povozrasna sum ,pomalku ljubomorna ,davam prioritet na drugi raboti ....Mozebi tajnata na uspesnosta na takite vrski e vo zrelosta na licnosta a ne vo ljubovta zatoa sto so vreme svativ deka ljubovta e mnogu poveke od pepeutki vo stomak ..lubovta e realnos.Moram da priznam deka e tesko deka bara tolerancija no najbitno vo vakvite vrski e da ne ocekuvame premnogu a sepak da se nadevame Ljubovta barem spored meen ne e na prvo mesto koga e vakva vrska vo prasanje ,zatoa sto jas kolku i da go sakam deckomi normalno e deka ako ne mu veruvam vrskata propaga .Golem udel vo vakvite vrski ima i sudbinata ,eee kolku vrski bile na 2 km i se raspadnale jas taka se tesam .Samo hrabro i na site vi posakuvam uspeh
ОД тоа што го преживеа мојата сестра, не верувам во врска на далечина. Имаше дечко од Париз со кој се сакаа премногу и беа во врска 2 години. Тој доаѓаше тука на лето, па се враќаше во Париз на 1 месец или 2, па пак доаѓаше и цело време така.... Купи стан во Ск, родителите негови и мои се запозна, се беше супер...освен тоа што на сестра ми и беше премногу тешко кога тој ќе заминеше. Ја гледав како се мачи, понекогаш плачеше додека збореа на телефон... и така изгураа 2 ипол години, за на крај да пукне тиквата опради тоа што тој непланирано мораше да замине. Џабе телефонските муабети, џабе солзи и мачење... затоа мислам дека врска од далечина ретко кога успева, мали се шансите да се дојде до обострано разбирање, затоа што е таква врска е тешка и мачна за двајцата. сепак подавам рака за оние кои успеале во ваква врска, а колку што мжам да видам не се малку.
Не се секирај мило, не се ништо 9 месеци... да видиш како ќе летнат. А штом постои шанса да дојде, супер. Ќе биде, се сакате многу, и не може да не успее. Ви држам среќа!
Мојата врска на далечина не успеа. Бевме заедно 5 месеци. Се слушавме редовно, се гледавме околу 2-3 пати месечно, се си беше најнормално и одеднаш ми кажа дека уствари не ме сака веќе Не знам како се заљуби во мене толку брзо (сигурна сум дека се сакавме), ни како престана да ме сака. Често ја обвинунав далечината ради тоа... Барем да бевме блиску ке имаше шанса навистина да ме запознае, ќе поминевме повеќе време, ќе споделевме повеќе нешта... Тоа беше пред две години. Сега имам прекрасен дечко. Но, оваа врска секогаш ќе ја памтам како нешто што можеше да биде многу, а стана ништо, ради далечината.
Ги прочитав сите страници и почнав да се сомневам (малку, ама сепак е сомнеж). Имам врска долга 3 години. Јас сум на факултет во Скопје, а тој е дома, и се гледаме 2-3 пати месечно. Ама досега се функционираше, а и уште функционира. Се слушаме редовно, и имаме потполно разбирање еден за друг. Мислам дека може да успее, сепак, заради тоа што доколку љубовта е доволно силна ќе се издржи далечината, ако има доверба помеѓу партнерите-ќе има и разбирање. Многу е важна и зрелоста, да. Имав пријателка која имаше партнер претерано љубоморен (исто врска на далечина). Знаеше да и се јави во 3 часот по полноќ и да и рече излези и да ја чека надвор. постојано ја проверуваше. И пукна работава. Пред се, треба да се има доверба, но и сериозност. Дечко ми е постар 2 години од мене и секогаш бил полн со разбирање. Никогаш не студирал, но знае да ме поддржи во се. Иако физички не е секогаш покрај мене, сепак знае да ми се јави-да ме поддржи, да ме развесели и да ме убеди дека се ќе биде во ред. И самата мене ме запрепастува фактот дека во 3 години ЕДНАШ сме се скарале посериозно, имајќи ги предвид моите пријателки, познанички. Можеби сте во право, и се зависи до личноста, но мислам дека ја најдов совршената за мене. Морам да се надевам, нели? Ааааааааа, да, заборавив...се надевам, како што планираме, од септември ќе почнеме и да живееме заедно. Па ќе биде се во ред тогаш, нели?
Супер, немој да се сомневаш во вашата љубов! Како што напиша се гледа дека дечкото ти е голема поддршка и те разбира за тоа што студираш.. Плус тоа што ќе живеете заедно значи дека далечината не е лоша, т.е дека вашата љубов е издржлива и од далеку, па надевај се и се ќе биде Ок
Nemoj da se sekiras. Jas bev otsutna od kontinentot cela godina i vrskata ama voopsto ne se promeni. Duri i se zacvrsti. Nikogas ne mi padna na pamet da go izvaram ( a mozev koga sakam i nikogas nemase da doznae) niti pak on mene . Tako sto, ne se sekiraj. Ima premnogu nacini na komunikacija i dokolku se sakate ke ostanete zaedno. Ne e premnogu lesno, ama toa e normalno. Se najdobro
vrska vo dalecina?!?!?!?!?uffff...veruvajte e mnogu tesko..imam decko izvesen period(ne sme dolgo zaedno) no razdeleni sme 3000km.se gledame samo leto i zimo.Nekako se zblizivme epten mnogu.se vrativ od makedonija eve jas ne izleguvam toj ne izleguva,po 10-15 casa sme zaedno na net.Stvarno ne znam do kaj ke otide ovaa nasava rabota ama veruvajte vrska vo dalecina e navistina tesko da se odrzi.Sega za sega funkicionirame odlicno ama kako ke kibde natamu ke vidime
Бев година и пол, можеби и две со дечко на далечина од 100 км. Се гледавме на 2, 3 недели, но не успеа. Тој не излегуваше за јас да не се чувствувам непријатно иако го убедував , јас не излегував бидејќи тој не го правеше тоа. По година дена се свестив дека не треба така, да се двоиме од светот. Почнав да излегувам, но тој не, се каравме секој ден. Кога ми беше тешко немаше со кого муабет да направам, а тој се лутеше ако излезам со некој на муабет. Последниот пат не се видовме 2 месеца и неможев повеќе. Сеуште мислам на него, ќе ми биде најдобар пријател, бидејќи останавме пријатели, но ми треба некој кој е тука речиси секогаш, а не да чекам месец за да го видам и прегрнам.
Lele ista situacija i kaj mene nie isto taka ne sme dolgo zaedno a razdeleni sme 1500km.Po celi denovi na internet ama tesko e mnogu mngou mi fali epten
срцки јас имам врска од година и 6 месеци..нон стоп сме заедно и се..го сакам,ме сака..но јас не сум навикната да бидам без него..а тој за 2 недели ќе замине шведска.Таму треба да биде еден месец да игра фудбал..но што ќе биде ако тој просперира таму ..и ако го задржат во клубот за кој ќе игра и тој потпише договор? Што со нас двајцата тогаш....многу сум тажна не сакам да го изгубам....
Срцулка еден месец верувај дека навистина е краток период, па колку и да ти изгледа многу.. Ќе ти помине многу брзо затоа што ќе контактирате, ќе си недостигате, ќе ти кажува како е таму и оп..гледаш се вратил.. Но, доколку успее навистина е супер затоа што може да постигне нешто во животот а ти може да му помогнеш со тоа што ќе го поддржуваш Ќе те земе и тебе со него итн итн, само ако ја одржувате цврсто љубовта и понатаму, што е можно и од далечина
Срц тебе ти е тешко да бидеш без него, ама тоа што му се случува е убава работа и треба да бидеш среќна ако успее да добие договор и да го задржат во клубот. Тој ќе напредува во кариерата, а ти ќе отидеш со него и заедно ќе си живеете Поубаво здравје
i jas imam vrska od 5 godini na dalecina i opstojuva.... no sega se prasuvam i sakam i vase mislenje sto mislite dali mozno e da me ima iznevereno vo ovie 5 godini zatoa sto ne se gledame mnogu a sepak i tamu vo stranstvo ima drug zivot.. ve molam pisete sto mislite blagodaram
Јас лично мислам дека врска од далечина е тешко да се одржи. Имам за тоа е пример. На моја братучедка, другарката со дечко и беа верени и веќе имаа закажано и свадба. Се сакаа премногу дури на некои моменти им завидував. Но на неа и се пружи шанса да оди во Америка на некој курс од факултет 5 месеци и затоа мораа да ја одложат свадбата. Таа отиде и кога по 5 месеци се врати они двајца раскинаа. И веридба, и свадба.. све падна во вода и сите бевме премногу изненадени. Сегаа таа има дечко од таму, што го запознала за време на курсот, за него незнам дали е тука или не но навистина е жално што со предхпдниот раскина.. А сите бевме толку убедени во нивната љубов, а како и да не бидеме кога и свадбата им беше закажана... Тешко е да се одржи врска во далечина, но ајде да не ве разочарувам. Па моја братучедка (друга е оваа ), нејзиниот дечко отиде во Ирак за работа мислам 9 месеци но нивната љубов мислам дека после тоа стана уште посилна. Цело време беа на мсн или фб и кога тој се врати се верија Незнам ни јас што да кажам, немам некое големо искуство, но сепак јас лично никогаш не би се впуштила во врска на далечина наремно, освен ако тој е тука па испадне нешто да замине, инаку не.. Поздрав